Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    5.461
    Врати се во Македонија некој период без сопругот. Дај си време. Тој ќе те разбере ако навистина те сака.
    Моментално си преплавена од негативни емоции и што и да правиш таму го правиш со огромен отпор без да дадеш никаква шанса да видиш дали ќе функционираат нештата.

    И ќе видиш како ќе се одвиваат работите, може ќе ти фали и ќе сакаш што побрзо да се вратиш да бидете заедно, може ќе си останеш на ова што го велиш дека во никој случај не сакаш да имаш ништо со Германија, или странство воопшто.
    Во вториот случај ќе си се договорите со сопругот дали можете да опстоите така на далечина, еден куп фамилии има такви овде, за жал ама сепак има. Дали јас или Трајко, Рајко можеме така нека не ти биде репер.
    Ако не секогаш постои опција развод, само не избрзувајте со деца дури си ни ваму ни таму.
     
    На Pcelka544 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angie12

    Angie12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Одамна сум на форумов ама сега прв пат пишувам. Имам проблем и не знам каде да се обратам веќе..
    Имено, во брак сум скоро 11 години и имам 8 годишно синче. Мм од предходниот брак има две ќерки поголеми, едната е 15 другата 18. Супер се согласуваме, но почнува да ми смета што некогаш ги става пред нашето дете. Нормално е како татко да ги сака, да се грижи за нив, редовно исплаќа алиментација ама некогаш претеруваат. Имаме стан во Центар, а они со мајка им живеат малце подалеку и сега полесно им е за искачање од тука, и цело време седеа кај нас за зимски распуст(а обично за викенди се тука). Се враќаат касно навечер, реметат, сабајле треба да ги мислам и нив за јадење а не се најавени итн.. Не да речеш за татко им доаѓаат да го видат или братчето, туку како преспивалиште го користат станов.. Имаат соба сопствена во нашиот стан, а син ми има помала од нивната а живее тука цело време. Еднаш му спомнав за ова, да ја направиме поголемата соба на син ми за него да си биде, ми се налути и ми кажа дека они биле 2 и немало да ги собере во помалата..Сега најново, гледав малово да го пратам на камп летен, и маж ми запна мал е, да даваме толку пари нема ни да памти, ќе плаче да го земеме и ајде добро, доаѓа помалава ќерка и му вика дека и требаат пари за одмор во Охрид ќе оделе со друштво, мајка и и дала ама не и се доволно, она смештајот да и го плати, а татко и за трошење. И овој нема проблем, одма...А да напоменам редовно си плаќа алиментација.. И баш намерно му спомнав после некој ден дека сум нашла убав хотел, да одиме на одмор ние тројца. Пак ми вика дека нема пари најди нешто поповолно.. И јас работам, ама земам доста помала плата да ми стигне за се. Капак на се, ми кажува пред некој ден дека големата почнала да оди кај него на работа(има приватен бизнис), демек да ја научи работата( во превод да наследела бизнис). Да не ме сфатите погрешно, си ги сакам девојчињата, ама не ми се свиѓа што толку немаат осет и до толку искористуваат а не сфаќаат дека не се единствени и дека има уште едно дете. Он за да им угоди затоа што не се со него се прави, ама на глава се качуваат со барањата. И на син ми му угодува, не викам не, ама не со иста мера. Кога и да му кажам одоколу, вика уште е мал, нема такви барања, ама па јас не сум мала, и јас имам барања, јас сум му семејство и јас сакам да си уживам. Не знам што да правам, посоветувајте ме, ве молам без непотребни коментари. Да знам дека ги сака и му се ќерки, ама како да му укажам дека има и друго примарно семејство.
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ќерките не искористуваат ништо, туку добиваат од татко им тоа што треба да добијат зошто им е татко.
    Алиментација плаќал и плус им давал, е супер де, на кантар не се реди за дете, сигурно и ти за твоето сакаш се најдобро, така и тој за неговите.
    И нормално дека ќе им дава повеќе зошто колку би било безвезно тие да се почувствуваат дека татко им си нашол друго семејство и ги заборавил, затоа тој така дава и се труди како и што треба да се труди.
    Доста веќе слушаме за татковци што ги забораваат децата после развод.
    И нема ништо лошо да го наследува бизнисот на ТАТКО И, сигурна сум 200 посто дека нема да имаш ништо против син ти да го наследи бизнисот.
    Штом ќе пораснат, на сите 3ца нека се дели бизнисот.
    За собата во право е, детето твое е едно, тие се 2, а во една соба, како му бараш да ја добие син ти поголемата соба кога тие двете се во една?
    Кога си се мажела си знаела дека има уште две деца и децата се најважни од се и тоа го прифаќаш или не се мажиш.
    Најмногу од вакви делби страдаат децата, прво ќерките, а потоа и на син ти ќе му згрешиш што ќе го скараш со сестрите.
     
    На senjorita-v, Гладиоли, Bella ••• и 37 други им се допаѓа ова.
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Искрено јас не гледам никаков проблем во однесувањето на маж ти. Тој живее со вас и секојдневно допринесува за растот и одгледувањето на синот. Девојките не живеат, па се труди да допринесе како може. Во врска со бизнисот тој ќе им остане на тројцата. Убаво е ќерката која веќе е возрасна да ја упати во бизнисот. Истото ќе го направи и за синот кога ќе биде доволно возрасен. Повеќе ми делува како ти да сакаш да го ставиш твојот син пред ќерките. Што е разбирливо, затоа што си му мајка. Ама, тој е татко на тројцата.
     
    На ElenaOfRivendell, Oneo, Candice.S и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Angie12

    Angie12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Погрешно ме сфативте. Јас сум среќна што е грижлив татко и така треба да биде. Но не по цена нашето семејство. Не е во ред за одмор на ќерката да има, а за син му да нема. Каква врска има што е помал, зарем не сака и тој и плажа, море, другари? За собата, ајде сега е мал, но ќе порасне, не е во ред да ја зафаќаат поголемата соба за преспивање еднаш неделно, додека син ми живее во тој стан и по цел ден поминува во таа соба. Они во својот дом си имаат посебни соби. Не е во ред да доаѓаат ненајавени после искачање во 12 саат вечер и да не вадат од памет. Он не знае да каже не. Осеќа потреба да им дава и повеќе од што има, додека крати од син ми. Ајде нека е рамноправно, ама не е.
     
    На Gosh, mal.ecka и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Не те разбравме погрешно, тебе перцепцијата ти и погрешна и себична. Ти споредуваш 8 годишно дете со 15/18 годишни девојки. На 8 годишно дете се што му треба се мама и тато. И не вели човекот нема да одиме на одмор, туку ти вика најди нешто поволно. Што значи ќе има плажа и сонце и за него. Тој не го изоставува. Незнам зошто сакаш да направиш да изгледа како да не му значи синот исто како ќерките. Се надевам не му ја полниш главата на детето со ова.
    И уште нешто, велиш не по цена на нашето семејство. Извини, но тие се дел од вашето семејство.
     
    Последна измена: 19 април 2023
    На Гладиоли, ElenaOfRivendell, Oneo и 27 други им се допаѓа ова.
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    52.130
    Пол:
    Женски
    Друго примарно семејство……..

    Не разбирам што е проблемот ќерката да го наследи бизнисот на татко и, ако ја интересира, па тоа да е капак на се :D
    Вашето заедничко дете има 8 години, зарем треба 10 години минимум другата ќерка да чека за да видите дали и малиот ќе покаже интерес.
    Тоа што маж ти плаќа алиментација е негова обврска што мора законски да си ја исполни, не е частење на ќерките.
    Што толку ве вадат од памет што доаѓаат после искачање, еднаш неделно?
    Мислам дека не е во маж ти проблемот, туку ти иако викаш дека си океј со нив, не ги прифаќаш баш.
     
    На Гладиоли, ElenaOfRivendell, Oneo и 22 други им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.107
    Допаѓања:
    21.790
    Пол:
    Женски
    Да не ме сфатиш погрешно, ама јас не гледам проблем. Девојчињата си имаат место кај татко им, зарем ти не би сакала ако беше друга ситуацијата твојот син да има своја соба?
    Олеснително е што се двете девојчиња, иначе ќе делеа соба со син ти најверојатно. Затоа што маж ти е татко на сите три деца. И кога ќе дојде време син ти да си има своја соба ( поголема нели, иако веќе има ), девојките ќе станат свои возрасни жени што не верувам дека дури и да дојдат на преспивање ќе се замараат дали ќе спијат во помала или поголема соба.
    Годините на девојчињата се тие, тинејџерски. Ќе седат до касно, не размислуваат многу за туѓото време и обврски ама и син ти ќе стане тинејџер некој ден. Истото ќе биде.
    Син ти ќе оди на одмор, верувам соодветен за 8 годишно дете. Нема потреба од замерување за одморот на 15 годишна девојка.
    Друго, бизнисот. Секој родител што има свој бизнис, сонува детето да му го наследи. Епа треба да го чека син ви 10 години да порасне и ако го интересира да научи или да си го научи другото дете на бизнисот ако веќе девојчето се интересира?

    И најбитно, децата не го искористуваат татко им. Тој им е татко. За 10 години син ти ако сака да го продолжи бизнисот, нема да кажеш дека го искористува татко му туку браво, нема да умре бизнисот.

    И уште нешто, примарно семејство на човек што има деца јас би рекла дека се децата. Тој ги има три и сака на сите три да им овозможи се според нивните потреби.

    А реченицата "јас имам барања, јас не сум мала и јас сакам да уживам", кажи му на маж ти дека сакаш ти да одиш на поскап одмор, а не 8 годишно дете :D
     
    На Гладиоли, Bella •••, ElenaOfRivendell и 23 други им се допаѓа ова.
  9. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    5.326
    Пол:
    Женски
    Тука е проблемот. Во неговото примарно семејство спаѓаат и тие две. Не гледам лошо во однесувањето на маж ти, кога сите татковци би ги третирале децата од претходните бракови така, би било идеално. Според тоа што го кажа, девојчињата не добиваат нешто што не им следува. Скроз е нормално ако мајката платила за одмор, таткото да даде пари за џепарлак. А исто и за фирмата, па ако не вработи некој свој, кого треба? Ќе порасне и твојот син, ќе почне и тој да работи таму.
    Со овие работи се расчистува уште на почетокот. Мораш да прифатиш дека маж ти има три деца и сите заедно му се примарно семејство. Не само ти и син ти.
     
    На Гладиоли, ElenaOfRivendell, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.530
    Допаѓања:
    21.325
    Примарно семејство...wow.

    Извинете вака ама ако не сте спремни од сам почеток да го прифатите фактот дека и тие деца му се на исто рамниште како и вашето заедничко, не се мажете/женете со разведени со деца.

    Нема тука примарно/секундарно дете.
    Е тек после ако ви текнало, е не знам што да ви кажам.
     
    На Гладиоли, ElenaOfRivendell, Oneo и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    13.507
    Ти си знаела дека е женет претходно и оти има деца. Сега не знам што се буниш. Ќе си прифатиш и тоа е тоа.
     
    На _beautyy_, Just.do.it, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Ти од почетокот не си сфатила дека неговата родителска обврска не завршува со алиментација. Среќа што имаат децата таков татко, претежно се незаинтересирани. А овие деца не добиваат ништо повеќе од син ти.
    Го сфаќам моментот каде велиш доаѓаат ненајавени, но реално си требала да бидеш спремна на тоа.
    Ова е причина зошто никогаш не би била со човек кој веќе има деца, зошто не сакам да сум нефер и да имам очекувања поголеми за своето дете, зошто искрено, не е лесно да си целосно фер. Ама проблем е што ти себе си се рачунаш над тие деца, со муабетите не сум мала, како да им љубомориш, малку е смешно.
    Не можам да замислам утре некоја на мм да му рече дека нејзините потреби се над тое на детето, ниту пак мене некој маж да ми каже.
    Деца се деца примарно, секундарно, терцијално не постои. Тоа постои само за родени мајка и татко. Децата се приоритети секогаш.
     
    На Гладиоли, Oneo, Mnik и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.937
    Допаѓања:
    177.658
    Пол:
    Женски
    @Angie12 јас те разбирам. И лесно е вака кога не сме на твое место да сме толку политички коректни, но во суштина било која да е на твое место ќе се чувствува како тебе. Факт.

    Работата е што маж ти има 3 деца и сака веројатно на сите да им е удоволено. Ти имаш едно дете и без разлика колку ги сакаш и неговите, нормално, природно и инстинктивно сакаш да си го заштитиш прво она што ти си го родила. Ти смета ако тоа дете не добива еднакво од татко му.
    Можеби е 8 години и нема исти активности и желби како поголемите, ама на сите би сметало ако поради тоа што е помало може да “потрпи” и “почека” за некои работи.

    Разговарај отворено со маж ти и кажи му како се чувствуваш и дека чувствуваш дека не се однесува коректно према најмалото. Можеби само несвесно постапува различно. Укажи му на неговите потреби и можеби ќе најдете заеднички јазик.
     
    На senjorita-v, MeowMeow, Anyshka и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.172
    Допаѓања:
    181.140
    А кој вика дека децата се над или под?
    Еве пример со законско решение. Имам пријатели, него му е тоа втор брак, во вториот има 2 деца, од претходно има 1. Законот вели дека тоа првото не треба да живее под економското ниво на другите 2 и алиментацијата е одредена соодветно на тоа. Значи или сите 3 адидас патики, или од 20 евра. Итн, да не редам.
    Татково од случајов погоре, како што е опишано, компензира финансиски за физичко присуство/отсуство и не мислам дека е во ред. Тоа барем за одморот. За другото не гледам простор за лутење.
     
    На MeowMeow, Mnik, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Зошто се омажи за човек што е разведен и има деца?
    Еве јас си го познавам својот карактер, знам дека не би можела да поднесувам туѓи деца, би се стварала љубомора во мене, ама па затоа никогаш не би влегла во брак со човек што има веќе деца од друга жена. За да си немам вакви главоболки како тебе сега.
    Маж ти не прави ништо лошо, се однесува како секој вистински татко што треба да се однесува. Одлично е тоа што девојчињата имаат своја поголема соба, бидејќи се две. Одлично е тоа што со бившата сопруга делат трошоци за девојчињата, па дури и за одмор. Одлично е тоа што ќерката си ја вклучува во својот сопствен бизнис. Во денешно време кога е многу тешко вработувањето, ако не и помогне на својата ќерка на кого ќе помогне? Зошто таа да оди да работи кај некој друг кога татко и има свој бизнис? Замисли дека си му бивша жена и твојот син е веќе возрасен, па немаше да ти биде убаво ако го вклучеше во бизнисот?
    Јас сум личност која не би сакала сопругот да го делам, не би ми било сеедно да ги дели финансиите и времето со деца од бивша жена. А бидејќи не би било во ред да го вртам против нив, затоа што им е татко и нив им следува пари, љубов, време и внимание од него, затоа не одбирам партнер со деца. Затоа не можам да сфатам како ти сметаат тие работи сега, штом си одлучила да се омажиш со човек кој има деца од претходен брак. Зарем мислеше откако ќе те земе тебе за жена и ќе има дете со тебе дека ќе ги заборави децата од првиот брак, дека центар на внимание ќе му бидете само ти и новото заедничко дете?
     
    На senjorita-v, Гладиоли, Candice.S и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не, нема да се чувствувам како неа. Мое дете, негови ќерки, наше семејство, негови ќерки. Сѐ пишано во постот на членката е погрешно, од начинот на кој несвесно го користи јазикот за да укаже кој е според неа побитен, што не е во ред, бидејќи човекот има три деца и сите три се еднакво битни. Треба да го разбере бидејќи веројатно е растргнат поради фактот дека му пропаднал бракот и две од неговите три деца страдаат поради тоа, па се труди да компензира како може и знае. Облека, одмори, соби и материјални ствари се прашање на договор. Многу браќа и сестри кои живеат заедно со родителите кои не се разведени не добиваат сѐ што ќе посакаат во исто време, еден месец за едниот, друг месец за другиот. Башка тинејџери и осугодишно дете немаат исти финансиски потреби. Освен некакви чудни очекувања од таткото, тука не гледам посебен проблем, кој не би можел да се реши со три реда муабет.
     
    На CameliaMiller, Celltica, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.937
    Допаѓања:
    177.658
    Пол:
    Женски
    Важи @Abel пошто ти си толку совршена. :)

    Може кога ќе сфатиме дека никој не е толку совршен, на сите ќе ни биде многу полесно во животот. Дека сите чувства се дел од постоењето се додека не повредуваат некого. А таа се што чувствува е нормално и не повредува никого моментално.

    Да бла бла бла во утопија, сите се среќни и еднакви, децата се на прво место, ниедно не е запоставено, татковците се татковци, никој никому не смета, батрфлајс и реинбоус. Ниту сме утопија ниту совршени туку луѓе кои признале ние тоа или не, за себе и најблиските љубовта ни е по малку себична.

    Јас не гледам ништо лошо во нејзините зборови. Во еден момент се осетила помалку вреднато во сопствениот дом од сопствениот маж и сега се премерува па и соби и одмори. И нормални и се чувствата. Можеби преувеличува, а можеби и не, не можеме баш да знаеме. Затоа полека малку со нападите. Ако се труди да е добар татко, само затоа што многу други не се, не значи и дека е најдобар.
    Ниту значи дека нејзиното дете го форсира највисоко, туку едноставно не сака да е најниско.
    Нема родител на светов што своето дете не би си го ставил прво, во нејзината ситуација треба првото да го дели со уште 2 и тоа нигде не кажа дека и смета, и смета ако нејзиното е подоле.
     
    На senjorita-v, MeowMeow, Anyshka и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    1.436
    Бре колку е лесно да кажуваш правила,а сигурно пола од вас ни за преспивање не би се согласиле.
    Супер што е грижлив татко,така треба,по пишуваното разумно ми делува и членката што пишува,и јас ја разбирам.
    Затоа што таткото дава повеќе на ќерките да,можеби несвесно за да им надокнади за тоа што не бил со нив цело време истовремено со синот ја прави истата грешка иако живее со вас.Само смирено разговарај и можеби грешам но јас таков впечаток добив.
    Се најубаво @Angie12
     
    На Anyshka, marchi-cool, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.937
    Допаѓања:
    177.658
    Пол:
    Женски
    И јас истиот впечаток го добив. Дека тој се труди околу ќерките поради целата ситуација дека не е со нив што секако и така и треба, но можеби несвесно по малку го запоставува синот.
    Причините како собите и одморите иако вака наведено делуваат површно, мислам дека се работи за подлабоки причини од нив. Сеедно, ако е разумен човек, ќе решат се со разговор.
     
    На CameliaMiller, ZAHRA, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Каде пишав дека сум совршена и како дојде до тој заклучок? Каде пишав дека таткото е најдобар? Јас сум во далеку покомплексна ситуација од нејзината и не ми паднало на памет ниту еднаш да кажам мои деца, твои деца, наши деца. Да се чувствува како што се чувствува е во ред, но тие чувства не доаѓаат од реалниот свет, околности и случувања, туку од нејзиното очекување за тоа како "треба" да изгледа брачниот живот со човек кој веќе има деца. Таа има очекувања од тоа како маж ѝ треба да се однесува со децата, и затоа е разочарана, не ѝ се исполнети очекувањата (иако очекувањата и се нереални, па со самото тоа осудени на пропаст). Не кажа дека ѝ сметаат другите две деца буквално со зборови, ама мери соби, одмори, кој како ќе го работел семејниот бизнис, така што да индиректно ѝ смета. Никаде не нападнав и нема потреба да се пишува по форуми само афирмативно за нечие однесување и дела. Не можеме да знаеме дали преувеличува, ама пишала пост, според напишаното од постот, преувеличува.
     
    На CameliaMiller и kolovoz им се допаѓа ова.