Разбирам, има потешки бебиња. И јас се одмолзував, имав мака со доење, неспиење, грчеви и триста чуда. Јасно ми е. Ама не мијам секој ден коса, не лакирам секој ден нокти, не се депилирам секој ден исто така. Шминка не ни користев по дома. Ми беше важно само да бидам освежена, не дотерана за излегување. Некогаш главата ми паѓала за спиење, ама знам дека ако измијам коса, ќе се чувствувам подобро, па и по цена нека се разбуди бебе. За тоа дали и колку ја почитува мажот, не можам да кажам. Тие работи се гледаат и пред брак. Единствено може да се влошат со доаѓањето на новиот член. А и ние жените сами сме виновни некогаш, во смисол, си поставуваме високи цели, дека секогаш мора да е средено дома, да има топол ручек, ние средени, деца намирени и уште насмеани. Како реклама. Е не може така. Секогаш нешто и некој ќе трпи. Ама тоа треба уште на почеток да се договорат партнерите, поделба на обврски, или без замерки ако нешто не е завршено.
Јас на пример пред да се омажев анализирав, т.е живеевме многу години заедно за да изнализирам дали маж ми е домаќин и поштен човек кој што се труди и ме сака бесусловно, за да ми помогне онаму каде што треба или не го боли таквото па претпочитува излегување и не замарање, гледав дали би можеле да имаме компромис во се нешто и договор со остворени карти на маса. Нема апсолутно нешто на светот што му немам кажано а сум го мислела, значи брутална искреност, па и тој. И затоа не се лутам ни замерувам оти знам дека било што да ми кажал не ми кажал за лошо.. Едноставно си се познаваме. Е сега има мажи кои што менуваат со тек на време исто како и жените, од околина, од периоди, од проблеми итн.. Во тие случаи се знае дека нешто не штима и се или разговара за можен компомис или.. се знае дека секој по својот пат. Али, да видам дека маж ми и да осетам дека не сака своето родено сопствено дете 5 минути кога ќе дојде од работа не го бакне, гушне и не му посветува никакво внимание исвен да или спие или е излезен ќе му го ставам пепелот и тоа како а притоа ќе бидам преповредена. Ама стварно не можам да ги сватам мажите тие кои се однесуваат вака а ги има еден куп? Чекај бре ти имаш дете, твое срце, душа и не сакаш да го земеш или да го причуваш, не за да средам за да се намирисам и тако даље туку за да тој го земе и биде со него од љубов и татковство. Се согласувам дека е нормално секој човек да се одржава, оти одржувањето ти е пола живот и влечење на позитивност, освежување некое, и да, ако се сака се се може, односно се има пола саат у денот да човек се освежи и да изгледа и се чуствува подобро, не за мажот ами за себе па и за другите наоколу. Ама ова е нормала бре луѓе. Значи, да го занимариме фактот дека мажот треба да ја одмени жената, да појдеме од точката кај ваквите мажи зошто воопшто не можат да посветат 5 минути со нивното чедо? Според мене не е нормално ова. Да го имам таков дома, да бега по цели денови од фамилијата без око да му трепне ќе го напуштам без око да му трепне па после нека иде по цел ден по кафаните и кладилниците со другарите ако тие се поважни.
Не му требам несредена?! Тогаш него воздух не му треба. Кога се породив со ќерка ми имав време колку-толку, едно дете беше сепак. Кога дојде и син ми на свет, е баш и не знам колку имав време. Мала разлика се, како близнаци со различни потреби. Прекомплициран пороѓај со царски рез и 30-тина конци со ужасни последици кои ги чувствувам и ден денес. Единствено што го интересираше маж ми беше да сум најадена и хидрирана, да ми намести перница да ми е удобно. Не бев воопшто плачип*чка, ама имав голема мака. Колку пелени сменив јас, толку и он. Не бев способна за готвење две недели, јадевме тоа што он знае да зготви и супи. Децата и моето закрепнување беа приоритет, бидејќи немавме помош воопшто. После извесен период кога се почувствував спремна со сама себе и околината, разговаравме за се' останато. Не припишував се' на хормони, ако згрешев се извинував. Ако сакам да сум средена тип топ, ака така се чувсвувам денес, така и ќе биде. Можам и со скинати гаќи и пижами да се акам по дома и пак да разудам нешто кај него. Зошто? Затоа што е маж, кој знае дека дома има жена а не предмет за користење по желба. Истото важи и за него. Не бил бричен, имал брада. Па паѓаат триста заебанции дека е кејв мен, и не го гледам тоа како проблем. Секако нема да се запусти кожа да не му се гледа. Договор луѓе, договор и разговор. Многу толеранција, многу почит, многу организација па на крај доаѓа љубовта. Џабе те сакам бла бла ако нема почит.
Џабе е љубовта ако нешто друго не штима. А ова што го напиша членката и тоа како е проблем. И мажот треба да учествува околу гледањето на детето. За жал, се уште има мажи кои сметаат дека сите обврски околу куќата, вклучувајќи ги и децата, се на жената. Срамота. На маж ми му беше мерак да ги бања децата (и уште го прави тоа), да им менува пелени, да ги храни, да ги успива, да се гушка со нив, и др. Децата сакаат љубов и внимание и од таткото, а не само од мајката. Има мажи кои се менуваат со тек на време. Грижливи пред да се родат децата, а отпосле тоа се менува. Стануваат ладни. Не значи дека ако се било супер пред раѓањето на децата, така ќе биде и после тоа. Ама ако уште од старт (пред брак) видиш каков е партнерот, поарно стави крај на врската.
Мој совет ти е Ако ти немаш време да се одмиеш доле и за 5-10 мин бричот да си го удриш насекаде тогаш дајму една штипка за на нос.не го оправдувам тоа што скита и што му е поважно друштвото од вас тројца ама и ова твоево е претеризам. Времето што го користиш за фемина подобро е да го искористиш за еден туш .поз
Па не знам дали до толку се менуваат. Колку пати сум била болна, вируси од секаков вид, секогаш бил до мене. Варел супи, чаеви, видел некои работи со кои не се гордеам и збор не кажал. Значи бил грижлив и претходно. Тоа ми било показател дека може заедно да функционираме во иднина. Само глупаво е сега да ѝ кажуваме на членката дека мажот не ѝ чинел и пред детето и да го остави. Сега треба и таа да проба да го извлече максимумот од него, но и од себеси. Да проба да му удоволи, за да може да побара и тој неа да ѝ удоволи. Тешки се овие периоди со мали деца, ама поминуваат. Сѐ поминува, само треба да се издржи со ладна глава.
Ццц да ти се одмили да читаш. Ја осудувате жената што немала време, а мажот може да скита и да бега од обврските. И тоа од жени осуди, немам коментар.
Секоја чест за напишаново,еве јас веќе сум во сериозни години,кога читам вакви работи ме фаќа срам од машката популација.Искрено кажувам нит се правам нешто што не сум,ни сакам да се правам,едвај чекам да имам дете мое,со душа чекам да дојде тој ден.Имам внука 3 години,скоро секој ден ја шетам по 2-3 часа,некогаш и по цели денови сум со нејзе,затоа што ми ја топли душата,ми дава сила и снага за подобар живот,поготово кога ке се насмее светот ми е розев,и да секогаш кога сум со нејзе забораван на све,освен што нејзе ја гледам не ја гледам ништо друго пред мене,едноставно ми е мерак и убаво на телово да шетам со нејзе,и гледам како расне,да ја воспитувам и све друго.Али џабе ваквите мажи никогаш нема да ги разберам.
Жената мора да си најде време за себе Значи, за ,,улепшавање,, не се потребни повеќе од 15 минути дневно.Брич, туш,штипка за коса,дезодоранс под мишка и римел сигурна сум дека не коштаат повеќе од 15-20 минути. Од млада -тазе мајка не се ни очекува да се лакира и турпија по цели денови. Сите бевме тазе мајки на бебиња, некои и сами децата (без ничија помош) ги одгледуваа и притоа цело домаќинство водат, некои и со близнаци... Значи Е до човек како ќе се организира Рековме и да не се повторуваме - пост-породилната депре сите ја пројдовме и свесни сме како се ни било тешко во тие моменти. Мажот не да не е за оправдување, туку е за секоја осуда, ама многу против сум веднаш -,,остави го не е за тебе,,....,,дотерај се и излези си,,....,, тупни му го детето,, Не !! Ако тој (мажот) ја прави грешката не се обидувајте да му возвратите со контра-грешка.Многу е погрешно. Зрелоста во бракот покажија ја на друг начин. Полека -стихијно наметни се. Со секој пркос ќе му отвараш пат за накај надвор
Не знам како разбравте дека жената е усмрдена. Срамота и греота е да се суди, толку брзо заборавивте како беше?! Ајде ве молам сите, смирете топка.
Ми требаше да ги прочитам претхдоните две страни. Како плашило сум и немам слики од овие 14 месеци. Само маж ми и малата па си велам еден ден ќе се запраша дали ја сум и вистинска мајка дека немаме заеднички слики. Мислам дека повеќе немам волја отколку време и исто така сум незадоволна од самата себе. Ќе ве замолам да не ме цитирате, треба да се помогне на членката која има проблем а јас ова сакам да го напишам а не и да бидам цитирана. Синоќа маж ми сакаше да имаме односи. Ја му викам каква сум небањата, несредена ми се гади од самата себе. Тој вика не е битно. Откако се роди малата вели не ме пречекуваш средена од работа, дали ме сакаш? Ама синоќа бев преуморна за да се поместам од место а не да се избањам или нешто друго. И сабајлево некако не ми е добро немам измиено лице, заби се уште не можам да излезам надвор. За се има начин. Еднаш бањав дете во корито во кадата, а ја се бањав во другиот дел од кадата. Еднаш го ставив во транспортно креветче пред купатило јас се избањав набрзина. Помош немам од кого да барам освен од мм ама некогаш ми е жал мн изморен доаѓа од работа. Кога ќе видам средени мајки просто им се воодушевувам. А за мене си велам нема да ми замерат со мало дете сум. После прочитаниве две страни и од тоа што видов дека имало мајки кои немале волја да се средуваат на почетокот СИ ВЕТУВАМ САМАТА СЕБЕСИ дека од денес ќе сум средена и ќе постирам слика во Модни критики за не толку храбри феминки. Одам да се бањам.
Треба да се најде малку време за себе. Ама и мажот да добие еден стап. На што личи тоа да не се интересира за сопственото дете. Ужас. Па и тоа што и го рекол? На што личи? Срам да му е. Недозреан.
Тоа што го рекол мажот воопшто не е за оправдување, секогаш постои помек начин да се каже било што, можел да каже злато дај малку малото ти оди избањај се, среди се после да се галиме, што ќе каже таа жена тогаш, не јас не одам знаете кога се породив јас со првото дете, цела бев крв, сестрите не се замараа со нас, а јас со царски породена, маж ми дојде ме избриша цела, ме исчисти со влажни и што требаше тогаш, да ме батали тој, тој ме има и бричено кога бев со стомакот до заби, од таа страна секогаш ми помага... Ме има и бањато тој. До членката со проблемот, најди време кога ќе спие бебето или повикај некој на помош, истуширај се, избричи се, среди си коса за тебе, не за него, ќе почне да ги приметува промените верувај... ако не почне, тогаш разговарај со него, кажи му се што те мачи и дај се од себе да се реши проблемот.
Значи таа пиша дека нема време за фризури и депилации, а не да не се истуширала. Туку ние си се изнапишувавме, од мува слон ќе направиме.
@elena.mak за напишаното. По начинот на кој се изрази @didisi јас пре би рекла нема воља за средување. Кога те тепа монотонија и пасивност, тогаш и вољата да заличиш на човек замира. Само тој што не поминал тежок перод во кој ден по ден ти се исти и тапи незнае како е. Колку и да си даваш кураж, не вреди. На крај краева мајка и татко постојат за да се грижат за детето и се што следи со него. Што маж е тој или што татко е што нема мерак да си помине време со жена му и детенцето. Да се прошетаат или едноставно седат сите заедно. За таков нема оправдувањњ. Па уште не средена била. Па ела поседи дома помогни или речи и ајде утре попладне идеме ваму таму не битно каде, па да видиш како жена воља ке добие и за тебе и за средување. Брачните кризи се тешки, сум поминала. Има начин, мора да има начин да се најде да се преброди. Потребен е првенствено отворен , искрен и смирен разговор. Ако тоа не пали има и друг начин, зошто сме жени, попаметниот пол . Ја @didisi на твое место би вака, ке си најдам жена еднаш неделно да доага дома да чисти и автомацки ти ке добиеш на време за себе. Кога спие бебе ке се подсредиш, стане и надвор. Ако нагодува господинот кажувам или помогни или жената ке помага, јас стоногалка не сум.
дали мажите се фалат со вас? кога сме во друштво,фамилија,и секако сами секогаш се фали маже од мене... Многу пати и не сум за фалење ама никогаш пред други нема да каже еј оваа овоа-оноа ми напраи или греши во тоа и тоа или ваква е таква е...или па чувај боже да се караме пред други...НИКОГАШ! и да знаете како совет : Секогаш бранете се фалете се и поддржувајте се и во друштво и сегде нема поубаво од тоа и дава љубов цврстина во бракот (од мое искуство)