Извини ама тежок сељак и искомплексиран личи. Така да му рече на син ми , пази да не земеш курва ко мајка ти, очи нема да ни види. Он уствари ништо не прави за вас освен што носи пари. Кој нели, налет. Утре ќе те удри или недај боже во афект да напраи глупост ко возењето 250, недај боже со децата… А како тргнал, тешка афектна состојба има. И греота за децата што гледале и слушале, мисли на нив колку се истрауматизирале Дека ќе се смени нема, зошто тоа е карактер и тој така реагира и неможе да се делува за жал
Треба да го прашаш дали од искуство зборува така, мош татко му земал курва дома, па покрај мајка му сите жени за курви ги смета. Ненормална работа
Никој не ти дава за право да судиш каков родител сум.. Не знам како донесувате одлуки за тоа каков родител е некој и давате мислење на нецелосна слика. Штом ме чепне некој за родителството, можам во хиена да се претворам. Само јас знам колку е вложено и како се овие деца чувани. Никој не го брани, туку сакав да ви ја покажам и другата страна. Не дај боже никој да се најде во моја ситуација... И јас сум крива што воопшто споделив тука. Ете поднесов барање за развод, се надевам сега сум добра мајка. Ставам крај на темава и се одјсвувам. Поздрав од една себична немајка!
Во право е членката, не знам што те погоди тоа. Децата гледаат сцени и тоа е траума за нив. Ти си споделила проблем и тука сите ти пишуваат, и на крај советувачите виновни.
Јас незнам до сега случај едниот родител да зборува лошо со детето за другиот родител. Ако гледаат сцени, навреди самото дете си ствара слика за каков родител има, а долно е многу едниот родител да му кажува на детето што права и кажува другиот рофитеч
Извинете ама некои сте стварно без осет. Имаше мака членката, побара мислење и совет, ја советувавте најдобро што умеете и крај. Понатаму нејзино е дали ќе примени совет или не. Не можи да се лутите дека не ве послушала, па уште и да ја навредувате. Нејзин живот, нејзин избор, аман почитувајте туѓа одлука колку и да не ви се допаѓа.
Во контекст на случајов само ќе го оставам линков овде https://www.npr.org/2023/01/04/1146890381/tesla-driver-family-cliff-arrested-california "несреќава" се случи пред два месеци, и се смета за чудо што сите се живи и со лесни повреди. Со оглед на местото и локацијата, да не беа живи за да сведочат, никој немаше да знае дека таткото намерно излетал од патот со цел да ги убие. Членката не знам дали чита сеуште, но по такви испади треба со сите сили да се бори да не може лудакот да им се приближи, а не да пишува овде колку бил некогаш посветен татко. Ни работа, ни мајка, ни шајка не му се криви за да уништува туѓи животи!
Така е, ама не е баш така. Градиш живот со некого, камен по камен, ретки се тие што одма ќе кренат раце. Да речеме коментарите овде и се освестување, ама треба време да се процесира сето, остајте и време на членката.
@apple12 само те молам немој да запаѓаш во таа замка дека е добар татко и финансиски стабилен маж. Имаше една членка овде, со сличен проблем како твојот. Дечкото нејзин претставен како најсовршениот маж на планетава. Освен коа ќе се наљути. Е коа ќе се наљути, ја малтретираше максимално. Дојде, се пожали, сите и го рековме тоа. Такви инциденти не се случуваат само еднаш. После некој ден дојде пак, типот бил совршен, па палачинки и правел, па се каел, па криво му било, абе уште солза да ти капне. За да се врати на крај после некој месец и да ни каже дека го имал најкатастрофалниот испад, ја имаше од гомно подоле направено. После тоа ја снема, до ден денес ја мислам дали е добра и дали е жива и здрава. Тоа е pattern, после испади се претвораат во најпрекрасни суштества, даваат надеж дека нема никогаш повеќе, се до следниот екцес. Не знам дали ме имаш читано, ама јас ги сакам сите жени и ме боли кога читам како ве третираат. Твое си е што ќе направиш, ама немој да паѓаш во замката дека од денес ќе биде он мед и млеко. Поздрав и секое добро.
Јас да имам ваква будала од муж, ќе го умртвам на спиење, а не па да размислувам за развод. Да ми вози ризично со дете, да мава, да крши, курва да ме нарече....ќе го трујам малце по малце секој ден дур не цркне. Собери си децата и иди си дур има време, утре ќе те тресне од земја тебе или децата и касно ќе биде.
Ajde sega kade ste go odvele razgovorot, ne ubavo, ne ubavo vo sekoj slucaj. Kolku deca vie rodivte i izgledavte i kolku vas uspeja roditelite da ve stavat pod stakleno zvono nisto loso da ne slusnete i vidite? Na sto lici ova? Pa malku li e tesko na zenava kapak vie ispadnavte pozagrizeni za nezjinite deca od nea. Ne odi ova devojcinja, ne odi, ne e se toa sovetuvaci. Ne pisuvajte vo osetlivi temi ako vaka se postavuvate, imate i drugi temi za nadmudruvanja i necii "rusenja".
Немојте да и пишувате на членкава дека не е добра мајка зошто не го напуштила веднаш,и каква мајка е . Типот е очигледно нарцисоидно болен. Не се решава брзо,вртлог е тоа, премногу комплексни се тие врски со луѓе со нарцисоидно пореметување.
Затоа што се осети нападната и виктимизирана дека е немајка прочитавте ли дека едитирала мислење со дополна поднесов док. за развод? Сега среќни, особено поединки што ги боли глава? И како вашето болење глава неа и помогна во животот? За боцкање ви нема рамни. Убави совети доби, ако решила и сепак поднела док. за развод нејзина одлука. Ако решила да разговараат, видела има потенцијал во него да се оправи и поправи пак нејзина одлука. Иако дали вреди да му пружа нова шанса таа тоа најдобро си го знае. Каков сој е мажов таа му е најблиска и знае, јасно и е. Само што и да се преземе ќе си има во предвид дека безбедноста на децата треба да им е обостран императив и ако тие решиле цел ден да се надвикуваат нека одат во пустелија нека се изразвикаат убаво не пред нив. И тие мајка ти е ваква таква полнење глава на деца, возење како на трки има да престанат под итно @apple12 . Се надевам ќе најдете начин да си ги решавате недоразбирањата како зрели и возрасни личности и ќе поработите на подобра иднина ако останало љубов меѓу вас. Ако не, знаеш се и самата.
Никој не кажа дека е лоша мајка,само кажавме како ќе биде гледана од страна на децата ако остане во таква средина и тоа треба да и даде сила и храброст да се тргне.
Некому дава сила и храброст, некому додатен товар и чувство на очај. Никогаш-никогаш не и' велете на мајка “Треба вака и вака да направиш, оти на детето ќе му биде вака и вака“ Можеш да и' кажеш некој научен факт, на пример како влијае насилство врз деца, ама не смееш да и' набиваш чувство на вина со 'Треба вака'
Ова е најдобриот совет од сите на темава, општо најдобар совет за било која тема. Можеше и тука да добие слично нешто, ама ете видовме што бидна, осудите дека е немајка ја отераа. Божем лесно и е се низ што поминува па како капаче уште таква осуда и требаше. Инстинктот на секоја мајка е да заштити и таа ќе знае и веќе знае што да преземе. Полека само луѓе, се ќе се поправи ама лошиот збор и третман најчесто не се заборава лесно. Бидете пољубезни кон женава.
Баш така. Ова не испадна совет, поттик, утеха, туку двојна виктимизација. “Ти (ќе) си крива, што децата ти живеат така“ Буквално...
Знам, мајка е...таа знае веќе што како. Моментално да не си во чевлите, ама непристрасна личност може многу подобар увид и поттик да и даде да види од друг агол. Кога си во вртлогот на бурата се удираш во неа и не гледаш трезвено. Ќе помине и бурата и се, само да е побезбедно и побезболно за сите нив.