Не мора до толку да му објаснува!! Само нека седни и да разговара зотоз има одбивност кон бебето!! Ако почни да изводи и да се дери и да не сака да те послуша отерај го упм ( извинете) и собери се па нека те моли тој после!! Добро ти кажаа погоре штом изведува вакви глупости можно е да не сака и дете со тебе!!
Не мора да значи, очигледно и кажал сака син. Очигледно типот е со размислувања од праисторија и вреднува само машко дете, штом уште од старт рекол син ке имам јас. Треба членката да почне да му вели дека тој е одговорен што не направил син, туку ќерка , да си ја бара во него вината
Душо, почекај да се роди прво. Ние жените уште кога ни е во стомак се врзуваме...мајка. Види кога ќе се роди како ќе биде и како ќе се однесува.
Не. Сакал машко, а не женско. И' го рекол тоа. Читајте убаво, пред да коментирате. @anas23 мажот ти е жив пример за дискриминацијата на жените во нашето општество. Има теми по форумот за вакви луѓе и нивното влијание врз женската популација. Гнасен народ сме, прост, затуцан. На маж ти ќе му објасниш дека ако не сака жени, дека и ти и мајка му сте жени и што мисли за идејата да не постоите и вие двете? Ако не, некој и треба да раѓа, посебно 'јаки мажи' како сопругот твој. Ма да ми е мене, ко ќе му залепам една има да го ничкосам на земја!
Немој да чекаш ситуацијава сама да се реши, туку направи сериозен муабет со него. Место овие месеци да ви бидат исполнети со убави моменти и очекувања, ти ќе си под стрес мислејќи дека маж ти никогаш нема да ја сака доволно поради полот. Не е во ред неговото однесување! Точно е дека мајките се поврзуваат со плодот уште веднаш, но не зачнале дете по грешка туку им било планирано и сакано, па баш затоа не можам да сфатам како иден татко може да се однесува така кон сопственото неродено бебе?! Ако има такво мислење генерално кон женскиот пол, тогаш што можеш ти да очекуваш од него во иднина? Лесна бременост!
Јас пред извесно време запознав жена која кога и рекле дека е машко плачела цел месец а мажот ја тешел Таа јавно го кажуваше ова и ние околу што да и речеш,и велиме ајде ајде поубаво е второ машко,а мешано друштво бевме. Значи и јас и едно машко во исто време и велиме ајде пол не е е приоритетен,здраво и живо да е. Па се замолче после тоа дури и весело рече се навикнала и да здраво и живо да е. Совет ми е да не му ја мислиш многу и да не си земаш при срце маж ти и кој и да е што вели. Се ќе си дојде на свое место во соодветно време. Гали го меше со бебе и уживај
Lele denes bas se smeev zatoa mm mi vika sto rekol Dr belki kazal oti e masko bebeto a ne vikam Dr kaza toa sto si napravil toa ke e
Како само ме нервираат вакви заостанати муабети од типот "машко ќе имам, не сакам женско"... До мажите е дали ке биде машко или женско, само што оди убеди ги дека е така! Докторот мој убаво кажа :"што ќе посееш то ќе ожнееш"
Може на него ќе личи. А тоа дека има мажи што не сакаат женски деца има, ама рано е да се каже во овој случај со членкава. Може и дур е бебе да е одбивен кон неа, ама кога ќе потпркне и почне да го задева таа, ќе види тогаш. Сепак мислам треба да му даде шанса и време да смени мислење. На нероден Петко да не му кроиме капа.
@anas23 далеку од тоа дека би го оправдала маж ти за неговите имбецилски и нелогични постапки но остави го малку, можеби е збунет и возбуден и несвесно ова го прави, може малку се плаши, возбуди, емоции итн итн.. дај му време малку да видиш како ќе се однесува понатаму и дали ќе си ги согледа глупите мислења и ставови.. а може е само период на возбуда па несвесно коментира нешто.. Чисто сумњам и јас дека нема да ја сака.. како ќе растете во стомак ќе видиш дека се ќе смени плус па кога ќе се роди не коментирам ќе видиш дека се ќе се смени.. Не го оправдувам воопшто ова е навистина шок за зрел маж во 21 век но.. ете може е превозбуден и несвесно реагира што знам а дека нема да ја сака не верувам..
@anas23 Маж ми многу сакаше машко да имаме. Кога останав бремена и ни кажаа дека е женско, малку се разочара што не е машко, не зборуваше глупости како твојот маж но се гледаше дека не му е сеедно. Откако се роди малата се врза за неа и неколку пати спомна дека е среќен што е женско и за ништо не би ја менил, да имаме второ пак сака женско да е. Така да, маж ти моментално е збунет и разочаран, ама кога ќе се роди ќе видиш дека ќе се смене. Зборувај му како ќерките повеќе се врзуват за татковците, пак му предложи да одберете облека заедно, името да го одберете, одете заедно на прегледи. Ќе омекне кога ќе ја виде. Немој да се нервираш и да мислеш дека нема да ја сака.
Да "омекне" за свое дете? Да речеме се случи тоа, ќе се промени неговата првична реакција и неговите сељачки ставови? Подобро што бебушката е женско, каков ли маж ќе испадне од таков заостанат татко!
Ти држи вода муабетов. А и проблемот не е баш од мал размер ако размисли човек подобро. Со вакви глупости за сопствено дете ејјј.. ма се пропаѓа у вода и брак и години и све.. после вакви реакции не би знаела што да мислам за маж ми, би се разочарала со каков маж живеам и каков маж имам до мене за арно и лошо!! У право си..
Воопшто не ди ставај срце!! Ако "омекне" ( што е просто невозможно сељачко размислување) тогаш остави го!! ( Во смисла да види што изгубил) алоо во 17-ти ли век живееме!! Не можам да верувам дека уште има вакви мажи!! Нека е здраво и живо па што сака нека биде!! А што ако беа две женски може ке ги сакаше? Не верувам дека тоа е паника искрено мислам дека некој домашен ( што најчесто и така испаѓа) му има нешто трубено!! Верувај не е тоа преку ноќ тоа некој да не си го сака полот на чедото!! Не можам да сфатам сериозно и не знам веќе што да мислам!!
Jas veruvam oti ima takvi mazi mojot tatko placese koga se rodi sestra mi oti imal vtora kerka oti nemal sin ama posle omekna so tekot na vremeto
Верувајте дека секој татко е повеќе врзан за девојките тоа е научно докажано!! Е сега што на времето имало некои заостанати размислувања тоа е друга тема!! Но верувајте ни на тие татковци не им било лесно да го остават чефото бидејќи било лесно!! ( Да појаснам зборувам за период кога имало војни и кога само машките деца биле приоритет во семејството а женските или ги убивале или ги заменувале) И тоа според мене не е во ред!! Но сега може увиде дека никој нема ќерка како неговата!! Зошто морало драми да се прават!! Некогаш ќерките вредат повеќе од синот!! ( Зборувам од машка гледна точка) Очигледно е дека ова е Балкан кој се уште има заостанати генерации и каде што жените се создадени да раѓаат само машки деца и со тоа да добиваат пофалби " гледај жена ми прво па машко"" не знам до кога вака ама ова уште не е искоренето!! И после Америка ни е крива!! А на американскиот народ можеме вода да му носиме!! Имајте го и тоа на ум дека на Балканот уште постојат оние обичаи како на времето! Посебно во некои рурални средини!!
Нема да се промени минатото и нормално е да е разочарана мајката. Ама тој може ќе промени мислење. Сега веќе кога се омажила и чека дете од него би требало и шанса да му даде да промени мислење..така бар јас мислам....сигурно не се мажела без љубов. Инаку лесно може брак да си растурат..тој разочаран дека не било машко (уште си се лажи дека машко е)...а може и од околината да го подбуцнуваат, таа разочарана оти тој не сака женско (што е во право). А да било машко сигурно немало да го промени таквиот став и сигурно се ќе беше во ред..немаше да излези ова на виделина толку. Ете му шанса да се осовремени, сега зависи од него. Инаку колку и да е совршен некој, пак на нешто ќе запне работата...не можеш да речеш веднаш готово нечиниш ти, за некои работи треба да се даде време, а колку време самиот си одлучуваш....не треба пак и животот да ти помини така. Има многу примери за мажи што смениле после мислење. Тоа се заостанати ставови и мислења на мажите што лесно можат да се сменат по раѓањето на детето...такво ни е поднебјето, му влегло во глава од постарите или пак го подбуцнуваат дека мора да биди машко.