Никој не предложи да се разведат. Но муабетот: 'Така е тука', 'Такви се мажите' е релативизирање на проблемот. Нема така е и све четири у вис, па ќе се навикнувале по пат. Ајде за некои работи разбирам, ама да имаш проблем со пол на личност е жива дискриминација. 'Така е', не е никакво оправдување. Има сите да си ги учите синовите да не мразат жени! Не е машко, само зборува од 'машка страна', како и сама што појасни во постот.
Zensko sum nema nisto za bunenje!! Ve zbuni delot " maska gledna tocka" znam no nee deka sum masko!! Mazot mi bese tuka vo blizina pa mi tekna go prasav sto saka poveke masko ili zensko toj odgovori bilo sto samo da e zivo I zdravo!! No sakal poveke kerka !!
Не ги оправдувам таквите дискриминации...али сум за да му даде шанса да ја согледа грешката и да се поправи.....а тоа мало човече кога ќе се роди може да го освести. За тоа дека треба да се работи на таквата проблематика, треба....и сметам дека се работи. Немаат сите мажи такво мислење во поглед на полот на детето. Инаку мојот сопруг сакаше машко, беше разочаран кога рекоа женско. Сега многу си се сакаат двајцата.
Навистина воопшто ли не разговарате со партнерите уште додека сте во врска и се запознавате? Се понашате како воопшто да не им го знаете ставот. Ако гледаш дека е заостанат идиот одма удри му ги клоците, а не да дојде до брак работата. Еден заостанат уште на фб ми се испонаша глупо и не му ни дадов шанса ни за кафе, а не нешто повеќе. Му се родил внук и ми вика па се знае машки ќе се раѓаат, треба машки само кај нас дома да трчаат... И одма му го удрив игнорот. Ни чао ни пријатно. Човекот со кој чекам дете да ми рече дека е тажен за полот, па во секундата си заминувам и секоја должна почит ќе ја изгубам спрема него. После со разговор ако го промени ставот, ако се кае за тоа што ги рекол, ако се потруди да му простам, во ред може ќе ја спуштиме топката, инаку нека се гони. Не ми се верува колку затупени луѓе постоеле и во денешно време. Бог да чува Со лесно на девојчето што ќе се роди. Уште е колку зрно, а татко и ја неќе бездушен.
Море за таков, 5 да има сите женски да му бидат! Место да има малку ум како ќе влијае тоа негово однесување на психата на бремена жена, уште она да чека да омекне... Како не му е срам? Вол волосан
Дали е точно тоа кога се мажи една жена , формира семејство , дека заборава на бившите љубови , на минатото , заборава на некоја љубовна болка итн.?
За да нема вакви теми брачни совети, неверство, развод.. треба жената прво да заборави на бившите и минатото па потоа да се мажи. Ако веќе уште има љубовна болка за некој бивши , а решила да се мажи тешко дека од тој брак ќе биде нешто. Сите си имаме минато и бивши што сме ги сакале некои повеќе некој помалку, ама што сме се решиле за брак со една личност значи ја сакаме таа личност, а се останато е само минато и треба да го гледаме единствено како искуство во животот.
Нема да заборавиш никогаш, ама чуствата ќе ти се сменат. Мене ми е чудно сега како сум била во врска со моите 3ца бивши. Ми се гади кога ќепомислам ама ете тогаш убаво ми било, па дури 2риот цело време го сакав додека сум со 3тиот Ама сега се омажив со 4ти и чуствата се сменија иако сеуште немам деца... Тој по кој "лудував" додека бев во мојата 5 годишна врска, и ме следи на инста и пријателсво на фб ми понуди иако се ожени после мене и има и деца, ама јас не чуствувам повеќе ништо за него иако мислев дека ќе ми биде доживотна љубов. Првиот уште ми лајкува слики иако и тој после мене се ожени па дури стаса и да се разведе. Не ни е чудно цело време додека беше во брак си лајкуваше,а којзнае што уште не правел Го знам дека беше и остана женкар, затоа и толку му траеше бракот Едноставно сфаќаш дека не е се до лепота има нешто и во душата тој што ќе те третира како се на светот тој ќе си го засакаш. Е сега има маж и маЖ, за овие вториве не гарантирам дека така ќе биде како во мојов случај односно вниманието ќе го бараш ако не во својот маж во некој друг Леле глупости. Ако жената е склона кон изневерување и 100 бивши да заборави ќе се појави некој нов во животот и пак ќе го изневери сопругот. Божем само со бивши се изневерува
Значи, ги памтам сите, памтам со кој како ми било, памтам кој сум го сакала, но ништо од тие чувства не е останато сега. Само ги памтам како случувања од минатото. Како и еден куп други работи што памтам од моето минато... Како сите ние што се сеќаваме на разни убави и неубави искуства и луѓе.
Зборот ми е во склоп на прашањето, не дека онака нема неверства, разводи и брачни проблеми, ама ако сеуште имаш чуства за бивши а си во брак тешко дека нема да има проблеми.
Ке се омажам кога ке немам никаква чуства за никоj друг освен за сопругот. Според мене не е ок да имаш чуства за еден а да се мажиш за друг.
Било па поминало!! Зошто да се враќаме во минатото!! Јас тој што го сакав и мислев дека ми е возвратена љубовта испадна дека имал и друга во исто време кога одел со мене одел и со неа но остана трудна и мораше да ја земи!! Што требаше јас да не се омажам никогаш!! ( Џабе вени сечев и џабе на токсикологија завршив!!!) Не вреди да се враќаме назад тоа што било поминало готово е!! После тоа се смирив со претходниот што беше ненормално љубоморен ( го цитирам: тамам седнавме на кафе од карши нас имаше некое мешано друштво и тој тамам кафето го донесоа голтка не се напив ми вели станвај бегаме онде има машки ѕверат по тебе!!) и на крај завршив со трет се верив и никому ништо!! Тоа е што е!! И што е уште потрагично бидејќи деца чувам ја носам малата во парк и замислете седнувам на клупата и загледав едно малечко и тоа на господинот што одеше со мене и со таа другата и најјакото е што кога малата ја викнав по име ( бидејќи знаев како се вика блиску живеевме) му реков чисто информативно да го поздрави тато од тета Ане за успомен и дуго сечање!! Бидејќи разбрав оти мамичеѕм му го распрачила невестата опасна била секој втор ден полиција имало дома! П.С. оти многу Арна била јас не сум чинела!! Е сега нека плачи!!
Слична судбина , но јас не можам да продолжам понатаму , постојано се навракам.. Кој не искусил тој не може да ме разбере..