Не мислев конкретно за последниот проблем на жената туку општо.Не мора да плачете, поарно молчете си ако нема што конструктивно за кажување.
Леле значи ова жена против жена за секоја ситница почнавте да го користите. Ќе пролаеш трици оти комшиката паркирала колата пред влез и слушаш како тоа жена против жена
Оти девојчињата не се жени. Оти бившата не е жена. Ај бившата и изрод може да е, ама девојчињата не се примарно семејство. Свашта.
"Конструктивно" не е секогаш тапшање по рамо и сложување, погрешно го имаш разбрано тој збор и не, не е сме и љубоморни на секоја, многу жени биле поддржани, советувани јавно или во пораки, само тие моменти изглеа досадни ти биле па си ги прескокнала
Omg...тешко на тие деца од разведени родители што немаат богати татковци,језа ме фати колку се се гледа низ призма на материјалното. И се напнавте на женава а никој не знае каков карактер се ќерките,никогаш не можете да поистоветувате ситуации колку и да се навидум исти улогите,маќеа и деца од прв брак пример...бидејќи сите се различни карактери и секаде владеат разлилни односи од х причини. Милион пати сум пишала во темиве истото,теорија и пракса не е исто,расфрлање со совети и критики ако не сте осетиле нешто на своја кожа е многу bad.
А зошто да не сереш ако се безобразни и невоспитани...пример? Или мора да ги сакаш по секоја цена само за да си "добра"?
Тогаш мајка барам со некој што не може да си ги воспита сопствените деца. Јас мислам дека во слична ситуација на оваа ќе се потрудам да бидам гледана како родителска фигура, ако не сум родител. Т.е. ќе очекувам слобода да им кажам да си соберат хаос ако направат и слично, се' што би рекла на свое дете. Или пишете порака ако доаѓате или направете доручек итн. Ситници, ама на чисто да сме кој е возрасен, а кој дете, биолошко или не. Некако не ми лежи моментот доаѓаат кај татко им, а јас на трња седам. Не да сум "добра", напротив, родителите не секогаш ги гледаме како "добри". Него би се потрудила околу доволно присен однос да можам слободно да им укажам, да можам со мирна глава да ги чувам ако се помали, да смеам да ги искарам. И тоа пак нема врска со децата, него со односот меѓу возрасните.
Ако ќерките се толку безобразни, тогаш не чини воспитанието на таткото, тигаш што бара било која жена со таков маж? Или пак, таткото чини, ама ќерките не чинат. Ајде бе. Кое материјално бе? Се слушате? Вашите деца кој ги гледа? Сами ли заработуваат од пелени? Како може да ви смета улогата на таткото и односот кон првите ќерки, оти им помагал, им давал пари, нешто што го прават сите родители. Оти родителството не е по желба на девојките, тие се негова обврска и засекогаш ќе бидат, тоа што не сака да свати втората жена е нејзин и само нејзин проблем!
Децата не се воспитани само од таткото,плус поминале низ развод на родители,плус не знаеш каков инфлуенс би имале од нивната мајка и еден куп други пропратни работи што вака во теорија не можете ни да си ги претпоставите.
Ги сака до толку што не му е гајле што домот негов со сегашната сопруга и дете го користат како пропратна автобуска станица. Само затоа што ги сака нив, неговата сопруга не заслужува никаква почит па и згора на се мора по нив да средува и чисти како да е тоа нејзина должност. Ама нели, маж како маж не треба да се замара со ништо.
Не мора да се откаже од нив туку некој требало да ги научи дека постојат одредени граници кои треба да се почитуваат. Ако е жена на нивниот татко не значи дека треба да им служи на разгалените принцези.
Да, и плус они не одат во домот на татко им каде што дошла новата жена туку одат во дом кој татко им го створил со новата жена, и треба малку свест да имат ама нема кој да ги науче.
Во оваа хипотетичка прикаска не се пиша лош збор за сопругот, туку за децата, така што make it make sense. Децата не се одговорни за проблемите во бракот, и не се разгалени принцези туку се така воспитани. Ако јас направам 0 работи да си ги воспитам децата така како што сметам дека треба, тогаш е нереално да не очекувам никакви последици за мојот 0 ангажман. Ама ваљда е полесно да се коментираат на овој начин деца, отколку да се биде одговорен возрасен и да се признае одговорноста.
Епа ако доаѓаат само кога им треба преноќевалиште пред и после излегување (а не дека им треба татко и негово внимание) а притоа не чувствуваат никаква одговорност за хаосот што го оставаат зад нив и немаат почит кон оние кои живеат во тој дом, тоа мене ме асоцира на невоспитаност и разгаленост. Јас лично не би можела такво однесување на трпам. Во мој дом си сакам мој мир и приватност. И да сум на местото на девојките би ми било незгодно да одам во куќата во која татко ми створил семејство со друга жена. Ако сакам да се гледам со него ќе се најде друга опција.
Јбг, не може пуф, да ги снема, сопругата знаела дека тие деца доаѓаат во брачниот пакет. Тоа што она го замислувала и не и се погодило со реалноста е нејзин проблем. И да, ги сака татко им, не знам зошто ви е криво татко да не си ги отфрла децата од првиот брак Тоа е и нивна куќа, сакале вие или не. Сеа вие го отупевте, требала да чисти, бла бла, а не знаете какви се девојките. Сценарија еден куп. Ве бива за измислување прикаски, секој ден читам нешто ново за девојкиве и тоа од вас што не ги ни знаете. А можно е и девојките да го читаат ова, значи живи срамови
Пред се, тој е татко на девојките. Тој дом го створил таткото и неговата сопруга. Ако беше само нејзин станот, да, ова ќе асоцираше на разгаленост. Но тие си идат дома. Хаос никаде не беше споменато дека оставаат зад себе.
Затоа реков мислам. Не знам, тоа е до конкретен случај. Овде женава не рече дека се безобразни и не знам какви.