Извини, јас те прашав од каде знаеш дека е најнов Ајфон од ни мање ни више 1500 евра? Каде го пишала тоа членката?
Шо е битно човече? Како сума? Дете од 8 и 18 еднакво имаат потреба? Ај замисли имаат само за едно, на старо. Кому треба повеќе? Може и кола ќе и' купи татко и'. Ај и на 10 годишниот син, да не е покус.
Абе ако сакам и од 2000 евра на детето ќе му купам телефон. Што ви е бе вас? Туѓи средства расправате, кој колку требало да даде за сопственото дете. Свашта.
Треба за сите три деца да се престане да се пишува како биле распрдени, размазени, без осет, не учеле, не работеле, терале луксузи итн итн. И тоа све од родители пишано, за мерак човек да чита.
Ама НЕ е ПОТРЕБА. Ајфон е луксуз. Телефон е потреба, Ајфон не. Ако има, фала богу дека ќе купи. Ама не може за ќерките да има и за одмор и за ајфон, а за синот да нема ни за одмор ни за таблет. Ако е сам може сам да одлучува кај ќе ги троши парите, ако сака нека ги фрла и раздава по комшии. Во брак со друго дете НЕ. Законска сопруга му е, и има 100% право за се што пиша. Искача женава работи за цело НЕЈЗИНО семејство, а татково само за ќерките.. Абе ајде.
Е видиш кога си втора жена на човек што има деца од прв брак (или втор маж на жена која има деца од друг брак) од старт буџетот ти е делен и на тие деца. Нема чиста тетратка, не се почнува од 0.. тоа е реалноста. И ќе се помириш дрка некогаш твоето дете ќе биде на второ место, па ќе ускочиш како мајка/татко ќе му купиш сама/сам за да не осети ..
Аман што зборуваш… ја читаше женава или не??? Значи дај човек не е оставено детево без одмор. И тие му се деца. Плус ја читаме приказнава од еднава страна, стајте се на татково место. Луксуз е и камп за некој… ако се преженил не значи дека треба да заборави на другите две деца. Ја боли зашто е нејзино дете и тоа е оке, ама не може да му суди на таткото за другите негови деца. И дај како го сфаќаш муабетот дека и е капак што почнала еднава ќерка на работа бизнисов да го учи? Оке е според тебе тоа?
Не, нема да се помирам дека моето дете е на ВТОРО МЕСТО. Сама не сум го правела детето, ниту е самохрана мајка жената за сама да му купува. А кажа дека за сите “луксузи” на синот она плаќа. Што не им плаќа мајка им сама одмор и телефон? Не плаќа и не треба. Ама мора баланс. Место еден Ајфон ќе купи LG телефон и таблет. И ќе останат.
Па никако не го сфаќаат, гледаш дека сите го прескокнуваат тој момент. Дека е сериозен аргумент против, нема што да се смисли и да се каже за таква глупост напишана. Затоа се игнорира. И после во добри односи биле.
Што кажала, каде? Пиша дека не купила таблет пошто тоа таткото морал. Те молам може да не измислуваш приказни, си скрои сценарио комплетно ново.
Ама вие стварно не разбирате или не разбирате? Човекот има 3 деца, жената има 1. Меѓу 3 на кои треба да мислиш, правиш баланс за сите. Мајката мисли само на 1. Да беа нејзини ќерките, ќе беше горда што едната е во фирмата на работа и немаше ниту да го спомне ајфонот. Да купеше таткото кола, некоја поскапа, муабетот ќе беше, абе не требало толку скапа, нема за малото. Или ај ако не, може и пешки да иде или со точак, шо е ова луксузи. Ако сака авион ќе и купи бе, негови сопствени деца се. Каде е проблемот не гледам, освен во комуникацијата меѓу девојчињата и жената, евентуално меѓу женава и таткото. И никој не го дели малото и не беше никаде пишано дека нема да иде на одмор. Од каде си ги вадите редовите што не постојат еј. И што па Толку се смарате за туѓи луксузи и потреби еј. (?!) Јас имам 3 деца и никогаш не купувам за сите тројца еднаква сума. На големата и требаше телефон и доби телефон. Малата доби саат. Пошо, секој според можностите нели. И сеа шо, малата ми е на второ место пошо за големата сум потрошила повеќе или не си ги сакам децава по исто? Леле еј, какви небулози значи! Уместо да ги учиме децата да не гледаат низ материјална призма, ние ќе ги бодриме да се натпреваруваат кој повеќе и кој поскапо добил. Абе што ви е бе луѓе, што ви е?
Ајде сега најди го таблетот како луксуз и прочитај таму како членката ги "хендла" луксузите. И пак да пишам и веќе немам намера, ако немам една позитивна работа за муж ми да кажам, тогаш јасни се работите.
Големата добила Ајфон, синот не бара ајфон туку таблет. Значи пак помалце и поефтино, соодветно на годините. Ама и тоа не го добива. Тоа за материјалната призма, и девојчињата исто така треба да се учат. Ајфон не купува некој што не гледа низ материјална призма. Има милион телефони што ќе те служат just as good. Ама нели, Ајфон мора.
А зошто не мора да биде ајфон¿ Зошто да не се исполни и по некоја желба? Возраста на ќерка му е соодветна за истово. И не знам од каде ти тебе правото за насоки чии и колку желби треба да се исполнат за туѓи деца. И не само тебе. Таблетот може и да почека, исто како што и ајфонот бил некое време на чекање веројатно, од каде да знаеме. А патем, купен е по половина со бившата. Исто како што неговата втора ќерка е лишена еве од ова. Исто како што мојата помала ќерка ќе почека за телефон, а син ми ќе биде последен. Таман работа за иста цена да се исполнуваат сите желби или уште полошо, да не се исполни ниту една и покрај можностите. Само поради тоа да се биде еднаков, уствари, ради љубомора. Импресивна генерализација: тие што имаат ајфон, се материјалисти.
Епа тоа зборам де. Не е потреба, туку е желба/луксуз. Нека исполнува, ако има можности. Заборавате дека е женет со друга жена и имаат заедничко дете. Не е само татко на девојчињата, туку е татко и на синот и сопруг на жената. И тие си имаат свои потреби и желби. Кога се работи за луксуз, а не за потреба, не смее да има нееднаква делба. Ако ми останат 15 илјади на крај на месец за желби, на сите тројца по 5. А не на едно сите 15. Се знае што се потреби на 18 години, факултет, кола(ама не Порше), телефон(ама не Ајфон). И тоа е приоритет. Ако се има за Ајфон и Порше, супер, ама тоа се луксузи, а не потреби.
Нема да се помириш дека е на второ место, ама ќе се помириш дека нема да биде прво и едниствено дете на татко му!! Дека твојот брак со човек кој има деца, нема да биде ист со оној на некој кој нема деца од претходен брак, дека ќе мораш да правиш отстапки, дека ќе мораш да балансираш. Да бидеш жена на маж кој веќе е татко и кој си сака да е дел од животот на децата, е многу голема одлука, и не се влегува лесно во таков брак. На сам старт треба да си свесна дека се мажиш и за неговите деца. Дека утре не дај боже да треба и да се грижиш за нив, дека тие деца нема да испарат во воздухот.. тоа е цело време што го пишувам. Дека домашниот буџет ќе се дели и за нив. Она има биолошко 1 дете, ама во бракот има 3 деца..
Ај да се изјаснам и за бизнисот, аман. Значи вака, по разводот, маж ми се им има оставено на децата, имаат решено стамбено прашање и двете. Колата што ја имале останала на бившата жена. Кога го запознав јас живееше под кирија и работеше кај друг. Заедно купивме стан, заедно го отворивме бизнисот. Јас со мој влог учествував во тоа, само што не работам таму од лични причини. Тој бизнис на син ми му останува, здравје боже. Тоа беше договорот, и го знае тој тоа. Ќерка му што ја има вработено таму, е пак на наш трошок и на сметка на нашиот буџет. Не придонесува никако во работата, кога оди да се прошета кога не оди. И ајде да речеме плата место покривање трошоци, ама не е така, воопшто. Платата е само исклучиво за неа, и не се рачуна. Пак од татко и бара се како и до сега. Нема повеќе да се објаснувам, побарав совет, а не осуди, ако немате нешто паметно да кажете, одминете. Сите ситуации се различни, ако имате лошо искуство како дете на разведени, и лоша маќеа, не значи дека сите се такви.
Нели дискусијава си заслужува посебна тема за ова? Како што и пиша членката и побара исто така мислење од некој што ја разбира проблематиката. Не не за ајфони и маќеи, можда брак со партенр со деца од претходен брак/ улогата на маќеата во воспитувањето и дисциплината на тие деца/ во нејзиниот/заедничкиот дом, нешто во тој стил.
Извини, ама твојот маж значи ништо апсолутно не испочитувал од вашите договори врзани за заедничкиот живот, буквално нула поени. Каков совет очекуваш да чуеш врзан за ќерките кога ниту можете да разговарате, ниту те ислушува, ниту те почитува бидејќи те заобиколува во секоја можна ситуација, плус секој можен договор е прекршен. Што може тука да се исправи.