Моментано и е оти е по дома,сама цел ден изгледа па и забегува паметот И треба работа да биде фулл од обврски и да,си поработе на бракот Неврзано за темава Ова е тоа шо викам јас Се земаат се им е дадено се имаат и после беснеат Да седат у една соба ,да нема вц ,да се труде да створе свое да оде по 2 работи ке нема време на вакви мислачки да мисле
Абе досадно и' е секако Не мора да значи дека нешто кај маж и' конкретно и' фали, можеби. Осамена е, а зошто е, не можеме да знаеме ние.
Искрено ни сама не знам што ми е, ама не е нормално секако. Некогаш ми е тешко и криво што се омажив иско го сакам мм, после тоа ме јаде мислата дека кријам од него за тие две средби. Мислам дека потсвесно се надевам дека ќе бидам до бившиот затоа што цело време ми е во глава зошто не успеавме јас и тој. Може треба и на психолог да одам.
Треба. Грижата на совест е една работа и ако толку те мачи зборувај со маж ти. Само биди свесна дека нема да ти верува дека било само гледање. Ни ти нему не би му верувала, реално. Ама искрено, мислам дека треба да си најдеш повеќе обврски и работи што те исполнуваат. Кога на мозокот не му наоѓаме занимација, сам си наоѓа, а најчесто си наоѓа глупости. Не си ја јади толку душата, ако немало ништо меѓу тебе и бившиот, само ќе си направиш проблем искрено. Ама ти си ја знаеш најдобро ситуацијата. Ги прочитав постарите постови. Мислам дека нема врска бившиот, колку што си имаш проблем со маж ти. Не си задоволна од бракот и затоа мечтаеш за што би било кога би било со бившиот. Браков сама нема да го средиш, за тоа требаат двајца. А од ова малку што си напишала, се гледа дека има раздор меѓу вас. Само имај на ум дека бившиот не е цвеќе, само ти недостига пошто не е он тој што те нервира моментално. Пробај да согледаш кои се и неговите маани, реално. Ако го сакаш маж ти, пробајте да најдете решение, АМА ВИЕ ДВАЈЦА. Не мајки, сестри, комшии. Секој + што го ставате во пресметкава, + проблем ви е. Не се напаѓајте, пробајте да разговарате и што ви фали, што сакате. Е сега далечината си го прави своето, нормално, ама размисли дали проблемите ви се поради далечината или и претходно сте ги имале.
Бракот секогаш од време на време наидува на некој проблем, во тие периоди може да се случи забуна околу бивши како кај тебе. Таа љубов ке остане платонска бидејки не се остварила со брак (кога би била во брак со него сигурно би мислела дека со сегашниот сопруг би било подобро).Вистинската љубов е рака под рака со партнерот низ животот, посвети си се целосно на сопругот го сакаш и уживај во бракот.Бившиот избриши го ако вредело бивш немало да остане
Не го сакаш бившиот туку те јаде што било кад би било. Секоја од нас има некој за кој си мисли Ех да беше вака, да беше онака.. си имала љубов кон таа личност. Не можеш да ја избришеш. Зачувај си ја како убав спомен. Очигледно мажот ти си го одбрала со причина. Си сакала он да ти е маж..
И јас во одреден период ,кога имав многу проблеми во домот и бракот размислував за паа платонска скроз љубов не се ни деси нешто измеѓу нас повеќе од бакнеж и точно тоа мислам дека и ме натера баш на него да помислам со тоа што би било кога би било. Само седнав и се натерав да размислам зошто ништо од тоа не бидна. И оп одма друго
Јас пак обратно. Кога имав проблеми ниту жалев ниту се каев. Сакав само да средиме, премногу го сакам сопругот. Пребродивме тоа. Ама сега гледајќи некои работи, чувствувам дека премногу се трудев. Не помислувам на бивш, немам симпатија кон друг и сл. но си помислувам како би ми било да имав некој кој ќе стоеше зад мене, ќе ме гледаше со повеќе љубов, ќе ме сфаќаше. Затоа што на почетокот и маж ми беше таков. После сите проблеми нешто згасна. И сега си мислам како би ми било со некој измислен човек, некој налик поетиве што ги читам.
Се дури е измислен човек, супер ќе ти биде. Тие измислените се најдобри, нит ќе се расправа, нит ќе те нервира. Само поетите не се најдобар избор (прочитај нечија поетска биографија, тоа се бре проблеми невидени )...значи измисли некоја друга професија. Во меѓувреме- поработи/поработете на бракот. Не знам какви проблеми имате, може се некои реални, може се измислени, тоа само ти си знаеш.
Хаха, и јас порано си правев измислени приказни во главата со еден бивш . Ама после си викав, Адидас ај не се губи, тој е од село, и да бидеше нешто ти никад не би се мажела во село.
Измислувам лик да. Како од романите што ги читав, како поетите што читам какви песни посветуваат на саканата. Тука таму од секој што го среќавам по некоја убава особина додавам. Еве пример вчера колега од работа, не ми е привлечен ниту пак мој тип. Ама човеков многу внимателен, многу убаво прави да се чувствуваат сите околу него. Или пред некој ден баш пишав во друга тема, влезе клиент кој пленеше со однесување, шарм и филмски беше ептен, а не е ни приближно убав како сопругот ниту пак ми е привлечен. Ете само го осетив "тоа нешто" појма немам што, како да објаснам. Добар филм прави со самото свое појавување, начин на изразување, не знам и јас што. Не би била со ниеден друг, но од се срце би сакала сопругот покрај се што е, плус да биде внимателен како колегата, и филмски како клиентов. На моменти мислам дека јас сум hopeless romantic..
Аман жени не е превара ако некогаш си мислите на бившите. Па тие биле дел од вашиот живот, не можете да ги избришете туку така.
Кризи има во животот а не па во бракот.Тоа е сосема нормално.Измислен човек и фантазии има во сечиј мозок па зошто да не и во мојот.Сите сакаме нешто подобро од ова што го имаме.Еден период од животот каде што имаме некоја криза во бракот одма не тера да размислуваме што и како би било додека не сум тука каде што сум.Се е тоа нормално. Јас уште на почетокот и пишам на Kristy и не го менувам своето мислење дека треба да си расчисти со себе и со сопругот.Ти кажав дека треба да бидеш искрена со него и да му кажеш дека си се видела немој да го лажеш.Вистината е секогаш подобра од лагата тоа е така барем во бракот. Тебе те гризе совеста па затоа мислиш на бившиот а не дека ти недостига он или слично.Мораш да се откачиш од таа грижа на совест јас бар така мислам и така би направила.
А зашто да му каже? Си се видела, седнале на кафе и готово. Не спиела со него. Нема потреба да се комплицира за нешто што поминало.
Штознам, тоа ваљда само на филм може. Сите филмови траат до хепиендот, што потоа никој не знае. Во реален живот сите сме секакви, ниту секогаш нашминкани, ниту секогаш насмеани, ниту без проблеми. Живот, шта чеш, не е филм.
На маж не се кажува се!!! Немој да ја советуваш така, не знаеме каков е маж и , може уште повеќе проблеми да си направи. Она секако ќе сфати дека тоа и е само во главата, но нема потреба да му каже на него дека се виделе. А и девојчето пишуваше дека и други проблеми има со маж и, не само ова. Нека си даде време, ќе сфати шо треба и како треба, самата.
Ок јас кажувам само свое мислење ти твое па она нека си одлучи.Она го има проблемот во главата поради таа средба.Затоа и реков да му каже пожелно ќе помогне тоа е се.За да се спаси од грижата на совест која ја има
Апсолутно се согласувам. некои работи подобро да си останат каде што се. Од едно наивно гледање на кафе, мажов филм ќе направи и кој знае како ќе се однесува понатака. Членкава нека си седне сама со себе да си расчисти дали го сака мажот и. Дали тој ( петко) го сака, дали го гледа како татко на нејзините деца, дали може да се замисли да остари со него, да помине и добро и лошо. Не само да има маж како фигура туку дали токму тој е тој!