Ако вие имате таков договор тоа е ок ваше си е. Ама тоа не значи дека така е правилно, и дека е ок за сите. Сепак се работи веќе за две фамилии.
Да не го верглам истото цело време, јас те прашав кај твоите дали се најавуваш, од таму почна муабетот и ти кажа дека се најавуваш, па следствено на тоа јас ти реплицирав, сеа читајте малце што пишувате. Во однос на обзирот, еве повторно, имате пренајголеми очекувања од тинејџери (не знам колкави ти се децата), ама детето се однесува така како што ќе го воспиташ и со примерот кој му го даваш. Значи, ако детето нема обзир, ти како родител имаш должност да поставиш граници и така нема никој да трпи. Уште не разбравте дека ова со тупнувањето е надвор од пропорции за да искочи озбилен проблем, дури и да е реален проблем, повторно возрасните се тие што не знаат кај тераат. Не може моето дете мене да ми кажува што да правам, туку кажувам јас до одредена возраст, а потоа и се договараме. Договор. Разговор. Компромис.
Па тоа го зборувам. Прашање на договор, кој тука очигледно или го нема или не се почитува. Ама децата не се виновни за тоа, туку возрасните.
Јас можев само да сонувам за одмори и скапи телефони. Блазе си им на девојчињата. Во врска со темата членката ако треба да ги третира ќерките на мажот како свои деца, има право и да ги воспитува и да ги искара ако ја извадат од патики навечер и ако остават несредено. Нема потреба се преку мажот да оди, не?
Па ако дојде до адвокат работата, тоа се прекрасни меѓусемејни односи, мераци да живееш така, у борба за соба плус.
Факт е дека возрасните се криви. Не може дете од 12-13 години само да донесува такви одлуки. Во овој случај крив е таткото, што на некој начин им попушта за сѐ на ќерките.
Проблемот на членкава ќе и се реши кога ќе престане да бара компензации во овој натпревар со ќерките на маж и. Пази во прв пост пишува,а и го промашивме ова,цел зимски распуст седеле кај нив. Па потоа откако маж и рекол ке и даде пари на малата за одмор,таа вели намерно нашла некој поскап хотел за нив. Е се додека намерно наоѓа компензации ке не може да седне со него и да разговара. Уште сега бизнисот на синот кој сега има 8 да останел,која прорачунатост па бизниси и пропаѓаат и е прашање дали и ќе сака да го наследи бизнисот на татко му. Можеби странство ќе живее. Можеби ќе сака да си работи сосема друго во животот. Здравје се вика тоа. А девојчето што оди во фирма да го учи бизнисот сигурно е во средно школо сеуште. Така да и да сака не може фул тајм да биде таму. Важно се заклучи тука неработничка била, одело да шета девојчето ,најубаво нека си гледа секој дворот свој колку работи,живее од маж или дреме на фемина цел ден.
Еве јас веројатно не би се омажила со човек со деца in the first place. Ако секогаш само за вашето се секирате јер е ваше а другите небитни, ја не знам како терате во животот. Како примерот со тријажа. Одите во болница со скршен прст и се карате да ве примат први дур некој пред умирање чека. Зашто он и да умре вас не ви мења ништо, битно на вас да ви се помогне. Ама ќе се помириш дека не си сам (или твоето дете) на светов. Сеедно за болница или пари или услуга. Сакаме да нѐ лечи некој, да бидеме семејство, во брак, со деца, да функционираме во едно општество/заедница ама први да сме за сѐ. Е мало сутра.
Ај не можеш уште 2 пати да ме тагнеш. @Abel заспа на темава убедувајќи. На почеток за малку ќе ти поверував, сега гледам дека пресликувајќи ја ситуацијата на твојата, сама себе сакаш да се убедиш у нешто. Немам ништо против ако ти е полесно така. Јас би сите да се среќни. Иначе да ти одговорам. Апсолутно да. Жена може да го сфати тоа и го сфаќа и тоа воопшто никаде не беше спорно. Ама никаде. Не се спорни ајфоните и одморите на другите. Она за што сите се фативте ко слеп за стап. Она што е спорно е што синот не добива доволно внимание од таткото, па тие беа земени ко примери, за што веројатно има многу повеќе од тоа. Ама оти сте и вие дома, па таа не знае и не чувствува, и се закачивте ко крлежи и почнавте да ја убедувате и дека се и е ок со синот она љубоморела и се натпреварувала. Џизс. Ајде, со ова темпо на ругање уште некој ден, може и навистина ќе ја убедите дека поише знаете за неа и нејзината ситуација од неа самата.
Што правиме со тоа што членката рече дека маж ѝ е супер човек и прекрасен татко? Повели, неа објасни ѝ каде е проблемот. Јас не сум ѝ се закачила (љубомора никаде не спомнав), се обидов да објаснам дека маж ѝ е проблемот и дека фрустрациите што ги има кон него треба со него да ги реши. Пс. Кога јас ќе пишам на форум за мојата ситуација, тогаш ќе мислиш и на неа, дотогаш, мислам нема потреба.
Да сега ќе не убеди членката дека не покажува љубомора спрема неговите ќерки! Да, НЕГОВИТЕ ЌЕРКИ. Како сакајте вртете тие му се ќерки и ако сака и по еден авион ќе им купи, а невестата не можи да стори ама баш ништо во врска со тоа. Детето најмало не е ни најмалку усратено од внимание, туку мајка му е фрустрирана оти ќерката се вработила во фирмата на татко му и пази дури и плата и дава?! Ама за синчето бизнисот ако остани! Аве шо е ова злоба, на крај краева што си го земала ко зад себе имал приколка, тие магично не исчезнуваат, прва радост му се и очигледно поголема слабост. И аман доста со тој ајфон, потековте, утре и по два стана можи да им купи оти е нивни татко, исто како што сакате вашите мажи да се инволвирани во растот и развојот на вашите деца!
Немаше да биде проблем синот да го наследи бизнисот ако само втората жена вложила во бизнисот. Вака, кадешто и сопругот вложил, нема логика бизнисот само на синот да остане. Членката треба да сфати дека тој е разведен од првата жена, но секогаш ќе биде татко на неговите ќерки.
Се гледа дека не си родител каква прва радост какви бакрачи, за еден родител сите деца му се радост, сите прсти на раката исто болат и сите исто ги сака. Има логика ако идејата за бизнис е на сопругата ако таа повише вложила и ако така се договориле. Е сега што не е ок не е ок ама тоа е неможи се да е фер во животов. Намалете со злоба и едните и другите. Тие му се ќерки и секогаш ќе му се заедно со синот на прво место подеднакво.
Не знам каква злоба гледаш во моето мислење. Кажав како треба да биде. Е сега ако членката очекувала дека ќерките ќе ги заборави и на прво место ќе бидат она и синот, се излажала. И да, ако вложил и таткото, правно, може да го наследат и ќерките. Не може синот да е на прво место, ќерките да се запоставени. Членката треба да сфати дека таа има едно дете, но нејзиниот сопруг три.
Ќе престанете да пишувате дури кога ќе се убедите една со друга која е у право, успатно навредувајќи ја членката и нејзиното дете (принц, синче итн).
Не мислев на тебе конкретно со злобата. Нз како е правно не се разбирам ама ако така се договориле и имаат црно на бело никој неможи ништо. Може конпензација ќе добијат другите деца. Јас лично не би се рчкала во бизнис основан од маќеата едноставно нејќам, ќе ја почитувам ради татко ми и тоа е се, нит ќе ја сакам нит ќе ме сака нит па ќе сакам нешто нејзино ниту па да имам нешто со неа. Позз.
Не ми мења да ти кажам. Битно ми е јас и моите деца да сме ок. За друго не ми е гајле пошо знам дека и на никој друг не му е гајле за нас.