Ако се преселат таткото, ок. Ама во услови кога само повремено се тука, ете за преспивање, доволно е и во помала соба.
Па ако нема врска што тие добиваат што ќе посакаат, а за синот нема потреба, тогаш е исто и за собите.
плачам плачам крај секој ден тресеш глупости ама ова ти беше врвот мора скрин да иам од ова и после на шини ќе се пржат ради Тикток, епа ќе се пржат ради вакви ко тебе
Според вас доволно е. Според нив не е. И од каде знаете дека е само за преспивање? Членката кажа дека и за викенд се таму. Значи не е само навечер. И нема логика дете од 8 години да биде само во голема соба, а две големи девојки, тинејџерки да се во мала соба.
Да, може и за викенди се таму, ама малиот е 24/7 таму. А ако гледаш што му е доволно на децата, на некои не им е доволно ништо, колку и да добијат.
Оккк. Не ми е во ред ќерките на сопругот кои не живеат со нас, да ми стискаат на квака во сред ноќ кога ќе им текне. Нека дојдат да живеат, па слободно нека си доаѓаат кога сакаат. Кај мајка им нека се враќаат кога сакаат.
И? Не заслужуваат девојките да имаат соба во станот на татко им? Што ако сакаат да се преселат? Ако таткото е разведен, не значи дека треба да не се грижи за своите деца.
а оти да не биде исто?Нели е ист таткото? И дај намали доживљај со тие извичници.Не туку се дери,туку комуницирај нормално.
Па да. Ама они се две, нема логика да идат во малата соба, а синот кој има 8 години да биде во голема соба. Станот е и на таткото. И? Тој треба да се откаже од ќерките или да им забрани да си доаѓаат дома?
Малце е комплексна ситуацијава. Сите треба да се испочитуваат меѓусебно со меѓусебен договор. Има 3 возрасни луѓе (две мајки и еден татко) и 3 деца. Станот за кој зборува членката е на таткото и нејзин, не е само на таткото, што значи мора и од неа дозвола за било што. Исто така, до одреден степен и парите се заеднички, ако и таткото и членката заработуваат. Во брак нели нема делба, заеднички се парите. Што значи, на одреден начин и членката жртвува од фамилијарниот буџет за деца кои не се нејзини, но се негови. Мора да праат баланс, ако таткото дал за ајфонот и поради тоа не можат со членката и синот да одат на одмор, можеби требал да понуди помалце пари за мобилен, со што би учествувал во подарокот на ќерка му, а нејзин би бил изборот каков мобилен ќе купи за парите. Ако утре побара мерцедес и он биде приморан да скрати 3 летни одмори со сегашната жена, дали треба да и' купи мерцедес, а не друга поефтина кола? Во принцип не им ја знаеме финансиската состојба. Али ај, за материјални нешта може повеќе да се биде флексибилен. Но за она со одење во станот во било кое време и правење неред тотално не е океј од девојките. Треба да покажат почит малце повеќе. Поготово ако станот не е само на татко им. Во секој случај, проблематикава е решлива со добар разговор и договор со разбирање. Никој не треба да трпи.
Сите овде сме имале 8 години. Дали сè што имаа вашите постари браќа и сестри имавте и вие? Веројатно не. Ако не можете да разберете дека 8годишник нема исти материјални потреби како 18годишна и 15годишна, тогаш жалам, не сте созреале доволно.
Не сме овци за да следиме се што ни се пласира. Дете на тие години не смее активно да користи социјални мрежи, најмалку па да се постира на нив. Ама не се децата криви туку тие што им дозволуваат. Во ред е да гледаат некој цртан филм и игри со одредено време и под надзор на родителите на таа возраст. А не социјални мрежи како инстаграм и тикток кај што шуто и рогато има профил.
Глупости. Како жртвува членката од буџетот за децата кои не се нејзини? Според закон таткото МОРА да плаќа алиментација. И членката сигурно била свесна дека таа секогаш е ќе во втор план, секогаш на прво место се децата, сите деца, во случајот трите. Значи прослави, родендени, дипломски и сл секако дека таткото ќе дели од своето време и своите пари за ќерките. Ако членката очекувала друго, жалам, ама се излажала.
И? И? Аман со тоа И. Не реков да се откаже туку не е страшно да седат во помала соба штом не живеат таму. Нели и за синот не е страшно што не добил таблет, камп, одмор...
Е, пошо дел од станот е на татко им тие можат да доаѓаат без најава и да седат колку сакаат. Идат кај татко им, не се туѓинки.