ајде за собата нека, ама за тоа дека кога сакаат во 1-2 ноќе да си дојдат а претходно ненајавени и јас ќе се налутам. Пречат бе. Да знам дека ќе дојдат во ред ама така кога ќе им текне.... И уште да ти речат кај татко ми кога сакам ќе дојдам.... Не е така. Кај им е културата
И овие што се бунат, не знаат колку е тешко да заспиеш дете пак од кога ќе се рассони од Х причини, па после сабајлето плаче дома, нит во градинка сака да оди, нит во школо сака да оди, му се спие, ти мораш да одиш на работа, па натегање, па викање, сето тоа е стрес, и замисли тоа константно да се случува.. А и уште, каков авторитет ќе има она врз нејзиното дете, ако децата на маж и и викаат кога сакам ќе дојдам, во колку сакам ќе дојдам, малиот ќе зема пример од нив, дека така треба, пак стрес, пак нервози.. Не е толку едноставно, без никаков ред многу е лошо..
Епа ништо, пошо она не мислела, татково нека ги заборави другите две деца и нека и се посвети на нејзе… кој муабет еј… па уште и мрсулки… праќаш начини на однесување а и ти сама не се однесуваш според нив…
Јас мислам дека треба дирекно да им каже на ќерките дека не е во ред тоа што си идат толку касно , ако може порано да си идат или ако не може , тогаш кај мајка им. А за собата, не е проблем, они уште некоја година додека се тинејџерки ќе им биде ова идење, одење, после кога ќе бидат големи сигурно нема да идат да преспиват кај татко им. Тогаш членката нека си ја уреди како сака. Многу сложено е ова, имам пријателка што е разведена, децата се кај татко им во странство, тој е пак женет и има две нови бебиња, и сега таа новата жена не ги сака големите деца, дури и успеала машкото да го избрка од дома.
Дечко ми има полубрат и полусестра, он е најмал. Од втор брак е на татко му. Брат му и сестра му се немаат завртено да го видат нит чујат татко му, само за потреба иако при делба на имот сите се рамноправно поделени и кај секој важи дека мора да го гледаат и чуваат во старост, бидејќи не се ни појавени нит па се замараат за татко им кој е постар. Адвокатот на последната делба му кажа на дечко ми дека он може да им го одземе имотот бидејќи не ги исполнуваат условите што се во договорот на делба. Па дечко ми никогаш не помислил такво нешто нит па татко му нит мајка му која не им е вистинска мајка, затоа што тие се негови деца. Никогаш збор нема кажано мајка му за ниедно од тие деца и секогаш во секоја одлука го подржала таткото на дечко ми бидејќи и тие се негови деца.
Ти дома кога си одиш им се најавуваш на твоите специјално дека ќе дојдеш? Девојчињата си одат дома. И тоа многу лесно се решава, пак со човечки три реда муабети а не пишување по форуми, ама треба човек да биде човек и да сака да ги решава работите, а не само да биде у право. А ако не може да се решат со муабет и договор, тогаш проблем е маж ѝ, а не девојчињата.
Тие мрсулки му се малолетни ќерки и тој татко е за нив одговорен, нема сакам не сакам, не се тоа пар патики. Што пишувате се читате ли жени, мајки, краљици оф бреее.
Се ок, се согласувам со повеќето ама дека може да си влезат во сред ноќ ненајавени кога и да посакаат…Колку треба да си невоспитан и без осет? Да, дел од домот е на таткото ама не живеат таму за да упаѓаат кога сакаат.
Татко им треба да им рече до колку часот може да се излезени и кога да се приберат а не она. Затоа што може погрешно да биде разберена.
Петнаесетгодишно девојче сред ноќе ненајавено оди кај сака, упаѓа по "туѓи куќи" и се враќа кога сака? Тешко малце тоа без знење на возрасните, ама еве приче ради, нека биде така. Не знам што би било кога децата би одлучиле да живеат кај таткото, или би морале ако мајката не може да се грижи за нив. Тоа се работи кои мора да се земат во обзир кога партнерите имаат деца од претходните бракови, а не само да се надеваш дека ќе ти сметаат што помалку.
Детето не е бебе, има осум години, верувам дека одамна не оди во градинка, а девојчињата се тинејџерки. Стопати подобро после излегување да преспијат кај татко им, наместо да се враќаат во сред ноќ сами со автобуси и таксиња ако веќе станот е во Центар. И тоа многу лесно може да се реши со разговор: дечки ве молам јавете се кога ќе доаѓате после искачање, да не мислиме дека некој ни провалува дома на сред ноќ буквално може на шала да го свртиш, наместо да се креваат тензии за глупости. Многу јак проблем, искачањето на две тинејџерки, се преувеличи муабетот ко журки со пола град да се правеле ноќе во станот, па навреди, па мрсулки па што не.
Ние може се да претпоставуваме и за се да дебатираме. Тоа што сакав да кажам е дека ако станот е на мажот, сегашната жена нема буквално никакво право да ги спречува да доаѓаат кога сакаат.
Значи ако станот е на жената, децата од претходниот брак на мажот не смеат да доаѓаат? Во тој случај жената би имала право да им забрани да доаѓаат според тебе?
Така е. Ама додека се сеуште деца. И плус не живеат они таму. Утре унаден, ќе се мажат, ќе си створат свои семејства, па што ќе праат кај татко им да идат. Па и да се разведат, они сигурно кај мајката би си отишле, таму им е домот. Шо ќе праат возрасни девојки кај татко им? Секој си ја бара мајката. Зборам за преспивањето.