Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Јас ко што сфатив за некаква машина за работа е.
     
  2. Corika

    Corika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2022
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    2.521
    Пол:
    Женски
    Bes razlika kakva i da e masinata sto tolku mora da se slavi so prijateli po kafici restorani...
    Neka si sednat nekade familijarno neka si odbelezat...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    So tolku se fativte za masinata :D:D:D
    Zenata se trudi vo sekoj mozen pogled ,i po sekoja cena da go opravda maz i .
    :envy:(facepalm):puke:
     
  4. Eli31

    Eli31 Нов член

    Се зачлени на:
    16 март 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Нова сум на форумов па не знаев каде да пишам. Се надевам дека не ја згрешив темата.
    Имено, јас имам проблем откако стапив во брак но немам пролем само со сопругот туку со сето негово опкружување. Не би сакала да бидам погрешно сфатена, не сакам да навредам никој.
    Пред да се омажам живеев слободен живот, излегував кога сакав, одев каде сакав, се облекував како сакав, правев што сакав без притоа да чувствувам некој страв или немир кога ќе излезам.
    Тоа е така затоа што моите родители се слободни и модерни луѓе за разлика од семејството на маж ми.
    Во почетокот додека бевме во врска маж ми, тогашен дечко, не оддаваше слика дека е "заостанат" и дека толку многу ги слуша неговите родители. Баш напротив, многу пати им се има спротивставено заради мене, но некако со тек на годините и после низа непријатни случки од страна на неговите како и тој да се исплаши од нив и постапува онака како што смета дека тие сакаат и мислат дека е исправно, а не како што сакаме ние двајца. Ако направи нешто против нивна волја веднаш добива коментари и критики.На почетокот од бракот имаше случаи каде ако излезев или облечев нешто пократко следуваа коментари, му ја полнеа главата на маж ми па тој се караше со мене па и за едно обично одење кај моите на кафе. Татко му во неколку наврати му има кажано дека сум имала друг затоа сум излегувала.
    После тоа дојдоа и децата па и за нив имаше мешање, зборување како треба а како не, па не ни дозволуваа да правиме работи кои ние ги сакаме туку тие. Па имаше и бркање и еден куп расправии зошто не било по нивно. Му зборуваа на маж ми и му ја полнеа главата кога јас не бев присутна па тој после се расправаше со мене.
    Сега, фала му на Господ не е така, но во мене сеуште има некој страв. Што ако направам нешто по свое, а тие се наљутат? Што ако облечанм нешто кратко а тие ме гледаат попреку? Што ако на децата им давам нешто што тие сметаат дека не треба?
    Сето тоа што го преживеав ме направи да сум ваква. Јас знам дека не треба, свесна сум, но посилно е од мене. Верувајте денот ми зависи од тоа како ќе се тие расположени. Со оглед на тоа што живеам со нив, и што и маж ми се плаши да им се спротивстави, јас уште повеќе се плашам ако нешто направам, кажам, отидам некаде...
    Плус, опишав на почетокот каков живот живеев пред да се омажам. Сега сум тотано сменета. Се направив како нив. Некогаш намерно сум таква за да се вклопам, ама ме плаши ова зошто не сакам да се изгубам себе си заради некој небитни.
    Тие се сите исти и си се разбираат, вклучувајќи ја и јатрва ми. Не можат никако да сфатат дека јас сум поинаква од нив и дека не сум научена да живеам таков живот.
    На пример јатрва ми не работи и главна преокупација и е кој каде шетал, како се облекол, што направил и цело време се тие коментари.
    Значи јас не сакам да сум таква ама живеејќи во таква околина се плашам да не станав скроз како нив. Одам на работа, се дотерувам, имам друштво, имам еден куп познаници, сакам да излегувам а тие се се спротивно на ова. и искрено ме збудали ваквиот начин на живот. Ем се се спротивно на мене ем ме тонат, ме газат цело време како сите да се здружени против мене.

    Ве молам за совет. Дали да посетам психолог, дали да читам некои книги за самопомош кои би ми ја кренале самодовербата и би направиле да не им се плашам или нешто друго. секој совет е добредојден.

    Фала ви и извинете на долгиот пост.
     
    На Sunrise!!! и Ivanće11z им се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.094
    Пол:
    Женски
    Типична машка финта молчи па ќе те заглави,и нормално не си видовита однапред да знаеш тој што како ќе прави ,не можеш да предвидиш.Ако и тој се здружи против тебе со нив тогаш е лошо.Во секој случај барај некој излез ќе полудиш со такви луѓе околу тебе .Тие не ни мислат што прават туку прават што им одговара а ти мора да почнеш да се бориш за себе а и за децата .Колку и да не сакаш во таква околина тоа ќе влијае и на твојот живот и веќе влијае . Најдобро е да си заминеш од таму мој совет .
     
    На Eli31 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    8.285
    @Eli31 Поразговарај и со психолог. Но верувам дека моментот кога ќе се тргнеш од таму, ќе си ја вратиш и самодовербата и слободата.

    Затоа мора да го седнеш маж ти и да му кажеш оти вака не оди.
    Колку што разбрав имате деца. Така што, мораш сериозно да разговараш со него, седни и дај му ултиматум да се тргнете на страна.
    Ако тој не сака, имаш ли каде да отидеш? Други услови, родители, поддршка и слично?

    Бегај додека се уште имаш функционални мозочни клетки, додека не те претопиле 100% во нив. Животот е прекраток било кој и било што да трпиш.
     
    На Cherry333, VDT2906, Eli31 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Ќе те направат анксиозна ептен страв ти ставиле.Да ме простиш терај ги у три лепе.Ако си одвоено со спрат само речи мој живот,мои деца, мои правила.И седни го тој фраерот твој не да гледа дека ти имаш страв, туку он нека има страв ти да не му удриш клоца да го оставиш.Нека бира ти и деца или мама,тато и јатрва со двоглед шпиунка.Барај да се оделите.Паметна си, работиш, имаш пријатели не дозволувај да ти го кројат животот свекор и свекрва.Времето оди, децата раснат ќе ти биде еден ден жал што си дозволила и што се си пропуштила.Не ти треба тебе читање книга и психолог дур не го средиш сама карактерот да си го зацврстиш и своите ставови и принципи и самодовербата да си ја вратиш.Што ако ќе читаш а не примениш ништо.Нека ти се јави инат и бес што се ти направиле.Ако треба помини ги како да се ѕид, ако треба фрли им поглед испод ока.Не дозволувај на себе, никако.Како они со тебе така и ти терај си само тоа е мајката за некои такви.Отворено кажувај не давај во себе да полниш да трпиш они нека плачат од тебе нека се сеќираат, а не ти.
     
    Последна измена: 17 март 2023
    На Cherry333, VDT2906, Eli31 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Ако се небитни, зошто ги послушувате?
    Посебно маж ти.

    Зависите од нив некако?
     
    На Cosmic Girl и Eli31 им се допаѓа ова.
  9. Dejanaaaa

    Dejanaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Сум поминала низ ова. Низ процесот на менување, погазување на своето ЈАС, својот карактер, моето све. Се сменив затоа што тој така сакаше и сметаше е нормално, дека така е правилно, немав друштво, фамилија, немаше на кого да се потпрам, немав рамо за плачење. Требаше да бидам пример за да влезам во неговата фамилија, мајка му беше елита, татко му познат човек на функција, не беа дозволени грешки. И за што душо? Препрочитај ме на темиве, сум зборела, требаше да правам свадба ама ставив крај. Свести се со време, не се менувај душичке. Ако некој те сака, ќе те сака и остари со тебе онака како што си и нема да бара да се менуваш, ќе те прифати со сите маани и доблести, не дозволувај да смениш идентитет за некои луѓе и тргни се од токсични луѓе. Имаш деца, зборувај со маж ти, мора решение да се најде.
     
    На Sunrise!!!, Cherry333, Eli31 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Ова секако треба да направиш.

    Ама освен тоа, решение е да се преселите со маж ти. Ако му е страв за тоа, пресели се ти сама со децата. Може ќе му текне колку е саат тогаш.
     
    На sweet-cherry и Eli31 им се допаѓа ова.
  11. Eli31

    Eli31 Нов член

    Се зачлени на:
    16 март 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Не зависиме никако. И двајцата работиме.
    Ги послушуваме кажав зошто...од страв.
    Од страв дека ќе избувне расправија ако нешто не е по нивно.

    @Polyincognito имам каде да одам, ама поддршка од родители немам баш. знаеш како е тука, ќути и трпи.
    @ZAHRA во право си. Сега кога ќе помислам на се што сум поминала и претрпела од нив, а со тоа сум изгубила драгоцено време ми е ептен жал и криво.
    Пак ќе кажам, среќа сега не е дотолку таква работата , послободна сум ама пак постои некој страв.
    Кај мене е пролемот што не сакам да слушам негативни коменатри за себе а не сум направила ништо погрешно. Мене ме нервира таквиот менталитет и таквото размислување зошто пак ќе кажам јас така не сум растена и не сум живеела со такви луѓе. И на некој начин ми е криво кога зборуваат или ме обвинуваат за нешто што не е така.
    А инаку тие секако ќе најдат маана што и да направам. Било добро или лошо за се се има коментар и 1000 пати имам кажано одсега ќе си правам по свое секако нив ништо не им чини, а потоа пак ми се појавува стравот. и осеќам потреба да им се правдам за некои постапки или кога излегувам сама со децава на пример. а и маж ми го имам приметено ако треба да одиме некаде сами врти, врти додека излеземе како да се плаши да каже чао ние одиме и готово. Кога би бил тој таков за мене лесна работа, ама гледам тој како се однесува и се плашам јас да сум послободна. Не знам дали ме сфаќате, знам дека пишано вака нема смисла, ама кој има живеено со вакви луѓе знае како е.

    Имам план...секој викенд ќе одам некаде со децава или маж ми, небитно и секој ден ќе пробам да правам една работа контра нив, па ваљда некако ќе се вратам на старата јас.
     
    На Sunrise!!!, ZAHRA, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    5.619
    Пол:
    Женски
    Vreme e da gi odjebes site sto ti smetaat,zasto zivotot e eden i nema repriza.
    Ako so maz ti nemas komunikacija togas mozebi e vreme da si gi zemes decata i da pocnes da zivees za TEBE.
    Sto poskoro toa podobro.
    A starite koj gi vrti,oni zivotot si go pominele taka i ti nema da gi smenis nitu maz ti.
    Tele se uci, vol ne;(
     
    На Eli31 и ZAHRA им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Па што ако избувне расправија?
    Ваш е животот.
    Ќе го живеете вие како сакате, не други како сакаат.

    Со никој кој те вознемирува, не мораш да одржуваш комуникација.
    Апсолутно никој.
     
    На elenaa0805, Cherry333, Eli31 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    2.335
    Пол:
    Женски
    Имам впечаток дека си во фаза на менување на карактерот и се плашиш поради тоа. Не мора да значи дека тие се причината, можеби годините и искуствата си го направиле своето. Ниту јас не можам да се препознаам која бев пред 8 години (кога го родив првото дете), и која сум сега после второто дете. Ова со короната, потоа здравствени проблеми и еден куп турбуленции во животот, затоа што живот нели? тотално ме променија. Тогаш едвај чекав да се вратам на работа, а сега буквално уживам во секој момент поминат со децата. Тогаш резервирав викенди, патувања, а сега сакам само хармонична семејна атмосфера.
    Ако сметаш дека лошо ти влијаат, зошто едноставно не се исселите и да живеете сами (секако ако не зависите од нив финансиски, или помош за чување деца)
     
    На Eli31 и ZAHRA им се допаѓа ова.
  15. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Не ги фермај.Коментираат нешто само со рачето прај им па па се брзаме или само еден поглед во стил (извини не те разбирам што збориш, кој/а си ти да ми кажуваш за мој живот).Јас бев така мирна како тебе ама сега да гледаш само што уште оган како змеј не пуштам:rofl: .Нема што да им се потресуваш ти на нив.Само речи мојот маж знае јас кај,сум што сум.Секој нека си гледа свое.Да требало да ми бере некој друг гајле и отчет да давам немаше да се мажам.Јас па те учам демек :lol:.
     
    На Eli31 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.219
    Допаѓања:
    8.738
    Пол:
    Женски
    Кога си имала поддршка од твоите родители, си била самоуверена.
    Одобрувањето од родителите, а потоа и од сопругата/сопругот е една од најбитните работи за еден човек, нешто што го бара, сака да го има и заради што има самодоверба.

    Мислењата на најблиските за нас и нашите постапки, во соодветни периоди од животот ни се најрелевантни.

    (Во адолесценцијата можеби најбитно е она на врсниците, а дури потоа е она на родителите, зошто целта е да бидеш прифатен од нив и да припаѓаш и на група поголема од семејството)

    Ова се менува во зрело доба, остануваат само најблиските пријатели како битни и семејството.

    Без разлика што сте по години зрели и по приходи независни, вие секогаш ќе бидете нечии деца. А нивните зборови ќе имаат силен ефект во вашите глави без разлика каде живеете, дали комуницирате со нив и дали се живи.

    Треба да научите да ставите граница за да имате ти и маж ти ментално здравје. Ако е така како што велиш дека од нив секогаш имате добиено само критики, маж ти и сестра ти се растени цел живот со такви родители. Тоа резултира обично со несигурни деца кога ќе бидат возрасни, со деца кои се неодлучни, кои бараат потврда од родителите пред да изберат. Или резултира со бунт, отпор кон родителите кој овде најверојатно не се случил зошто успешно ги заплашувале со нешто. Не мора да е материјална поддршка, може да е чисто на емотивна база. Во смисла или по мое ќе правиш или ќе ти го свртиме грбот. На дете што е научено за се да се прашуваат родители, ова (да ги нема нив крај себе односно нивото одобрување) му е пострашно од се.

    Не верувам дека маж ти се согласува со неговите и самиот и дека мисли исто како нив, прво зошто и тој според ова што го пиша и тој се плаши од нивно неодобрување. Второ те избрал тебе и те засакал баш таква слободна и сигурна каква што си била пред бракот. Може со тебе имал она што сам немал.

    Ти сакаш негово одобрување, тој сака нивно. Индиректно, преку твојата врска со него, неговите родители те контролираат и тебе.

    Не очекувам промена во ставови на постари личности, кои цел живот воспитувале на еден начин. Тука е веќе поизразена ригидноста и научената шема што долго била успешна за нив. Нема да ги смените колку и да се трудите.
    Тие имаат изградено своја животна филозофија.

    Така да ограничете ти и маж ти, до каде е нивното, а до каде е вашето и тоа на психички план мислам.
    Зборувај со маж ти за различните ставови и што е за вас исправно, прифатливо и посакувано, морално добро однесување. Вие треба да кликнете во таа смисла.
    Кога ќе постигнете хармонија меѓу вас, се што нема да ви штима ќе го отфрлите и нема да ви влијае.
    Ќе му олесниш и на маж ти ако го поддржиш во ставовите.
    Штом имате веќе и деца, тие заедно со вас двајца се нуклеусот. А не маж ти, сестра му и неговите.
    Мислете на своите деца и каков пример сакате да им дадете нив. Имате пред нив одговорност која ја надминува таа кон вашите родители.
     
    На Stressed Out, Cherry333, S.J.Parker и 11 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    :bow:Нека трепка!
     
    На Eli31 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.219
    Допаѓања:
    8.738
    Пол:
    Женски
    Ама па така е Вајлд..

    Не знам колкави им се децата, ама кога ќе влезат во пубертет тие ќе им ги плеснат први во фаца нивните грешки.

    И стравовите ќе ги попримат од нив..
     
    На M&M, Eli31, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Да, да!

    Апсолутно се согласувам.
    Само свесно може да се прекине циклус на несоодведно родителство, пошто е преку-генерациски цикличен проблем.
     
    На CameliaMiller, Eli31, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Eli31

    Eli31 Нов член

    Се зачлени на:
    16 март 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите. :hug:
    @Cosmic Girl многу убаво напишано и објаснето.
    Јас имам разговарано со маж ми на оваа тема. Порано ми се спротивставуваше но сега веќе и сам е свесен дека не можам да издржам вака да живеам. Сам предложи да земеме кредит и да се преселиме па се надевам дека бар нешто од овие планови ќе се исполни. Пред се за наш мир и мир на децата.
    Јас веќе почнав со мали чекори ама за мене битни.
     
    На elenaa0805, Cherry333, Oneo и 10 други им се допаѓа ова.