Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Те разбирам скроз, и јас на твое место најверојатно исто би се чувствувала. Ако ти е за утеха, во скоро сите семејства поголемите деца добиваат повеќе, а малите чекаат.. Ама тебе ти е прво дете, го сакаш најдоброто за него и ти го разбирам револтот. Совет баш немам освен отворено да разговараш како нас што ни пиша тука. Предложи му да почнете да му штедите на книшка пари ако веќе мисли дека е мал за луксузирања, така ќе биде фер. Утре не знаеш што ќе се случи.
    И во однос на собата се согласувам, можеби сега е мал ама за брзо ќе порасне и ќе му треба простор, ќе му доаѓаат другарчиња.. Ако веќе до толку не прифаќа, предложи му да купите поголем стан, каде што ќе има место за сите. Како татко е должен да им обезбеди еднакви услови на сите.
     
    На Anyshka, VDT2906, Angie12 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Види колку поголеми се децата толку поголеми се трошоците. Тек допрва со студиите ќе започнат и трошоците. Дополнително ако сака да учи во странство. Мораш да се навикнеш на тоа. Исто ќе биде и за син ти. Во врска со нередот секогаш е така кога имаш тинејџерки.
    Искрено многу ме интерсира колкава е собата на син ти. Зошто по разговорот како да се работи за шпајз а не за соба.
    И на крај, јас да сум сопругот би се навредила доколку ми го правиш овој муабет. Ама, ти си знаеш.
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    Ако трезвено размислиш ќе увидиш дека само трпение ти треба. Во прашање се неколку години, од тинејџерки во зрели девојки да израснат.Учествувај во таа промена, како и до сега што си била дел од нивното детство. Сета вложена љубов ќе биде вратена на син ти. Не е мала работа да имаш љубов и заштита од две постари сестри. Соба како соба и мерење материјално кој колку , не е толку битно за син ти во моментов. Навистина е мал, за неколку години ќе биде главна ѕвезда во семејството.Убаво е да имаш љубов од повеќе страни, не му ја ускратувај.
     
    На CameliaMiller, Estranged, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. TravellerS

    TravellerS Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2019
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Во контекст на ноќното доаѓање кај таткото НЕНАЈАВЕНИ е стрес, оти ти не очекуваш дека ќе дојдат и си спиеш, и ти ѕвони некој во нињдно време, па макар и со клуч да си влезат, малку не е океј, стресно е, со оглед на тоа во какво време живееме... А и малечкото не е ок да го будат.
    Нејзиното дете кога ќе излегува таа ќе знае дека е излезено и те како ќе го чека да се врати, какони сите ние останати, има разлика во тој контекст.
     
    На Anyshka, Angie12 и BlackNight им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.687
    Допаѓања:
    35.594
    Пол:
    Женски
    Исто како ти кај твоите, така и на девојчињата домот на таткото им е нивен дом. И нема потреба да се најавуваат. И не реметат никого, пошо пак ќе кажам нивен дом е. Тоа што членкава имала други очекувања, е нејзин проблем.
     
    На CameliaMiller, baby-star, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.845
    Допаѓања:
    8.255
    Пол:
    Женски
    @Angie12 да си мајка на девојките не би размислувала така, тука и изгледа себично. Си била тинејџерка и сигурна сум дека знаеш како е да си во тие луди години. И јас сум имала 8 години и сум имала шпајз соба и сум ја делела со сестра ми. Па колку му треба на мало дете, сигурно не треба спејспшатал. Може да му кажеш на сопругот да ви кажат кога ќе доаѓаат да ве известат за да не се вадите од памет. Али ќе порасне и син ти и ќе биде исто ама нема вака да го гледаш тоа зашто е твое дете.
     
    На CameliaMiller, ZAHRA, _beautyy_ и 4 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Јас сум дете кое има полубрат и твојата ситуација ми е кристално јасна. Мојата мајка никогаш не гледала со тие очи кој колку дал и како дал важно и беше да биде прифатен полубрат ми. И да, тој имаше клуч и влегуваше кога сакаше, дали кај нас или кај дедо ми во станот зашто беа поблиску. И никому не му беше стресно сите си знаеја.

    А сега ти си толку љубоморна оти твоето е малечко,а тие се тинејџерки па нормално ќе има поголеми трошоци. Се натпреваруваш со нив и цело време збориш како нив им се дале сѐ а за твоето ништо. Тоа е зајдливост. Ти можеш да си збориш со маж ти околу оваа ситуација и сигурна сѕм дека ќе ти каже дека се деца негови и ќе им удоволува.
    Цело време им купиле ајфон,им купиле ова,она значи заедничко купиле како што ти заедничко купуваш заедничко за твоето.

    Искрена да бидам ти кажав и претходно не ги сакаш децава, џабе си правела соби и се тоа кога ќе им се купат материјални нешта ти завидуваш. Сакањето не е во тоа, и твоето кога ќе порасне ќе има поголеми барања.
    А тоа што плаќа алиментација по автоматизам не значи дека не треба да ги гледа, да им купува.

    Не знам дали си размислила од аспект да речат сами “ Не смееме кај тато да одиме, не смееме од тато да бараме ќе се лути маќеата”. Знаеш колкава грутка во грло носи ова?! Не си свесна.

    Така да, ти овде дојде да добиеш поддршка и тапшање по рамо,а не очекуваше дека ќе добиеш различни мислења.
     
    На CameliaMiller, VDT2906, baby-star и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.594
    Допаѓања:
    40.031
    Пол:
    Женски
    Не можеш отворено да разговараш со мт зошто си до некаде свесна дека за најголем дел од работиве си требала да бидеш подготвена, се подразбирале и знаеш дека ќе звучиш бизарно.

    Е сега ова со таблетот е глупо, може и мт до некаде претерува ама сепак, деца свои се деца свои.
    Па здравје, на 18ти роденден на син ти прави поголема мини свадба, да ти се намалат фрустрациите.
     
    На CameliaMiller, Mantub, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Мало дете нема потреба да седи по цел ден во соба, ниту му треба таблет, ниту му треба голема соба (а верувам дека може да ја користи собата на сестрите за да си игра или за да учи кога веќе тие девојчиња не се постојано таму). Или нема за ниту едно или има за сите - ова буквално не функционира во ниту едно семејство кое јас сум го запознала во свои 45 години живот, особено меѓу браќа и сестри, на еден му требале патики, на друг јакна, на трет за возачка, на четврт за испит, сето ова се одвојува секој месец за сите? На која планета, со кои финансии? Се планира семејниот буџет и секој месец се исполнува по некоја желба. Најстарата ќерка, сакала ти или не, е прво дете у фамилија и можеби има приоритет бидејќи нејзините потреби се финансиски најзахтевни. Кога син ти ќе има 18 години ова ќе го сфатиш, ама ќе биде доцна пошто како сте тргнале ќе си ги расипете односите. Во однос на излегувањето, едноставно не ми е верно ова што го читам. Никој не знае каде се движат девојчињата кога излегуваат, колку ќе се задржат, сериозно се дозволува девојче на 15 години сред ноќ да не ја знаат ни татко ни мајка? Можеш да дефинираш што е за тебе сред ноќ, до колку саат им е дозволено да шетаат и колку пати се случува да "упаѓаат"? На крајот од денот, ако веќе си во коректни односи со мајка им, ќе си разговараш со неа на оваа тема, кога веќе татко им смета дека нема проблеми, ако мајката ги држи строго како што велиш, како може да не ги знае кај се, што се и кога ќе се приберат?
     
    На Oneo, CameliaMiller, VDT2906 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Колку глупости испрочитав..
    Колку се некои од вас себични и без осет, алал да ви е.
    Ќе ви го изеде некој станот демек.:
     
    На Pinkdust, Lady D ❤️, ZAHRA и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Добро, тебе ти е во ред, мене не ми е некој да ми стиска на квака во сред ноќ да скокам. Еден ден стварно некој ќе влезе ќе спијат мирно мислејќи дека се девојчињата.
     
    На Anyshka, H.VAGA, marlonbrando69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.240
    Шо знам, јас и на моите сум кажувала кога ќе се вратам отприлика, поготово ако е после 12 навечер, чисто да знаат дека ќе стропам, небитно пијана или трезна. Основна култура и воспитување е да им дадам до знаење кај ќе одам и кога ќе се вратам.

    Не е крај на свет ако се крене слушалка, тато доаѓам вечер и тоа е тоа, нема никој да се тресе
    И тие на 15 години касно се враќаат, може не во 3 ама во 12 сигурно.

    Можеби има недостаток од комуникација меѓу мајката и таткото, она знае кај него се, он не знае кога искачаат и кога ќе се вратат и тоа е тоа, нема многу контрола.

    Ја нападнавте, не ги сакаш, вештерка си ваква таква, некад и вие сте смешни.

    @Angie12 маж ти многу добро сфаќа се, едноставно има грижа на совест и го допушта ова, а тебе те одбегнува и искрено не знам дали можеш да корегираш воопшто. Како и да пристапиш лошо ќе те сфати, мислејќи дека го напаѓаш. Најдобро искрено, сакам сите да сме заедно, ама би сакала да размислиш на која позиција го ставаш нашиот син, и да ти укажам дека тој не е веќе мал и има потреби.

    На крај на денот, јас сум се омажила и имам едно дете, зошто да чистам и да спремам за 3? Некогаш океј, ќе угодиш, ама често и јас не би сакала.
    И не, не е само додади за плус две.

    Ако е така членката уште две деца ќе роди па ќе се замара за нив. Тој дел не е фер.
     
    На Anyshka, Akapulka, Angie12 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.398
    Допаѓања:
    126.512
    Пол:
    Женски
    1. Ако не ти сметаат, нема да ти се постовите вакви. Ти вриштат на љубомора.
    Човек на кој не му сметаат деца не се изразува вака.
    Треба да сфатиш дека и ќерките му се дел од примарното семејство. Маж ти се развел од првата жена, но не и од децата. Нормално е да ги гледа и да води и емотивна и финансиска грижа за нив
    (за која не се доволни парите од алиментацијата, секогаш има потреба од додатни пари поради екстра трошоци).
    2. Ако идат само за преспивање, кај татко им идат.
    Тие се две, син ти е еден. Двете не можат во помала соба оти на две ќе им е потесно, на еден нема да му е. И онака ја добиле собата уште пред да се роди братчето.
    Па, арно што нејќат да ве будат. И треба да имаат клуч. Тие се деца на татко им. Нема потреба да се најават.
    3. Ти не можеш и не смееш да ги караш. Тоа можат само родителите.
    4. Па, 18-ти роденден е значаен бидејќи е прослава на полнолетство. Нормално е да е со голема прослава. За син ти кога ќе дојде време сигурно ќе го бараш истото. :D
    5. Син ти е мал за да има повеќе уреди. Не можеш да го споредуваш со поголемите.
    6. Веќе пишав, тинејџерки и 8-годишник немаат исти финансиски потреби. Поголеми деца имаат повеќе потреби. Очекувано е од родителите да бараат пари, не можат од други.
    Плус, големата го учи бизнисот на татко ѝ.
    Можеби си го заслужува тој Ајфон. За кој и немаш право да се буниш бидејќи родителите ѝ го купиле заеднички по пола.
    7. Твоето изразување не може да се сфати поинаку, освен како гледиште на себична и љубоморна жена. Само исти како тебе можат да те поддржат.
    Нема за што да разговараш со маж ти. Само тој и мајка им треба да водат сметка за однесувањето на нивните ќерки.
     
    На _beautyy_, An-na, ZAHRA и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Точно. Таа не е обврзана да се грижи за девојките, но нејзиниот сопруг е.
     
    На _beautyy_, Lady D ❤️, Abel и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.240
    Се согласувам, само што очигледно господинот товарот го става врз нејзе. Тој не спрема доручеци, алишта или не знам што, чека од нејзе.
    И не, не е вештерка туку не знае како да разговара со него за тоа, не би знаела ни јас ако не ти дава никаков фидбек и те игнорира.

    Дополнително, еден филм може да и прави пред да се земат, сосема друго да биде во брак, пошто коментирате ТИ ЗНАЕШЕ ДЕКА ИМА ДЕЦА ЗАШТО СЕ МАЖЕШЕ.
    Не е договорено како ќе функционираат сите, а е комплексно.
    Тука ја напаѓате себична и вештерка, а ги кудите по темине за свекрви кога недоволно се заземаат за себе.
     
    На Anyshka, butterfly6223, Angie12 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    5.329
    Пол:
    Женски
    Па затоа што се омажила знаејќи дека сопругот веќе има две деца. Штом е таткото инволвиран во ситуацијата, автоматски е и таа. Брак е.

    Проблемот со влегувањето дома касно навечер може да се реши многу лесно без никој да се навреди. Едноставно ќе се зборува со девојчињата да кажуваат порано дека ќе спијат таму таа вечер. Нема зошто грешка да се сфати тоа.
     
    На CameliaMiller, _beautyy_, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Без разлика каков филм и правел, таа знаела дека има деца од претходниот брак, а тоа значи и обврски кон тие деца.
    Не може тој неговите да ги запостави на сметка на синот.
     
    На _beautyy_, baby-star, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.671
    Допаѓања:
    39.590
    Пол:
    Женски
    Скроз те разбирам, не ми е јасно зошто те исповреѓаа кога чувството што твоето дете е оставено на страна е валидно. Не знам каков совет би ти дала за разговор со маж ти, сепак е деликатна ситуација, ако тој потсвесно ги фаворизира девојчињата за да надохнади за разводот, ќе биде малку потешко да погледне објективно. Посочи му го ова за таблетот и роденденот, сепак тука е јасно дека не е еднакво. Не се согласувам дека ако се постари мора да добиваат повеќе, не може едните да добиваат сѐ, а другото минимално.
    Е сега, тука треба да бидеш свесна и дали син ти добива доволно нематеријална грижа и љубов, сепак е побитна.

    Ама за делот кај што ти го реметат редот мислам дека слободно можеш да поразговараш со девојчињата. На другарски начин, седни ги и објасни им дека може и тебе да ти се најават малку порано и дека вие со мало дете имате поинакво секојдневие од нив. Сигурна сум дека ќе те сфатат ако пристапот ти е океј.
     
    Последна измена: 20 април 2023
    На Anyshka, flower30, butterfly6223 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Има за ајфон за едната, има за одмор за другата, а за камп нема за најмалиот.
    И јас би се лутела некој вака да ме дели
     
    На Anyshka, Oneo, Mnik и 12 други им се допаѓа ова.
  20. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Многу нормално. Такви бљувоштини се изнапишаа немам коментар, а да се на нејзино место гарантирам дека постовите би им биле во најмала рака ко нејзините.
    Ако има за пола ајфон (мин 35к) има и 10к за таблет за детето. Тоа дете било мало не требало ништо да има,, абе ајде!
     
    На Anyshka, Oneo, Mnik и 12 други им се допаѓа ова.