Од ова што го напиша, јас и не гледам дека имаш некој избор. Возење ризично со деца во кола, скршена шофершајбна? Ќе ве убијам сите на куп? Не е избор, туку должност да ги заштитиш децата од него. И сама кажуваш дека ти е јасно дека влече комплекси од бракот на неговите, што значи тоа за твоите деца ако останете заедно? Безбедноста на децата е прва, а и ова што те навредува.. Што не ти бил поддршка тазе породена (сама да одиш за извод и мекици).. Што фрлал алишта на земја, па уште и ти крива дека не можел да најде каиш.. Се бања во када додека ти спремаш деца.. Се ова за мене е доволна причина за развод само по себе. Додај ја и агресивноста.. Многу, многу му е жал. Јасно ми е колку е тешко ама оваа агресија нема каде да оди освен нагоре. Наскоро нема да биде доволно брзо возење и кршење предмети. Се надевам дека ќе најдеш сила и ќе се тргнеш од него наскоро. И дека нема да попуштиш на притисоците од околината да останете заедно.. Среќно
Во право сте, истото и јас би го пишала на секој што ќе се најде во моја ситуација... А дека ќе оди на подобро не верувам, зашто секоја наредна ваква ситуација е пострашна... Истото му го кажав и јас, викам каков пример даваш на децата? Дали ти е сеедно утре ден детето у школо да каже дека татко и ја нарекол мајка му курва?? Или ете имаш керка, нема да те боли вака да се однесува некој со неа? Ќути, ме слуша и ќути. И толку се е отидено под тепих. Месец, два мирен. После тоа пак јово на ново... Не е мала одлука, но морам да стегнам заби... морам... Ви благодарам на сите за одвоеното време
Многу црвени знаменца, за да се тргнеш од него, и да си ги заштитиш децата. Треба да си ненормален, да возиш со толкава брзина и да се дереш пред децата.,, Ќе ве убијам сите на куп'' ептен боде во очи. Најдобро би било, да ставиш крај на ваков брак. Многу ми е жал што трпиш таква тортура, но поради децата мораш да се тргнеш на страна.
Што ќе биде ако се лупне негде кога вози 200+? Сообраќајките се прва причина за смртност во свет. За кај сте после? Ако не му е мил неговиот живот, нека не ги става вашите во ризик. И да, треба да си посети стручно лице оти неговото однесување не е нормално. Неговите имале тежок брак, голем кур. И моите го имаат најужасниот на цел свет, па не сум помислила со партнерот така да се однесувам, или пак скраја да е да ризикувам наше здравје оти жолта минута ми се случила. Сељак. Извини вака, ама насилен сељак имаш за маж. Покондурен.
Сепак не можам да разберам дека возел толку брзо за да ве убие. Извини, но за тоа нема опростување. Јас одма би го оставила, па нека се убива сам.
А тек ако се акне во друга кола и земе невини луѓе на душа? Што се должни невини луѓе кои си возат мирно и регуларно по пат да настрадаат оти некој сељак си има проблем у главата?
@Black girl , @KateKane , истото му го реков, ако тебе не ти е мил животот оди скокни некаде, остај не со децата....... Не се правда он на бракот на неговиот, јас си барам утеха пустата сама... Ама очигледно утеха нема....
Не барај објаснување како може така да те навредува, ти едно ќе запамтиш дека тоа не е вистина што зборува и ќе си наметнеш ментален блок. Лошо е што на детето му ја полни главата. Знаеш и самата дека сте во лоша ситуација, многу лоша, ова со возењево и сите испади во кола е ужас, која траума е тоа, или бил пијан или нешто озбилно не е во ред со него, ама не е твое да се замараш што е како е. Имаш ли близина со неговите, иако велиш влече трауми од нивниот брак и не знам дали е близок туку да им пренесеш дека е опасен за себеси и блиските. А ти ќе си се подготвуваш дека најбезбедно е некое време да заминеш од таа токсична средина. Децата се мали и подеднакво ве сакаати двајцата ама тој образец на однесување каде мажот ја навредува и малтретира жената ќе го апсорбираат и сфатат како единствен и исправен модел, а тоа е потоа доцна за оправање. Биди силна и мисли за сопстевната и пред се безбедноста на дечињата.
Од насилник бегај колку можеш подалеку, спаси ги децат и спаси се себе од сите наредни негови испади. Живеев со татко нешто налик на твојов маж. Секогаш кога нешто ке беше нервозен се истураше прво на мајка ми па на нас. Сите негови глупости ги памтам до ден денес, а веќе има 44 години. Тоа се трауми за цел живот Имав некаде околу 9-10 години, бевме на гости кај на мајка ми сестра и таму на господинот не му ги исполнија сите музички желби (беше некоја прослава се пееше, се веселеа сите). Станавме од таму да си одиме, он веќе беше нервозен кој знае за што. Само што се качивме во кола , кога почна да се дере по мајка ми, да вози како ненормален, истиот муабет дека ке сме загинеле сите, мајка ми била курва дека се веселела на прославата кај тетка ми и мажи ја гледале. Леташе со колата и се вртеше накај мајка ми ја маваше со тупаници додека возеше. Во цела несреќа имавме среќа што го застана полиција, додека он стоеше со полицаецот мајка ми не грабна мене и сестра ми за рака и излеговме од колата , појдовме пешки за накај дома , а прилично далеку бевме од дома сигурно некои 5 километри. Во црна темница зимно време сами по улицата лкудакот не стигна со колата, кога излезе од кола ја претепа мајка ми па почна по нас да удира, не набута во кола и дојдовме дома цела ноќ плачевме и ја ложевме мајка ми со кора од леб да нема модрици за да може другиот ден да оди на работа. Ова е само една случка од милион што ги имало. Он беше и сеуште е лудак, ама мајка ми е по луда од него, затоа што сеуште е во брак со лудак и не го окриви за ништо во животот. Секогаш за него наоѓаше оправдание и се обвинуваше самата дека некаде згрешила затоа ја тепал.
Леле јака ти душа, овој е за бесилка, прости ми што така зборам, знам татко ти е али ме потсети и мојот како ја тепаше мајками и се потресов цела. Инаку редно е да почнете да мислете дека мажите како татковци неможат исто да размислуваат и да чувствуваат како што прават жените кога се мајки. Еден пријател еднаш ми кажа дека они мажите се кучиња и со нив така и треба да се однесуваш ако сакаш да бидат мирни. И скроз во право беше.
@apple12 Живееш со типичен манипулатор и психопат. Бегај навреме и за тебе и за децата. Но, прво направи ги сите подготовки, па потоа соопшти му. Прочитај повеќе по Интернет како најбезбедно тоа да го сториш.
Лелееее.... мн ми е жал што сте поминувале низ тоа, точно знам какво е чуството... Не ми е јасно што им се случува во таа жута минута, и после тоа се е мед и млеко... не знам... стварно не знам.... Мајка му цел живот го има газено татко му, и сеуште е тоа така (додека татко му се однесува како принцеза со неа). И он и брат му сметаат дека за да те цени жената дека треба да ја газиш... Ама за жал, ова касно го открив, многу касно. Ете утрово ми пиша дека сакал да разговараме, не сакам да разговарам, разговарано е безброј пати, и? Ништо не се смени, ништо.....
Сите тие испреплетени семејни односи може да родат такви погрешни уверувања кои се вкоренуваат длабоко или пак дури и трауми, ама можноста некој да стане свесен и да проба да безбеди подобра иднина за своето семејство е личен избор. Да ти се заканува со убиство е надвор од сите граници. Секако, ти ќе одлучиш дали ќе зборуваш пак, дали ќе пресечеш тука, ама според ова сѐ што изнапиша човеков е закана за вашата безбедност. Не е веќе ни црвено знаме, туку сериозно нарушена сигурност. Не заборавај дека и твоите деца го гледаат сето тоа и има огромно влијание врз нив.
Разговарај и предложи му да побара стручна помош. Проблемот е длабок и очигледно не е во негова, а ни во твоја сила да се реши. Треба да се најде коренот и полека полека да се решава. Не можам да те советувам да останеш со него во меѓувреме, опасен е и за тебе и за децата. Верувај, сликите што ги имам во глава од насилникот дома нема да ги заборавам никогаш па колку сакал бил добар после тоа. Те молам спаси ги децата од тоа.
@apple12 Повели, прочитај тука некои совети. Плус обавезно разговарај со адвокат и со твоите најблиски. https://www.stylist.co.uk/life/dome...rtner-legal-advice-solicitor-what-to-do/67696 https://www.google.com/amp/s/esme.c...n-abusive-partner-when-you-have-kids.amp.html
Нашето детство и младите години така поминуваа во страв, во ќотек, бркање во среде ноќ надвор во среде зима. Ни ја заклучуваше влезната врата и стоиме надвор на ладно со саати додека да му текне да не пушти внатре да влеземе. Моите деца ништо од ова немаат видено и нема да дозволам да видат вакво нешто. Фала му на Господ имам маж душа од човек што нема шанси вакво нешто ни да помисли , а не па да направи. Он и сега има испади, измислува дека мајка ми на 70 години имала швалер, па со сите комшии се испокара оти сите и се наводно швалери. Мрднат е 100%. Кај нашиов немаше влијание никој. Никој не смееше да му се спротистави ни татко му ни мајка му со сите беше агресивен.