Немора да е за ајфонот ова е општо прашање. Што е правилно? Да потроши 2*20,000 за нив и 20,000 за синот или треба 2*10,000 за нив а 20,000 за синот?
Ќерка ми се сеќава на четири години што правела, што сме правеле ( сега има шест), а не осумгодишно дете.
Па јас не прочитав дека он ќе го плате целиот одмор? Па и нека го плате де. Што има врска. Вие па за еден одмор ли сте
Јас се сеќавам кога имав пет години една роднина ги гушна моите братучеди, а мене не. Ете се сеќавам. Тогаш плачев и таа личност не ја сакам сега.
Точно, намерно го буцка и после “ама он не дава за нас”. Тој не кажува дека нема да одат туку бара попристапно, значи човекот е свесен за својата финансиска состојба.
Ај пресметајте колку е алиментација и дали ако не им дава плус пари и не купува работи за нив ќе бидат оштетени неговите ќерки, зашто сигурно за синот троши повеќе пари од една алиментација што им ја дава нив.
Епа добро де, некои не се сеќаваат што е тешко за прифаќање?! Ќе мериме ли сега кој колку дал… Свашта.
И јас се сеќавам дедо кога ми пласна еден шамар, па баба ме тешеше после. Се сеќавам другата баба кога почина пред 23г, бевме таму ние, јас бев 7г. На целата случка се сеќавам. Се сеќавам и на сонот што го сонив откако почина. Некои работи ти остануваат во сеќавање
Црешке дополнително фактот што тој има приватен бизнис што значи платата и процентот за алиментација е далеку од вистински зошто секој газда си ја прикажува платата далеку помала од она што е.
Тоа е муката тука. Наместо енергија да се троши на убави работи и на обиди семејството да биде заедно дур се може бидејќи децата си растат, енергија се троши на отуѓување ради мобилен, таблет и џепарлак за одмор.
"Девојчиња, XX расте и полека и него му треба поголема соба. Ова е и ваш дом и можете да дојдете кога сакате, ама бидејќи не поминувате друго време во собата туку ја користите најмногу за спиење, ќе ја преуредиме помалата за вас". И така и ми е логично, бидејќи не живеат постојано таму.
А од кај ти знаеш која марка ајфон е земен? Еве и да е тој, по пола е земен. Има право да и даде. Што сакаш не ми е јасно? Па брат ми сакаше чамец доби, ваљда требаше и ја чамец да добијам за да бидеме квит. Глупости. Вака материјално ако ги учите, кога ќе пораснат заборавете на слога и љубов.
Епа од кај знаеш ти дека не е тој од 80000 ден? Или даваш на сите деца или не даваш на ниедно.Три имам и шанси нема да ги делам.
Веројатно и девојчињата се сеќаваат дека татко им си отишол од дома и имаат братче кое не е од мајка им. И они може имале по осум години кога се развеле нивните и кога биле принудени да ја прифатат ситуацијата без никој да ги праша дал сакаат или не. Сега ако ги вадиме да си ги мериме сите трауми од детството, каде ќе стигнеме.
Општо со малку проширено вака да ти кажам, не мислам да им ја оправам домашната економија толку детално со цифри. Мислам доволно јасно кажав, ако не сакаше да ме сфатиш првиот пат, нема да ме сфатиш и да нацртам.