Пред некој ден ми вика да му пишам на еден човек што продава точак колку пари е и од каде е човекот.Го најдов човекот на вибер му пишав ми кажа колку пари и сите тие работи што ме интересираа и јас на крај од разговорот сум ставила лајк она срценце.Леле ненормална работа можете да замислите па што има ти на непознат маж да му ставаш срциња,мислам навистина понекогаш претерува затоа кажувајте како да се справам со тие негови испади
Хаха, леле, е ќе внимаваш, нема да правиш такви грешки. Ете јас шо и да барам , со кој и да пишувам, после се бришам, мојот не ни знае дека иам профил тука на фемина. па шо има да знае, јас сум тука за да пишувам искуства, да барам совети за женски теми, он кога би дознал за профилов ќе си помисли дека барам мажи тука .
А па мојов мислиш дека знаеОооо па сто работи ке си извади во тој негов мал мозок.Значи стварно се програмирани па јас ако сакам да бркам мажи на фемина ли ке бркам брее алооо
И кај мене многу се смени мм од надворешни влијанија . Значи премногу во одреден момент ми идеше усвет да фатам ,сега се врати на старо шо беше никој не знае. И моментот беше шо ако се случеше нешто со другиот пред да се запознаам со мм а уствари типот беше иселен од државава година и пол пред да го запознаам мм башка шо само на мување останавме никаква подлабока врска значи научна фантастика да речам. После беше шо се мажев поарно да заминев на друг остров. Е ко се седна на маса и се расчистија дел од работите иако уште не знам шо му се дешаваше во мозокот на мм почист ми беше видикот. И јасно е дека дури и да не се запознаев со мм јас со тој немаше шанси некогаш да сум али ете период беше во кој шо морав да уклучам фантазија за да ми се разјаснат некои работи. Ова ми беше уствари целта на постот. И не е дека мажите не ни кријат нас или не помислуваат на бивши / други.
Ама така де. Ај ресет на мозок и само мажот во мисла. Си имате минато, не ве зеде со целофан завиткани.
"наивно" кхм. Пошто ги изначитав советите што и ги дадовте, дека нема потреба да му кажува и дека било другарско кафе/наивно итн. ај да ги смениме улогите. Дечковците/мажите ваши идат на Т А Ј Н О "кафе" со бивша (која што нит му е дел од друштво, нит па вие ја знаете/знаете дека има контакт со неа) Како би ви било? И дали би сакале да знаете пс: Знам дека ќе ме напраите партал, ама лоши ви се НЕКОИ од советите. On Topic: Го немаш преболено бившиот, лажи се колку сакаш, правдај се колку сакаш. Рака давам за ова.
И јас не би сакала... оти ако знам ќе ме избие на љубомора, посесивност, ќе се карам... колку помалку знам толку подобро. И многу различно гледаме на тие работи со мажите. Ние би простиле такво нешто оти имаме поемотивна природа, се водиме по емоциите, и ако ни каже дека не сака а она е само другарка, ќе простиме. Додека мажот, они си знаат дека со женско неможат да бидат пријатели и ако женското прифати одма би ја легнале, поведен од сексуалниот нагон ( да не му ја лапне некој пи*ката) ќе направи голема збрка, може да дојде и до оставање, ако не дојде до оставање секој ден пекол ќе ти го направи. Не не споредувај, може сите сме луѓе, али многу различно мислиме. И старите баби попаметни испаѓаат кога викат дека на маж не се кажува се. Едит: извини помислив оти си женско, али пак истото важи. Таа е реалноста, сакајте љутете се вие мажите сакате не.
Јас немам поим колку години има членката, пиша само млада се можела а очигледно се мажела скоро. Некои од советите, а и некои од заклучоците идат од искуството. Мене ,,тајни,, кафина ми се скроз небитни од после 27. А членката мислам дека е премлада за самата да знае што сака, како успеа ти да процениш, алал вера.
Секој си знае што има дома. А да бара овде совет со дадено минимум информација не може. Еве јас би премолчела. Ама тоа сум јас, јас го знам тој што ми е дома и така проценувам. Немам намерно ништо направено, неколку пати сум мавнала флерт скроз несакајќи и веднаш дознал. Последно се зафркавав со еден клиент, мислев дека е геј. Он мислел не сум мажена и се фалел по другари дека зборел со мене и планирал да ме повика на вечера. Не зборевме којзнае што, ама се напалил човекот. Затоа и не се осмелувам на ништо што ми звучи ризично. Ако јас не кажам, не е гаранција дека од друг нема да научи. Ех колку тајни афери се дознале иако двајцата изневерувачи молчеле и лажеле до крај.
Помладите уште летаат во облаци. Колку и да им укажуваш некои работи, додека не си научат од сопствено искуство џабе. Еве денес на излегување од работа го видов бившиот. Застанавме, помуабетивме додека чекав такси. И што требаше кога дојдов дома одма да кажам Срц, знаеш со кој се видов... и да си сјебам ден. Не вреди.
Гледаш, веројатно истото и мажот ќе го помисли/ќе му се случи, а тука некоја што не знае што сака ќе бара совети и ќе се лаже дека било пријателско кафе Да се разбереме, никој не би сакал партнерот/партнерката да му иде на Т А Ј Н И средби со бивши партнери и не знам за вас, за мене е Deal Breaker. И не, не сум ама ни посесивен, ни љубоморен а па ни несигурен, ама нема потреба за такви екскурзии..
Друже.. и на јавни и на тајни некој ако решил да иде ќе иде. Е сеа секој нека процени кое е помалото зло, вистината или лагата.
Јасно е тоа, ама ми фати око правдањето од некои членки тука, а и самите знаат дека се у стање да прекинат врска (што е и нормално ако нема некое ЕПТЕН валидно објаснување (а нема) ако ним им се случи истото. На темава бар иам искуство еден тон ...
Имам и јас искуство. Ужасно грдо е. Ама и јас би советувала да премолчи додека не реши што стварно сака. Не сум за лаги, ама ако нешто може да се премолчи и да се реши и исправи, може најарно е така.
Темава е во подфорум Брак. Чисто да потенцираме. Не знам, можеби денес брак се рачуна за врска, денес ја имаш, утре ја немаш... од разноразни причини и мотиви...меѓу кои и кафепиење. ..ама едно време, ко го измислија бракот, не беше за така измислен.
Да бе, ама пак иде на тоа едниот да реши што сака, а другиот малтене кој го тркала Ја кажав мое мислење и стојам на тоа, типката го нема преболено бившиот. На средби со бивши па уште и пред свадба, тоа ни у сон.
Во ред. Не ја оправдувам. Ама кои сме ние да судиме ? Некогаш чувствата одлучуваат, некогаш си немоќен пред себе. И од кај да знаеме каква им е релацијата. Некогаш она сама се преиспитува дали воопшто требало во брак да влезе. Затоа и рековме повеќето да премолчи сега за сега. Да размисли и да одлучи. Ако сепак го сака сопругот нека остане нејзина тајна. Нека проба да ги исправи работите. Ако не го сака, ако сака да се раздели само напред, може се да му каже, нема да е битно.
Епа сега, полошо, поарно- читајте упатство за употреба, пред користење На некои од проблемиве овде, само може да се чудам. И да се прашувам- имаат ли децава родители, им објаснил ли некој што е брак?