Ова што ти го опиша тука, се вика себичлук. И не, не се сите вакви. Замисли си, ама постојат индивидуи кои размислуваат пред да направат нешто, особено ваков сериозен чекор. И не мислат дека светот почнува и завршува со нив.
10 години е во брак. Сигурно веќе добро знае што треба да очекува од тој брак, не е збунето новинашче што се зело вчера па денеска одма нешто и смета. Напомена дека нема против и си ги сака девојчињата, свесна е дека иако таа родила едно, фактички се 3 деца. Нафрла некои примери и отсечни одговори од маж и. Ако маж ми не застане да збори со мене и само отсечно ми одговара и ме одбива и тоа како ќе се сомневам и ќе истражувам. Не тргај од себе Абел, секоја ваква ситуација е различна, длабока и интимна. Кога се е добро нема мои твои деца, ама ако дојде до бирање секој своето ќе си го избере. Тоа е вистината.
Јас точно сум одговорна за моите зборови, за тоа вие што си умислувате и замислувате дека сум кажала сте самите одговорни.
Абе не си вадете статистики од ракав, пола не би се согласиле ни за преспивање, како да не. Поарно не правете деца ич ако вака размислувате. Страдаат децата да, поради себичните родители и тие околу нив.
Од чие искуство треба да тргнам ако не од сопственото? Чие друго искуство треба да е порелевантно освен сопственото? Членката сама ќе одлучи што ќе прифати како совет и дали ќе си дозволи простор за размислување или не. Несвесниот говор на членката мене ми кажа многу, и затоа го напишав тоа што го напишав. Да се мерам со 15 годишни девојчиња, јас возрасна жена, нема никад да си го дозволам, тоа е моето искуство и мојата вистина, прифати ја како што ја прифаќаш и другата. Од возрасните се очекува зрелост, очигледно тоа многу фали.
Многу незрело и себично @Angie12 Сите три деца за него се исто.Родителство не е само плаќање алиментација како што си очекувала. Ти од пишаното ко да си очекувала вашето да биде приоритет. Не можеш деца да двоиш по приоритет, а на твоето не му е ускратено ништо. Не прави проблем каде што го нема, особено не за негови деца, тие секогаш ќе бидат пред тебе на приоритетната листа. Примерот со собите е баш она што вришти од тебе, твоето дете да биде приоритет,да ја земе пази поголемата соба,а тие две делат една соба.
Сама кажа дека твојата ситуација е многу покомплексна. Сите вакви ситуации се значајно различни оти се работи за различни карактери на луѓето, различни карактери на децата, различно функционирање на самите бракови, настани и ситуации што претходеле до спорните точки, различни механизми на решавање на проблеми. Многу е индивидуално, па според тоа нормално дека и релевантно баш и не може да е. Јас не го доживувам нејзиниот коментар како тебе и не мислам дека било кој од нас може да знае всушност како е навистина, од причини погоре наведени и тоа е тоа. Немам намера да се убедувам повеќе.
Таткото тоа и го прави, си ги одбира своите деца. Нека му е со среќа на човекот, да не го изедат пред време.
Jas uste ne sum procitala deka nekoja makea moze da saka tugji deca kako svoeto i da ne gi deli. Na clenkata i smetaat decata od prviot brak zasto se tuka,se trosat pari na niv iako covekot si plakjal redovno alimentacija,go uzurpiraat prostorot na nejzinoto dete, nejziniot mir i dr. Do nekade mozam da ja sfatam ama taa mora da sfati deka stom zemala razveden maz so deca e isto vo brak so negovite deca. Iskreno vakov grizliv tatko odamna ne sum videla zasto obicno ako se razvedat od zenata se razveduvaat i od decata od toj brak.
Гледаш дека и ти тргнуваш од себе бидејќи коментарот на членката не го доживуваш како што го доживувам јас? Легитимно е секоја ситуација да е различна и неспоредлива со другата, никаде не го негирам тоа, ама јас за мојата не пишувам на форум, членката пишува и логично е дека ќе чуе туѓи, различни или сосема дијаметрално спротивни мислења и впечатоци од своите, инаку нема поента пишувањето. Нема потреба од многу демагогии, децата треба да бидат приоритет, а не се, и затоа сме тука каде што сме.
Па да, ама јас дојдов и пишав мое видување не цитирав никој да се убедувам кое видување е поточно. После излезе и дека е погрешно децата да ти се на прво место оти еве Ана си ги сака поише комшиските. Абе што е до мене ниедно дете да не трпи, а возрасните нека се потепаат ако сакаат. Само во ситуацијава точно ми делува дека таткото несвесно ги бира малку повеќе ќерките. А дај боже да грешам. Поздрав
Не се убедуваме, разговараме. Таткото си ги бира своите деца, сите три, и добро прави. А што е вистината, и што ќе биде, тие си знаат.
Децата на разведени родители страдаат најмногу од себични родители и нивните партнери. Уште полошо ако и двајцата родители имаат формирано нови семејства, "приоритетни". Каде да одат тогаш тие деца? Ако сте себични и не можете да го прифатите фактот дека партнерот има и други деца, битни исто колку и заедничкото, не влегувајте во таков брак. Сите сме различни и тоа е во ред. Ама не се сите за вакви бракови.
точно башка и на тие деца им треба внимание и љубов поготово во тинејџерски години, неќам да знам колку е тешко, еден ден кај едниот родител, друг ден кај другиот Сите со нивните на одмор, децата поделени.. Не викам дека треба од нив да се напраи spoiled brats, ама за да не забегаат, треба да добиваат љубов, внимание и сѐ што е потребно за едно дете, исто како да се родителите уште во брак
Искрено не знам за што конкретно ме прашуваш. Од каде ти знаеш колку е он присутен? Ако се девојчињата баш често како што вели членката кај нив, што повеќе треба? А и не е се пишано, дали можеби искачалеминоделе некаде заедно кога биле помали и сл. И кало тоа кој пиша под над? Прочитај ја пак неа, па ќе сфатиш.
Еве, читам, нема под над @Emotional123 .За ќерката има одмор, за синот нема. Сега, не е во ред, мада ко ќе ми текне, па и за мене имало скапи чизми, за брат ми немало, дека јас поголема башка женско, ама исти мајка и татко сме имале, па немало кој да се буни за него. Ќе мислам што совет да дадам, не е само финансиско прашањево, малку покомплексно е.
@Angie12 Нормално на кантар до најситен детаљ не може секогаш да се измерат и погодат работите. Но, за покрупните како одмор, еднаквост си треба. Нема тука мало, големо дете, сите 3 деца заслужуваат убав третман. Инаку, лично мислам дека децата не се проблем, колку што самата се чувствуваш запоставено како партнерка. Можеби грешам, но ако е така, разговарај отворено со сопругот. Посветете си време колку што можете, без да ги мешате или делите децата.
Не дека нема одмор, туку не онака како планирала мајката. Зезната работа е ова, треба многу компромиси
Не е лошо членката да се запраша дали утре ако се разведат би сакала синот да биде гледан како ќерките од претходниот брак. Ако одговорот е да, да си најде друга занимација во животот.
Да ги избркаш мрсулките кај мајка им, тоа е решение, нема веќе преспивање кај вас, срамота, возрасни девојки среде ноќ да доаѓаат и мир да ви реметат и на вас и на малиот да го будат без никаков осет, невоспитани дечишта, разгалени.. А татко им ако толку ги сака, нека им изнајми друг стан за да можат од искачање таму да преспиваат, кај вас не, и во право си, собата одма да си ја смениш да си ја преуредиш за син ти, а ако ептен запне кај вас да преспиваат, во дневна како гости нека спијат.