Не се проблем ајфоните, одморите и таблетите. Проблем е комуникацијата. Членката се осеќа неслушнато и неразбрано од него. Било што и да не мачи, решението е да седне и да се збори со партнерот. Ако се пикаат под тепих работите ќе експлодира тоа кога најмалку треба. Затоа смирено, со убав тон, седнуваш и кажуваш. Ако само пробува да те откачи, и тоа се кажува. Дека сакаш да те ислуша и разбере а не само колку ради реда да ти одговори нешто. Ајфон нема да ве раздели, ако не зборите за тоа што осеќате и те како прави раздор. Ништо од ова што го пиша членката не е нешто што не може да се реши со муабет и компромис.
Што е распрдена? Не е 8 годишна. Абе ти се фати за девојкиве и Ајфон ко да се погрешка родени. Претеризам.
Кате златна, ако се чувствува неразбрано, неслушнато и фрустрирано поради динамиката (што е апсолутно нејзино право), така требаше да пише. Во постовите има само математики кој колку добил и што не добил син ѝ. Возрасен човек треба да си ги вербализира проблемите за да може да си помогне сам на себе и да си ги реши. Ако сака.
Дали сериозно е мислењето или се обидуваш да бидеш смешна? Браво за вас што сте дозволиле дете од 5 години да користи тик ток и инстаграм. Сигурно сестра ти понапред е во развојот од другите деца.
Види, пак ќе кажам дека ова не се проблеми што не се решаваат. Членката доби убави совети за да каже на фин и културен начин дека нешто и смета, како пример доаѓање доцна без претходна најава. Некаде ќе попушти она, некаде тој. Брак. Како што уствари треба да биде.
Да бе, нека го чуваат детето со 15 години како членката погоре без телефон и без таблет, па ќе видиш дали детето ќе ти биде социјализирано.. Епа да, има некој што можат се да им дозволат на децата и тоа се да биде во рамки на нормалата.. Ако има Тик ток, не значи дека може таму да следи секакви содржини, со децата од маало се следат и видеа си ставаат како играат.
Јас мислам дека треба да се преиспиташ што пишуваш. Социјализација е едно, ТикТок е друго. Тоа што сестра ти има ТикТок од 5 години воопшто не е социјализирана и живее во делузија и не е свесна за животот надвор. Исто и ти, како што не си свесна за сопствените ставови. Да не речам - незрела.
Како и да е.. не ја знаеме цела ситуација а и да не каже некоја Јас му бев швалерка, останав бремена заради мене се разведе.. така да не верувам во се на форумов.
Ако тебе социјализација ти е скролање на тикток и инстаграм, тогаш имаш погрешна перцепција за социјализацијата. Не ќе да е баш социјализирано ако дреме на телефон по цел ден скролајќи низ социјални мрежи на 5 години, наместо да се дружи надвор со деца. И не заборавај дека заради социјалните мрежи многу деца патат од депресија, зошто им се сервираат нереални стандарди и искривени вредности.
Дете да се социјализира значи да се дружи со други деца, физички, на пример градинка, училиште, игротека, парк... Ајде, мала си и ти уште, имаш доста за учење.
Така е бе Нинче конечно некој да ги разбере и подржи петгодишниве деца.Ја сум да се воведат задолжително ајфони на настава.
Пола/пола ама Во превод напоменува дека редовно си ја плаќа алиментацијата,(нема што да дава на дете за одмор во Охрид.) Зошто капак на се? Членкава има проблем што мажот и троши на девојчињава и ништо друго. Да плаќа само алиментација би било се во ред.
Не се согласувам со тебе имам две ќерки од 7 и 6 години и немаат ниту таблет ниту телефон, и јас сум строго против тик ток од таму може само лоши работи да се научи, добро не. И не моите ќерки не заостануваат во ништо, добро се социјализирани и знаат се што треба за нивната возраст. Не велам дека не им го давам мојот телефон, им го давам ама под мој надзор, внимавам што гледаат на телефонот и колку време се на телефонот. А за тик ток сум против затоа што има многу работи кои не се за деца, и поради тик ток предизвиците колку деца загинаа.