Знаеш што, земи направи и ти лажен профил и пишувајте си Така ќе му ги дознаеш намерите, а и тебе ќе ти става срценца на сликите
Јас сакам само јавно да го разоткријам да знае да не не прави сите будали и неговите родители се нервират на никој не признава. Инаку бракот ќе се растури. Има и други работи мене само профилот ме интересира да објавам да докажам дека е лажач.
По ново правило на фб треба да имате телефонски број за да докажете дека профилот е вистински а не лажен. Сега не можеш да направиш фб профил без тоа. Освен тоа него најверојатно му е направено на тој број да му стига код за log in. Не сметам дека е смешно што родител си бара спас најверојатно собираат докази за развод па да има што да му пласираат пред нос затоа што тој можеби нема да и даде развод. Од друга страна мене уопште не ми е смешно напротив срамота е родители да бараат совети и да се мешаат така што веројатно проблемот е посериозен. Ако типот има лажна слика и е манијак можеме да замислиме што се може да се случи. А тоа дали таа се омажила за сељо не го знаеме тоа и мислам глупо е да судиме,може им било убаво во врската ама во бракот нешто се сменило.
Ако профилов не е трол (а ми личи ко да е, зошто во темава ко печурки никнуваат), имаше пишано поназад дека и во врска истово и го направил и покрај тоа, се омажила за него, а наводно ќеркава има 20 години.
Зошто да е трол?Свесни ли сте колку мажи во брак и со деца имаат лажни профили на фб,инстаграм каде уште не за да може слободно да следат,лајкуваат и комуницираат со др девојки. И на фемина има мн вакви.Зар не ги приметувате?Лајкувачи на нокти,коса,шминка и оф корс долна облека во што последно си купивте Штом е керка и 20 год , тоа е уствари уште дете.Гледа низ розеви очила во него(валда).Па мајка како мајка се труди да го открие.И ја би.Имам 3 керки и не би сакала да бидат во брак со маж што се крие зад лажни профили на соц мрежи и д*ка на туѓи слики.
Не само од лажни, без гајле го прават тоа и од вистинските профили. До сега многу пати ми се случило да ми пишуваат и да ме замараат ликови кои дури и на профилна имаат слики со сопруга и деца. Очигледно не им е гајле штом така си прават.
По некои работи како ги пишува и шо само глуп муабет направи и ја снема, демек бара мислење, жена ваљда постара од 50 години иде на форумов и пишува изрази како "свршава на слики" и реплика "не какај" , итн. Сега ги барав, ама ги има модератор избришано. Може не е трол, ама постариве луѓе претежно не користат такви изрази.
Јас не сум многу стара за да не користам такви изрази, живеам во цивилизација не живеам во планина, ама на тебе на ти довага умот. Тука сум како ме е снемало а ти нешто многу се замараш со мене, ако не знаеш да ми даваш совет не ми ни давај реплика.
За да пишуваш "свршава" и "не какај" треба да си од цивилизација? Ја па мислев обратно. Ја по твое изгледа цел живот во планина сум растена со нецивилизирани луѓе. Ајде дај уште некој бисер, нешто до сега не прочитано.
мене еден буквално ми улета со муабетот : Жена ми пишува домашна со детето во дневна јас сум во спална досадно ми е дали сакаш да се видиме. Друг си кажува е ако де ако сум женет не ми е сменет, трет вика А бе млади се земавме, не се јаде секој ден грав.. Не сте свесни колку има на соц мрежи вакви работи.. На секој заеднички профил има по два посебни под туѓо име.
Ма немаат гајле, не се нормални. А јас пак сум зачудена од неодамнешна случка. Порано идев со еден дечко подолг период и нормално, ме викал и по некои семејни настани каде ги запознав неговите блиски роднини. Се разделивме, на фин начин, и ден денес да се видиме ќе направиме муабет. Е пред месец-два ме додава на ФБ вујко му. И сега ок, го знам човеков викам ќе го прифатам. У тоа време нормален личеше. Кога фати да ми пишува пораки од типот срце, маче и сл. ми се згади искрено. Се надевам само дека типов ме има заборавено, оти пред повеќе години беше ова со дечково инаку нешто ептен ептен не е во ред со него во спротивно. Инаку возрасен човек е од скоро 50 години, женет и со ќерки од по 20 години.
Прво оди на страна на фб, стисни, Find your account, па стисни пребарувај по е-пошта и ќе најдеш дали со тој меил има регистрирано фб акаунт и ќе те праша, дали си ова ти, ако има регистрирано акаунт со тој меил или број..
Здраво.Имам 29 години и мажена сум.Со сопругот сме скоро еден месец Германија.Скоро два месеци во брак.Тој работел 14 години во Германија,со доаѓање и враќање на три месеци.Мене ми е прво доаѓање тука.Мојот проблем е што не сакам да живееам тука.Не сакам да бидам во туѓа држава,со јазик што не го знам,со луѓе кои не се мои.Работата и проблемот е што јас не сакам да останам Германија.Не ми се допаѓа,не сум мирна тука и немам желба за ништо.Маж ми до 5 час е на работа јас постојано дома.Ми недостигаат моите многу,јас бев поврзана со нив премногу.Ми недостига мојата татковина.Родителите мои па и сите други велат ќе се навикнеш,ќе одиш на курс,ќе работиш.Но проблемот е што јас немам желба за тоа.И немам намера за тоа.Сакам да се вратам Макрдонија.Колку и да има повеќе шанси за напредок тука,јас сум сигурна дека и во Македонија се живее просечно.Постојано сум тажна и плачам,сопругот вели ќе се навикнам,кога ќе му речам дека сакам Македонија,одма почнува да биде тажен,се лути,ми вели како ќе биде тоа да бидиме разделени.Дека не можел без мене.Но ако останам ќе се разболам од тага.Ако одам тој ќе страда.Моја грешка е што прифатив да дојдам Германија,требаше од самиот почеток да му кажам уште пред да стапиме во брак дека немам намера да одам Германија.Сега знам дека ќе го повредам.Но ако останам јас ќе бидам повредена и тажна секој ден.Не ми велете дека ќе се навикнам,јас не сакам да се навикнам,не сакам да живееам тука и да работам тука.Воопшто.По никоја цена макар и брак било во прашање.Сега кога пак ќе му спомнам за Македонија повторно ќе биде тажен.Многу ми е жал.Инаку нашиот брак со се друго е супер засега,но тоа е мојот проблем.Што ме советувате?Што да правам?Не можам повеќе вака,ќе се разболам од нервоза.Ве молам за одговор.Ќе ми значи.Ви благодарам однапред.
@Pcelka544 Секоја промена е тешка. Јас би ти рекла да му дадеш време на времето. Не избрзувај. За почеток, најди некоја занимација, работа, хоби и види како ќе ти оди. Седењето дома сама додека да се врати сопругот верувам само потешка ти ја прави ситуацијата. Пробај, оттргни ги мислите за почеток од тоа. Прочитај ги и овие совети https://www.gooverseas.com/blog/ways-reduce-homesickness-abroad Секако, ако и по половина или 1 година го имаш истото мислење, тогаш мораш сериозно да разговарате со сопругот на таа тема и пробајте да најдете компромис
@Pcelka544 ова твоево ми е навистина чудно. Два месеца сте во брак, сега треба да ви биде најубаво, сами во друга земја, можности еден куп, слободни без обврски, шетајте, уживајте. Ти ако навистина си го сакаш маж ти, на крајот од светот ќе ти биде убаво со него. Не знам, јас и мм така сме размислувале и во врска кога бевме и сега во брак исто мислиме и после 13 години вкупно заедно јас пак би отишла да живеам со него кај и да посака, кај и да треба. Не сакам да пишувам детали зашто може некој да ме препознае, мм работи по странство, јас скоро цела Европа ја пропатував со него, сама сум одела по аеродроми до градот кај што е он моментално. Не сум ни размислувала кај одам, каков е градот, кога ќе стигнам, се качувам во авион и ќе мислам таму, само да сме заедно барем некој период. Сега е малце потешко со дете, ама кога бевме сами, немаше граници. А ти плачеш за твоите и татковината. Нит твоите ќе избегаат, нит па татковината ќе се помести. Доколку нема друга причина, јас би ти рекла да не си ги губиш деновите со плачење и нервирање, ќе ти биде криво еден ден што најубавите денови во нервози ти поминале. Прибери се, среди се додека маж ти е на работа, направи вечера, облечи нешто убаво, стави вино, намести серија и понатака си знаеш.