Во години сум каде што available мажите се веќе разведени, реално. Тотално може да ми се случи да сум нечија маќеа. Ме чуете ли да серам за децата, ве молам потсетете ме да се опаметам. Фала.
@joy1 @CameliaMiller Ќе има по "грешка" децата во боксот за кучињата Превентивно со примарното семејство
Озбилна сум скроз. Јас ја разбирам, природно на сите ни е нашата крв прво да ја гледаме. Ама овде ставаш емоции на страна и си викаш чеееек, стварно е нормално да кажам "епа јас не сум мала" и да се споредам со тинејџерки, или негде сум измешала лончиња меѓу разум и емоции.
Мислам дека е само некој моментален период што ја фрустрира .11 год се во брак,тоа не е ич мал период.Да имало досега вакви трзавици,љубомора и проблеми веројатно и до развод ќе дошле.Не се ни неговите деца ни нејзиното од вчера.
Па тоа, тоа. Не ми е јасно зошто се држи на страна, и те како мора да е слободна да им каже пример пишете порака ако доаѓате, направете доручек итн. Како слон да имаат во соба за кој не зборуваат.
Јас само да ве пофалам и да ви кажам жени свака част 31 страна пишувано само за еден брачен совет . Дали ќе има крај?
Штом не знае како да разговара со мажот и,потспомнува одоколу што и смета и штом смислува намерно трошоци за да компензира ова трае многу подолго време. Изгубена им е комуникацијата за децата одамна и се врти во круг. Затоа не знае како.
Абе ја коа го носам моето дете на доктор не очекувам да сме први. Ама јас ако не го носам моето дете на доктор, кој ќе го носи?
Партнерот? И да не е биолошки татко, еве кажи ми зошто да не? Оти сум носела во повеќе наврати на другарка ми дете на лекар, еднаш и за потврда за градинка до душа, не знам, грешам?
Е па ти ако немаш сретнато не значи дека не постојат. Ама битно е да ги гледаме лошите примери а не оние добрите. Нели процентот е помал па шансите да не се дружат се поголеми. Па не се работи на односот. А не сфаќаат дека тој некој пак е твоја крв и некогаш може да ти спаси живот. Ама не битни се парите нели и за пари, стан, се ќе се направи.
Се сетив на еден пример од кога јас имав не повеќе од 6-7 години. Со братучед ми со кој во иста куќа растевме и бевме неразделни, нецела година сме разлика. Сестра му е постара од нас 6 години. Ја праќаа на зимовање со школо, се дрецнавме двајцата АМА ЗОШТО НЕ И НИЕ. Фино-лепо мајките не' седнаа и ни објаснија дека дада ни е голема, кога ќе бидеме големи и ние ќе одиме. Е пораснавме, што заедно што посебно се прошетавме Болеше де, ама учиш, не може се' што сакаш кога сакаш. Сестра ми па, јас тинејџерка тоа детуле, како тоа дада и' во град ноќе оди, а она не смее (прцул од 4-5 години). Се сменија времињата, сега дада и' од дома не можеш да ја извадиш, ја прибирам од град да не иде со таксиња. Ќе положи еден ден и тоа ќе го нема Се' во свое време. Па тоа е доста погрешно размислување, извини. Треба да ни е гајле и за туѓите деца, посебно кога на родителот не му е.
Место женава да биде среќна што нема ропак од маж како што се 90% за жал, кога ќе се разведат се "разведуваат и од децат па ни таа мизерна алиментација не сакаат да ја дадат за свое дете. Она се жали што има нормален и грижлив сопруг татко на нејзиниот син. Човеков е од ендемски вид треба да се заштити со закон. Се кладам ќерките да беа нејзини немаше да и биде проблем што добиваат телефони, џепарац, а помалиот син не.
Најголема грешка на форумов, жена да бара совет од жени и патем да се надева дека ќе биде разбрана што сака да каже. Наместо тоа, секоја си ги испревртува зборовите и сфаќа како и' одговара за најдобра осуда и критика да смисли. Колку само страни се испишуваат со цели реферати и на крај без никаков заклучок на приказната.
Ах, тешката болка замисли, таткото си ги сака децата од првиот брак, тра-ги-чно. Место колективно да плачеме ние тука збориме без везе.