Не дека се криви, едноставно некој период успорува работата, ко и секој лек што може да направи ршум. Да бидеме искрени и вирусот и вакцините уопште не беа/се наивни.
Да, ама не за се. И пред корона имаше вакви примери. Кога партнер нејќе секс дома, го добива на друго место.
Мојот матичен не е од тие што избрзува со заклучоци, не коментира многу, кога отидов прв пат пред да останам со малово трудна и му реков дека подолго пробувам, ми рече имате примено вакцина ти и сопруг? Според нови истражувања знаат да направат вакцините мал застој. Му поверував и не ни проверив ниту па читав, никогаш мака сум немала со хормони и на хормонален статус имав измешани вредности. А дали он добива нешто на страна па затоа не ја рецка или не, не можеме да знаеме со сигурност, може да ама може и не. Јас за себе си знам дека во оваа состојба не сум баш баш привлечна ни себеси ни на мм, реална сум, не можам да го кривам мм дека кога сама себе не можам да се погледнам во огледало. Он ништо ми нема кажано, ама знам дека приметува дека и мене ми е безвезе и не ме гњави. Треба да си ставиме некогаш на кантар се и да сме реални. Јас бар така размислувам.
И што стави ти на кантар? Дека треба да имате секс кога ќе се вовлече стомакот? Не зезај, замисли маж ти да се здебели и ти да не сакаш секс со него поради тоа?
Јас забременив после вакцината. Исто и маж. Со другиот дел нема да се согласам оти си тазе родилка. Колкава и да си, скоро имаше пораѓај, не се сите фит потоа. Физичкиот изглед ми е битен, можам да му кажам да ослабне, ама не да го одбегнувам и сексуално. Ти си преубава, од маж ти исто, немој вака да се потценуваш. Ќе ослабеш пак. Инаку си стојам на тоа, ако нема некој здравствен проблем, човекот не му е паметот во жена му.
Сте разговарале отворено за ова? Што вели тој на ова? Колку долго трае состојбава, дали би можела да ја поврзиш со нешто што се случило? Како беше претходно? Ако едноставно дошло до тек на време само од себе, веројатно се имате загушено еден со друг од тоа што сте постојано заедно. Дали имате можност после работно време да вклучите индивидуални активности што ќе ве исполнуваат, а нема да сте еден до друг во тоа време. Особено некоја физичка активност. Подобрете исхрана и елиминирајте стрес колку што е возможно. Одете заедно на викенд, дружете се и со други луѓе. Во секој случај клучна е искрената комуникација и меѓусебно разбирање. Се надевам дека ќе се средите. @AngelOfArh сори ама ич не се согласувам со тебе. Тоа тело со стрии, надвиснат стомак и гради и вишок килограми донесе нов живот на овој свет, ваш, твој и на маж ти. Мислам дека сите сме свесни дека како одминува времето нема да сме физички попривлечни (не значи дека треба да се запуштиме) и нема да сме атрактивни како актерка од порнич. И не, не можам да сфатам да не си му привлечна, ниту пак сметам дека моменталната состојба на твоето тело треба да е причина за негово намалено либидо.
Чекајте жени, јас не викам дека маж ми ова ми го кажал, јас така се осеќам, особено бидејќи пред да останам трудна бев топ, сега не можам да се опуштам. Знам дека треба време. Еве го мај, таман ми кажаа после 4м можам да се вратам на вежбање, ќе се вратам на старо, мене ми треба тоа. И не секогаш само жените се осеќаат вака, има и мажи вака што се осеќаат.
Ама океј е да се чувствуваме неатрактивно, ние или партнерите, сеедно, ама затоа треба да сме си поддршка еден на друг и во моментите кога јас не сакам да се гледам во огледало, тој да ми покаже дека уште повеќе ме посакува, а не да ме игнорира.
Дојдов истово да го напишам. Не ѓи се верува. 2 месеци ништо - јас сум со поголемо либидо, си стои тоа, ама ова не е во ред. Не сме цел ден заедно а и сега со две деца (едно вреска друго пишти) е тешко (немаме помош сами сме со нив) знам дека е покомплицирано и за тоа, ама не се издржува вака.
Има едни чоколади што подигаат либидо и еден мед.Дај му такво нека проба и ќе видиш после понатака како ќе се однесува.Отворено зборувај со него ќе го седнеш и да ти каже што е проблемот.
Јас ги имав видено во Чаирчанка во Муслим Шоп има и да порачаш. @Feminka22 пиша сегде може да се најдат.Дај Боже да ти помогне ова.
Стварно мислиш дека во тие чоколади и мед има магија алал да ти е.Тоа го мислиш дека пишав дека го има во Муслим шоп.Такви работи нема таму.Ниту би купила за себе нешто сомнително, а камоли на некој друг да дадам или кажам.Не ти кажав јас да одиш по вештерки,џинџии и Петранки.@Feminka22 исто ти пиша на кои места може да се најдат.Овие чоколади ги користат мажи и жени со намалено либидо.Ама еве стварно на некој и не треба да му се даде совет и помогне.
Ne me razbra. Bas pozitivno mislev na efektot koga kazav magija, deka pomaga vo libido. Ne kazav vo losa konotacija.