Ова и јас го сфатив, малку покасно... со бебе во стомак и туѓо презиме. И уште си викам колку ме сака никој друг нема да ме сака после него и ете ме недела после свадба плачам зошто не прекинав на време. Ама, психичкото здравје и мир е побитно од се друго, ќе соберам сила. Сега ги разбирам сите кои останале или се борат самите со себе да заминат...
Богами да ти кажам партнер ме има удрено со тупаница по рамото и доби модрици, не зошто сум физички посилна туку полудувам во таква ситуација и можам да демолирам се пред себе и по цена на животов
Па да, јас се фрустрирам од тоа што некој физички многу посилен се пресметува со послаб.Ако сум жена не значи дека треба да се повлечам и да плачам.Абе него ке го направам жртва не сама себе си
Не сум се нашла во таква ситуација, ама ако некогаш се најдам и ме држи памет во тие моменти, би го испровоцирала убаво да ме удри, би извала лекарско и би го тужела.
Со него сакам да одам.Сакам како фамилија повеќе да шетаме и да правиме спомени. И општо е таков човекот не сака нови работи да истражува, се држи кон традиционалното, тие што иделе негде далеку збеснати биле. Сето што било така заминато и слики што објаввуале оделе со брзи кредити, да не сум завидувала. А јас мислам дека категоризира непотребно и пробува да ми мачка очи.Демек остај ги нив не знаат што прават со себе.А зошто збеснати не знам , зар јас ако сакам да одам на далечна дестинација еве да речиме Мексико збесната ли сум? Сега кога слушам како го планира годишниот одмор коса ми се крева, како којзнае што да направил ако на еден годишен ме однесе, не ми се ни оди веќе на моменти се чувствувам како мајка ми. Таа така не одела нигде освен на годишен оти штеделе пари за да не школиваат и да имаме се што ни следува.И фала им за таа жртва. Кога таман помислив добро е сега свој човек сум ќе можам да си дозволам да шетам еве се најде некој да ме кочи. Има и страв од авиони не биле сигурни тие Авион на денешницава ако не е сигурен не знам што е. И еве се согласив до Охрид да појдиме викендов дека поблиску, не дека ми се оди ама да сменам малце од дома оти готово полудев.
^ако има страв од летање тука не можеш нешто многу да направиш. Можеби целата приказна дека патување на далечни дестинации е збеснување му е да си го прикрие стравот од летање. И јас имам страв ама не до толку да ме спречи да седнам во авион ако веќе некаде сме решиле да одиме. Но знам луѓе од аеродром што се имаат вратено. Кај нас е обратно ама не до толку изразено, сакам да шетам но не нонстоп, возењето и спремањето ми се донекаде мачни и после секоја турбо недела имам потреба дома да здивнам. Мојот ако се прашува не би останале еден викенд во Скопје. Правиме компромиси, шетаме па пауза и така во круг Ако не можеш да го натераш да одите подалеку со авион правете планови за поблиски дестинации со кола, фобија од летање не е нешто така лесно што се надминува
Не знам дали е правилно ова некаде да го кажам ама веќе не можам да го држам во себе. Прилично млада стапив бо брак, немсм некои големи проблеми, се сакаме, блиски сме. Никогаш не би го свесно повредила, ама има нешто што кријам од него. Месец дена пред да се венчаме два пати се видов со мојата прва љубов. Не го изневерив, само зборувавме за животот. Уште тогаш а и сега имам чуства спрема таа личност, ама не би го оставила мм. Има периоди кога тоа ме јаде, што никогаш не му кажав и знам дека ако кажам ке имаме голем проблем. Можеби е за осуда, ама исто се наоѓам во ситуација каде што во исто време патам за бившиот а го сакам и мм. Не знам веќе како живеам, не знам дали воопшто треба да сум во брак. Нема назад, бившиот не знаеше дека ќе се мажам кога дозна ме избриша од секаде и од тогаш немам контакт. Од една страна патам за тоа, од друга страна патам што ми е вака и не сакам мм да дознае и да се разведеме. Тогаш кога се видов со бившиот сакав дури да бидам до него и да ја откажам свадбата ама посилно од мене беше да бидам со мм. Му дадов лажна надеж на бившиот и подоцна разбрал дека сум се омажила. Човекот мислеше дека ќе му се вратам, а и јас сакав многу. Долгата врска до мм и жалот ми направи проблем. Мислам дека сакам двајца во исто време и не знам како да продолжам веќе.
Прочитав одвај до пола и се запрашав во кој век живееш? Сега сум кај овој дел : Ме вреѓаше многу пати дека сум бескорисна, саможивњак сум била, никогаш во животот јас нема да бидам успешна, нема да успеам да бидам добар и славен доктор Жити партнеров кој успеа вака да те вреѓа плус дур си бремена и да потпадне под влијание на неговите. Старно ми е жал Помош побарај во црквата, разговарај со свештеник и со психолог
Немам зборови, девојка од мое маало поради ваков фак ман, се изнервира го абортираше детето во 6ти месец и се разведе. Си го разгалила многу ти, стави го под нозе малку.... Повеќе ке те цени. Дошол пијан, јас врати ќе затворам да не му пречам да поспие аха сигурно, па уште ти виновна тој лут бил. Кај ги наоѓате вакви ццц Оди си на гости на месец дена кај твојте, нека се проврти малку сам ко утка по дома.... И без многу тинтрање, верувај и на оваа "стара" лисица.
Јас Јас те читам извини вака ама никако неможам да те сватам.Не те осудувам немам право на тоа само можам да ти кажам дека ти ептен си ја утнала работава.Значи ич не ги сакам луѓето што си играат со чувствата и животите на другите луѓе.Ти жено уништуваш три животи.И извини не си за разбирање.Или сакаш или несакаш просто е.Неможеш двајца да сакаш затоа прибери се и отиди си на психолог зошто очигледно е дека незнаеш што сакаш.Седни си и размисли што правиш прво со животот на твојот сопруг а после и со твојот.Не го уништувај човекот биди искрена прво према себе а после со него.Мислам незнам што да ти кажам ама жалосно за маж ти.Спиеш,јадеш,се ебаваш,заспиваш се будиш со него а мислиш на друг.....Извини ама навистина неможам да сватам извини несакам да те навредам не ми е тоа целта ама навистина тој човек нема појма од ништо и можам да замислам што ќе биде кога ќе дознае.А се се дознава ништо не останува во животот сокриено тоа ти гарантирам.Така да ако се одлучиш за маж ти мој совет ти е да му кажеш што си направила и дека си се видела со бившиот и искрено нема лутиш ако те откачи ти си си крива.Е сега ако он те откачи незнам ни дали тој другиот ќе те прими назад така да биди искрена и одлучи друго чаре немаш.Само не го лажи човекот мразам дволични особи сепак е брак и никој не заслужува така да биде изманипулиран верувај.Стави се ти на негово место и ќе сватиш што сакам да кажам.Сите ги имаме за нешто излазано своите мажи ама тоа се ситници а ова твоево е итекако голема работа воопшто не е ситница
И што ќе постигне ако му каже дека има чувства кон бившиот? Не сака да го остави маж и', не го изневерила, не се гледа со бившиот. @Kristy48 тебе само ти е досадно во бракот. Бившиот да бил арен немало бивш да биде, да, сите во моменти на осаменост и монотонија глорифицираме бивши луѓе и бивши врски. Ама додека мислиш на тоа што било убаво, сети се и што не било убаво и зошто сте ставиле крај. Тебе не ти фали бившиот и не го сакаш бившиот, туку некоја замислена верзија на него и "што би било кога би било". Ако си сигурна дека сакаш во овој брак да останеш, почни да размислуваш што тука ти фали и како и дали може да се поправи.
Јас не згрешив во ништо што и кажав зошто она не го изневерила физички ама психички секој ден го прави тоа.Она самата си кажа тоа не е излезено од мене самата кажа дека неможе да се одлучи.Тоа не е ли изневерување па тоа е полошо отколку да легне со бившиот.Според мене
На сите им здосадува у брак, не е трагично. Да има било каков контакт со бившиот, ајде. Ама неа и' е досадно и си фантазира пошо и' е досадно. Не го сака бившиот. Тоа не значи дека бракот и' е арен, значи дека треба да поработи на него. Ако му каже на маж и' "ми фали бившиот" (што не мислам дека е вистина, ако она така мисли) шансите да го оправи овој брак се никакви. И ете ќе се разведе, може ќе биде со бившиот може нема, да речеме е. Ќе сфати дека фантазирала само. Поарно да види што навистина и' е проблем и да проба да го реши, него да прави драми од досада.
Не, не можеш да сакаш двајца во исто време. Збунета си и живееш во магла. Извини што ова ќе ти го кажам ама мора тајната да ја изнесеш на виделина бидејќи те јаде и те претвара во нешто што не си. Со секоја тајна така, со секој грев така e мора да искочи на виделина и само така ке расчистиш со себеси. Прво реши се, биди одлучна дека сакаш да искочиш од темнинава, ти значи немаш мирен сон и немаш расчистено со себе и не си влегла во брак со искрено срце Откако ке се решиш дека веќе не можеш вака да живееш имаш неколку опции Да почнеш да бидеш искрена самата со себе, значи знаеш дека не е ок ова што направи, треба да се покаеш и искрено да побараш прочка од Господ После да идеш во црква и да бараш да се исповедаш и има да му раскажеш на свештеникот каков живот живееш. Верувај кога ке ги изнешеш работиве магливи вака пред Господ и свештеник, ќе ти се олесни и нема веќе да те држи под окови сето ова Трето ќе и раскажеш на некоја најблиска личност за сето ова (другарка, мајка) но пред тоа да го направиш ќе му кажеш и на маж ти се, што си направила како се чуствуваш итн итн Бидејки ова е твојата реалност, не човекот кој те блокирал и го нема никаде, ти делиш живот со твојот сопруг и со твоите најблиски Откако ќе ги воспримиш искрените нивни реакции и бидејќи бракот е единоство од двајца луѓе двајцата заедно ќе одлучите што понатака. Дали ти не можеш да продолжиш дали ти сакаш, он не сака, дали да се иде на психолог итн. Биди спремна за развод биди спремна за темнина, биди спремна за се ама ако се поакеш искрено и се решиш да бидеш чиста со себе и Господ работите секогаш наоѓаат некаков начин да се средат Истовремено ќе посетуваш психолог и ќе работиш на себе како личност. Која си, што сакаш од твојот живот, како да се изградиш повторно себеси итн. Ова беше само еден искрен совет од мене Ти посакувам се најдобро
Да бе ај и на разглас на цела Мк изнеси го оваа Не се слагам Не треба да кажуваш на маж ти ништо Сама со себе раскрсти си и сврти се накај маж ти Види шо ти фале со него и работи на тоа да го средиш бракот Кога ке имаш убав брак нема да мислиш на бившиот А ој бившиот ако бил ногу арен немало да се скарате и да биде бивш Терај си и свиркај си и сврти се накај мажти
Штом имаш чувства за вториот, тогаш и не си го сакала првиот . Ако ти е добро во бракот, не си уништувај тоа шо имаш за некоја си фантазија која посакуваш да се оствари а може и никад да не се оствари. Тоа е само во твојата глава, реалноста е друга. Време е да почнеш да гледаш кон иднината, остај ги сите во минатото. И на маж не се кажува се !!! немој да му кажуваш да си правиш проблеми!!
Колку е во брак за да и здосади, по пишаното ќе да е неколку месеца, ако за неколку месеца и здосадило пиши пропало.