Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ги учела она или не, апсолутно не е битно, станот е нивен, децата ги наследуваат родителите, тоа е по закон. Ако не ти се допаѓа, немој да се мажиш со човек кој има деца кои ќе го наследат.
     
    На CameliaMiller, VDT2906, baby-star и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Таман работа крадец да влага по куќи отклучувајќи, кај ќе му биде крајот :D
    На пример мојата врата не може да се отклучи од надворешната страна ако од внатрешната страна има клуч, плус имам внатрешна дополнителна брава и катанец резе. Значи тој што планира да отклучува, се најавува за да можам да обезбедам отклучување однадвор, инаку нече мочи. Значи, договор е мајката.
     
    На CameliaMiller и fbaby им се допаѓа ова.
  3. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    Од толку напишани работи вие за ненајавеното доаѓање се запнавте. Денес тие ги вадат од памет, утре синот ќе ги вади со истиот "проблем". Само со еден разговор можат да решат едноставно, и да им дадат клуч да не мора да ги будат. Ем волкот сит, ем овците на број ама не е тоа проблемот.
     
    На CameliaMiller, crimson, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Ама тоа ти имаш. Некои немаат катанци и други работи. :) а инаку како влегуваат крадци? Кршат врати за цела зграда да ги разбере дека се таму? :rofl::rofl::rofl: Пошо си имаат техники како да отклучат колку што знам. :D И да проблемот е што не се најавуваат рандом си доаѓаат ноќта и било кој да е би се исплашил.
     
    На Anyshka, Agness и Angie1432 им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Ти за твоето дете кога се враќа дома, без да го знаеш точното време на враќање, не помислуваш дека е крадец?
     
    На baby-star и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Ти кога сте сите дома на број и некој во 2 наутро ти ја отклучува вратата нема да се потресиш? Кога знам дека некој е излезен, ќе знам дека некој ќе влезе. Ова излегува како да си сам дома и кога ќе кивниш некој да ти каже наздравје и тебе да ти е сеедно.
     
    На Anyshka и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Извини ама јас стојам на ставот дека не е баш точно тоа што е пишано. Не може малолетно дете ниту еден возрасен да не го знае каде ќе спие после искачање, па и за поголемата важи истото правило. Значи нивната мајка не ги очекува дома пошто татко им живее во Центар и полесно им е да преспијат таму, така што верувам дека нивните родители се упатени и знаат каде им искачаст децата, кога ќе се вратат и каде ќе спијат. Е сега меѓу себе возрасниве џанам како ги решаваат овие работи, нејасно е, ама се чини никако.
     
    На CameliaMiller, VDT2906, Pinkdust и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ќе се потресам кога сите се дома. НО таткото е свесен дека има ќерки и дека тие може да дојдат после искачање дома. Така што не е толку стресно некој веќе кога го очекуваш да ддојде дома.
    Ова може да се реши со давање клуч на девојките од станот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    60.778
    Пол:
    Женски
    Ова е буквално најглупиот совет што може некој да го даде. Ај сеа од инает и своеволност да земе и да преуредува без да му каже. Човекот сака да ги види, деца му се, нов стан да му изнајмувал бе.

    Ништо не се решава со инаетење, постапување од себични и своеволни причини, без да се консултираш со животниот сопатник. Во брак нема јас вака сакам, ти така, туку компромис.

    Што и да ја мачи членката, може да седне и како на возрасен маж да му каже. Луѓе сме, некогаш ни сметаат некои работи, некогаш се осеќаме запоставени и тоа е сосем океј. Не е рационално размислувањето, ама е човечки, а некогаш ни сметаат некои работи од овој калибар.

    Џабе тука ние ќе даваме совети, кога се што треба да направи е да му каже како се осеќа и да најдат заедничко решение. Со инает и лутина не се решава ништо.

    Иначе да, буквално треба да им кажеш дека кога искачаат и планираат да дојдат, само треба да се најават. Оти моментално се во тинејџерство, најбунтовниот период во животот. Памет од деца не барај.
     
    На senjorita-v, Oneo, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.640
    Пол:
    Женски
    На 15 год и 18 нема шанси да спијат ненајавено кај било кој родител.
    Тоа ниту еден нормален родител не го дозволува.
    Да не знае детето дали ке му спие дома или кај татко му дома.
    Извадивте од контекст.
    Штом пишува искачаат од кај таткото станот дека им е поблиску до центар логично е дека се таму тој ден,викенд.
    Значи цело време се кај нив од таму искачаат.
    Не знам како не и се членкава најавени па треба да ги мисли за доручек,кога сама пишува дека полесно им е за искачање од тука од центар па и обично за виекнди( кога и се излегува нели) и цел зимски распуст биле кај нив.
     
    Последна измена: 19 април 2023
    На senjorita-v, CameliaMiller, Estranged и 6 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Ај вака.

    Замисли ти си дете на разведени родители и ти како МРСУЛКА одиш кај двата пред врата и ти залепуваат вратата пред нос и ти кажуваат дека не се должни за тебе да водат грижа. Како би ти било тебе сама,оставена на себе, да немаш кров над глава, ни пари ни ништо.

    Јас го знам одговорот,а ти пак ќе треснеш некоја глупост. Добро мајку му стара нели научи нешто од форумов, малку позрело да гледаш на работите? Не си малце време овде.

    И самата кажуваш дека има карма па и твоите зборови ќе ти се удрат од глава некој ден.
     
    На anggell, CameliaMiller, VDT2906 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е така, се надевам погрешно се изразила дека ненајавени доаѓаат. Ако стварно не знаат кај се девојчињата жити грижливиот татко.

    Нема што јас да се најавувам, јас сум живеела кај моите и морам таму да се вратам, се знаело и до колку. Немало муабет ‘дали ќе дојде вечер или нема’. Кај баба ми кога сум спиела сум била најавена и знаела дека треба да ме чека. Се надевам овој муабет беше изваден од контекст зашто не би сакала да верувам дека родителите не знаат каде ќе спијат девојчињата или тие сами одлучуваат во 5 за 12.
     
    На Angie1432 и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Нешто што ми падна во очи беше речницата "треба и нив да ги мислам за доручек"?
    Тие ти се ДЕЛ од семејството, сакале вие тоа да го прифатите или не, нема делење примарно-секундарно, во секој момент треба да ги мислиш. Децата НЕ треба терет да ти претставуваат, треба како семјство да функционирате, во тие моменти сте петчлено семејство, не сте тричелно. Сигурно децата не се толку пребирливи, па да се нервираш што поразлично да им зготвиш. Сигурно пред нив нема мезе да ставаш или нешто поскапо, 2 порции плус нема да наштетат. А, и на ниедно дете не му е убаво да се чувствува како да е вишок, појди од своето дете.
    Ако ти сметаат што на доручек ти дошле или преспале па останале на доручек, подлабок е проблемот.
     
    На CameliaMiller, Waverly Raven, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Како не се најавени? Значи биле дента кај вас, знаете дека вечерта излегуваат и бидејќи живеалиштето кај мајка им е подалеку, знаете дека ќе се вратат пак кај татко им. Значи исто како да се твои деца, излегле вечерта и очекуваш да се вратат, каква посебна најава сакаш секој пат? Кога еднаш е кажано бидејќи им е поблиску станот на татко им ќе се вратат за спиење.
    Друго не се бебиња па ти да ги мислиш за појадок. Можат слободно што сакаат да си земат сами или да си направат. А и ако веќе нешто правиш за себе, за маж ти и за детето, можеш во истото правење да ставиш намирници за уште плус 2 чинии. А и не знам што подготвуваш за појадок па да е некоја голема плус обврска...
     
    На CameliaMiller, VDT2906, Flower27 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Проблемот на членката е што не ги сака овие деца штом се изразува со “сабајле треба да ги мислам и нив за јадење”.

    Така да, кога сакаш некого ставаш две чинии на масата без размислување.

    Жално е да се читаат вакви небулози за деца кои не се виновни ништо.
    Кога се мажела требала да мисли дека како и нејзиното така и неговите деца имаат права, а сега доаѓа до делба и отфрлање.

    Жално.
     
    На CameliaMiller, VDT2906, _beautyy_ и 11 други им се допаѓа ова.
  16. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    За некои работи животот е непредвидлив. И вие можете да се најдете во некоја непогодна ситуација, и вашето дете може да е дете на разведени родители. И не е ништо чудно и страшно се додека двајцата родители подеднакво се грижат и посветуваат за детето.
    Се додека постои коректен разговор и компромис меѓу возрасни индивидуи, може да функционираат нормално и здраво, а во случајов тоа го нема.
     
    На CameliaMiller, VDT2906, _beautyy_ и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.845
    Допаѓања:
    8.252
    Пол:
    Женски
    Мене само ме интересира за “капаков на се” шо сака да каже со тоа? Пошо како капак е девојчево да го учи бизнисот на татко и??? Као за синов нема да остане фирмава? Не ми е јасно:?: Кој да учи ако не сопственото дете?
     
    На Oneo, CameliaMiller, VDT2906 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Тоа е она што го кажав делбата.
    На крајот ќе се осмели да му каже на мажот да си ги прибере децата.
    Ќе се сведете само на нејзиното т.е.нивното дете и кога ќе пораснат децата ќе имаат 300 проблеми омраза и злоба.

    Наместо да ги прифати и сплоти она ги двои, делува злобно и себично. Ако тато има друга жена по автоматизам не престанува да им биде татко на другите деца.

    Кога го зела за маж свесно ги прифатила и децата негови, и сигурна сум дека ако дојде до развод меѓу нив не би сакала нејзиното дете да ја осети истата проблематика што она сега им ја приредува на двете деца.
     
    На CameliaMiller, VDT2906, ZAHRA и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Angie12

    Angie12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите, се прочитав, ама да не ви враќам поединечно ајде вака.
    Значи многу забегавте со претпоставките.
    Прво, одсекогаш сум ги сакала и сме се согласувале. Не ми сметаат мене девојчињата, ми смета нередот и неодговорноста.
    Второ, станот е ЗАЕДНИЧКИ, купен во брак, собата им е направена уште кога немавме дете. Собата во која што сега спие син ми е премала. Доколку би живееле со нас, да треба да ја имаат поголемата соба затоа што се две, но за преспивање не мислам дека син ми треба да се стиска во малата секој ден по цел ден.
    Трето, во врска со ненајавувањето. Имаат клуч, без да кажат знаат после искачање(а си искочиле од дома), да дојдат во сред ноќ и да отклучат врата. Изговор-неќеле да не будат.
    Четврто, не сум монструм што ги мрази неговите деца, и со мајка им стојам сосема коректно, докторка е, ми помогна многу и со синчето.
    Ми смета тоа што немам ред дома, кој кога сака влегува, кога сака излегува. Да е мое дете, ќе го скарам, ќе му укажам а вака не можам. Мајка им ги држи строго, а татко им ги разгалува. Кај него се може. И нека, ама осет да се има.
    Ми смета што не е еднакво, не може за нешто да нема пари а за друго да има. 18тиот роденден на ќерка му цела свадба беше, така не правевме за првиот и крштевка на син ми. Син ми сакаше таблет и го препека, не му купивме, за наредниот месец да и земат iphone по пола на големата, што е којзнае колку поскап. Или ќе има за сите или ќе нема.
    Барам совет како да разговарам со маж ми, а да не ме сфати погрешно како одредени на форумов. Имам пробано неколку пати, и цело време е тоа: мал е…
     
    На Anyshka, Oneo, Gosh и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.355
    @Angie12 не дека е мал туку до грижата на совеста е. Дека е со вас, а на девојкиве им фали како татко секојдневно има грижа на совест која ја откупува со опсипување на материјални нешта на нив.
    Штом си пробала неколку пати да разговараш, а тој не соработува треба да си пронајдеш медијатор во вашата комуникација. Дали семеен советник, дали ваш близок пријател тоа самите ќе си одлучите.
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.