Значи у филм живеам. И да, имаат врска деца, оти ако немаш за тебе за ѓеврек, не е толку страшно како да не дава пати за памперси за дете. Мнооогу има врска.
Не повеќето, туку тие што знаат со кој се мажат. Каде се мажат. Зошто. Што очекуваат и сакаат. Понатаму се случуваат глупости, живот. Ама од старт... Лошо
Па така е. Луѓе што биле во стабилна врска и преминале во брак ништо не им се сменил толку драматично потписот. Е сега брак кај што се знаат пет месеци и фактички не се знаат ама жената е трудна па се земаат(зашто обично така е) е друга песна....
Не ги читав предходните коментари ама ситуацијава ич ама ич не ти е за да нешто се жалиш. Во ред, нова средина, не знаеш јазик ама прво државата ти плаќа курс, второ не знам дали Германија така ама еве ја сум Австрија и тука и да немаш работено пак земаш некој минималец, згора на тоа имаш работна виза ако не можиш да работаш 38,5 саати, мојш на 10 саати во сабота и да земаш 500 евра плус, подобро 100 пати од колки поплаки тука. Разбирам дека е се тешко ама кога можеш, зошто ти е понижно да заработуваш колку толку. За маж ти, немам добар коментарѕ оти и да заработуваш ти добро, картичката треба да му е секогаш слободна за тебе, како тој да си дозволива се, а ти ништо? ( прам муабет ако платата дозволива плус да се потроши нешто од месечните сметки) Па ја не ни прашувам, само земам и немам проблем еден збор не ми рекол лош или да ме праша од типот кој ти рече да потрошиш. Е сега ќе раскажам ние во каква ситуација бевме, јас порасната во Австрија, маж во МВР работеше со правен факс, се договоривме доколку се одлучиме за праење виза, тоа ќе биде ако тој заврши програмирање, стекне искуство и спремен да дојде. Јас бремена пред пораѓај, он даде отказ од мвр за да може да се посвети на таа струка, 9 месеци без примања, се роди мала, годишнина дојде, он си пукна што као не заработал ништо за да ни купи, ( време корона на најјако 2020) а договорени дека парите се заеднички нема твој-мој, земај картичка и купувај што мислиш. Толку многу се посвети, што одма најде пракса, па работа ама во Мк, платата почетна Мк е.. шо да ти кажам, пак не беше доволно за да си го земам Австрија, му фалеше доволно искуство, јас уште имав повеќе примања од него ама не се делевме. Помина и тоа, најде работа и сега заработува дупло повеќе од мене, без разлика што имам јас на сметка, неговата сметка за мене е секогаш пристапна. Доколку немате услови за две плати од Х причини, секогаш мора прво договор, секогаш да се гледате двајцата подеднакво, да кажете ако нештп ви смета или не, работете на себе, давајте и имајте поддршка од партнер и еден ден коцките ќе се наместат. Секој е различен карактер, на некој не му ни текнува дека на партерот му треба нешто, зуцни бе жено и фати таму на 10-20 саати работај ако другите денови ти се со обврски.
Е убаво кажа дека не знаеш Германија дали е така. И јас не знам. Членката исто кажа дека ќе почне скоро со работа. Така да прво прочитај малку поубаво. Крај краева, таа ради него се преселила таму. Имала стабилна работа овде, плата, убав живот. Па ич ако треба нема да работам, ќе му трошам парите без збор, не да го молам. ЕДИТ: Ти немало да си го земеш Австрија ако не заработувал, ама нема твое мое. хахаха ОК .
Е де, ама не е баш све така. Овде се побара совет и се што напиша овде, да му го кажела него ќе беше многу подобро. Она дома си ќути,тој пак по старо, она пак без пари. Вие разглабајте, неа нигде ја нема
Во животот не се одвива се според договорот. Не значи ако кај Вас испаднале нештата како треба дека секаден е така. Значи ако не испаднеле како Ве разбрав немало визата да Ви биде опција? Секоја судбина е различна некој полесно некој потешко ке ги мине нештата, а некогаш мислиме дека некои работи се далеку од нас и неможе да ни се случат па се случуваат.
Тоа се согласувам потполно дека немат комуникација и крајно, не се познаваат, можеби ич. Ама коментарот погоре ама ништо не беше на место.
А каде прочита ти дека треба да е на Фемина 24/7? Овде некој се труди објаснува, очигледно на празно.
Епа јас мојот си го земав со мене и кога ништо не работеше. И кога заработуваше помалку од мене. И кога го издржавав. И сега кога заработува дупло од мене. И не сум го уценувала да менува струки зашо со неговата плата немало хировите да ми се задоволат и ми ги трошел и му ги трошам парите. И секогаш ќе го бирам, освен ако нешто не ми се измајмуни
Вие разглабајте, неа нигде ја нема Загрижена си дека ја нема па следствено на тоа беше и коментарот каде треба да биде на фемина форум или ?
Да, ако не успееше во таа струка, немаше да му праам виза, туку ќе си ги соберев јас парталите и ќе се преселев јас во Мк. Ако членката има факултет, работна виза и и фали само јазик, тогаш за неа е многу полесно пошо јас 3 години живес на релација Скопје-Виена со мало дете по аеродроми. Нас не ни беше лесно, нити ни е пошо уште ја чека визата ама фала Богу работи фриленс и за финансии немам жалење ама не можиш да прифатиш огромна промена ако нема договор, не ме зезај, се жртвуваш, менуваш се од корен, свесно остануваш без работа и да нема договор? Шо требеше да се дотерувам јас, а он по крај мене како загреота? Ако имам јас примања, има и тој и обратно, ако немаме за плус да си дозволиме е друг муабет ( а тоа го коментирав), тогаш нема ни за двајцата. Ама не можиш ти да довлечкаш партнер странство и да се прајш начукнат и само за себе да гледаш, а она дека може да има нешто во себе ако сака, може, оти во тие држави не остануваш на 0. Не знам каков е социјалниот живот во Германија ама имаме старосватови што жената година дена со факс работеше во Мк Доналдс додека најде по струка работа, оти немаше германски. Да кај нас е друг случај, ние не моравме да сме Австрија и не мораше да учи само јазик, туку мораше се да учи. Не, туку немаше да го земам за да крева пакети, кога можам јас да се преселам во Мк и да работам од Мк. Значи решивме во Австрија да живееме, а не преживуваме и на тоа се работеше. Јас не реков она да не ги троши парите ама кога знае со кого живее, а има услов, што ја кошта да работи на 10 саати?
Добро, сега појасно си ја објасни ситуацијата. Не, не ја кошта и ќе работи. И тоа ќе чисти нешто таму, ако не се лажам додека не го совлада јазикот.
Да, многу сум загрижена. Гледам ти се прават глупи муабети по форумов, мене прескокни ме. Ако не сфаќаш поента на напишаното, it's not my problem.
Совладано го има, Б1 не е баш мало познавање германски. Во контекст на муабетот, не навлегувам за работата, ама со Б1 некој може солидна работа да најде,немора по дифолт да е хигиеничарка.
Добро, дискутабилно е тоа Б1. Може е само на хартија. Можеби не се осеќа спремно. Не знам. Ама во секој случај, најмал проблем е тоа. И да работи таа, пак не се знае како би функционирале.
А сигурни сте дека ќе и дозволи да оди на работа.. јас мислам дека тек ја чека пекол со овој. Се кладам дека трудна ќе остане одма ( типов ќе ја затрудни) за да остане дома, да ја контролира.. Бегај жено од овој.
I ja toa go rekov,totalna kontrola i cela zavisnost od nego.... ke povtoram: viza preku nego,stan preku nego,pari preku nego= ZAVISNOST! So cel da nema kontakti so luge sto on ne gi znae