Е па сега што да ти кажам.. секој си има минато. Не можеш да очекуваш да избрише и да се ресетира како ти да си му прва. Ти знаеше дека имал долга врска и дека живееле заедно? Дали смени нешто во куќата да си се осетиш како дома? Во смисла некој нов намештај, украс, нешто.. или е се останато од времето кога живеел со неа.. ако ти вика да пазиш да не скршиш нешто што они заедно го купиле и го потсеќа на неа тука нешто не е на чисто. Да не ти полнам глава, ама кој кому раскинал? Дали брзо брзо после неа се зедовте. Мене во цела приказна ми се најмал проблем сликите во компјутер, колку непреболените чувства.
Нема зошто да те гуши,секој си има свое минато и е многу нормално да идела по слави,свадби особено ако биле во врска подолго време.
Истата ситуација ја имав и јас. Бившата живеела во станов, ама јебига. Тоа е минато. Слики исто имаше, заборавени ко демек. Првиот месец ги најдов, не беа ни скриени додуша. Ги избриша. Тоа е тоа. Кај мене во куќа чепкајќи нешто најдовме слики со мојот бивши, не чекав ни да каже нешто, ги фрлив.
Една година. Знаев дека има минато. Нормално и јас имам. Не сме 20 години. По над 30 сме. Ама Со неговите живееле не сами и ништо не е сменето. Истиот мебел све само спалната. Украси имаше ги фрлив. После подолг период почна со мене од раскинувањето со неа а.
Да не се лажеме ако некој повеќе не го сакаме и ни е минато кое сакаме да го заборавиме нема зошто да чуваме слики и така да реагираме. Ако ти пречи мебелот, земи смени го што друго да ти кажам, ама ми изгледа дека тој ја нема заборавено и џабе е и цел свет да го свртиш наопаку. Инаку ова ми изгледа на избрзан брак.
А што врска има колку и како бил? Битно е минатото да го остави зад себе и да си гледа со сегашната си сопруга. Мене ова ми изгледа како да не можи да ја преболи неа па тагува по неа и се уште чува слики со неа. Искрено @Lo_Ra_ јас би била навредена од негова страна. Сите сме имале минато ама то останало во минатото. Јас незнам човеков како влегол во брак со тебе кога уште тагува по неа. Значи после разделба не може да постои пријателство или што и да е
Pa ima razlika od dolgi vrski i kratki. Ne e isto da si so nekoj 6 meseca i 10 godini. Dolgite vrski ostavaat tragi osobeno ako imalo tuka mnogu ljubov, i izgleda tragite kaj nego slabo izbledele.
Уффф се изначитав Во врска со членката во Германија,зошто и се напнавте дека не комуницира и не бара пари,дека требало да ги договорат тие работи во брак и сл. кога 100 пати кажа дека му барала и не и оставал,значи не е проблем баш во комуникацијата,исто така кажа дека не бил таков договорот пред брак,што значи и за тоа било разговарано. Проблемот е еден,сопругот не е таков како што го мислела. @Lalija2 душо,еден брак не треба да изгледа вака,макар и 2 години да не би работела ти,батали што ти набиваат вина зошто не си работела било што. Ми се допаѓа што си многу свесна за целата ситуација и не пробуваш да му наоѓаш оправдувања. Мој совет е да размислиш убаво за бракот,не ми делуваш како особа што би се помирила и би трпела. Ти посакувам многу среќа и храброст да го откачиш овој егофрик.
@Lo_Ra_ Кога влегуваш во врска со некого, го прифаќаш него заедно со неговото минато. Сите имаме по некој куфер (освен ако имаме по 14 години), некој особено драг, некој не толку многу. Секако дека ако биле во врска одела со него секаде, исто како што веројатно и ти си одела со некого ако си имала врска. Околу заедничките слики, можеби ги има заборавено, можеби му се драг спомен и сака да ги чува. Тука мислам дека треба да направите договор што со нив, така како што ви одговара на двајцата. Во однос на експлицитните слики, мене лично би ми сметале и би инсистирала по секоја цена да ги нема. Не знам зошто, ама имам впечаток дека ти си поопседната со неговата бивша отколку тој. Не го заглавувај во минатото, гради иднина со него. Го делам мислењето на @Skyler, и мене повеќе би ме загрижувало тоа што е нервозен и имате постојано кавги. Најдобро е да разговарате зошто е така и дали и како може да се надмине тоа. Ако може, супер, ако не, боље спречити него лечити.
Па можеби и затоа е нервозата кај него, не знам, не тврдам , само давам мое мислење. Никој не може да те натера да заборавиш дека си имала некакво минато пред него, како што ти него не можеш да му пререкуваш зашто имал минато. Побогу, луѓе над 30+ многу нормално е дека зад себе имаат некаков куфер на спомени. И чим е таа во куферот на минатото, не знам зошто се јадиш за тоа.
@Lalija2 финансиите во бракот се заеднички, тоа требало да си го кажете на сам старт. Нема ова е мое тоа е твое, се е заедничко. Гледам си почнала со работа тоа е многу добро и за 2цата. Друго е една плата друго е 2, но и некој од партнерите да остани без работа во даден момент, се знае дека парите се заеднички. Не знам како функционирате али се остава одредена сума за трошоци која двата ќе си ја користите. Во брак нема себичност, мора да разговараш со него, затоа што ќе имаш проблеми и понатаму во животот. Нема дај ми пари за превоз, имате сума си ја трошите двата дали за храна дали за превоз, бракот е заедница
Види секој си има минато тоа е нормално. А со тоа и фотографии, посебно ако си над 30 ,ниту машко на тие години може да се надева на невина девојка ниту обратното. Но,тука мати вода бурната реакција за сликите експлицитните пак воопшто не сакам да ги коментирам. Не можам ни да замислам како би се чувствувала да најдам такво нешто кај мм ,макар и од пред мене. А останатото ,тоа што оделе по свадби и веселби кога веќе живееле заедно е нормална работа. Можеби и мебелот е од пред неа. Кога ќе се сменат ситниците пример флекери ,украси па можеби и распределба на мебелот се добива друг лик. Но нештата се подлабоки. Јас би го седнала онака смирено да прашам што е работава зошто е таков нервозен,без воопшто да ги спомнувам фотографиите а потоа ако сам отиде во таа насока со одговорот дека ми сметаат и би ценела ако ги избрише посебно експлицитните.
Ама зошто го испуштате упорно фактот дека нив финансиите не им се проблем,не е дојдено до толку таа да работи било што,сигурна сум да знаела дека ќе е вака пред да замине таму не би ни тргнала. Поентата ми е дека нив во моментов им е повеќе и од доволно платата негова,зошто буквално да се мачи таа непотребно? Овде има многу поголем проблем,бракот е тотална утка,јас со ваков не би живеела ни една недела.
Погрешно размислување имаш. Ако некого сме го сакале а повеќе не го сакаме...доколку чуваме слика тоа се вика спомен. Спомен за одреден дел од животот. Хард диск можеш да форматираш ама мозок не.
Јас имам слики од бивши оти и јас сум на сликите и многу си се свиѓам а еве 10 години мажена сум, маж ми не се замара со тоа. Само од бивши слики, не, ама со мене, да. Грев е да се брише слика со ваква лепота. И на фб сите ми се френдс, ако се бивши не се зло. Малце намалете со љубомората и малце повеќе самодоверба.
И јас имам слики и маж ми има слики од бившите и сме френдс на фб не сме се скарале за тоа, нема поента. Но експлицитни е тука има проблем и треба да разговараш со него на оваа тема.