Алкохолот е проблем што тој треба да си го реши. Како ќе му го решиш ти? Не чекај да се случи ништо слично или исто, кажи му на твоите. Утре со бебе в раце ќе си кога ќе се напие.
Премногу се изнервирав искрено, и ќе се воздржам од тоа што имам да го кажам само за да не те нервирам дополнително. Комплетно се согласувам со @IRBBB и мислам дека одма треба да им кажеш на твоите. Не треба да се осеќаш осамено, луѓето што те сакаат се со тебе и за тебе тоа секогаш да го знаеш и можат да ти помогнат, а ние овде можеме само совет да ти дадеме и твое е дали ќе го послушаш...Те молам да не трпиш ништо веќе. Еве и ти ќе имаш ќеркичка утре, ќе сакаш ли некој да се однесува со неа како маж ти со тебе? Ајде не продолжувам за да не те нервирам...
Најголемиот ред флаг на кој имаш замижено е, цитирам “ Ме боли курац ако го загубиш, друго ќе направиме.” Покрај ова што имаш замижено размисли уште колку многу си допуштила. Уште кога ти рекол така, си требала да заминеш кај твоите и да не попушташ бидејќи главниот тригер на сите овие проблеми е мајка му која му врши притисок и му ја полни главата. А тој сам свесно дозволува да го манипулира. Сега, оди си кај твоите не мора ни да му кажеш. Едноставно замини си.
@LangeAlfa твојот сопруг има сериозен проблем со алкохол, ти тука не можиш да помогниш се додека тој не сфати дека има проблем, и сака да го реши. Не е здраво воопшто, а камоли во одмината бременост да доживуваш вакви стресој од испади на некој што треба да ти е поддршка и помош за се. Знаеш има една поговорка дава кравата млеко и после го шутка и го истура, буквално ова се случува во вашиот брак. Доколку имаш каде да заминиш на некое време родители, брат, сестра, оди веднаш, се додека твојот сопруг самиот не увиди дека има проблем. Ти можиш да му дадеш поддршка и да се надмини целата ситуација се додека тој самиот не одлучи да си помогни. Сега сте двајца, утре ќе бидите тројца. Дали ти сакаш твоето дете да биди присутно на неговите испади? Дали ти сакаш да расте во таква средина. Те понижува пред другарки, ама добар е со мене, али кога ќе се напие станува таков....верувај не е воопшто во ред, тој не смеј така да се однесува и не можи да е неговото пијанство оправдување. Доколку ова не се реши совреме понатаму ќе биди уште полошо
За болдот, неговото однесување не е во никој случај во ред а не само дека си бремена. Од мене ќе ти кажам чувај се, ете другарките виделе каков насилник е кажи им и на твоите и спасувај се на време. Замисли каков живот би имало твоето бебе со таков татко.
Направив неколку истражувања како последица на алкохолизам и сфатив дека тој ги има апсолутно сите симптоми на - "пореметување на личноста". Тоа значи дека без соодветна терапија од психијатар му нема лек... Едно време одел на психолог ми кажуваше пател од анксиозност, додуша и ден денеска е анксиозен ама јбг, тогаш не ја сфатив озбилно ситуацијата дури сега гледам после овој испад дека навистина има психички проблем само е прашањето кога ке направи switch on/off. П.С пред малку пак се каравме и погодете што - некои работи што свекрвата само ги знае ми ги тресна во фаца, а завчера сат ипол кај мамичка поседе. Убаво кажав, кога и да е малку поблиску жената до нас секогаш кавги имаме.. Инаку јас кажав на моите утрово што сѐ се исподешава, татко ми лут кибрит бесен му се јавил му кажал некои работи, дури моите беа во шок и неверица не очекувале никогаш такво однесување од него бидејќи го знаат подолго време исто како и јас. Кога почнав да плачам гласно, тогаш сфатија дека ситуацијата ескалирала ептен.. Ви велам, ко син го сакаат и чуваат ептен имаат доверба во него како јас што имаВ, ама после испадите сѐ се менува.. Сега наоѓаме некои решенија да се реши ова доколку постои решение, доколку нема излез и продолжи вака, јас дефинитивно ке си одам кај моите ако не сфати самиот дека му треба помош од стручно лице.
Јас убаво кажав дека свекрвите најмногу кавги прават, му ја полнат главата и после кавги, ама неее, ми велеа неможело никој да му ја полни главата ако е паметен и ако не е мамин син, па секој ден да му зборува некој лошо за снаата, епа ќе му пукне филмот на секого и место да се кара со мамичка, да и каже каде и е местото, се кара со жената. И ни една жена не сака мажот да си ја мрази мајка му, ама треба да и каже каде и е местото и до каде и е границата. Еве и мојов доле кога ќе се симне одма е подруг, он не се расправа многу, не сака, ама одма го познавам, однесувањето му е сменето кога оди доле, и не се расправа ама само ќути, тоа повеќе ме нервира, и после некое време ќе му се испушти што му зборувале за мене, затоа со нив само дистанца, па и тоа не им чини, требало со нив да седиме.
Јака сум, морам за малово.. Знам дека утре сѐ ке се смени и ке биде стариот тој до следен напад. Дури самиот ми имаше кажувано дека не сакал така да се понаша, како да не е тој, ама сега гледам дека е психичко пореметување. Кога ке се врати во "нормала" за ден два ке направам муабет да видам што мисли за психијатар, ова веќе не е нормално не би сакала ќерката да гледа ваков пример за маж утре.. Прееска пробав да зборувам и уште полошо направив пак беше малку пинат буквално како воопшто да нема емпатија во него, биполарна личност. Се држам за стомак ми вика бокс ке ти удрам во стомак што се држиш за него мислиш на емоции ке ме фатиш. После тоа вика јас на моето дете никогаш нема да наштетам. Кога е "нормален" цело време зборува со ќерката се труди да ја средиме собата сѐ вложуваме за неа, ептен ѝ се радуваме. Ама после месеци и месеци го фатија пак "лудите" ко деца кога имаат скок во развој е исто објаснување е ова. Сега не го препознавам, деновиве мм не е мој маж, некоја друга личност е.. Барем сега знам дека психијатарот е лек. Инаку ти благодарам мила и на тебе и на сите што ми дадовте поддршка, совет ве гушкам сите, ми давате сила
Со среќа, да имаш мир за себе и за бебенцето Неговото не е нормално во никој случај. Ова не е добра средина за тебе и за бебе вооопшто. Се надевам дека ќе бидете безбедни, искрено
Прво треба сам да сфати дека има проблем со алкохолот, ама никој не признава дека е алкохоличар, незнам, да зборуваш со некој близок роднина да направи муабет со него, да го убеди да се лекува.
ИСТО! БУКВАЛНО ИСТО!!! И однесувањето, и ставот што го имаш го делиме. Не сакам да ја мрзи, само да направи разлика. Едноставно во нашиот случај не е само свекрвата фактор, туку и пријателите што ги споменав првенствено, и тие му полнеле глава и тоа му се испушти. На мајка му пријателка е блиска со мене бидејќи пазете сега - од мене е постара само 10 ГОДИНИ а со свекрвата 20 години се разлика ама нема врска, и на почетокот ме прашуваше што како, па ги бранеше нив ми викаше "леле колку се добри посебно свекрвата сѐ ти пружа сѐ имаш од неа да ја чуваш немој да и грешиш" и се така у круг и ми пукна филм еден ден и кажав сѐ како стои.. Дека свекрвата ме притискаше да земам кредит 16.000€ а кога одбив викаше на мене како јас не мислам за семејството а веќе сум дел од него дека сум била дрска што не сакам кредит да земам, како мм имаше испади кон мене уште во рана бременост и дека нема да дозволам да ги брани нив кога ја сум "жртвата" во случајов. И секако полека полека се пренел разговорот ( и ако, намерно ѝ кажав оти патат вечито од комолекси кој што ке каже за нив), мм спуштање муабети и за ова и мене сѐ ми е јасно... Тоа е тоа
Другарите негови обично мене ме поддржуваат за сѐ, зборував денес со женска на неговиот најдобар другар и ми кажаа дека ме поддржуваат потполно само да ја наместам пред нив ситуацијата да има испад за да му објаснат некои работи и дека треба под хитно да превземе нешто да се смени..
Бокс во стомак !!! Одма да му се јавиш на татко ти да дојде да те земе, ОДМА!!! Нека си ја среди психата прво, па после ако сакаш врати се ако мислиш декка треба...
Девојко слушај ме сега добро. Ова што го пишуваш исто како за мојот бивши маж да си го пишувала , буквално исто!! Ете и он беше таков отпочеток, грижлив, и се тие работи кои ги наброја , почна малку по малку да пие и не беше веќе истиот човек. Немој да мислиш дека откако ќе се роди детето он ќе се подобри. Ќе биде се полошо!! Ќе почне повеќе да пие, ќе се дере пред детето нема да го занима дали плаче или не. Исто како мојот. Мојот, уште кога бев бремена, се напи и за детето во стомакот викаше копиле. После не се сеќаваше и ме праеше луда , дека сум измислувала. Едно ќе ти кажам БЕГАЈ!!! Бегај додека не е родено детето , оти после милјарда проблеми ќе ти направи, ќе ти се смачи и од живот и од се. Не чекај да се смени, не се менат таквитс како него. Мене да ми е овој акл сега, јас уште кога бев трудна ќе го оставев, така немаше да се нервирам со следните работи што се случија. Ти се молам поштеди се и себе и детето, верувај многу работи ќе ви се отворат, не ти треба таков нарцисоиден тандем мајка и син да те нервират.
Многу внимателно со читање на такви работи од интернет. Дијагностицира само психијатар. Кога станува збор за психички заболувања многу е лесно себе или други да пронајдеме во нив. Затоа дијагностицира само психијатар!
За жена му да нема емпатија што ну носи дете и да вели ќе ти удрам бокс во стомак се зборови на психички растроена особа, не не е алкохолот само виновен за неговото понашање, тој си е таков природно само на трезно успева да се прекрие. Не можеш да го смениш овој човек и да се лекува тој, кажаното и понашањето ти нема да го заборавиш. Јас би ти рекла да си одиш уште додека не се породиш, оти после пораѓај едно што нема да можеш да се браниш ранлива ќе си, друго хормоните ќе ти бидат 100ка измешани, од премор нема да можеш да размислуваш рационално, тој нема да ти помага, а ќе ти треба помош. Штом се породиш ќе оди да слави и ќе се направи магаре, кога ќе треба да се ослониш на него, нему ќе му смета дека бебе плаче, дека треба да ти донесе храна или да стане да смени пелена место тебе, а па недај боже царски да си, да не можеш да мрдаш некој ден. @LangeAlfa животот ќе ти биде пекол и ниедно бебе или психијатар нема да го спречи тоа, нема да се смени тој и нема да престане да пие, ако сакаш таков пример за ќерка ти остани и пробај да го спасуваш од самиот себе.