И? За што ги употреби тој 150 евра ќеш? Баш 150 му требаа? Не виде ти на што ги потроши тој? Ми делуваш ко да не сте цело време заедно кога е слободен.
Pa i ne se....pred nekoj den napisa devojceto posle rabota si ide na pivo so drugari ne se zamara doma dali nekoj go ceka znae deka mu e sigurna
Е па, јас на нејзино место после започнување на работата за која потпишала договор од следен месец, би си барала цимерки. Овој нема намера да се смени.
Си прајте муабет ко да играте симс игра, а во реалноста и не е така се едноставно. Јас и кажав уште некни на оваа за мажево, па како сака нека си сфати и нека извлекува заклучоци.
Едно небитно мислење од мене.. Јас не би ги оставила маж ми ако е скржав, ако не ми дава пари, затоа што ако веќе дошол до моментот да ми е маж јас веќе му го знам карактерот, знам каков е.. Би оставила дечко, ама маж не, бидејќи сум имала премногу време да го анализирам пред брак и да го прифатам, а ако сум го прифатила зашто би се разведувала. Или што би рекол еден автор на кого сега во моментов не ми текнува името: Кога не можеш да влијаеш на трошоците, фокусирај се на приходите.
Не реков да ме тепа, реков скржав да е, бидејќи тука се дискутира скржавост и себочност, во тој контекст беше пишаното..
ја као шо знам, пред да се венчаат он живеел таму не ме држете за збор ама една членка ја имаше прашано као функционирале пред бракот, и Лалија рече дека идела она таму на некој месец и се гледале дали тогаш другачији па сеа се сменил за да му игра пиперевка, или цело време бил таков, а оваа смотана
Со самото тоа што е скржав привлекува уште многу особини пример: не ја почитува/цени како негова жена, ја запоставува, не е внимателен, не е секогаш тука за неа кога е најпотребен.
Секош се застранува од главниот проблем како да и се помогни на женава, а и искрено на форум освен да си искажи маките и да и придодај внимание некој.. тешко нешто плус. За жал овој сопругов нејзин НЕ ЈА ПОЧИТУВА мн мн.
Абе 2% не ја ферма, ја не знам шо не сфаќаат уште а и она глеам не мисли да напраи муабет со него, неќе ни да си иде на крај ќе искочи трол дека е слушајте ме да неам пари за основни човекови потреби и да ме сведе на тоа да терба да го молам за пари?? па прва работа одма праам муабет, ако не, втората се пакувам и си идам не ќе молам некој за да живеам ко чоек, вие будали сте сите не ти, жениве* ти си злато
А што ако и на типот некој нешто му има зборено па затоа така реагира. Пример: Оваа твојата сигурен си дека те сака, случајно да не дошла тука да научи јазик да земе документи и да те откачи. А ти за тоа време да ја спонзорираш она да ужива па може и пари да праќа кај нејзините. Малку филм направив, сепак постои опција па и некој да му збори во позадина. Затоа најдобро е девојка да си седне со сопругот да направи асален муабет и да ги решат проблемите со финансиите.
@Lalija2 поголема мотивација за интензивно учење јазик од ова и немаш. Останатото време користи го за миниџоб/небенџоб 520 евра на месец, не подлежи на данок, а е околу 10 саати неделно. Има секакви комбинации, ќе најдеш што ти одговара. Можеш секој ден по 2 саати или да идеш два дена по 5 саати. Ти го препорачувам ова, пошо со тајлцајт или цело работно време, не знам колку ќе ти останува време за себе, за одмор и за учење. Исцрпувачки да не ти биде. Да сум на твое место би работела било што додека научам јазик за мојата струка. После кога ќе завршиш со јазикот, ќе најдеш работа по струка и ќе ја врзеш визата за работното место, па ќе можеш и да останеш во случај на развод. Друго, мене ми е знак прашалник ова со дуплата картичка. Јас кога дојдов тука немав работа, само мм работеше. Дупла картичка ме пречека на маса кога стигнав, не морав ниту да кажам.
Се е можно и мајката негова да го прави тоа или сестра му. Сигурно личи на нив во однос на скржавоста. Сега ми текна нешто друго да те прашам @Lalija2 кој плаќаше на состаноци, ручеци, кина, вечери? Што имаш добиено како поклон од него?
Во врска беше се нормално, јас во Мкд додека учев тој не сакаше ни кафе да частам, два пати имам платено ручек и тоа на сила. Поклони добивав (блуза, шминки, цвеќе, нараквица..) Кога се вработив јас сакав да плаќам повеќе, тогаш некогаш тој некогаш јас. Сега се е хаос.
Сѐ може да се реши со разговор, ама убав темелен разговор со часови е потребен за него. Ако и по тоа гледаш дека е истиот, тогаш пиши па ќе најдеме решение.
Б1 Во понеделник ќе барам да почнам порано со работа. Решена сум ќе работам ако треба и 10 часа на ден ама вака веќе нема да живеам.