Е тоа сакав да го кажам и јас, ама набрзина напишав и заборавив. На пр јас човек шо го сакаам, и да знам најгадни тајни за него, нема да му ги кажам и да го повредам. Шо не е случај со некој шо не го познавам или не го сакам, е тогаш можам стихотворба најлоши работи да изрецитирам само за да го повредам
Pa jas toa I go kazuvam ama oni me napadnaa kako kojznae sto da sum kazala. A da zemat da procitaat prvicno sto kazav nema da skokaat.Ama oni samo se nadopolnuvaat edna so druga.Ako nemas koj I ako nemas kade TESKO EEE jasno I glasno
Aj be nemozam da se objasnuvam jas so vas kaj ke najdete deka podrzuvam nasilstvo pustete mi.Jas edno zboram vie uporno mi kazuvate drugo
Само едно прашање, извини ако претерувам. Не ти е страв, искрено? Да се мислиш дали ќе се врати пијан и агресивен или заљубен до уши?
Те читам девојко, жено, идна мајко и занемувам од тоа како го браниш и сето ова го препишуваш на "абе го фатиле лудите". Викаат: "Fool me once, shame on you. Fool me twice, shame on me. Fool me three times, shame on both of us". Очигледно дека само сакаш маката да си ја споделиш и нејќеш ништо да превземеш за да си се спасиш од ситуацијата во која се наоѓаш. Затоа нема ништо повеќе да коментирам, само ти посакувам живот без физичко и емоцијално насилство на тебе и твоето бебе.
А што е твојот план? Ќе се однесувате исто како до сега и ќе чекаш дали ќе дојде до уште еден испад? На маж ти очигледно му треба психијатар бидејќи ова однесување НЕ Е нормално дури и ако е еднаш. Ама тебе не знам што ти треба, бидејќи и наредниот пат истото ќе го кажеш што го кажуваш и сега, гарантирам. Инаку, животот со било каква насилна личност е составен и од убави и лоши моменти. Не треба да те чува заклучена во подрум за да биде клошар.
Се надевам само дека девојката не зела кредит заради тоа шо свекрвата и мажот така наредиле. А за останатото, сама ќе си види.
Девојче,те разбирам.Си велиш не е тој таков човек.Знам дека ме сака.Се грижи за мене,битна сум му.Види, ти кажувам од моја денешна перспектива од се што поминав.Мајка му му ја пуни главата,тој самото тоа што се менува му влијаат нејзините збориви.Колку тој да вели дека не му е битна,битно му е твоето мислење.Друго неговото пиење ,прашај да не го мачи нешто.Мое мислење е дека му ја пунат главата,тој е меѓу тебе и неа.А кога ќе се напие си ја изразува целата негатива всадена во него.Значи нема свое јас.И јас вака си мислев он е добар, ете ја гледа мајка му што праи јас не сум таква.И попуштав.За да доцна сватам,колку повеќе попуштам и имам разбирање ,толку помалку ме цени. Мило ми е што имаш подршка од твоите.
Во првиот пост кажуваш како се запиваат секој втор трет ден,во меѓувреме по тренинг,па кога сте се преселиле те праќал трудна по пиење место сам да си оди.Несвесно го браниш а со тоа се тешиш себе си дека не е хроничен алкос.Сега во овој пост кажуваш како ретко пие и дека е ок.
Еве, јас сум мажена, 15 години, може јас да кажам? Ок, нормален е, има лошо пијанство. Сме пиеле и ние, млади сме биле, јасно ни е. Ама пијан или не пијан, ништо не му го пере муабетот во афект. Од моментот кога забременив, мажот ми се нема ни пиво напиено, да не недајбоже се деси нешто, да треба да ме вози. Од моментот кога забременив, ни правосмукалка немав фатено, а не да чистам со хемикалии и да ме праќа по пиво или штоидае. Овој твојов, за жал, ќе чека да те зароби уште повеќе со тоа дете. Не оти има психијатриска дијагноза, туку ваљда оти има научено дека тоа неговото е нормално и прифатливо однесување. Јас на твое место ќе бев заминати уште на првиот муабет ,,во афект,, не после вториот да давам поправни шанси.
Он е алкохоличар.. и очигледно цел живот си пиел.. е кога си во врска многу работи не се гледаат.. ама нека си се теши она дека не е. И сама кажа дека кога оделе дечко и девојка заедно многу пиеле, он многу пиел. Искачале. Е сега се во брак, искача он со другарите и ете го. Ама она пак ќе го брани а ние ќе си кажуваме и така во круг. Само да се надеваме дека следниот пат кога ќе го фатат лудите како што вели, нема бебето да го фрли низ прозор ( зашто и онака ќе си направат друго нели)...
Да бил прекрасен цело време,разбирам да го оправдуваш.Мојот се смени нагло по 2 години.Па верувај да не се опраеше ,не би поминал така.Ама ко што велат сите,првиот пост е стравичен.Тој е таков цело време.Ајде да бил ок ,па се сменил...Он како да си се покажува кога е пивнат.Плус викаш не е само мајка му,него било кој да му каже нешто ти ќе бидеш крива.Им верува повеќе на други не на тебе.Види сум имала стравични расправии со маж ми.Ама да ме понижува пред други,да ме вреѓа за пари...Ми пукна филмот и му реков доста се вади дека неговите му се мешаат ,дека он го дозволува тоа.Колку сака некој нека е терсен, ако он е стабилен нема ништо да биде.Бракот сме он и ја. Те сфаќам да бил ,се ок и нагло се мења.Он само си повторува исти епизиоди цело време.Колку ќе попушташ бетер ќе станува. Седни размислиси,реално од сам старт.И не оправдувај.
До сега сум приметила дека алкохоличари се луѓе кои се затворени, страмежливи, ти се чини на мравка не газат. И кога ќе се напијат излегува ѕверот од нив. Зависи со што биле опседнати периодот, кои муабети доминирале, тие кога ќе се напијат го вадат сето тоа што го потиснувале. Според мене не е нормално маж ми да си излегува со друштво 3 пати во неделата и да си пие. Ајде сега уште бебето не се родило, ама кога ќе има бебе оваа навика може да стане почеста. Прочитај во групите со мали бебиња со што се соочуваме секој ден. И уште ако и сопругот е ваква нестабилна личност... Размисли убаво дали заслужува шанса. Не можеш да предвидиш каков ќе е кога пак ќе се напие. Кој со што му ја полнел главата. Мисли на себе и на бебето кое утре ќе порасне и каков пример ќе има.
Проблемот во целата ситуација е не прифаќањето на жртвата дека и се случува и ке и се случува повторно сето тоа (во најголем дел од случаите).Тогаш си мисли дека е период и со убавите гестови негови сака да си го оправда пред самата себе си.Го сака и како и секоја жена мечтае за добар брачен живот и тешко и е да прифати, па и нека му даде уште некој мал период шанса ако продолжува нека не чека.Моја другарка се зезна во слична ситуација, го сакаше простуваше и изгуби цели 3 години во нервози, сега си е среќна со новиот партнер.
Ни пијан ни трезен не смеј да има такво однесување. Пијанството не смее да е изговор за да и кажуваш на сопругата ме боли к** ако го изгубиш ќе направиме ново. Тоа е понижување. Ако си со некој твоја должност е таа личност да ја почитиваш во секој момент, затоа што на крај на денот ти си ја избрал, а не мајка ти, стрина ти, вујко ти. За мене недозволиво е возрасна личност да има такви испади, јас не би простила. Едноставно понекогаш треба да се има почит кон себеси.
Го правдаш, несвесно.Те разбирам дека не е лесно да не го правдаш, маж ти е, сте поминале многу заедно, чекате бебе, хормоните уште повеќе те заслепуваат и не можеш да ја видиш реалноста. Ама грешиш, многу. Нема да се смени и нема да престане да пие, верувај доаѓам од фамилија каде дедовците беа алкохоличари и никому не беше лесно и сега уште едниот е тресене кога ќе се напие. Ќе биде полошо, чудо треба да се деси за да он се смени а тоа чудо не сте ни ти ни бебето за жал. Спаси се додека можеш, верувај на се што ти кажуваме така ќе е. Алкохолот е лоша работа посебно кога така му влијае на човек. Ако останеш само лош пример ќе бидеш за ќерка ти, ама ти си знаеш. Се надевам нема да те читаме за некое време пак дека те скршил од ќотек, во афект оти бебето плачело, а он е мамурен.
Никогаш нема да го разберам тоа летвосување со алкохол на возрасни мажи. Трудна жена пред пораѓај или мали дечиња дома, праење летва и баш го заболе дали ќе треба да вози до болница за не дај боже. Па ќе нормализираме ‘абе искочил со другарите пивнал малце’, ‘на слава се заседнаа’, ‘финале лига гледале со другарите’. @LangeAlfa Една работа да сфатиш, тој е родител исто колку и ти. Треба да биде свесен за себе и околината 24/7, тоа бебе нема само да се чува. Џабе е посветен сопруг 20 дена кога 21от ден ќе направи срање да се каеш цел живот. Ај ти речи ‘гајле ми е ако го изгубам, ново ќе си родам’? Не иде нели? Ќе ти посакам само среќа зашто гледам дека ќе останеш, се надевам нема да се испијанчи никогаш повеќе и тоа бебенце ќе има мирен живот. Многу се нервирам кога читам за вакви проблеми и постои бебе на средина. Утепајте се ако сте решиле ама не го уништувајте животот на децата, тие не се криви за вашите одлуки и навики!