Со шејминг нема да ја одвратите од намерата да остане со него. Нема. Ако беше така немаше да има уште сто со иста приказна како нејзе, туку ќе беше една од ретките. На крајот на краиштата, не може никој на форум да се натера за нешто, секако скоро сите тука пишуваат чисто за поддршка. Мене ми е жално да ја читам вака, ама што и да напишеме изборот е само нејзин. Давајте им пример на децата за безусловна љубов, не ги тепајте и не ги учете дека мажите имаат привилегија полесно да им се простува, за да утре не бидат во позиција да мислат дека токсичност е сакање. П.с. ако ме чита членката. Тоа што одел на контроли со тебе и се интересира за бебето е замисли - нормално и очекувано. Тебе ти вика некој дека си прекрасна сопруга затоа што се грижиш за твоето неродено бебе? Каква ментална гимнастика и да правиш, тие работи се минимумот и не го бришат насилството.
Мислам дека целта не е шејмање, туку да се долови дека не е во право што го правда, ама иначе се сложувам со твојот коментар. Ретко нешто што пишуваме тука некоја ќе го прифати или ќе биде нешто револуционерно пишано што ќе ја премисли. Проблемот е што маж и откако ќе се отрезни само плаче и се лигави и останува на тоа. Само извинување од него не е доволно, особено па со проблем како алкохолизам. Прво треба да си признае дека има таков проблем и јасно да разбере што рекол и направил. Просто кажано, ако искрено се каел сам ќе бара начини да го реши проблемот.
Кога ќе почнат со ,,ама да зборам” ,,ама ме сака” ,,ама ова не се дешава често” Сфаќам кој brainwash се дешава..
Е, ова Може затоа јас се што барав во животот е да живеам со стабилен човек, со кој ќе нема расправии. Пошто пораснав со расправии. Не дека сум нешто истрауматизирана, ама не сакам да живеам така и и те како влијаат на развој на личност на мало дете. Жртвата на другарка ти за ништо не била, губење време во лажни надежи.
Пиел, викал, а седи со него. Вака кога пишуваат да се надеваш дека се тролови оти си мислиш дали е можно да се волку глупави.
Имав еден таков јас. Две години ми переше мозок . Верувај такви мажи има ,нема да бидеш свесна што се дешава. Ќе спиеш до него ,а не знаеш до кој спиеш. Ама буквално. Среќа па ме сакал господ ,а си се сакав и сама себе па на време се тргнав.
Е ова. Овој ебан збор. Као и луѓенца. Одма жртва, неспособна да одговара за својот живот, се и се дешава, она не може да смени ништо. Кутра, јадна, жртва по дифолт, па дури не ни жена. У днката врежано да е потчинето, неспособно, изгубено у времето и просторот. Само едно јадно, кутро, женче. Само оти со дунда се родило,со што се поништува у старт тоа дека се родило и првично е ЧОВЕК со мозок, памет, разум и раце. И после им се чудиме на ваквите, коа систематски у корен ги убиваме и ги дресираме дека така им е пишано. Особено ние жените. Пу јазк.
Некако лошо се изразив можеби, сакав да кажам дека алкохолизмот ги уништува сите човечки сетила и чувства дури и таму каде што постоела голема љубов. Може од претходно добар човек да направи монструм
Сестре, извини ако се навреди. Зборот нагалено го пишав. Тоа шо е жртва не го менува фактот дека она има поразлично мислење од нашево околу ситуацијата и да, за воља на вистината таа или не сака или не може да го напушти. За да не се јадосува у иднина боље спречити него лечити. Престанете да се вреѓате многу лесно.
Прочитав се што си напишала. Можеби се повторувам, но иден татко не смее да си дозволи да се алкохолизира. Во ред е да се напие некоја чашка, но да се пијанчи? На што личи, толкаво магаре, сопруг, иден татко. Мене ми изгледа дека се работи за крајно незрела личност. Личност што му фалат деновите кога се излегува, кога живееш слободно и безгрижно. Лек за тоа нема. Бебе е на патот, дали е свесен која тежина има околу едно бебе. Не е само да земеш собата да ја искречиш. Не е само играчка да купиш. Материјалното средување на имотот не те прави добар татко. Дали е свесен што значи поимот татко? И дали си ти свесна што значи поимот мајка? Тој најмалку ми е за оправдување, но и твоите постапки не ги разбирам. Што очекуваш дека ќе се смени? Иден татко не смее да си дозволи ни во афект да кажува такви мрачни зборови. ,,Ќе направиме друго дете". Свесна ли си колкава е тежината на оваа реченица. Утре ќе дојде пијан, ќе го испотепа детето крвнички со образложение дека ќе направи друго. Ова е веќе психопатско однесување. Свекрвата тебе ти е најмало зло во приказната. Имаш ти многу поголем проблем што се решава со рехабилитација, посета на стручно лице или развод. Друга опција е само шминкање на одвратното негово однесување. Кога ќе ја извадиш шминката пак ќе го видиш старото лице. Превземи нешто побрзо, со бебе, ако ми веруваш се е потешко. Најмалку ќе ти биде потребно некој да се алкохолизира и во сета таа твоја постпартум состојба да те малтретира. Не знам дали дојде совет да побараш или да се олесниш, но живееш во ненормални услови. И нема оправдување за неговото однесување. И маж ми знае да се напие по некоја чашка, некогаш, но и знае кога е доста. Никогаш не ме удрил, навредил и да кажел нешто што не е ни приближно болно како твоето, веднаш ќе се извини. И најбитно, никогаш чашката алкохол не ја приоритизирал наспроти мене. Од друга страна, кај тебе изгледа дека приоритетот и акцентот го става на свекрвата и алкохолот. Вредиш ли повеќе од тоа? Ако афирмираш, барај друга солуција наспроти оправдување. Дури и не знам зошто го правдаш. Не треба ти на светот да му покажеш дека тој е добар сопруг и татко, затоа што мене ми е гајле, треба на себе да си докажеш. Ти живееш со него. Ти ќе живееш со него.
Не се навредив ама ич, само си кажав што мислам за зборови во деминутив, особено коа се обраќа некој према јадните женички. И чисто сумњам дека нагалено е пишан, исто као што не нагалено пишан зборот сестре, коа ми се обрати мене.
Дали некоја од вас имала таков проблем сопругот да не и сака да шета надвор од државата, макар на еден викенд? Јас еве го имам тој проблем што додека бевме во врска не беше толку изразен ама сега во брак е многу. Се сметам за личност што сака да патува, а еве немам можност бидејќи тој не сака. Сега сум во рана бременост и се чувствувам способна да патувам немам мачнини. Ама тој не сака со изговор дека што ќе сме правеле за 2 дена(повеќе не можиме поради работата) само патот што ќе не изморел, и кога ќе почне да ми ги кажува тие банални причини и мене ми се одмилува. Па на крај од кавгата ќе рече ајде понатаму ќе биди и јас знам дека нема да биди. Динамична му е работата и мора да е посветен, мене тоа ми е јасно ама човеков не си дава издишка да речи чекај сега со фамилијава ќе одам за викенд. Се си наоѓа некој изговор за да не се оди, де времето не чинело, де мака му било. Премногу патував пред да го запознаам и ова сега ми иде како шок, посебно последниве неколку месеци ми иде да земам карта во еден правец и да не се вратам веќе. Ги гледам сите по слики никој дома не е прибран само јас ко коњ работам(и во недела се случува дежурства да имам) и пак не одам никаде, од такт ме вади. Како сте постапиле во цаква ситуација, сте нашле некој компромис, нешто сте зборнале да се разберите?
Еве пример, јас секој слободен момент сакам да одам некаде, маж ми не е по патувањата многу, ама прави компромис Спремањето до најмал детал е на мој грб секогаш. Планирањето каде ќе одиме таму исто на мој терет. Негово е да се појави. Јас откако се планирам сама, не се буни дека треба да се оди некаде.Пробај со тоа.
Јас сум во обратна ситуација и го разбирам мт. Мене не ми се оди, а мм сака. Како што ти пишаа погоре, ако превземе он иницијатива, тогаш можам да се нафатам. Самата организација ми е исцрпувачка. Особено за тое кратки викенд гетавеј, страшно напорно ги доживувам. Така да, најди смештај, место кое не е далеку, размисли за превоз и најверојатно ќе се нафати.
Мислењата околу граматиката ви се избришани, продолжете да делете брачни совети, а граматички грешки оправајте во соодветна тема
А да му предложиш да посети психолог. Или уште поубаво, заедно да отидете. Мене овој проблем ми личи како проблематично минато, биполарно растројство или растење во дисфункционално семејство. Според ова што го кажуваш јас верувам дека тој те сака. Навистина. Но проблемот што го има тој со самиот себе влијае на тебе и утре, на вашето дете. Пробај да разговараш со него кога е смирен и да најдете компромис. Најлесно е да се каже остави го. Сепак ти ни доловуваш кратки моменти од вашиот живот, а штом до сега не си го оставила значи е имало и дупло повеќе убави моменти. Сите сме луѓе и не секој го поднесува исто товарот на секојдневието, монотонијата, па и плус со бебе на пат. Јас верувам дека никој не е лош човек, туку дека секој може да се загуби себе си некаде низ патот на животот. Среќно и чекаме update.
Па ете не сака типот , ајде на сила ако не да го носи и цел одмор пекол да стане. Јас би си ги прибрала децата и без маж би оделе, каде сакаме ќе шетаме, кога сакаме, а и повеќе за нас ќе има да си купиме.
Секој е различен карактер, некој сака да оди со другарки без маж, некој сака само со деца, ете членката сака со маж и, ако не сака нема со сила да го тера, ама за се има решение. Членката пишала дека била во рана бременост, па можеби затоа сака со маж и да оди. Некој не сака да оди сам со деца. Имам другарка што маж и и рече да оди прво со децата на одмор, па заедно да одат, ете не сака. Како што маж и не сака да оди, има и обратно, жени не сакаат да одат, ама прават исклучок.