Јас мислам дека и ти си опседната со нејзе колку таа со тебе. Игнорирај ја, ако не можеш пријави ја. Не мешај никој.
А зошто побогу со сите си го решаваш проблемот освен со нејзе? Ако не те занима како што викаш пријави ја и гледај си ја живеачката. И зошто си толку љубоморна на неа ако не е добра со паметот?
Се наоѓам во една ситуација кај што прв пат во животот имам расправија со сопругот и причината се неговите што му збореле против мене. Во заедница сме и јас се соочив директно со нив ставивме на маса се. Тоа не е толку важно туку друг ми е проблемот. Проблемот е што сега не можам да го поднесувам ни маж ми ни неговите. Како после некоја расправија пак се зближувате со мажот?
Колку години сте заедно, во врска, во брак? Сте имале расправија, заземал став, страна, и нормално е да си повредена ако не е тоа што си очекувала. Најлесно е да ти речеме остави го и оди си, но разговарајте, пробајте да најдете решение, има ли шанси да не сте во заедница иако живеете заедно? Старите си се стари и си терат по свое, не ги приметувај, игнор и терај си по свое но многу е важен и ставот на сопругот. А за зближување ќе ти помине лутината, нервозата, ако и тој е наклонет кон тебе ќе се среди, ако сте разидени еден од друг, ако немате близина подолг период а сакате да останете заедно посетете психолог.
Зашо се замараш толку? Мислам озбилно. Го тргнала блокот ок, блокирај ја ти и мирна глава. И мене ми се дешаваа вакви работи, со ѕвонење на полноќ и пораки и лажни профили и еден куп глупости. Да ти кажам дека ако доволно ги игнорираш, не си интересна веќе. Ако им даваш внимание, ќе продолжат срањава. Многу луѓе си контактирала, многу значење и даваш на типкава. Минатото остај го у минато. Бивши се со причина И добронамерен совет, иако е анонимен - форумов е јавен. Не ти препорачувам да споделуваш толку детали
Wild, мислам дека најдобро е вакво вознемирување да се пријави во полиција. Тие обично одат лично кај нив или ги викаат во полиција на разговор. Дури и да не го направат тоа @Lo_Ra_ ќе има формално дадена изјава за вознемирување. Не дај Боже утре ако бившата на дечко и, на било кој начин се обиде да ја повреди ќе има основа за тужба. Особено затоа што типката имала намера да и дојде и на врата! Мислам дека е подобро да не се впушта во комуникација со неа, со нејзиното семејство или со нејзиниот дечко, туку само да пријави во полиција. @Lo_Ra_ блокирај ја на сите социјални мрежи и не се замарај со нејзиниот приватен живот. Ако и покрај игнорирањето и блоковите те вознемирува од нови профили, повторно пријави го вознемирувањето во полиција. Внимавај што објавуваш јавно. Убав совет ти даде некој од членовиве на форумов совет во врска со изнесување детални информации на јавни платформи. Stalker-и обично следат што правиш благодарение на тоа што го објавуваш на соц. мрежи.
Абе искрено, јас сум таа прва шо велев дека треба да се пријавува се'. Лично, пријавувам. Ама и од тоа лично искуство знам колку и дали воопшто нешто презема МВР. Последниот пат кога бев во станица да пријавам криминал, 4 саати чекав да ме примат. 4 саати!
Тоа е многу чекање, навистина не било во ред. Но со сигурност знам дека во случај да добијат пријава за вознемирување, мора да реагираат и разговараат со лицето кое е пријавено. Му земаат и нему изјава. Понекогаш тој разговор со полицијата е доволно да престанат заканите, ги заплашува насилниците.
Мораат, ама не земаат секогаш, или ќе земат ако чекаш 4 саати, ама не постапуваат по нејзе. Анонимна пријава, МВР му кажа на пријавениот, кој го пријавил. Пријавивме во внатрешна контрола. Внатрешна контрола 'не најде неправилности' Тоа шо 'треба' и тоа што се случува, се скроз различни работи.
Барам совет! Ќерка ми е во брак 5 месеци и зетот го осетивме како манипулира, ја лаже ќерка ми му откривме со сигурност лажен профил на фб со скриена картичка. Тој никако не признава дека има лажен профил, а ние знаеме 100% профилот го гледаме не можеме да го отвориме само емаилот го знаеме. Каде да се обратам да го разоткријам, ми доаѓа да му објавам на времепловот да знаат сите негови пријатели дека е женет а тој ги лаже со друго име и како манијак се затвара во купатилото со телефонот тоа го имаме осетено. Ќерка ми е во очај а и ние покрај неа многу се нервираме барам совет. Ви благодарам!
А што ако го разоткриете дека лаже? Не ве разбирам. Сигурна сте дека лаже, што сте вие фби? И зошто зборувате во множина? Ќерка ви е во брак, а вака испаѓа како човекот да се женел со сите вас (не знам колку сте на број). Неповрзано објаснувате. Имал скриена картичка, па имал емаил. Оставете ги сами да си го решат проблемот, уште не започнат бракот имал ова имал она... И на кој да му признае, на сите вас?
А она разговарала ли со него? Го конфротирала ли? Сигурно го познава да знае дали нешто крие или не... Ако знае дека крие што бара со таков човек и зошто не ја советуваш да се разведе?
А што точно сакате, двете или таа самата? Тој да признае и прекине да го користи и се смират и се било како никогаш да не било или да го објавите како одмазда и се разведат?