Еее и за мене не беше нормално, ама животот ме научи поинаку, дека на никој, освен за своето, не му е гајле за друго. Ти си маќеа, утре други ден, на пример не дај боже, се разведеш од човекот, ќе се тресеш за своите деца или и за некои што не ти се ништо? Оти на пример, после вашиот развод, на тие нема ни да им текне за тебе, а да не зборуваме па што ќе биде ако дојде до некоа делба на имот.
Не се работи за "тупнување" овде, ама се тргна со расипан телефон и така си остана, ме мрзи да цитирам. Не може ти како мајка или родител да не знаеш каде ќе спие твоето малолетно дете, кај татко му или ќе си дојде дома, дали ќе оди пешки, со кола, со автобус, дали е 8 вечер или 3 наутро, инцидентна ситуација е веројатно во прашање. Значи девојките живеат кај татко им за викенд, од таму искачаат и таму се враќаат. И јас повторно се повикувам на добрите односи на сите вклучени, сите се хепи фемили, нема да му кажеш на детето, у толку саат да си дома, јави се кога ќе тргаш за назад, или тоа да ѝ го кажеш на нивната мајка со која си во коректни односи и плус ги држи строго? Ти вака и со сопственото дете ако се поставиш, и тоа ќе ти се качи на глава, не знам како без договор се решаваат проблемите, стварно еве не знам.
Стварно? А ако ти се премажиш, а децата ти останат со бившиот сопруг ќе ти смени односот кон нив? И како?
Добро, јас се ве разбрав. Секој за своето се грижи, во случајов таткото за синот и ќерките а мајката само за синот. И сите се во право. Никој не е крив. Треба да си најдат јазик за зборување и да си кажат кој што го мачи.
Мојата предност е што не очекувам од никого ништо, моите деца сум ги обезбедила јас, а исто и "туѓите", и замисли све од мојот буџет, а не маж ми. Ова не е тема за мене и тебе, смо ти посочив дека кога зборуваш за своето искуство не викај "сите би направиле така", пошто твоето искуство не е искуството на сите, затоа и ти реплицирав. Исто како што моето е мое, а не може да биде туѓо. Пс јас сум старател на туѓите деца, замисли, и прилично им текнува на мене
Да, не е за мене и за тебе, туку за членката која е скроз во право што го брани и се грижи за своето. И плус тука она дојде да бара совет за како да биде најдобро, не дојдоа ќерките.
Да не ме сфатиш погрешно, те цитирав само затоа што на темава кога некој сака да поентира пишува "сите би направиле така" што не е точно, инаку секакви има и сечие искуство е легитимно, свесни сме за тоа. Сите ја советуваа членката отворено да разговара со човекот кој самата го опиша како искрен и добар, и после волшебно некако сите се фатија за ајфонот.
Ама се согласувам и јас за тоа. Него коментарот погоре беше за тоа што викаат дека можат да одат едни кај други без предходно да се најават. Членката кажа дека синот може да оди кај неговите сестри кога ќе посака, зошто станот е половина на татко му. Никој кај никого, не може да оди дома во доцни часови без тие што живеат тука не се известени за тоа.
На татко му делот ќе се дели на сегашната жена поголемиот дел односно 3/4, а таа една четвртина оди кај децата. Тие треба да ја делат. Шо значи , синот и двете ќерки.
Не знам зашо мислите дека ќе им испарат децата или претходниот живот пред вас? Чоекот е може преженет сеа, ама децата му се деца. Нема овде дете од прв од втор брак, секое дете е ДЕТЕ аман сфатете Може си има свои причини Ако не сте способни и спремни за таков подвиг, реков и горе, не се зимајте со разведени со деца и крај. А не децата да патат ради вашиот себичлук. И тоа шо беше ,,примарно семејство” Така ако глеаме, првата жена и двете ќерки се примарно семејство. Тоа семјество прво го створил. Ама така неќе некој да се осеќа, како секундарна појава, така? Епа така и женските не треба да испарат ради братчето
Има една многу битна разлика во вашава математика. А тоа е дека девојчињата имаат два дома, а синот еден. Ќерките одат кај родител кога доаѓаат во станот во кој што живее членкава, додека синот може да оди кај сестрите на посета, меѓутоа тој таму не живее, тоа не му е дом.
Без разлика што е оставен станот со папир, синот законски секогаш може да бара дел и тој договор да го оспорува. Добар адвокат чуда прави. Единствено договор за издршка не може да се оспорува под ниедни околности. За станот во кој што сега живеат и за семејниот бизнис Законот го толкуваат погрешно. Ако едното и другото се 100% на мажот, тогаш се дели на 4 еднакви дела, меѓу жената и 3 деца. Меѓутоа и едното и другото се пола влог со жена му, се што е стекнато во брак без разлика на кое име гласи, 50% е на втората сопруга. Тоа значи 50% од станот и бизнисот што законски и припаѓаат на сопругата одат на синот. Останатите 50% што се на мажот ќе се делат на 4 дела. Што значи, да, синот има право на поголем дел од бизнисот според закон. Шубаво, не мора да доаѓа на работа а плата да и тече оти и се може и тоа е дочекано со аплауз, од тој менталитет земјата ни стаса кај што стаса, само така да продолжите да си ги учите децата. Шубаво, девојките обезбедени станбено, прошетани по 2-3 одмора, родендени ко ивкова слава, ајфони шо има врска, а детенцево е или мало или без потреби и жената е љубоморна на девојчињата. Хехенце. Абе жена на жена е најголем непријател. Втора е ќе си поќути и почека кај брза па и таа де. Како жена што може да и се испосере на друга жена маж не може ни да си замисли. Ај.. може ќе сфатат некогаш дека не е ајфонот, не е родендените и одморите, туку дека другата страна нема ниту помало внимание од ајфоните и одморите. Ама што и да каже женава они би да и го премерат секој збор и да и извадат колку она претерува. Сите се фаќаат за жената требало да е спремна на се кога стапува во брак со човек кој веќе има деца. И очигледно внимавала, не секој може да толерира едниот годишен одмор да го поминува и да се прилагодува на децата од бившиот оти они сакале да одат и со нив. И тоа е супер за неа. Рака на срце јас, не би можела. Ама апсолутно и тој требало да биде свесен какви компромиси прави втората жена за него и да ја почитува многу поише неа и нивното дете. А по пишаното не изгледа воопшто така па убедувајте уште колку денови сакате.
Чекај малку ама и да дојде до развод ти не би сакала твоето дете да се дружи со полусестрите? Ако вака го воспоставиш односот, да, нема да им текне. Дури и ќе имаат омраза но доколку се воспостави коректен однос секако дека ќе им текне. Утре мајката ќе ја нема, таткото ќе го нема но зошто децата да се мразат за глупости кои се создадени од родителите?
епа и тоа праќање порака чисто да не се извадат од памет и чисто да знаат кој кај е е уствари еден вид најава. За работата се сложувам, при фирма од татко му таа во кафич ли да работи?
А може ли жена да сфати дека не СЕ ВИНОВНИ ДЕЦАТА затоа што таа е обесправена? Оставете им ги ајфоните и одморите на мира и решете си ги проблемите ко одрасли луѓе очи у очи, а ако не можете, разлаз, никој не е должен никого да трпи.
Не е исто да одам кој родителите и кај родителот кој има семејство со друга жена. Еве кога јас би се ставила на местото на девојките. Мене никој не може да ми забрани да одам кај татко ми али не е исто кога мајка ми е тука и кога друга жена е тука. Можам да ја прифатам и да имам почит спрема неа со тоа што претходно ќе се набавам дека тука цел месец ќе седам. Таа е должна тоа да го прифати. Ама не можам да појдам кај татко ми кога сакам и притоа да немам обзир дека има друга жена и дете и да седам колку сакам и да мислам кој ве шиба вас ја кај татко ми идам. Тука треба да има взаемно почитување а не еден со друг дане се трпат а мажот ставен на средина и ни ваму ни таму
Јас искрено можам кај моите, и моите (туѓите) деца кај мене (и моите), ама тоа се вика договор меѓу сите засегнати, инаку не е комплицирано.
Точно, се согласувам со тоа. Ама, пак пости едно ама... Ни ќерките не можат да одат во станот на татко им доцна навечер, ако не се најавени, па колку тоа да е и нивни стан.