Па не му е површно разбирањето, си кажува што мисли. И вистина е така. Ја се би дала да сум на твое место, а ти на мое. Иначе по мое многу малку си таму за да си сигурна што сакаш. Да, во ред, ти фали татковината и твоите, ама прво нека помине време пред да донесеш одлука да се вратиш, шо се вика уште не си освестена што ти се случува, ти нон стоп си тажна. Дај и шанса на новата околина ќе видиш колку поубаво се живее. Ретки се тие што отишле на страна и со голема желба се вратиле во Македонија. Викаш се живее просечно, ама како? Да родиш утреден дете овде, сигурна сум дека кога тогаш низ годините жива ќе се појадеш што не си го родила во Германија, во случајов. А најмногу ти е проблем што си многу поврзана со твоите. По мое, треба малку да се осамостоиш, повеќе да се поврзеш со маж ти, а не со мајка ти и татко ти. Општо за еден брак не чини преголема поврзаност со родители. Сега сте ти и маж ти семејство. Башка имаш и поддршка од твоите. Друго е кога ќе најдеш работа, кога ќе влезеш во некој колосек со тамошниот живот, па кога ќе ти стигне платата над 1000 еур, ќе се чудиш како си живеела со 300/400 еур. Викаш не ми кажувајте ќе се навикнам, а шо да ти речеме врати се назад? Кога бараш совет, биди отворена за различни мислења, ти по последново излегува дека бараш поддршка да се вратиш назад. Што и да одлучиш, преиспитај си ја убаво одлуката. Во оваа држава не гледам многу асална иднина. Може и Германија не е тоа што беше, ама е далеку подобро од овде.
Членката е осамена затоа сака да се врати. И лошо е кога си осамен ако не знаеш како да уживаш во самотијата, кај нејзе веќе е изразито лошо. Кажува дека плаче и е депресивна. Лошо е тоа, не е Германија проблемот туку осаменоста. Да си најде друштво верувам дека за кратко ќе заборави на сите дури и на идејата. Не е лесно да си далеку од сите ама дека во Мкд се живее просечно, мало морген. Дно сме. Така да, членката најдобро да си најде занимации, да членува во клуб на читатели, да се запише во теретана така ќе си најде друшство. Во спротивно преголемата осаменост може да ја убие, не е за слаби лица.
Многу бракови пропаѓаат поради поврзаност со семејството од кое се потекнува. Кога веќе си била спремна за брак, треба да си свесна дека сега ти оформуваш семејство, некому ти ќе му бидеш се, потпора, поддршка, рамо за плачење и прва фигура за славење и споделување среќни моменти, ќе треба и та да бидеш родител, нечие се. Сите знарме кои ни се родители, како не изгледале и подигнале во она што сме денес. Не треба да патиш по фамилијата, ако ти си среќна, каде и да си о тие сигурно се среќни. Но не е во ред па макар и психички да си зависна од нив. Разведри се, најди си хоби, занимација, незнам дали размислувате со сопругот да имате дечиња, ќе станеш родител и ќе видиш како се менуваат улогите. Сигурно е подобро да се живее било каде отколку во МК, јас со драга волја би ја напуштила Мк, но имам сопруг кој баш и не сака да си оди, а ние сме едно, ние сме семејство треба интересите да ги усогласиме. Родителите се на росители место, разграничи дали причината се само родителите или има и некоја друга причина поради која сакаш да го напуштиш партнерот, ако ти значи тој, себе си ќе се ставиш пред твојата фамилија. Мое мислење дека имаш ти и некоја друга причина поради која сакаш да се вратиш назад, не е само фамилијата.
Искрено нема друга никаква причина,освен што откако знам за себе сум депресивна.Од мала имам опсесивни мисли,страв од смрт и останато.Пиев и антидепресиви.Никогаш не сум во целост среќна.Посакав да се омажам ,се омажив,мислев така ќе избегам од депресијата,но уште му ги памтам зборовите на еден мој пријател дека од себе не се бега.Не дека јас не си го сакам сопругот,го сакам,го почитувам,предобар е.Но се ми се случи пребрзо.И брак,и Германија,и неприфаќање и навреди од неговото семејство кон мене,како демек сум му направила магија и затоа толку ме сакал,што дури се одалечил од братот заради мене.Икс прични,проблеми.Спонтан абортус, страв и што уште не.Јас не сум јака како некои девојки,жени.Јас сум многу кревка.Се ме погаѓа, секоја промена,секоја навреда.Се ме боли.Признавам,не сум силна.Сопругот знае за се.Ја имам неговата подршка секогаш, но во мене секогаш имало празнина.Ништо не ме исполнува,не ме прави среќна,што ке посакам добивам,но што потоа.Знам,себично е....Здрави и живи сме сите,ама само оној што имал некоја празнина во душата знае како е.Јас мојата не можам да ја смирам никаде и со никого.Можеби и на некој начин сте во право,не е Германија проблемот туку јас.Јас кога ќе размислам подобро,тажна бев и Македонија.Како што пишав,од себе не се бега.Жал ми е за сопругот,јас му покажувам дека го сакам,но знам дека ја чувствува мојата тага на некој начин.Не знам ваква како би била добра мајка,сопруга.......Знам само дека во моментов сакам да сум во прегратката на мајка ми како кога бев мала и се плашев од темница.Сега не се плашам од темница,но од животот да.
@Pcelka544 Нема зошто да се обвинуваш себеси. Ти се случиле промеми на животен план + непријатни работи. Човек си, не си од камен. Не биди толку строга кон себе. Од друга страна, обрни го вниманието само на убавите работи. Имаш сопруг кој те сака и те поддржува и ги имаш твоите. Тоа е најважно. Воедно, најдобро е да си закажеш на психолог кој ќе ти даде професионални совети и насоки како да се справиш со се. Важно е да се погрижиш најпрво за твоето ментално здравје.
а зашто не побараш помош место да бегаш од проблемите? И онака си свесна. Си напраила 1/3 од работата, следно е да се помириш со сѐ што ти се случило колку и да е тешко, и последната е да побараш помош. За твое добро. Се глеа дека ти е тешко и дека малце требаше да те чепне некој за да си ја отвориш душата. Мислам дека треба да посетиш психолог, да си ја отвориш душата, и да почнете да работите на тебе. Мислам дека идењето у Германија ти напраило да имаш многу време сама со себе, да мислиш и да премислуваш. Секогаш кога ќе ти дое лоша мисла, лоша меморија на памет, терај го мозокот да мисли на друго. На нешто позитивно, цртај, гледај серии, рибај по дома вади ја енергијата на тоа, читај, било шо
Фина поента-многу време сама со себе. Би ја продолжила низата- учи германски, најди работа- ќе видиш како помалку празно време, носи поголем мир. По можност да не можеш на газот да си седнеш.
Од старт требало да бидеш искрена со сопругот дека не можеш да живееш далеку од твоите. Од погрешни причини си се омажила, требало прво да побараш стручна помош и да се справиш со депресијата и проблемите што ги имаш. Како што сфатив, твојот сопруг не сака да се врати тука, а ти не сакаш да живееш таму. Имате две опции, или ќе побараш помош, ќе поработиш на себе, ќе стегнеш заби, ќе научиш јазик и ќе почнеш да работиш. Другата опција ти е развод, и враќање во Македонија.
Секогаш постојат и други опции, наместо развод.Мислам дека тоа преголем збор.Јас спомнав дека сопругот сака да останам овде,и во една прилика кога зборевме,тој не посака развод,ниту јас.Не сме и нема да бидиме ни први ни последни што некое време ќе живеаат одалечено.Многу бракови нормално функционираат така некој период.Ќе биде тажен знам,тоа и мене ме боли, но Фала му на Господ далеку сме од развод.
Не може цел живот раздвоени да го поминете, ако е веќе брак, нека биде брак како што треба, не на камера и телефони. Исто како сите оние чии мажи се нонстоп по патишта, жените сами гледаат куќи, деца, а некои и работат. Па налет таков брак, низ нос ќе ми излезе. Јас лично не би сакала никого да обврзам да ме чека илјадници километри оддалечен, ниту пак да гледам сама куќа и деца без разлика дали работам или не, тогаш подобро би била сама, или самохран родител. Не се разведувајте, што знам, но ако ти не сакаш да се жртвуваш за подобра иднина, зошто твојот сопруг би се жртвувал и да напушти се што створил во странство? Нормално е дека тој сака ти да останеш таму, ама ти не сакаш, не си спремна, не можеш, засега. Едно е да знаеш дека неколку месеци ќе сте раздвоени, ама ова може да потрае со години, оти сепак имаш деликатна ситуација која баш и не се менува и решава преку ноќ.
Сега го прочитав ова внимателно. Мажот ти работи 3 месеци, па 3 се враќа во мк, а ти не можеш 3 месеци да ги доседиш во Германија? Ти работеше нешто во Македонија или како?
Ти недостигаат родителите и блиските тоа е факт. И јас сум поврзана со моите, и на мене многу би ми недостигале и би била тажна да се разделам од нив и да заминам некаде далеку. Грешка е што не си размислила пред да стапиш во брак, сепак си знаела како стојат нештата. Ама не е работа и постојано да си тажна, незадоволна, да плачеш и да се измачуваш себеси. Сето ова ти дошло некако на брзина, можно е времето да помогне ама и немора да значи. Мора да донесете одлука заедно со сопругот. Ако ептен не ја бива работата и не можеш да се прилагодиш тогаш врати се барем на некој период. Таман ќе видиш како ќе ти биде тука и ќе размислиш што би правела понатаму.
Пак не разбрав, дали за 3 месеци ваму, 3 месеци таму станува збор или тој е веќе за стално во Германија?
@Pcelka544 колку време бевте во врска пред бракот односно колку време бевте во врска на далечина, и дали тоа ви беше проблем? Дали разговаравте како ќе се одвиваат работите? Зошто не си бараш работа во Германија?
Да, ама треба подолгорочно да гледаш. Еве да речеме се враќаш овде. И? Сама кажа дека и овде исто си се осеќала. Еден ден пак ќе треба да се вратиш таму ако сакаш да сте заедно или он да дојде тука. Тој и тука да се врати, пак ќе си иста, сама си кажа. Искрено треба да си разговараш со психолог. Твојов проблем сам од себе нема да се реши. Ти треба разговор со стручно лице, да најдете начин и пат како да ојачаш малце, па после тоа да знаеш во која насока да фатиш. Викаш ни први ни последни што ќе сте одредено време разделени. И после? Мене ми изгледаш ко да си решена да се вратиш. Ете да се изразам буквално (не ти се смеам) ќе ја гушнеш мајка ти (ќе најдеш утеха) и после тоа што? Неможеш на секое така да правиш. Верувам дека се плашиш од смрт. И јас од дете, одкога осознав за себеси, се плашам. Ме гуши едноставно. Едно време 5 месеци бев во депресија заради тоа. Ама поминува се. Мора да се консултираш со некого.
Каде и да бидеш во Германија во Македонија ма и на Марс да се качиш иста ке бидеш не е до местото до тебе е патиш од анксиозност и депресија и ти треба стручна помош Имаш и он лајн психолози на разговор.мк почни со терапија дали муабет или ке пиеш нешто среди се Ако не се средиш само бетер ке биде утре бременост хормони лудило па бебе .....
Извини но пред брак не знаеше дека 14 години живее во Германија и дека во брак и ти би одела таму? Не сфаќам навистина. Ова во врска се разговара кој каде сака да живее, желби, соништа и цели - за да видеш дали сте на иста животна патека со партнерот. Пример ако мојот партнер сака да живее во Америка и се спрема за тоа, а јас не сакам - тогаш зошто би останала во врска со него, а не пак брак? Ако се е супер најдобро би било да запишеш курс, јога, зумба или пилатес. Имаш група на фб македонци во Германија ќе запознаеш некои жени. Најди си мини џоб.
Еве како лице кое има дијагностицирана анксиозност и панични напади само ќе кажам дека ја разбирам @Pcelka544 . Сега си на нов терен, го немаш сигирносниот систем ( родители, другарки) и многу ти е тешко. Те разбирам потполно. За почеток би ти препорачала да пробаш со разговор со психолози на апликацијата razgovor.mk. Тие ќе ти дадат алатки како да се справиш со ситуацијата. Само полека, без брзање во носење одлуки од кои нема назад. Излези прво низ маало, секој ден давај си цел. Денес ќе одам до овде, денес ќе гледам ова.. полека адаптирај се таму. Ќе видиш полесно ќе биде.