А во таа врдска од две години колку пати членката го виде идниот и маж, тако речи германец? На два пати по две недели? Јас не знам ти како си тргнала за Германија без да си ја осигураш иднината со човек кој едвај си го познавала! Тука имам сигурна работа, плата и да тргнам Германија или било каде за некој кој ми ветил дека ќе ме издржава не се осмелувам!
Маж/човек можеш да мислиш дека го знаеш подобро и од сопствената сенка ама само си мислиш. Така и со членкава и со сите други што мислите дека познавате некого макар со години.
чоек со Б1 моеш да бараш више работа не зезај интермедиејт е б1 ти кажав, не мораш стучно ама гарант моеш у кафич, ресторан, по овие фаст фуд рестораниве плус моеш да изгуглаш фрази шо се користат во угостителство ама лесно е добар ден, што би сакале да се напиете/да јадете повелете и коа ќе ти бараат сметка (ова ми е останато у сеќавање)zusammen oder getrennt? демек дали ќе плаќаат заедно или одвоено и на крај фала Ви, пријатно јадењата ако се тешки, само дај им го маркерот у кујна
Ти текнува да има разговарано со мајка му? Додуша, како ќе знаеш, тоа може и на работа додека е. Нешто таа да не му вика, многу си ѝ дал, врати ги назад, ќе ти потроши одма и ќе ти бара пак. Сети се порано каков го знаеш, дали сѐ ѝ пренесува нејзе, дали е многу близок и зависен од нејзиното мислење. А инаку, ај што ти беше непријатно да бараш, наредно следува нервоза од твоја страна и застанување правење муабет. Што ти е тебе? Свесен си дека учам и дека ми требаат пари. На кого да се обратам ако не тебе? Какви идеи имаш за понатака? Ние сме во брак или цимери? Мораш да го конфронтираш да ти каже мислење, после да знаеш на што си според одговорите.
Мене ми личи ко да несака. Реално Б1 е веќе солидно познавање јазик и немора да седи и чека да работи по струка. Туку друго мене не ми штима. И ги прочитав постарите мислења, имаше прашувано во 2020 студирање и работа во Словенија што би можела да работи. Изгледа барала начин да си оди од Мк, па наседнала на овој. Нека ми извини членката ако грешам, ама ко некој да не трола овдека ми доаѓа. Ем кажува нема пари, ем од 200 еур само 50 потрошила, а вика секој ден одам на курс, метро плаќам, шо ти знам ја. Одкога и ги даде парите пред некој ден до сега евро нема потрошено освен за чизми, а вика немам пари за на курс. Или не се доискажува конкретно или некој им го троши времево за џабе на овие што се трудат да помогнат. Нека ми извини уште еднаш ако грешам, ама некои работи овде не ми се уклапаат.
Тој ми го плаќа курсот редовно, не го плаќам јас, немав пари за секојдневен живот, некој ден тој ме вози ама во суштина со метро одам. Имав мои пари од мкд ама и тоа се потроши. Храна, стан, ресторани тој плаќа. Кога сум со него се е платено, кога треба сама да правам било што јас немам пари. Во суштина тоа е проблемот. Мислам дека не и кажува толку детали, пред мене никогаш. И таа самата му зборува тој не е тип пто бара совети од мајка како да оди против жена му. Таа самата го врти од страна против мене. Што врска има студирање во Словенија со моја желба да бегам од Македонија? Тогаш размислував за мастер некаде во Европа, не за селење. Се омажив само и единствено од љубов. Имам договорено за работа, ќе почнам наскоро и секако јазикот ќе го продолжам заради нострификација.
Да, ако е вака ко што кажуваш, излегува дека ти човеков не го познаваш. А ако вистина излезе дека мајка му е вмешана во ова со финансииве, тој е мамино синче и треба да бегаш што подалеку од таков.
@Lalija2 ти имаш сериозен проблем со сопругот. Знае ли тој дека почнуваш да работиш, и што ќе работиш? Според мене тој е свесен колку си способна, дека си паметна и интелигентна и со вквото негово однесување те контролира, што правиш, како првиш, друго нешто е што имаш достоинство и абано грдо е од некој да молиш пари да ти даде, а притоа ти е сопруг. Седни рзговарај со него отворено, и кажи му како стојат работите во твојата глава. Сте разговарале ли за формирање семејство? Кажи му, објасни му дека мораш да имаш џепарлк и дрка и ти си човек со сопствени потреби. Сигурно еден ден овие 6 месеци па макар и година низ нос ќе ти ги изваде. Едно е да е скржав, друго е да е себичен но вка човекот делува како идиот. Не може за себе да трошиш на кафани а на жена ти не си и оставил 20 евра за било шо. Размисли дали би сакала да го продолжиш животот со ваков човек. Сите имаме по еден живот, кој за жал нема реприза.
@Lalija2 иако пиша овде за совет, времето потрошено тука, потроши го да размислиш што во иднина. Дали ќе разговараш со него за да го решиш проблемот, дали ќе почнеш со работа што поскоро, дали ќе се вратиш во Мкд е скроз небитно, туку да се одлучиш веќе еднаш. Ми се чини дека имаш страв од него, страв да не останеш сама, или да напредуваш. Совладај го стравот и конечно превземи ја контролата на твојот живот зошто ми изгледа дека тој те контролира. Познавајќи се себе, јас нема да го молам за пари, туку лепо фино или ќе се вратам во Мкд, или лека полека ќе си тргам настрана пари откако ќе се вработам и прва прилика, ќе си заминам во друг стан, со друга цимерка, ем обезбедена, ем раат а тој нека си го драпа мевот. Тешко е, ама не и невозможно. Ебате мажот ако не те обезбеди у тежок период на прилогодување у нова средина. Ебате мажот шо си ги слуша повеќе мајка му и сестра му а ти се мачиш. Себичлук. А вие тука што ја нападнавте, мед и млеко ви течеше на старт?
@Lalija2 јас уште претходниот пат сфатив за каков човек станува збор, ама намерно се повлеков и не коментирав повеќе. Види, не може човек да е толку заборавен, да не му текнува, да не сфаќа дека тебе ти се потребни финансии. Може еднаш, два пати да не му текне, ама на човек на кој треба цело време да му повторуваш дека ти требаат пари до маркет да отидеш е знак не дека не знае, туку не сака да ти даде пари. Само чекав да се избаци со некој кикс, знаев дека приказнава не е готова и дека тој нема да се продухови за да ти дава пари. Е сега зошто, тоа никој не знае. Дали неговите му ја полнат главата, дали ги троши некаде, дали нешо друго се случува не можеш да знаеш. Издржи дури да најдеш работа. И после седни си и размисли си дали сакаш животот да си го поминеш покрај ваков човек. Јас не би, искрено. И не затоа што не ти остава пари. Туку затоа што е говедо. Наместо да те поддржи, да ти помогне дури не застанеш на свои нозе оти ти се трудиш максимално за да се интегрираш таму и да си заработуваш пари, тој е крајно неосетен и човек кој би си го оставил партнерот да страда, ради финансии. Кои ги има. Ужас.
Па стартот треба да е најубав и најлесен... Сами, без деца, слободни, шетање, уживање.... Ова не треба да е проблем. Не знам како може почетокот да е лош, освен ако неспремен се омажиш. На пример, не го познаваш добро, се мажиш со свекрвата у исто време, немате живеалиште па акате по кирии а нема пари за леб... Ама се тоа е свој избор.
Да бе. Мене баш првите 2 години од бракот ми беа мед и млеко. Не дека сега ми е црнила, ама па вака ко на членкава или слично не ми било еве веќе 7 години како сме заедно. А сме поминале се и сешто.
Не е секому лесно, познавам многу што првите неколку години навистина им е тешко, не сме исти карактер сите. Фактот шо немаат деца ништо не менува. Нејзиниот сопруг одамна е таму а таа не, и наместо да и помогне, да и биде потпора тој и ги отежнува работите ова за во странство, а што се однесува за во брак не знам што да кажам искрено, членката не очекувала дека тој ќе се промени. Ги има многу такви што во врска се едни, во брак скроз други, милион ветувања, и на крај ништо.