1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Еве vichy јас ќе се обидам да ти дадам SOVET. Седи си и уживај си со свекрвата се додека ти пререкува за чајот и црешите, зошто јас да ти бев свекрва девојче до сега ќе ја опраевме работава. Ти златна незнаеш кај тераш, ама стварно. Буквално на секоја страна имаш конфликт, те за работата, те за патувања во странсво, те за реновирања на станот кој ти е даден на користење , па за нивното доаѓање во сопствениот стан (те читам од самиот почеток), гледам сега и во темите за работа ги ругаш во генерализирање просветните работници поради твои лични искуства, што ни малку не е во ред.
    Болдираното кажува се, си мислела ти што со мислела очигледно твоите лични желби се далеку од реалноста. Ако кога ви го дале станот на користење не ви потпишале на писмено дека е ваш, џабе ти е што и да мислиш, нивни си е.
    Седни си со сопругот да ги средиш работите со зрел разговор. Значи изложуваш што ти пречи во бракот, изложува тој, барате солуции (можни опции:седиме овде во "поклонетиот" стан и се бориме, си одиме на друго место, мислам пишуваше дека ти имаш твоја куќа или растајемо се растајемо ). Одењето кај мама и тато не е решавање на проблемот и е реакција на не зрел човек.
    Не се навредувај, ова е мое лично мислење, не мора да е точно. Но во овој мој живот така ги решавам проблемите коренито, без да влечкам и да се нервирам за цреши.
     
  2. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Iренче баш ми е мило што си посветена форумџика а за просветните ќе одам офф топик и пред да ги запознаев овие луѓе јас генерално имав таков впечаток од моето досегашно искуство со нашиве просветители а верувај ми имам мнооогу искуство со просветителите од х лични причини да не зафаќам простор за тоа така да не ти држи вода тој муабет дека ради нив јас искоментирав што искометирав на една тема на форумов.....а ако мислиш дека трошам време да се жалам за чајот или црешите не бре мила конкретно тоа беше утре ќе биде каферо и јагодите муабето ми беше жената е божја напаст фрик контрол еве сега типкам и јадам чоколадо а вратат на спалната отворена луфтираме а карши е вц то она иде у вец и зјапа што јадам уште се смешка и коментира а благце ахаха(лудача бре :@ да ти се одмили се во станов ко велики брат е,маж ми пред некој ден ми шепка си купи лекови од аптеката и шумливи за мене му викам да и она а какви лекови што тоа имав мензис и ми купи за болку он и кажува аууу веќе се она мора да знае) инаку советот ти е топ,сум разговарала со мм за тоа што понатаму под кирија он нејќе,во куката моја која бтв сега е под кирија и ми е единствен приход бидејќи не работам а претпоследно работев кај нивни добар пријател како не добар,предобар затоа ругав мила од мака не од ќеиф зошто добрината на пријателов нивни т.е. на синовите негови златни врати ми отвори ама кон болница цел циклус и хормони од стрес ми се у аут еве цела година не се средува,што не опробав кој не лекови,чаеви глупости е во таа куќа нејќе далеку му е од работата и нејќе домазет да рекле бил и нема друго освен станов која да нивни е ама можеа да кажат ќе ви се трупкаме кога сакаме и ќе си правиме како сакаме па ако сакате седите или најдете ваше решение можеа ова коректно пред свадба дакажат кога моите културно ги прашаа зошто сакаа да ни ја дадат како свадбен поклон куќата што ми е наследство во иднина(не е документациски на мое име)+реновирање сакаада ни платат ако живееме таму ама не неговите тогаш да не испаднат подолу од моите рекоа еве станот наш на поклон ама под коиј услови ми се разјасни по година дена брак :( инаку и јас не сум да заминам кај моите атоа прашав како делува дали е оправдана таа моја постапка и убаво си ми пишала дека е незрело и е но во оваа ситуација како они се понашаат незрело некако ќе треба и јас со некое мое незрело понашање да им покажам дека невкусно се однесуваат ама пак ќе се изиграм зошто свеки одвај чека пак да заминам да крои планови да не разведе одма ќе му сврти на свекпор ми муабет речи му на син ни каква жена зел бега дома дека треба да си најде друга по наша читај по нејзин ќеиф а тоа и за Vелигден ми го призна она одиме во црква и ми викамене многу битно ми е синовите со какви ќе ми се оженеја нескава некоја што не е по мој ќеиф муабетот и беше говорам ти ќерко сетисе снао за баш ти снао разбери не те сакам и ќе те избркам од животот на син ми како знам и умеам.Zатоа не знам што да правам се од срце искрено што сум поразговарала со нив/мајка му главно се превртува значењето и за се јас излегувам не во право крива де :lol: за све сум јас свекрива порано ме остареа неговиве ејјјј :@
     
  3. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.707
    Допаѓања:
    136.659
    Пол:
    Женски
    интерпункција!!!!
    имаш слушнато за такво нешто?!
    цел пост ти е една реченица.
     
    На CarrieBradshow, katalina и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Виши ти ако не секое нивно доаѓање си заминуваш кај твоите поише време ке бидеш во моминскиот дом него во вашиот заеднички. Ај да разберам иако ни тогаш не оправдувам замимување дома после некоја поголема караница или недај боже физички напад или матретирање ама за се нешто трчање дома не ми е објасниво. Тогаш што си се мажела.Сте требале да си останете дечко и девојка,да си идеш на гости кај него коа ке нема да ти се седи ке си се вракаш дома и никому ништо. Ама вака во брак во едно ново поглавје од твојот живот и една повисока емотивна состојба наречена брак ти да си трчкараш кај мама и тато ми е несфатливо. Ти си личност која наместо да се соочи со проблемите и да ги реши ,попрво ги избегнува па макар и да е ваква работа.Зарем за се што во бракот нема да ти чини ти ке си одиш од домот кај твоите?!? Тотално неприлагодлива личност која неможе да сфати дека некои луге имаат поинаков нарав од нејзиниот.Свекрвата сакала да ровари-нека ровари,сакала да дофрла и да коментира -нека го праи тоа,сакала да прислушкува -нека прислушкува..Што те кошта тебе да свртиш глава и да се праиш дека не ја слушаш,или да искочиш да прошеташ,или во соба филм да изгледаш. Ако таа е тип на човек кој е научен на секое шише -капаче да става,ти допрва нема да ја смениш разбери.И на глава преврти се жената ке биде таква.Ке коментира ,ке шета по кујна ,ке кажува што како. Ете ти совет:Сврти глава и од едно уво влего од друго излегло.Ама ти нејкеш така пошто си научена како ке тропнеш така сите да играат по твое а ете тука го нема.Е па кога не сакаш да бидеш попаметна и да попуштиш ус пат да и дадеш игор наместо константно да се замараш со нејзе,трпи ја и кукај си на судбата.
     
  5. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    суперка мислиш не сум ја ставила на игнор?Aбре девојко со ваква жена да си немаш работа.Jа имам на игнор ставано и доаѓа во спалнава ми збори додека не истера по нејзино,или ако не ја слушам ме кодоши кај маж ми и он ај за мајка ми напрај ова/она зошто не ја послушав дека чајот го варам на висока температура ми врати со тоа што ми влезе во спална и онака жално глумливо со гласот му вика на мм сине ме болат нозете ај треба ова она од пазар да се купи ако може женати да оди а не ми се обраќа мене и син и нормално ај жено а јас баш си имав други планови ама кај смеам да имам кога она е тука и не е ова прв пат. да точно е не сум нешто екстра прилагодлива кон исклучиво старки хировити мајки кои не се свесни дека синовите и пораснале се ожениле затоа моите убаво си прашаа дали куќата на поклон да ни ја дадат за да си живееме ние сами 2та да си виеме брачно гнездо а не кога сакаат неговите пикни се бутни се абе си вежбам се туширам сакам на раат полугола или гола да си одам до сплна сакам да не заклучувам вц вака оболев и кога не се тука заборавам се заклучувам во вц дека подолго се со нас и да ако бегам кај моите повече ќе бидам во моминскиот отколку заедничкиот дом ама што да правам кога по толку долго седат со нас како тргнало ништо ќудно да речат остануваме засекогаш со вас :(
     
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    ^Абе Виши и ја сакам дома гола да се шетам па не го правам тоа зошто не ми е долично од татко ми,и ја сабајле на пазар сакав да земам од екстра големите јагоди па мајка ми рече не небиле убави па ме натера да земам мали.Татко ми знаеш колку пати на глава ми се качил дека на многу јака рингла пржам нешто?!? И што сеа ?!? Тоа е драмата што мајка ми 15 мин ми солеше памет кои јагоди се поубави или татко ми што на секое мое влагање у кујна ми доага на проверка како праам јадење.Па нека каже може у право е дека на многу јака рингла си го праам јадењето и ке го изгорам исто ко тебе што ти рекла свекрвати дека на јако го вариш чајот.Треба да ги ставам на клада како ти за свекрвата што не ти чини што рекла за црешите.Големата работа. Не заклучувај ВЦ ако нејкеш,ама најави -Ја влагам да се бањам не ми влагајте.Ако не им е срам да ти влезат ондак они се сериозно оболени у паметот. И олабави се веке со тие куки и станови АМАН. Било поминало.До крај на живот ке ги оплакуваш зашто не е твоја кука него нивни стан?!? Што да праела принцезата ако рекле дека ке останат кај нив.Па луге цел живот живеат со свекор и свекрва 100 пати полоши од твоите па еве ги ,мечка не ги изела уште. Ако за навек решат да останат со вас тогаш мисли му ја ,дели се ,иди под кирија,објаснувај се со маж ти дека нејкеш со нив да живееш.Што кроиш капа на нероден Петко.Зошто упоште тука кукаш и бараш совети не ми е јасно.Цел форум на сите твои поплаки ти даде совети,решенија,солуции ама ти ништо не прифакаш.Што сакаш да ти кажеме -Земи сатар и акни и го на свеки од глава пошто само така ке се спасиш ако ја пратиш на оној свет.Аман опрај го тоа твое размазено паметиште.ПРИЛАГОДИ СЕ во животот НЕ МОЖЕ да биде се ти како што сакаш и си планираш.Што поскоро го сфатиш тоа,толку подобро ке биде за тебе.
     
    На Lovely93, WORRIED.BT, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Има брачни проблеми кои се случуваат, се седнува, се разговара, се решаваат и крај. А има проблеми кои константно со години и години се влечкале, не се решиле, и сега излегуваат на виделина. Е vichy кај тебе е ова второво.

    Ти пред се', прво имаш проблем со маж ти. Остај свекрва ти, прво ти немаш комуникација со маж ти. А кога во еден брак нема комуникација и разбирање секој што сака ќе ви прави, и од негова страна неговите и од твоја страна твоите. Вие двајца не сте силни, не сте едно и другиве од страна само ве влечат, де натака, де навака. Секој ви се меша, секој ви збори, секој нешто знае и затоа ги имате проблемиве. Мајка му ќе му рече едно, ајде он ќе смени мислење, тебе твоите ќе ти речат друго, ајде и ти удри по свекрвата, бегај кај мама. Двајцата не сте зрели. И само ве буцкаат. Тој подпаѓа под влијание на мајка му, очигледно, уште си е мамино синче, затоа и не сакал да живеете во твојата куќа на почетокот, зашто за неговите е тоа понижување, па и маж ти тоа го гледа така, а од друга страна пак, искрено да ти кажам и ти не си ништо подобра од него. Твоите имаат влијание врз тебе, и тоа многу.

    Претходно те читав во еден друг пост каде што бараш совет како да и' кажеш на свекрвата дека не е пожелна кај твоите, дури мајка ти рекла дека ако дојде на гости кај неа дека ќе и' рекла се' во лице. Така беше постот? Епа така градење добри односи нема. Многу пати имаш пишано дека свекрвата ти рекла дека мајка ти од што сака да ти направи добро, ти прави лошо. Не е далеку од вистината, само истото и за неа важи. Ама пак ќе кажам, тоа е така зашто вие двајца сте без карактер. Сте дозволиле да ви се мешаат и тоа е тоа.

    Не викам дека тоа што го прават свекор ти и свекрва ти е во ред. Не е во ред. И на друга тема еднаш исто за ова застанав од твоја страна. Штом ви го дале тој стан за вас, нема што по 15 пати во годината да доаѓаат и да седат со месеци. Згора на сето тоа имаат уште еден цел стан празен, и уште една цела куќа на три спрата празна. Или тебе ти прават инат, ти прават буцки, сакаат да си заминеш, или па ептен ве сметаат како деца, па мислат дека без нив не можете да функционирате. Едно од тие две ќе да е. Ама затоа ти треба да бидеш паметна, да разговараш со маж ти, да ги увиди реално работите и да си барате решение, а не да трчаш кај мама.

    Зашто јас секогаш велам, граница, граница му е мајката. И пред брак и после брак. Нема што јас да инволвирам други луѓе во мојата врска. Ни мајка, на татко, ни брат, ни сестра, ни тетка, ни чичко, никој, никој жив на овој свет не знае што и како се случува во мојата врска. Ни од едната, ни од другата страна. Никој. Ништо. Ни ситница. Нит знаат кога сме се скарале, нит знаат кога сме се смееле, нит знаат утре што планираме. И нема што да знаат. Тоа е меѓу двајца. Затоа и се вика врска или брак. Не сфаќам ни кога на свекрвите или па уште полошо кога на потенцијалните свекрви разкажуваат детални ситуации од врската/бракот. Никогаш не сфатив. Јас не сфаќам ни кога на мајките разкажуваат детални ситуации, а не па на свекрвите. Затоа кај вас е растур систем. Ти кажуваш се' на мајка ти, маж ти трча кај мајка му, ти добиваш совети од мајка ти, тој од мајка му и ете ти автоматски како сте најмалку четворица во брак. И тешко, премногу тешко е да се среди сето тоа.

    Не знам како разговарате со маж ти. Не знам како му пристапуваш. Може одма се караш со него, може одма ги напаѓаш неговите и него. Не знам дали воопшто може да се разговара смирено со него, ама јас би ти рекла да пробаш, ако треба уште илјада пати пробај. Вака ништо не правите. Седни, разговарај. Ама биди реална. Не твоите не чинат, а моите се злато. Туку, и твоите и моите не треба да се мешаат. И тие и тие грешат, а ние двајца сме тие кои треба да стават граница. Ако ти секогаш ги напаѓаш неговите, а твоите ги величиш, не е ни чудно што немате комуникација со маж ти и се карате.

    И уште нешто, какви ви се односите на вас двајца кога тие не се тука? Како функционирате кога сте сами? Како се однесувате еден кон друг?
     
    На bumbi, Dentina и poenta им се допаѓа ова.
  8. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    ете го вистинскиот совет со сатарот и ко хасан сецка ќе бидам ;) те сфаќам се и не сум принцеза ама си имам карактеристики ко секои што има свои карактеристики и ми пречат некој нешта и поблиските/моите блиски пријателки знаат ме разбираат сакаат таква затоа и моите предложија за да живееме на само со маж ми тешко се прилагодувам кон непознати луѓе или ко овие родителиве што се на маж ми не се сакаме бре и не е тоа срамно они ми признаа јас додуша се устручавам се уште и јас да си кажам што мислам ама не сакам на кавга да оди и преќутувам,ете и моите не ги сакат нив ама и они преќутуваат ама делата им зборат не ги сакаат по гости да им се пикаат,почит да ама дружба не.и не е принцезинство или претерување што сакам живот настрана од други луѓе еве сите што ги знам си се оделија од родители на свое или купено или кирија што мислите зошто е така?е за да не читате повеќе вакви ко мене на форум бидејќи ај ќе премолчиш за едно две нешта ама нон-стоп глупирања ене ја ми вика прееска бриши тоа фб профилот зошто зошто силувале 14годишно девојче во болница ја силувал некој од фб што го запознала абе напаст бре |(
     
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    Vichy,јас да бев на твое место,ке ја прашав јатрва ти што магија и прави на свекрва ти,па не виси кај неа на гости,туку само кај тебе..има нешто тука.. :geek:
    Инаку ,барем сто жени до сега пробаа да ти дадат совет,и да те насочат каде у ствари лежи проблемот,ама не и не,ти упорно си држиш до своето..така да немам илузии дека некоја ке успее,еве и дејдрим горе проба,џабе умните мисли...Искрено,прво сериозно те жалев тебе со какви блесави свекор и свекрва си принудена(или си избрала) да битисуваш(намерно не велам да живееш),потоа едно време ја жалев свекрва ти,а сега сум убедена дека вие сте створени едни за други у ствари,знаеш она со тенџерето и поклопецот,уште многу турски серии ќе излезат од ваша продукција,да сте живи и здрави само.. :lol:
    Да ни влезе свекрва ми во спална и да му се лигави на маж ми ЖЕНА ТИ да ми купи бла бла,ха хааа,не можам ни да замислам што ќе се случи,нешто во рангот на катапултирање..За среќа,жената е светлосни години далеку од тоа,и затоа си ја почитувам,а замисли-нит стан ни дала,ни работа ми нашла..Си се омажила за лигле,да ми простиш,тоа ти е проблемот а не свекрва ти..Уживајте. :hai:
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    не си конкретна кој да ужива? свеки син и што е лигле па може со секој да си прави што си сака? лиглето мм да ужива дека се му е на тацна?или јас да уживам во турскиве серии од домашно производство? :lol: (шала на страна,кај јатрва ми исто седи колку кај нас дури и повеќе седеше кај неа порано ама сега ние сме тазе у брак мора нас да ни го крои бракот а на јатрва ми се и скрои затоа досега 11години е во брак без деца зошто има ситен здравствен проблем кој со лесно инвитро се решава ама свеки сака природно исто и во мој случај што сака/команда да е ама дај боже да се среди се кај мене очи да не и видам повеќе освен како свекрва на видни дешавки фамилијарни како што треба да биде амин :) )
    DAYDREAM извини што не ти одговорив досега вака комуникација со мм имаме за секојдневни случки од браков,општи муабети,подолгогодишни планови не главно он финансиски од родителите зависи,затоа и го контролираат они,е сега и јас финансиски не сум за фалење без работа,освен киријата од куќата па делумно и мене ме контролираат финансиски :( и си земаат за право се,инаку и кога работев пак си зема за право се такви луѓе се т.е. мајка му е контрол фрик и искусна е како да ги врти мажите во нејзиниот живот маж и,и 2та синови(со браќа е растена и најмала сестра била и за да добие нешто научена е да глуми се лигави и умилкува со однесување и промена на глас за да добие што сака махер е во се налик на хурем е за тие што и значат мажите во нејзиниот живот се ќе направи буквално се да истера по нејзин ќеиф).а кога неговите не се со нас имаме супер комуникација си живееме наш живот и во наш свет во кој повремено се мешаат неговите бидејќи он секој ден се слуша на скајп со нив и дава извештај за се па они му солат памет и така му влијаат на неговите одлуки,инаку главно ми кажува мм што го советувале мама и тато а што мисли он и сака заедно да одлучиме по наше и главно ако нашата одлука е поразлична од на неговите гледа да ја преќути или по извесно време им кажува.
     
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    А како го замислуваш тоа,откако ке се породиш,магично ке се откачат?
    Едит..Амин.
     
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Со раѓање на детето, финансиската зависност само ќе се зголеми, а со тоа тие и повеќе права ќе си даваат.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Виши не да си се омажила за право лигле,него не знам шта речи а не заплакати.
    Не би да ти делам совети,одамна ти го имам кажано моето мислење на тема твоите проблеми,кои ти очигледно и по една година не ги сфати.
    Имено можам да заклучам дека сите четворица плус твоите родители сте направиле добра основа за каша попара.
    Не турски сценарија кои имаат каков таков тек,него во вистинска смисла сте каша попара.
    Ти лично не можеш да очекуваш дека мајка му ќе се смени сега и овде и тебе магично ќе те остави на раат да живееш.
    Друго не можеш да очекуваш дека мажот ти ќе се откажи од неговите родители од едноставна причина дека тебе лично ти сметаат бидејќи ти не си прилагодлива личност на новокомпонирана околина,исто како што сум сигурна дека и мажот ти не може да очекува дека ти би се откажала од твоите родители.
    Бракот не е за еден ден или една година и при секој проблем или кавга криење и бегање кај мама,бракот е нешто што постојано се гради и зацврстува и ти во оваа ситуација немаш ниту основа,а камоли темел за каков таков некаков брак,прво од причина што ти лично не добиваш ама баш никаква подршка од твојот маж,туку слепо следење на иструкциите кои ги добивал претходно пред да те запознае тебе.
    Она што ти преостанува е или да се правиш глува и да не навлегуваш во конфликти,а со тоа и да си ја зголемиш твојата прилагодливост,бидејќи ти не живееш сама на овој свет,или едноставно заминете од кирија,па сами градете нешто свое,без какви и да биле очекувања од страна на мајки и свекрви за станови и триста чуди.
    На крај краева шо ќе ми е стан,да зјае така кога јас не би имала ни комуникација,ни подршка од својот сопруг?!
     
  14. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    кога не се неговите со нас имаме ок,нормална комуникација,подршка па и не ми треба нешто многу од него,претежно различни светогледи имаме кон исти нешта,проблемот е кога неговите се тука и они наметнуваат нивни гледишта кои се дијаметрални со моите понекогаш и со неговите и он знае да пререче ама они го контролираат вербално а и финансиери главни на мм му се па и на мене во ситуацијава каква ми е моментално и така настанува таа каша-попара плус јас ќе се пожалам кај моите ете да ми помине нервозата ама и моиве се острат па и они мене памет ми солат иако во последно време гледам да не ги мешам моите и они од тие причини не ја сакаат свеки на гости едноставно моите си решија да се оградат од тие каши-попари ситуации. благодарам за советите :)
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Што да правиш кога тој другиот еден ден те сака, другиот те мрази.

    Онака без причина, му се увртело нешто во главата...

    Дечково, еден ден ми праќа срцепарателни пораки, другиот ден ми пишува не сме ние за заедно и знае да навреди нешто без повод.

    100 пати сум му кажала, дај реши се човек, што сакаш, не се однесувај како дете. Сум превзела и мерки околу ова. Но, џабе. Пак си тера по старо...
    Зошто го прави ова ? Навистина е неодлучен и не знае што сака или се кријат некои задни намери ? :sweat:
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Извини што вака се вмешувам, ама нели имаше ти ист ваков проблем со вереникот претходно? Ова е тој истиот со кој живееше или друг? Зашто, ако е друг, а ти се јавува повторно сличен или ист проблем, најдобро е да размислиш дали има нешто во твоето однесување заради што се случува тоа. Не мора ни да е свесно ни да е намерно, едноставно, можеби на некој начин праќаш некоја таква порака да нив... Или другата опција е дека несвесно бираш нестабилни типови, проблематични. Можеби ти делуваат попривлечно, ама со таквите животот е константен стрес.
    А мојот совет ти е-ако тој не може да се реши, ќе мора ти да решиш за двајцата. Не ти треба некој кој не е сигурен дека сака да биде со тебе. Едноставно е. Сакај се прво себеси, почитувај се, не дозволувај да молиш за нечија љубов и верувај дека ќе ти биде подобро. А и поинакви типови и карактери ќе привлекуваш и ќе те привлекуваат. Сакај го за себе најдоброто за да можеш да го најдеш и да го добиеш.
     
    На senza.parole, mimiiiii, Silver.E и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ова е скроз нов дечко, после долго време откако сум сингл.
    И немам ништо со него
    (знам дека затоа малку е глупаво што пишувам во оваа тема)
    , многу сум внимателна, и не сакам да се изгорам. :sweat:
    Но, од старт дечково ми личи на многу незрел со определени постапки. Но, ми се закачил многу силно на мене, па не знам што има во мене што ме привлекува и сеуште седам во оваа игра. :^)
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Епа овој ниту ти е дечко веќе а ти прашуваш во брачни совети :^)

    Ама ајде. Може и модераторите да преместат. Мое мислење, кога веќе те прочитав да ти кажам барем што мислам. Сака да те легне само баткава, и да продолжи понатака без никакви врзувања.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Девојки би ве замолила за совет за мојот проблем.

    Во брак сме 1 година,пред една недела ни се роди дете,се беше ок преголема радост,но тоа траеше само неколку дена откако се породив.Мажот ми почна воопшто да не си иди дома,а кога ќе си дојди со мене се расправа и потоа пак излегува.Пред неколку дена ме избрка мене заедно со детето,бидејќи стварно беше неподносливо од сабајле до сабајле излезен а јас сама со детето и на крај кога ке си дојди со мене се расправа ме вреѓа.

    Ме удри бидејќи јас почнав да му викам дека е неодговорен,дека треба да биди тука со детето а тој ни 5 мин не е дома.Ми вели дека не можи да ме гледа,затоа излегувал дека ме мразел,незнам зошто вака се смени место сега да сме најсреќни дете ни се роди,тој одеднаш како да ме замрази.Не ни седнува со мене да разговара,ми вели со тебе муабет нема што да правам ако ти одговара вака арно ако не ете ти ја вратата и дома.Ми вика дека не сум знаела да си поќутам а кој би ќутел ако е оставен од сабајле до сабајле сам со детето и згора на се кога ке си дојди со мене се расправа.

    Си заминав јас дома откако ме избрка и ме удри,очекував дека ке се јави дека ке ми се извини но не,не се јави ни да праша за детето како е.
    Му се јави на моите родители и му рекол дека тој детето си го сакал,мене не можел да ме гледа ниту да ме поднеси,и ако сум сакала да се вратам ќе си го гледал детето ама со мене ни муабет не сакал да правел,само службено нешто ако треба за детето.
    Незнам зошто се смени вака,не беше ваков,долго бевме заедно ни во врска не бил ваков,не сака ни да му зборувам не можел гласот да ми го поднесува.Ајде мене ете да ме замразил преку ноќ,ама да не се јави ниту пак да дојди да праша за детето.
    Немам ум незнам што да правам,на моите им рекол ако ми одговарало така арно ако не да сме се разведеле.

    Ни сама неможам да сватам зошто е вака а тој не сака ни да разговара со мене,преку ноќ се се смени,како одеднаш да ме отсака,и да се гледа дека ме мрази.
    Ако се вратам што живот ќе биди таков тој да си шета а со мене нејќел ни на иста маса да седел збор да не сум му зборувала.Детето има само една недела,толку се радуваше што ќе имаме дете се беше ок,и одеднаш се се смени.

    Ве молам за совет незнам што да правам
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Една година брак е релативно краток период за да го запознаеш вистински брачниот другар понекогаш.
    Мене ми се гледа, според тајмингот вака, дека е од оние со сфаќањето „еднаш да ја заробам со дете и шо сакам ќе и` правам“.

    Да си дозволи да удри и да брка од дома тазе породена?! Чоек во кој век живеам, свету застани, сакам да слезам работава. :o Треба да му докажеш дека ако си во брак со дете со него, не си беспомошна. Те чека ли работа после (мислам ако си вработена и на породилно)? Со поддршка од блиските како стоиш? Не смееш да си дозволиш уште еднаш да те удри. Мажот голем. Ма фуј!
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.