Не смее ни на Фејсбук да ја има за пријател а не пак слики да има од неа, и роденден не смее да и честита.. Мислам он смее, ама тогаш јас повеќе нема да му бидам во животот..
Колку време сте заедно? Не мора ништо да значат сликите, но ако ти сметаат треба да ги избрише, затоа што ти и твоите чувства треба да се поважни за него од сликите.
да со неа и него заедно, а имаше и поексплицитни што праќала она од кога се разделиле . понедад опет контактирале и се гледале за забава. два месеци во брак два месеци
И пред брак мислев колку сте заедно. Осигурај се дали е искрен, сликите не мора да значат ништо, но неговата реакција и предизвикување кавга заради нив можеби нешто значи.
A vo vrska? Ne smee da chuva sliki od bivsha. Prashaj go kako tpj bi se chuvstvuval ako ti chuvashe sliki od bivshiot?
Јас во компјутер чувам слики од бившите, заеднички фотографии еден куп. Мм ги знае, не му сметаат. Има и тој некоја слика. Не менува тоа ништо дали ќе ги избрише или не. Тие се дел од минатото, и да ги избрише сликите сигурно меморијата нема да ја избрише. Тоа е буквално последно нешто што треба да ти смета, освен ако не ги листа секој ден. За тие поексплицитните нема потреба да ги чува. А тоа што е постојано нервозен само преку разговор можеш да откриеш, тука никој не може да знае што се случува.
Нормално за кого? Еве за мене е нормално, еве и за мм е. Моите слики се дел од моето минато. Тоа се само спомени. Тоа што ги чувам не значи дека ете за сите бивши чувствувам нешто или не знам по твое што би значело. Мене пак не ми е нормално да ми сметаат слики од бившите. Не ми се во рамка ставени во секоја соба, во фолдер во компјутер се, сите слики од минатото, вклучувајќи ги и тие.
Ова второто повеќе би ме загрижило него првото. Зависи од ситуација, каква врска имал со бившата и сл ама јас не се лутам за такви работи, тоа му е дел од минатото. Јас на пример не чувам слики од бившиот што е нарцисоид ама од бившиот што ми е детска љубов и израснавме заедно си чувам во стари албуми. Многу ми е драг и никогаш не би ги фрлила.
Експлицитните се пред мене. Ме гуши помислата дека живеам во иста куќа таа каде што живеела две години, ја носеле секаде како да е снајка свадби, слави, веселби.
Колку време сте вкупно заедно и зошто воопшто се омажи со него ако си го знаела се ова претходно (а сигурно си го знаела). Ми делува како избрзан брак ,извини вака.
Кога го праша да ги избрише, тој што ти одговори? Го виде ли датумот кога се зачувани сликите и дали е тоа период додека сте биле заедно? Колку време тие двајца биле заедно(сигурно е подолг временски период штом ја носеле по свадби и веселби)(ова прашање не е толку битно)? Колку време бевте Вие заедно пред да се земете? Извини ако се премногу лични прашања, ама не можам да ти помогнам бидејќи не даде доволно информации со кои би оформила мислење. Ако не сакаш да ги одговориш во ред е. Секако, не ми е нормално некој да чува слики од бившиот и тоа би ме повредило.