Во право си, тие се на улица најдени, само мајка им им е родител и само таа треба да се грижи за децата, а овој нема никаква одговорност бидејќи прв пат во животот ги гледа, а му се тупнале дома... Абе се читаш ли што пишуваш пред да кликнеш ИСПРАТИ ОДГОВОР?
И тие треба да се одговорни и да ја почитуваат жена му на татко им, за она да ги почитува нив.. Членката кажа дека го користат нивниот стан само колку за преспивање затоа што е во Центар, доаѓаат среде ноќ, тропаат, мирот им го реметат, претпоставувам дека нема да и смета на членката да живеат таму цело време, да се знае редот, вака башиболзук, не се знае кој доаѓа дома, кој си оди, какво функционално семејство е тоа?
Ќерките во татковиот стан имаат право кога сакаат да дојдат и што сакаат да прават. Не отишле во стан на маќеата па да немаат право. Леле леле и го реметеле мирот, ко да доаѓаат со нејзе во кревет да спијат. Абре си имаат посебна соба, каков ремет, никој не и го земал креветот на членката па кутрата нема кај да спие. Свесно се омажила со човек кој има 2 деца од претходен брак. Не знам што очекувала дека нема да постојат децата во животот на таткото, дека магично ќе исчезнат? Пред брак се мисли на сè. Ако ти сметаат туѓи деца не се влегува ни во врска со таков човек кој има деца. А ако си веќе во брак нема што отпосле нешто да ти смета во врска со тие деца.
Епа и сметаат, тогаш биле малечки деца кога се мажела, не и сметале, сега се големи девојки и и сметаат, и сега што да правиме, колку и да не ви се свиѓа, нејзе само тоа што јас и го кажав може да и го реши проблемот, друго решение за она да биде среќна и задоволна, нема.
Доаѓаат кај татко им. Кога сакаат и колку сакаат може да доаѓаат. За членката која збореше за поголемата соба да е на синот, е без врска, зашто тие се две и нормално е поголемата соба да е нивна. И ако толку и сметаат девојките, не знаеше пред да стапи во брак со него дека тој има деца од претходен брак?
Кога бираш партнер за врска и кога се согласуваш за брак се мисли долгорочно, а не сега се мали не сметаат, туку ако ги прифаќаш ќе ги прифатиш и како поголеми. Не може таа да брка деца и да граба нивна соба. Ако не и чини нека се разведе.
Пред тоа другото примарно семејство тој ИМАЛ и ЌЕ ИМА исто такво друго примарно семејство. И ќерките доаѓаат во негов стан. Не во твој. Може да доаѓаат колку сакаат и да останат колку сакаат. Не може да очекуваш тој да ги оттурне ќерките на сметка на син ти. За ова се мисли пред брак. Ако ти одговара вака, во ред. Ако не, разведи се.
Девојката од кога е зачленета има само два пати напишано коментар ( се надевам дека има вистина во приказната) а вие 4 страни се препукавате и се докажувате со своите теории и размислувања.
Родителската улога не завршува кога децата ќе пораснат, таа трае доживотно. Без разлика, тој им е татко и имаат право да доаѓаат кај него кога сакаат. Не треба да им биде ускратено правото само затоа што бракот на нивните родители не функционирал. Колку што му е татко на нивното дете толку им е и на нив.
Не знам тебе кој дел не ти е јасен, децата одат кај татко им дома. Членкава требало да мисли порано на овие работи пред да стапи во брак и да направи дете со него. Не значи дека ако тој направил нова фамилија дека треба да ја отфрли старата.
Епа не мислела, и сега, решение? Сите и викате, да мислеше, епа не мислела, временска машина за времето да го врати, нема.
Нејзин проблем, за вакви сериозни ситуации треба да се рамислува. Ајде ако не нека ги отфрли децата за да биде таа задоволна. И таа има дете и треба да има разбирање дека тој како родител им е потребен. Или нека се помири дека тие деца ќе бидат дел од нивниот живот секогаш или нека се разведе, друго решение барем јас не гледам.
Точно, може не би Ама ако неќам децата на партнерот да преспиваат, нема да се мажам со маж со деца. Simple.
Јас те разбирам. Свекор ми со првата жена има две деца (сопругот мој и уште една сестра која бог знае кај е ама за неа секогаш има пари и место за Прибирање иако реално живее во две соби со жена и уште три деца од тој брак) . Не е во ред од негова страна секогаш да има за ќерката која скоро и да не иде да го види а за другиве деца кои се со него да нема. Со втората жена има 3 деца на возраст од 12 до 14 год и како растат си имаат потреби. Мајка им исто како тебе дури и побетер со нервозите, пие и апчиња за смирување зашто кој се разбрал со маж. Маж ми секако ништо не бара, има семејство двајцата сме вработени и свесен е дека треба да се грижи за децата со кои има семејство ама кога ќе чуе дека на сестра му и пратил пари косата му се крева и се нервира. Вика како бе и јас сум му син па ништо не сум му побарат а таа 30 годишна вработена и сама што потреба има секој месец пари да му зема. За твојот проблем конкретно во право си од твоја гледна точка, сопругот твој (исто како и свекор ми) мисли дека ај не живеат ќерките со вас па тоа да го надокнади со пари. Ама ете од друга страна погрешен е тој потег бидејќи ги учи девојките на материјални работи и тие како врви времето тоа ќе го користат. Нека не те загрижува тоа бидејќи тоа е најмал проблем. Ама за седењето кај вас ненајавени кога ќе им текне и мене би ми пречело. Редот се нарушува а потоа и не е културно. Совет: мораш да бидеш толерантна иако знам дека е претерано од нивна страна. Само со разговор и смирено кога нешто не е во ред.