Половина од тука читате половично. Моите да му се серат на мм на глава без причина, би им дала до знаење дека ако прават така ќе бидат двојка се додека не се научат да го почитуваат. Како очекувате друг да ве почитува, аки мажот не застане од ваша страна и не ве почитува? Проблемот не е во подарокот, од чии пари е купен и дали има легитимно право да купи. Проблемот е во моментот. Не било момент да им праќа подарок затоа што меѓу редови им вели качите и се на глва кој ја е... Тука не гледам трошка љубов ниту жал кон сопругата.
Стисни заби и пробај да не се караш. После кога ке појдеш и ти таму ке видиш како ке е ситуацијата, веројатно и ке се смени и сами ке почнете ваше семејство подалеку од нив. Така и он ке нема толку време да им се јавува, со тебе ке гледаш да го посвети времето.
А како да не. Тој што нема жал и почит кон партнерот и на крај свет да отиде нема да има. Таман работа да треба да бегаме далеку од сите за да не почитува партнерот...
Реално не може да знаеме каква ке е ситуацијата кига ке појде и таа таму. Моја претпоставка е дека на ликот му е досадно па по цели денови си е со мамичка на тел. Друго кога ке појде таму и ке опипа ситуација на лице место.
@Kristy48 Ти си имаш проблем со маж ти. Размисли си добро дали воопшто да одиш таму или да си останеш тука. Имаш право да се лутиш што праќа подароци после два дена од кавга (може биле испратени од пред кавгата) и не треба одобрување да бара од тебе туку ете да спомне уз муабет. А тој дел од фамилијата ако ти прави проблеми, те вознемирува, те омаловажува едноставно можеш да ги откачиш, без гледање, без слушање и завршена работа. Само имај на ум дека никој не може да ви се меша во бракот ако вие не дозволите. Вината си е кај вас. И немој да му збориш на маж ти против нив зашто уште повеќе ја подгоруваш работата, батали ги и не ти можат ништо. Што да направиш, остави ги нека си зборат по цел ден, ти шетај со другарки, оди на козметичар, уживај на убавото време.
Дали би се осетиле неубаво, понижено сопругот да резервира соба во хотел на одмор на со два кревета наместо еден зашто било 10/15 евра поевтино? Ако сте венчани треба да спиете заедно и не би требало 15 евра да се проблем. Или во авион да седите со различни луѓе а идете заедно? Мислење
За седишта редовно сме чекале до последно со Wizzair и сме добивале различни за да не плаќаме екстра. Не ми било проблем меѓутоа со заеднички договор сме го правеле тоа. Прв пат сега за со бебе гледаме да резервираме седишта со плаќање и во ист ред. За кревети лесно може да се спојат.
За венчана жена со заеднички пари различни кревети, а некоја што го варала предходно што била бивша па се помирувале а и само девојка што го оставила ,а он све и плаќал на ист кревет.
Треба да се знае. Брак е, еден кревет. Јас не може побитна од 15 евра да бидам. И за седиште. Штом ми е венчан маж ќе спие до мене на еден кревет, спална, ќе ме држи за рака до мене ќе седи.
И кога ќе појде таму пак ќе е нон стоп на телефон со мајка му и уште повеќе ќе ја нервира. Ако му е досадно може и со неа да разговара. По однесувањево мене ми личи дека сака да ја заплаши, демек ако зборуваш против моите јас ќе сум лут и нема да те барам. И и се дере неа да не прави проблеми, а проблемите ги прават неговите. Зошто ним не им се спротивстави?
Јас и мм кога одиме на одмор никогаш не спиеме во ист кревет, а дома имаме огромна спална за да не се допираме еден до друг дур спиеме.
@Lo_Ra_ Се навратив на твоите претходни мислења. А и сега по последното напишано. Твојот проблем за жал, не се креветите. Мислам дека само се измачуваш и ги туркаш работите под тепих. Мораш еднаш да седнеш и да го решиш проблемот со себе, својот сопруг и фамозната бивша. Бидејќи во спротивно, секој празник и делник ќе биде извор на проблем.
Така е.Ние од како сме во брак еве веќе 16 години заедно и во вц одиме.Се знае во брак или си гз и гаќи или ништо од бракот.
Па може и на еден кревет двајцата да спиете ако ти е толку битно.Нека заспие тој, па ти пикни му се потоа. Ете ти брачен кревет на малку поинаков начин, значи ем поевтино ем брачен. За сѐ има решение само треба да му текне на некој
Нас агенцијата не заеба и на меден месец ни беа раздвоени креветите, јазк! Дури и не можеше да се спојат, лоша беше ептен собата, долга а тесна. И сеа? Ај коа издржавме 10г во брак ваљда тоа е тоа.