Како може? Они се две, поголеми се, имаат поголеми потреби, да се во помала соба, а дете од 8 години, со скоро никакви потреби, да биде само во голема соба.
Секоја возраст си има свои потреби. И мојата ќерка има шест години си бара. Му купувам на малото комплетче и таа бара комплетче. Исто им купувам.
Пола членки што куцаат овде и повторуваат 100 пати исти реченици, да ги собереш заедно немаат години колку родителиве.
Да. Ама тука се збори за СОБА. ЗНАЧИ НЕМА ЛОГИКА ДВЕТЕ ДА СЕ ВО МАЛА СОБА, а синот кој е ЕДЕН И ИМА 8 ГОДИНИ да биде во голема соба.
Таткото и членката се маж и жена, работат и двајцата и заедно заработуваат за нивниот семеен буџет во бракот. Што значи, ствар на договор и компромис е. Секако ако не сака таков договор да тера и да го прави тој компромис, може да се разведе. Но треба да се испочитува и фактот дека да, од нивниот заеднички семеен буџет се даваат пари за неговите деца од претходниот брак. Јас не велам дека не треба, само кажувам како е и дека членката има избор. Секако дека децата се во прв план, се сложувам. Но со усул. Како што дадов пример со мобилниот и колата, треба да се испланираат можностите и плановите. И членката му е сопруга, некој со кој дели сè. И нејзиното мислење е битно.
луѓее многу ја раширивте, ствар е на баланс на самиот чоек треба да му текне. Не мора најнов ајфон, и ќе има пари и за одмор. Три деца се, мора да се балансира, за он да издржи финансиски. на дете од 8 год не му треба таблет реално, а и на девојчињава не им треба ајфон. Од шо ги учите од мали е вака, таблет сака мора таблет, сака ајфон, мора ајфон, да ме извините, после има скотови од деца, па ќе читаме по ЖДМ ,,ако може некоја хумана телефон за момичката, ѝ се смеат у школо'' големо такво шо немале ајфон. Марка на телефон е ебате, не е супериорна класа нешо па ако имаш ајфон си Бог и батина. Може чоекот се осеќа должен према тие две деца, може го јаде совест, и сака така да им удоволи и да пополни празнина шо не е секој ден со нив. Кузнае шо му се врти у главата може мисли дека ако им е всичко на мира, дека ќе се осеќаат ко да е се океј и ко да се хепи фемили за собата, нема логика 1 дете да е у поголема соба, од 2 деца. Шо не ја сменат тогаш спалната, за син им да има голема соба? Сите ќе се среќни и задоволни. Ама не, двајца не може да се пикаат у соба за 1. И не е нормално. Башка може коа ќе потпораснат, еднава бар полнолетнава, нема да доаѓаат na sleepovers кај нив, и ете син им две соби дури ќе има
Па не можат баш колку саат да седат, ако на документи им стои друга адреса на живеалиште. Пак станува збор на взаемен договор, соживот, желба, компромис, итн.
Па не си само ти во бракот. Тебе може да не ти биде во ред, ама за таткото тие се деца и нема што да не му биде во ред. Домот негов секогаш е отворен за сите деца. Многу е просто
Не е ствар на договор и компромис. Алиментацијата е обврска. Па да. Кога не разбираш мора по 100 пати да се пишува нешто.
И? Немаат право да доаѓаат или? А што ако жената има дете од претходен брак? Тоа ќе живееше нонстоп со нив? Тогаш ќе беше во ред? Таткото мораше да го прифати, нели?
Поентата ми беше дека нема договор и компромис во сегашниот брак за алиментацијата и финансиските потреби за децата од претходниот брак. Тој е татко и нормално е да им помогне на своите ќерки.
Па не е ни тој сам во бракот. Воопшто не е просто кога има деца од различни бракови, бивши, фаворизирање, ич не е просто