Абе ко вие да не знам како сте се понашале како тинејџерки. Тинејџерите се егоистични, нормален период од развој им е. Проаѓа, не се лоши, деца се.
Јас никаде не пишав за љубомора,колку што ме служи видов.Не "убацуј" зборови што ги немам пишано.Знам што е конструктивно, нешто многу поквалитетно од било што за пишување.Човек да нема мака,а камоли овде да ја сподели, одредени ко врани се нафрлуваат.
Ами вдовец ако беше чоеков, пример? Ај вака мајка имаат па по пола делат трошоци. Ако немаа мајка, татково на улица да ги фрлеше, да не им досаѓаат по дома, да не им ги трошат парите? Или пепелашки ќе ги правеа дома дека секундарни?
Zdravo.dali e vo red eden od sopruznicite da bara polovina imot.kukja od nasledstvo da bide prefrlena na negovo ime i dali toa baranje moze da sozdade idni problemi vo brakot.
Нема право на дел другиот сопружник, ако станува збор за наследство. Тој што го добива наследството е целосен сопственик, дури и да дојде до развод наследството не се дели. А тој што го добива наследството само ако сака, значи само по своја желба може да му даде дел на другиот сопружник. И тој дел не мора да значи дека би бил половина, туку може да биде и помал, а и поголем. Ама пак ќе кажам само ако сака доброволно да даде, а ако не сака никој не може да му земе дел од добиеното наследство.
Ако му се плаќа данок на тој другиот нека плаќа, ама не е мал, да се разбереме. Само прво колено не плаќа данок, се друго си плаќа процентуално од вредноста. Пример ти ако наследиш од родител, сопругот ако сака да наследи дел ќе мора да си плати данок.
Не е во ред ама такво време дојде, на туѓо место ни една вазна не се купува, така да нека си ја проба среќата за да не остане накрај со прстот во уста. Ништо не е сигурно во овој живот.
Ќе си бара од таму од кај што треба или посигурна опција да ја испоти задницата и да си заработи, така никогаш нема да остане со прстот во уста. Крајно дебилно е да бараш наследство што не ти припаѓа.
Ако имотот е стекнат пред брак и само влогот е на едниот партнер, нормално дека не може и не треба да бара дел од имотот.
Здраво. Нова сум на форумов и се зачленив сега бидејќи не знам веќе што да правам па решив да пишам тука. Прилично сум млада и сум некое време во брак. Ви последно време со мм скоро па немаме секс. Значи нема што не правам( го прашувам, барам, се облекувам провокативно намерно, да седам гола до него нема да ме пипне). Веќе ми де смачи. Знам дека нема друга цело време сме заедно дури и работиме заедно, нема проблеми не знам што е. Кога разговарам и го прашувам ми вели ти само се жалиш. Гола седам до него тој лап топ ди штрака. Имате ли некој совет за мене бидејќи единствено во глава ми се врти развод.
Читав скоро дека владее епидемија на намален тестостерон кај мажите се повеќе и повеќе. Причина е слабата физичка активност од било кој тип. Намален тестостерон = намалено либидо. Биолошки гледано, повеќе тестостерон се лачи под физички напор, а мажите се повеќе и повеќе се неактивни, особено ако работата е на компјутер, а од страна нема никаква активност. Без физички напор, не се дава на телото сигнал да произведува повеќе тестостерон. Не знам дали кај вас е тоа причината, ама ова како факт го прочитав, и некако го поврзав со твојот пост. Дека спомна работите од дома на компјутер.
Малку по сериозен муабет да му направиш дека те прави тажна тоа, дека се осеќаш не посакувано. И ако има проблем нешто тој психички или физички да побарате помош, затоа сте во брак нели, да бидете искрени и да можете да комуницирате и да ги решавате проблемите секакви понатаму во животот