Сите имаме различни карактери и различни мислења а да не збориме за мажи.Она најдобро си го познава мажот и она сама нека одлучи.Јас давам совети според мојот маж.Еве на пример он би сакал многу повеќе вистина од лага и поради тоа може и јас така ја советувам.Ние сме отворени еден со друг и си кажуваме се ама баш се може вие криете од своите јас од мојот ама баш ништо некријам.И од лично искуство знам дека многу полесно си поминувам во Х ситуации кога ке бидам искрена и ке му кажа отколку да дознае а јас не сум му кажала.Што немора да значи дека и мм на феминката е таков затоа реков она нека си одлучи според нејзиниот маж
Ова ми е омилен совет од баба ми пред да се омажам. Ми кажа "ти ќе имаш најдобра намера за било што и ќе му кажеш, ама тој нема да го сфати така". И се имам уверено, за банални работи кога сум кажала многу погрешно ме има сфатено, па ајде објаснувај се дека не сум мислела така. Зборам за банални работи а не па да му кажам дека мислам од време на време на бившиот. Јас лично не мислам пошто бившиот ми е сељак со тапија ама за конкретниот случај зборам. А членката како што има кажано дека си има и други проблеми охооо, ќе биде големата јас мислам
Потполно се согласувам. Ќе биде големата. Кога бев помала, трета год средно баш се сеќавам со другарка зборев на месинџер колку би сакала тогашниот дечко да е посериозен, малку повозрасно да се однесува. И тогаш оп он ми го прочита разговорот. Тогаш стана големата, ти мислиш на бившиот, тој беше така постар од тебе, така мене ме споредуваш сеа, сакаш некој како него, јас само те потсетувам на него, па раскинувања... ужас бе.
Со бившиот колку вакви драми сум имала, сега баш ме потсети. Му кажав еднаш "едвај чекам да пораснеме, да си заработуваме и да шетаме секаде", а ние по 16-17 години. Другарка ми имаше тогаш дечко чиј татко имаше туристичка агенција и се шетаа секаде со нив. Муабетот одма беше "Еј па фати си го Петко, туристичка агенција има, ќе те шета секаде како што ја шета Петкана" THE FUCK брат?
Да.. имам уште многу вакви еј.. почна да вежба во теретана бившиот, и јас го фалев, колку убав ќе стане, ќе биде крупен, со широки рамена. Ко се налути, јас неговиот тренер сум го меркала. Тој бил таков, како шо опишав. Смени теретана... почна у Синерџи без тренер да вежба и не сакаше да одам и јас. Болен љубоморен беше..
Ко со истата пропалица да сме оделе Ама сите имаме некоја ваква џукела у животот, гарант. Неминовно е секоја жена да се зачука у будала
Јас на бившиот му кажав дека некој ми подарил ружа 5 години пред да го запознам овој па леле драмииии..
Џабе е со нив, неможеш салам муабет, многу се тупи во мозокот, не размислуваат како нас жените. Еве јас со мојот, ова секогаш се дешава, седиме и јас разгледувам некои работи на интернет, на пример некои кревети и му ги покажувам за да видам дали му се допаѓат такви или не, да знам каков вкус има. И овој одма " добро, добро, не ми покажувај, немам пари сега и за нов кревет, денеска купив ова, она..." . Па чоече, не ти викам да го купиш , сакам само да го видиш, божееее, шо им е на маживе.
Нели. Јас се откачив некако после 3 ипол год. Ми се смачи и ми се згади. Али многу научив од него. После него не дозволив уште токсични односи и нарцисоидно пореметни да ми се доближуваат. Почнав да приметувам црвени знаменца. Премногу научив, а најбитно научив да се ценам сама себе и да се воздржувам. Затоа што се што ќе кажев се користеше против мене, се извртуваше или се злоупотребуваше. Приметувам слична особина и кај сопругот. Не до толку, ама многу лесно навредлив е, сам си го извртува муабетот и се навредува. А и импулсивен е некогаш, па сфатив, не мора се да знае.
Ете убаво си кажа ти го фатил разговорот.И тоа дечко а замисли маж.Тоа сакам и јас да го кажам да можеби за некој работи како на пример на ќерками сум и купила патики за 4000 јас ќе му кажам на мм дека биле 3000.За такви работи да сите лажеме зошто знам дека ке мрчи па немаше ли други мораше ли тие.Ама ова е друга работа ова е брак и она се видела со бившиот и сега тоа и лежи на глава и она си прави фантазии за него.Дали ме сваќаш а маж и кад тад ке дознае дека она се видела верувај ништо не останало сокриено во животот а за едно машко его полошо е кога одпосле ке дознае верувај.Бившиот од инат ке му каже поготово ако се во некое помало место ооо или па ако ја сака и он пати за неа од инат ке му каже.Еве мажот не дознава ок ама она пати и неа и тежи на глава таа средба не на бившиот.Она има чувство на вина и си прави секакви филмови во глава.А тоа извини ама е поголемо неверство од самиот чин изневерување.
Ме потсети на муабет со една што ми беше другарка. Стави акцент на беше. Едвај фати дечко, и еден ден почна да ми се исповеда дека многу лесно било да имаш флерт со друг, привлечност се развивала. Знам на кај целеше со муабетот, дека ја копка да изневери. Јас мислам дека и ти така, здосаден ти е, па си бараш авантура на страна.
Она моментално е во заблуда шо ќе и помине и ќе и биде полесно и подраго шо не му кажала, ќе си вика добро шо не му кажав, ќе си направев непотребни проблеми. И да слушне он од некаде, секогаш членката може да оди на таа карта да лаже до крај. Значи додека не се извадат слики на маса дека седела со бившиот, нека лаже. Мене ова секогаш ми успева, абе до крај ќе лажам, оти знам и дека може да проба на финта да ме фати, и пак лажам и викам ајде вади доказ дека е така. Додека не извади стварно доказ дека е така, ќе лажам. И многу подобро си поминувам, верувај. Со бившиот, се му кажував, ми го загорче животот, се што му кажав го сврте против мене, и накрај на сите ме оговараше за тие работи шо му ги кажав. Јас сакав да бидам искрена, ама он на друг начин го сфати тоа. Затоа подобро, нека мисли на своето добро и на својот мир како да го зачува. Оти човек колку и да е добар, не секогаш ја заслужува вистината.
Мислам Adidas зошто јас и ти се докажуваме а женава нигде ја нема.Се изгуби ни пишува уживај си батали она си го тера своето.Имај си убав ден
Апсолутно сум против лаги. Но не се согласувам и со @Cvekarka . Некогаш вистината е поштетна од илјада лаги. Јас би молчела. Не би си барала беља. Би поразговарала со терапевт.
Можеме да си збориме за наши теми да си збориме се препираме за глупости батали туку ако можеш нешто ти мене да ме подучиш за љубомора.Ауууу како старее човеков се повеќе побудалува