Проблемот на членката треба да се разгледа од повеќе страни. Сметам дека колку што заедничкото дете му е син, толку у девојките од првиот брак му се ќерки, твои не се но негови се, сума сумарум децата се деца, кај нив нема поделба на примарно и секундарно семејство. Кога си влегла во брак, за кој претпоставувам си била свесна дека му е втор и дека има деца од претхофниот брак, сметам дека треба да си свесна дека тоа носи одговорности, обврски и до некаде за другата страна нервози, бидејќи се се мери на кантар... Плаќал алиментација, баш ме интересира колку, 3000-4000 пп дете и сама си свесна дека се ништо и дека со тие пари деца не се гледаат. Ако сопругот заработува солидно зошто да не ппдаде на ќерките или и да ја воведе во бизнисот, што ако некогаш твоете дете е вобтаа положба???? Од друга страна ненајавени во ниедно време на врата, прво е стрес некој да заѕвони или и клуч да имаат да си влезат, разговарај со сопругот и отворено кажи што ти смета, а потоа и со нив. А тоа со муабетот да ги мислам и нив за појадок... Мислам за храна и вода не се подговара, па на непознат би му дала а не на нив. Малку преиспитај ја и сопствената психичка состојба. На моменти си ми љбоморна, таков впечагпк мимостави.
За другото не коментирам Ама само едно ке ве прашам Д ви зазвоне ѕвонче у 3 4 саат нокеска а вие у длабок сон има срцето низ пети да ви испадне Па тоа се стесови бре ни на сон да немаш мир
На нормален човек не му сметаат деца од прв брак. Децата не треба да се најавуваат на местото каде што живее татко им, без разлика дали е негов станот или не. И тие му се примарно семејство. Се развел од првата жена, не од децата. Плус, што ако не идат таму и по пат за кај мајката им се деси нешто? Кој ќе е крив после? Ни дење човек не е безбеден, па камо ли ноќе. Родител покрај алиментација, треба и друго да им дава на децата. И додатни пари бидејќи алиментацијата не стасува за сè, а и внимание. Тинејџерки и 8-годишник немаат исти финансиски потреби, туку само емотивни. Таткото има право за негов бизнис да ги ангажира децата. Нормално дека прво ќе го ангажира најстарото дете. За две девојки помала соба ќе е потесна и непрактична. Ако некој треба да им постави ограничувања на девојките, тоа е татко им. Маќеата нема право.
Може имаат клуч за да не ѕвонат. Ако немаат и ѕвонат нека им даде татко им. Затоа што и нејзиното дете кога ќе порасне за некоја година ќе излегува и касно ќе се враќа, ама тогаш нема да има проблем, бидејќи е нејзино дете.
Дом им е и кај таткото исто. Ќе идат кај сакаат. Ако тоа и смета на сегашната сопруга, нека се разведи.
Па има повеќе право да кажува кога смеат да дојдат кога не. Ако нешто е мое, мои правила ќе има, нормално. А да им забрани да се гледаат со таткото, тоа секако не може, ниту пак има право.
Значи како и да се сврти, проблемот е кај возрасните и недостатокот на комуникација меѓу нив, не кај децата. Тие имаат потреба од двата родители без разлика каков е односот меѓу нив. Многу се коментира доаѓањето дома на сред ноќ, и ако тоа е проблемот може со фин коректен разговор да се реши. Ама според пишаното, имала очекувања таа и синот да бидат приоритет. Мажот и не сака ќерките да се чувствуваат отфрлено само затоа што е разведен од мајка им, па од таму членкава мисли дека нив ги фаворизира повеќе од нивното дете а всушност се работи за различни желби и потреби меѓу децата.
Ниту во еден случај не оправдувам делот каде девојките добиваат повеќе пари од самата фамилија. Да, фамилија му се и тие. Но, фактот дека таткото е разведен од нивната мајка нема да го "прекрие" со пари. Тој е татко и вака и така. За тие да идат на одмор треба жена му и детето дома да седат. Подобро е сите заедно да одат, поевтино ќе поминат - една опција. Друга опција рационално да ги поделат парите. А не сите пари за ќерките, а жената и синот нема да видат одмор оваа година. Зошто? За да ги замачка очите на ќерките поради разводот? Дома да ми доаѓа некој во 12 часот или 3 нема да може. Плус, мали се за да имаат свој клуч. Еве некогаш ќе бидат излезени или на викнед, треба да изреметат се дома? Знаеме какви се овие тикток генерацијата. На деугарка сестра и 15 години станот (микро) запалија од овакви глупости додека нејзините беа излезени до град а таа собрала другарки. Нив им треба соба за преспивање. Не им треба биро, фотељи, софа и не знам уште што во собата. Синот живее таму, опстојува. Во собата треба да има простор за живот. Биро, плакар, кревет сепак таму спие, учи и си игра. Мислам дека најдобро е да се разговара за да сфати каде прави грешка. Секако дека ги сака сите подеднакво, но од друга страна треба да сфати дека ќерките не живеат таму. Ок нека доаѓаат за спиење, но зошто им е толку голема соба само за спиење? И за парите треба да сфати дека не може да го смени фактот или купи времето кое не го поминал со нив. Пари /3 и толку. Вашиот фсмилијарен буџет не треба да ги опфаќа нив, бидејќи тој и онака им плаќа алиментација + им дава пари. Вие треба да си имате свои пари, за свои потреби. Одмор, патувања, реновирање - било што.
Јас детето ќе знам дека излегло и ќе се врати. Ама некој ненајавен во сабота во 3 наутро да ти ѕвони нема да почувствуваш немир?
1. Тие му се деца и ало членката мислела дека нив ќе ги запостави, а таа и нејзиното дете ќе бидат во центарот на вниманието, се излажала. 2. Тој дом е и нивни дом. Тебе ти кажува некој кога можеш дома да си влезеш? Мали се за клуч?! Колку години се доволни за да имаш свој клуч од својот дом?! 3. Од каде знаеш ти какви потреби имаат девојките во собата?! Целосно право имаат во собата и ако сакаат може и таму да се преселат. 4. Во собата се две. А членката сака детето да си го стави само во поголемата соба. Wtf?! Единствено ќе разберам само ако е целосно нејзин станот, па ќе може вакви правила да дава.
Не рекол дека нема тие да одат на одмор, туку да бара поефтино место. Девојчето побарало за да оди во Охрид, јакото место мислиш на Малдиви тргнала. Па ако не може од татко да побара, од кој, од комшијата? И како се мали за клуч? 18 и 15 години се, и треба да имаат клуч. Па и помали деца имаат клучеви од дома за секој случај ако нема никој дома да им отклучи не пак толкави девојки. Ама дека се 'туѓи' деца па затоа вака построг пристап.
Баш така. Колку да се напише нешто. Глупости. И мали деца по 9 години имаат клуч од дома. Не знаев дека треба да се квалификуваш за да можеш да имаш клуч оД СВОЈОТ СОПСТВЕН ДОМ.
Децата на разведени родители треба да имаат соби во домовите на двата родители и да одат кога сакаат. И во нормален свет се функционира вака и уредно се плаќа алиментација само на овие простори тоа се смета за разгалување и искористување.
Ако до три наутро ќерка ти од петнаесет години има "излаз", тогаш ти си за преиспитување, детето нема слобода што ти нема да му ја дадеш. И пак да кажам, тешко дека се работи за "упад во три ноќе со звонење", ама ај, и да е така, повторно, тоа се решава со дисциплина и договор. Впрочем и машкото дете нема да има засекогаш осум години, тој кога ќе почне да се прибира пивнат од искачање, тек тогаш што ќе се прави не знам, или за него нема да има проблем пошто е дете од примарното семејство.
Офф ама не е исто. Пример детето ако излезе од дома, знаеш дека ќе се врати. А овака рандом ненајавени било кој ден во 12/1/2 некој да ти отклучи и влези дома нема да се исплашиш? Нема да помислиш дека можеби е крадец?