Kako bre neznaes kako? Zosto trpis em budali na vrat em maltretiranje? Zimaj decata i odma kaj tvoite...ako ti kazat deka nema mesto za tebe zamoli gi dodeka najdes stan i odi si...eden den nema da se razbudis od ovoj budalava...zaradi decata begaj od tamu
Абе кај ги наоѓате неранимајковциве?! Собирај парталите, децата и бегај жено,бегај дур не те умреле. Тие двајца тоа сакаат, психопати!
Ако и ти ги слушаш твоите тогаш не треба да му се лутиш на мажот ти што ја слуша мајка му. Ако тој е неодговорен родител и сака децата да му растат во токсична средина, не значи дека и ти треба истото да го правиш. Не знам колкави ти се децата, ама штом гледаат дека мајка им е безгласна буква дома и понижувана секој ден, немој да се изненадиш ако и тие почнат еден ден да ти го прават истото како татко им и баба им. Знаеш точно што треба да правиш, сочувај си го достоинството и не седи ни минута повеќе таму кај што не си добредојдена. На твоите треба само да им го кажеш истото што и овде го пиша и без разлика што ќе ти кажат, ти оди си и само извести ги дека не се враќаш. Ќе зборуваат некое време и ќе се помират..
На форумов имаш жени што и за помалку од ова се спремни да си одат, ама маж им се заканува со одземање деца, со насилство итн тебе овој те малтретира и сите други дома, ти вика не доаѓам, фактички без проблем можеш да си одиш и се мислиш? Твоите само нека зборат "срамота" бла бла, ти е гајле, нивното зборење помалку боли од тоа во таа куќа кај што си. Бегај! Посреќна ќе си 100%!
Odi si od tamu, a tvoite da gi pluknesh vo lice, zatoa shto bash taka "se dava" poddrshka na nekoj shto mu treba, bash kako tvoite roditeli!
Знаеш што да правиш ама тешко ти е дека немаш поддршка, епа биди си ти сама на себе пред се поддршка. Работиш, можеш да си заминеш во било кое време и да си плаќаш кирија ако твоиве продолжат да ти вртат грб. За се друго имаш адвокати особено оние со искуство од област на семејно насилство, дури ти следи и бесплатна правна поддршка, советување и застапување при развод, Биди силна и прекини го кругот на токсичната средина и на дисфункционалноста во семејството.
Фала ви. Знам дека треба да си одам само што воопшто не е лесно. Се плашам многу. Плус маж ми е таков манипулатор што ќе одглуми дека му е жал, а јас сум многу добра и ќе ми падне жал за него па ќе се смирам додека пак не се случи исто. Му реков ајде да заминеме заедно, вика ако бараш причини за да си одиш оди си само немој да ми викаш секој ден дека си одиш. Му викам ако се разведуваа сите на кои жените ќе им предложеа живот на страна досега немаше да има ниту еден брак. Сите си сакаат мир и настрана да се. Ми вика никој не те малтретира. Ме малтретираат психички. Сите. Ама најмногу е крив тој што дозволи така. Свекрва ми каде стигна се жали од мене, а мене ми е криво затоа што знам дека не сум заслужила. Досега била од мене и повеќе од испоштована иако не заслужила. За сега да слушам муабети како јас не сум била саглам, како сум се расправала. Јатрва ми ако се кара ја штити ја крие ја оправдува, а јас еден збор да речам сите комшии ќе научат Плус вчера сабајлето ја слушнав на телефон како се жали од мене. Затоа сега ја одбегнувам ја игнорирам колку можам повеќе.
За одење сигирно има апартмани...станови под кирија. Ниедна неподнослива ситуација, не е оправдување да останеш покрај "партнерот"
Има родители, не поддржуваат ама сигурно со деца нема да ја остават надвор. Не ни седнала да направи муабет со нив здрав, може ќе ја изненадат.
Тешко да се живее под кирија со една плата. А сметки за струја, нет, храна па и деца. Ништо нема да постигне. Тоа е друго.
Здраво на сите, Проблемите не завршуваат. Мм работи во странство, последните денови имаме големи расправии поради неговата фамилија што никогаш не ме прифати и секојдневно доживувам тортура. Човекот зборува дека ме штити и брани ама тоа трае еден ден. Тие направија секакви работи да ме понижат и да не разделат но тој после два дена заборава. Денес дознав дека праќал подароци цело време скришно од мене , до пред два дена се каравме поради нив денеска подароци и тоа без јас да знам. Вчера ми рече дека ќе стави граници и ќе се тргнеме и оддалечиме, сега е во странство. Јас кога дознав се јавив и му реков дека е дволичен и ми прави работи позади грб, господинот цел ден не ми пиша една порака и е лут. Ме праша дали треба да се правда за подароци и јас реков да. Имам право да знам, а и тој ако решил да става граници не може следниот ден вака и да им дава зелено светло. Цел дем со мене не зборува а со неговите си зборува како ништо никогаш да не направиле. Кога ќе му кажам дека треба да мисли на нас и на нашиот брак тој ми се дере дека јас се сакам да уништам. Многу пати зборувавме ама секогаш јас сум кривата иако уста немам отворено на никого во куќава. Тој не пишува и јас не пишувам, си ќутам. Ама веќе не знам што да направам.
Јас живеам посебно од нив, тој работи во странство. Ама секој ден кога ќе го барам зборува со нив, еве дознав дека скришно од мене и подароци праќал без повод, на мене ништо. А тие се мешаат во се, со мене не сакаат ни да се видат (сум го украла синот) , понижување секој ден индиректно. Побарав да не зборува секој ден и да стави граници за да се смират и да видат дека имам поддршка. Ми се дере дека немам право да барам да ми се правда за тоа што праќал дома нешто. На сестра му се жалел за проблеми бо нашиот брак. Јас појма немав за ништо.
Не разбирам шо проблеми може да имате во бракот, кога не се гледате. Немаш право да му браниш да комуницира и праќа подароци, нормално. Ако живееш посебно, тогаш уживај и свиркај си.
Не му бранам да комуницирам, тој цел ден е на телефон со нив некогаш за мене нема време, ни прават проблеми во бракот тој си молчи, кога јас ќе кажам види што прават мене ми се дере, скришно праќање подароци е многу себично после скандал од пред два дена. На нив праќа, на мене (жена му) не. Не ме штити и со мене не зборува а со тие што се мешаат во се си продолжува исто.
Со терање инает и премолчување на вашите недоразбирања ништо нема да постигнете. Што да направиш? Искрен муабет, еве вака како тука за тоа што ти пречи, да му објасниш како ти се чувствуваш запоставено кога со тебе нема време за муабет, а за со нив има и за се друго ќе си кажеш отворено. Ќе напоменеш дека сакаш промени и ќе си ставите временска рамка во која ќе правите мали промени додека стигнете до промените кои ќе ги договорите како компромис. А ако не најдете заеднички јазик и не научите да правите компромиси, јасно е кон каде одите.
@Kristy48 што планови имате во иднина? Планира да те земе таму со него или планира да се врати тука со тебе да живеете?