Јас веќе прашав во еден пост (ама никој не ме рецна пошто веројатно се нема одговор), дали во државата Македонија може семејство со три деца да си дозволи телефон и таблет истовремено? Јас не знам такви искрено, и јас не сум таа, иако заработувам даааалеку над просекот. Затоа постои семеен буџет и негово планирање. Наместо да се направи драма околку тоа кој што кога добил, на крајот од денот, не може ли мајката да му купи на синот таблет кога веќе таткото се истрошил? Не е проблемот тука во телефонот, проблемот е зошто нив да, а нему не, ама и за тоа има разумен одговор, на најголемата ѝ е попотребен телефонот отколку таблетот на малото, а и без гајле, ќе дојде и малиот на ред. Стварно искочи дека малиот сирот на леб и вода живее у шпајз и никој не го есапи.
Да, да...нема врска, секое дете се радува да добие нешто, ако гледа дека секогаш има за сестрите а за него се размислува, ќе се осети љубоморно. Сосема нормално и природно за мало дете, што нема врска со воспитување.
Не се согласувам. Зошто да не оддели и за него пола сума за таблет? Зошто да не даде пари за камп? За ајфон има, а за одмор не? Жената само сака нејзиното дете да биде еднакво. Според ова што го пишува не е така. Инаку да, не може едно семејство да има за ајфони за сите, барем не овде. Треба компромис. Според мене таткото го става детето на последно место и мене би ми било криво да е така. Едноставно праве јаз меѓу нив, тоа се гледа
Како можеш да кажеш дека на едната и е потребен телефон, а на другото не му треба таблет? Па тогаш и мајката нека и купи на ќерката, не мора само таткото.
Така си се договориле со мајката на девојката. Можи и било ветено за 18 ти роденден, може за нешто друго. Како и да е нема што да чекам од маж да му купува на детето мое ако осетам дека сака нешто, можам да му дозволам и да го гледам како пати зашто татко му има други приоритети. Нема да дозволам моето дете да биде запоставено јас. Нема да чекам татко му да му текне да му купи. А и не знаеме може оваа е причината за развод, може детето што се родило било причина за да ја земе и сега имаш грижа на совест.. секакви опции има.
Затоа што дете од осум години едвај буквите ги знае, сериозно споредуваш полнолетна девојка што работи и дете од второ одделение? И никаде не реков да не му се купи, само во овој момент телефонот бил приоритет, и многу е тажно тоа да биде повод за вакви писанија на форум. И да, се сложувам дека мајката можела да го купи телефонот, може во Данска на самохрана мајка со две тинејџерки дома таков предлог да ѝ дадете, не во Македонија. А финансиски гледано, телефонот е поскап од таблетот, така што ако членката мисли само на доброто на своето дете и не тера инает, ќе му го купи тој таблет и ќе го заврши тоа поглавје, ама не, морал таткото по пола, исто како што купува за ќерките. И со инаетов до каде ќе се стигне не знам.
Детето пати од инаетот на вторава жена. Детето нема да осети ништо. Ако е малку паметна да му речела, ок ти купи овој месец Ајфон на ќерка ти јас на син ни ќе му земам таблет. Следниот пат кога ќе треба нешто ти ќе купиш или ќе види како ќе изреагита. А бе мажи треба ставање пред свршен чин. Го носам дома таблетот , му викам на син ми ова е од мама поклон. И готово.
Сите деца се такви да, но девојчињата ја добиле својата соба уште кога малиот не бил роден. Како тие ќе изреагираат ако им кажат е ај сега чао, идете вие у малата, тие нема да бидат љубоморни, ќе им биде сеедно? И тие се нечии деца.
Еве нека е камп, одмор. Таблетот како пример го дадов. Детето може да се чувствува отфрлено. Еве ти личен пример. На мојата од градинка заборавиле да и го дадат костумот за маскенбал, а видела дека други деца добиле. Дојде дома разочарана, уста не отвори, дури и заплака. Се почувствувала отфрлена, а од таму ете изумиле само. Ова во градинка, а не пак родител тоа да го прави. Ама ок, ти тука се знаеш, мал бил, те ова те она.
Споредуваш мајка со некоја си таму рендом наставничка. Мајката нема да дозволи да се осети детето запоставено па и да се раскара со мажето. Детето да и е на прво место.
Ама ако сама нема доволно средства и те како детето ќе се осети запоставено. Еве нека купе таблет она. Ама за камп за детето таткото да не даде оти бил мал, нели е себично?
Затоа што се деца, така реагираат, пишав погоре во постот, но и девојчињата се деца, и ним им треба веројатно адаптација дека одеднаш нема голема соба, нема телефон, нема ова, нема она. Ама ако родителите работат плански и малку тактички, ова не може да биде проблем, тука нешто друго има. Впрочем, еве ако плаче ќерка ти за костум, ти што ќе преземеш, нема да ѝ го купиш? Ќе се натегаш со маж ти дека тој требал да учествува подеднакво со 563 денари во купувањето. Не зезај.
А зошто таткото не го спомнеш, м? Тој двои како што прочитав овде. Тој има три деца, а мајката само едно.
Гледам на сите ви забоде очи ајфонот кој е купен по пола со мајката. Што значи доколку го земале најскапиот таткото потрошил најмногу 35,000. Ако одиме по тоа што е правилно, таткото треба да потроши 35к за поголемата, 35к за помалата ќерка и 35к за синот. Јас никаде не прочитав дека таткото потрошил пари на помалата ќерка. Ама сите се напнавте зошто на синот не е купено ама е купено на поголемата ќерка. А второто дете? Колку сте само неправедни. Не го гледате поводот и не гледате дека ова е во договор со мајката. Сите се фативте за доаѓањето касно а го скокнавте фактот дека децата се строго држени од мајката. Што значи и доаѓањето дома во Центар е намерно за да не им се случи ништо по пат до дома. Брзо го заборавивте она со таксистот. Ама ај, битно е мислењето на мајката која е видно потресена зошто нејзиниот 8 годишен син нема таблет и има мала соба.
Не зезам. Им следуваше од градинка костум. Отидов да и го земам. Ти не мешај баби, жаби. Јас имам две деца и на двете исто им купувам. Кај членката е сосема друга ситуација.
таткото нека му на чест, ама ајде иди објасни да дете татко ти не сака да ти купи. Ќе го замрази таткото. Кога е веќе таква ситуацијата со товар земала маж, ќе си балансира. Тоа е.
Да беше свекрвата и да имаше клуч од станот на синот и да идеше кога сака исто ли ке зборевте вака? Дек- скоро имаше една свекрва шо дојде на поседок една ебана недела годишно , па кренавте револуција.А шо е помалце битна мајката на сопругот? Јас не знам шо ја нападнавте волку жената?Таткото па таткото.Освен дека им дава пари не прочитав да се грижи за децата на друг начин?Тоа не го прави ниту добар ниту совршен.Со пари не се пере новиот брак ни дете. Станот не е само негов.Станот е и на сопругата негова.Си води ред во тој стан 8 години и нормално е да и смета истиот да биде изместен секој викенд.Може сакам гола да шетам сред ноќ,може сакам друштво да собирам и да пијам,може сакам секс у сред дневна.Ама не можам,јер на некој друг му текнува да влага и излага кога сака.Мој/наш дом мои /наши правила.Секој од страна што ке дојде ке се привикне на истите.Кај мајка им се со стален престој.Таму нека прават што сакаат.Во новиот дом се периодично.И ќе почитуваат одредени правила. Како што маќеата прифатила две нови деца и децата ќе прифатат нова жена во животот на татко им. А 18 год се прилично големи години за да можеш сабајле сама да станеш и да си спремиш доручек и да си расчиштиш нередот околу себе. Ќерка ми е 15 па сама се пегла за школо,сама си спрема јадење ако јас не сум во состојба.И секогаш ама бас секогаш знам каде е,со кого е и кога дома треба да се врати.Ова горе личи на разуздана банда.К*р ми е двор ми е шо би рекле старите.
@Angie12 во право си потполно! Не може да штедиме на одмори, а да трошиме на телефони. Големи девојки се, татко им треба да им покаже на друг начин како да заработат за екстра одморче и телефонче. Дали ќе биде сезонска работа, или во неговиот бизнис ќе помагаат. Во иднина тие ќе сакаат факултет, по скапи одмори, целиот живот ќе работите за нив? Па жено имате уште едно дете. Не ми се допаѓа што се им е дозволено. Ако еден седи дома, сите ќе седат и нема одмор за никој. Велите што ќе му е таблет на малиот, а што ќе му е ајфон на девојките од 15години? Членката знаела со каква личност влегува во брак, ама не може целиот живот да работи за да им удоволи на децата на мажот. И не, не е себично ова да го кажеш на глас. Крај краева си сака можеби интима со маж и, во право е кога вели дојдете најавени. Се работи за 12 часот навечер. Ја направивте немајка и себична, зашто ринта како магарица цела година и не може еден асален одмор да истера.
А бе знаеш колку работи позади вакви постови има кои не се кажани? И никогаш не е само ајфонот проблем, ниту доаѓањето на ќерките, ниту одморот. Сосема друга тема е ама ајде.