1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.356
    Мене ми е застрашувачко што не воочуваш дека ова и те како е голем проблем. Спомна членка а снемува комуникација во бракот пиши му пропало.
    Е сега дали вреди да се трудиш и како да постапиш најдобро ти си знаеш и си ги познаваш работите во бракот, со партнерот итн. или ако си збунета посети психолог. Можеби има многу нешта што ние тука ги пропуштаме или ти вака пишано на брзинка пропушташ да ни ги објасниш па психолог може да ти ги воочи, сепак е стручно лице.
    Друго мене што ми падна во очи е комуникација по фб кога сте дома или ако почнеш да зборуваш менува тема или вели така е, според мене тоа е големо непочитување на соговорникот, а надвор фер и културен и комуникативен со други личности...чудно, многу чудно.


    А за советите зготви му, потинтрај го и рашири му нозе апла како излезени од прирачник за терање на брак од минатиот век|(
    Што и да е и кавги да се и мед и млеко да тече, комуникацијата во бракот е најбитна.
    Живи и социјални битија сме ако не успееме да се разбереме преку зборови зошто да си го трошиме времето обострано, заради детето, заради околина што ќе каже?
     
    На crimson, Anyshka, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  2. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски

    Се надевам ќе ви помогне во комуникацијата со партнерот. Сите ние имаме посебен начин на однесување што ни значи и така се осеќаме сакани. Оваа аудио книга, ги објаснува 5те јазици на љубовта што се застапени кај луѓето. Доста помага во односите
    Гари Чепмен (1938) е американски психолог, брачен консултант и автор на многу бестселери за самоусовршување и заемопош, поврзани со бракот, семејството и односите со децата. Завршил антропологија на колеџот „Витон“, добил магистерски степен по религиозно образование и степен доктор по филозофија од Југозападната баптистичка богословска семинарија. По дипломирањето на Универзитетот на Северна Каролина, 36 години работи како брачен консултант во Винстон-Сејлем. Во 1979 година ја објавил својата прва книга Брак што напредува (Toward a Growing Marriage), со која станува познат. Во следните години широка популарност добива серијата книги Петте јазици на љубовта. Првата книга од оваа серија е издадена во 1992 година и е продадена во над 10 милиони примероци само на англиски јазик; преведена е на уште педесетина јазици во светот и е една од најпродаваните книги на „Амазон“. Автор е на над 20 книги за консултирање и самопомош. Некои од неговите попознати дела се: Петте јазици на љубовта (за мажи), Петте јазици на љубовта на децата, Петте јазици на љубовта на тинејџерите, Петте јазици на љубовта за оние кои не се во врска, Вашиот дар на љубовта, Како да бидете родител на своето возрасно дете, Другата страна на љубовта, Љубовни решенија, Пет знаци на семејство во кое владее љубов, Како до успешен брак, Надеж за разведените, Заветен брак. Гари Чепмен одржува семинари за бракот, семејството и меѓучовечките и љубовните врски насекаде низ светот. Освен тоа, има и своја радиоемисија која се емитува на околу 400 станици

    Ианку јас сметам дека во секој брак се јавува таа криза на немање комуникација кај некој порано кај некој подоцна и секогаш вреди да се бориме да се надмине тоа, и може да се надмине тоа ако се сака.
     
    Последна измена: 12 јули 2023
    На Осе и Peekaboo им се допаѓа ова.
  3. Peekaboo

    Peekaboo Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2023
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за одговорите.
    За оние кои рекоа не му е денот и слично, ваков ни е бракот одкако останав бремена значи скоро 2 ипол години, што значи дека не е до "не му е денот". Значи додека сме заедно дома ништо не се разговара кога ќе отиде на работа тогаш почнуваат и караници и објаснувања и сите битни, добри или лоши работи.
    Затоа што не е во прашање ден, два, недела за ваквиот негов однос затоа и почнав да се сомневам дека нешто крие од мене или дека е оладен од мене. Затоа што само со мене е таков како што кажав и погоре на работа нормално комуницира со сите (моментално работиме заедно затоа и можам да кажам со сигурност каков е со други луѓе) .
    @Akapulka можеби твојов одговор најмногу ми помогна досега, и да, не се осеќам ни почитувано ни сакано веќе од негова страна. Секогаш гледам да ги решам сите проблеми за да успееме заедно, а он е незаинтересиран. Можеби треба да престанам да се трудам и да го оставам него да се потруди околу семејство доколку сака да го зачува. Како и да е благодарам
     
    На Anyshka, ZAHRA, Akapulka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    43.491
    Ти знаеш колку жени сами ранат деца?
    За разлика од мужи..
     
    На tessie, CameliaMiller, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Жено ти опиша манипулативен нарцис...Ако не знаеш што е прогуглај. И прва прилика БЕГАЈЈ!!!!
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.921
    Допаѓања:
    203.174
    Пол:
    Женски
    Сите имаат проблеми, факт, ама некој се труди и ги решава. Ничиј брак не е совршен, не тече мед и млеко, ама кога веќе си одбрал да бидеш во брак, да создадеш семејство со друга личност, не можеш да функционираш како да си сам. Во бракот имаш толеранција, компромис и најважното - комуникација. Мора комуникација, во спротивно, како било која заедница би функционирала ако нема комуникација и отворен разговор?
    Различни сме, сите имаме недостатоци и ништо не е идилично, се караме, ама се трудиме да ги решаваме проблемите, се прилагодуваме на ситуациите. Нема потреба од silent treatment, детско однесување и себичност. Не можеш да превоспиташ некого, фала Богу не ни треба да го менуваш партнерот оти го прифаќаш со сите доблести и недостатоци ако веќе си решил да формираш заедница. И не значи дека ако живееме на Балкан, дека сите имаме типичен балкански брак. Доста со генерализацијата и стереотипите.
     
    На CameliaMiller, Cvekarka, H.VAGA и 11 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.297
    Допаѓања:
    124.907
    Пол:
    Женски
    Каков идиличен далеку од идиличен.. само бирам за што да се нервирам. Никој нема идиличен брак, ни врска ни што да е. Има падови има подеми.. живот.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.918
    Пол:
    Женски
    Се во ред. Се тоа стои, се треба да е така. Ништо јас не генерализирам, статистиката си кажува како е на Балканот, секако не кај сите, ама тука се побива статистиката многу. Сите као совршени сопрузи имаат. Што не е така. Поздрав до другарка ми ако ме чита сега. Она ми се фали кога пиеме кафе колку и е добро и како маж и ја слушал, цела фамилија ги строела, тука на форумот исто фалби до небо. Арно ама во темата за Криза во брак ја читав и ја препознав, направила профилче за да побара совет и да се пожали.
    Не ме занима кој што сака нека прави со животот, ама ужасно ме нервира кога тие кажуваат како треба да изгледа бракот и како нивниот бил совршен.


    Расправии, проблеми и судири има сегде. Составен дел од секоја релација се. Ама немојте, сите си знаеме што имаме дома и нема потреба од покажување заби овде. И јас сум феминистка, ама некогаш попуштам на маж ми. И не не ми вели он секогаш дека сум во право, а тука се тоа читам, сите како со робот да се мажени и го командаат. Како да програмирале маж кој не им противречи, кој ни еднаш не ги навредил. На другаркава искрено и се пожалив еднаш за расправија со маж ми, какви зборови си разменивме. Ми рече од негова куќа ќе го иселам ако ми рече такво нешто мене. Демек глупа сум јас што сум дозволила така да ми каже. Демек маж ми не го бива, нејзиниот не правел така, пазел на неа. Ахам важи, сум видела што прави.
     
    На *Amethyst*, Anyshka и Осе им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.317
    Допаѓања:
    189.980
    Јас сум жена, 15 години во брак со МАЖ и баш и не е така.
    Советов ко од тинејџерско списание од пред 30 години, можда и фазла(facepalm).

    Има некој прелом во комуникацијата меѓу луѓе во една врска, кој е условен од промената на динамиката во таа врска. Прво има една фаза условена од времето кое сте го поминале заедно, се вика поминување на фазата на заљубеност. Тоа не значи по дифолт дека снемало љубов, ама првичниот занес на вљубеност, со екстра хормони и сензации поминува. Доаѓањето на дете во една врска е вториот предизвик, очигледно нов член во семејството значи и промена на воспоставената динамика.
    Е сега, прочитав си игра игри, си гледа телевизија и си брка работа. Прашањето е дали тоа го правел и претходно, и логично си продолжил по старо, па само ти имаш сменето улоги и одговорности во новата ситуација со дете, или како? Второто прашање е, како да допреш до него, а тоа бара малку повеќе психологија и живци...Да кажам-брачно советување, пиши пропало, од повеќе причини. Јас на твое место би погледнала/прочитала некои психолошки совети, можеби како членката што постираше погоре, можеби нешто друго. Ама во секој случај, комуникација мора одново да се воспостави.
     
    На tessie, Anyshka, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Peekaboo

    Peekaboo Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2023
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Пред да останам бремена бев е скоро една година во брак и немавме некои проблеми големи можеби и затоа не сме разговарале за проблеми, но затоа сме разговарале за се, кога бил со мене телефонот не го чепкал (и сега не прави ништо посебно на него освен што игра игри значи најверојатно не е друга во прашање него само му е досадно). Никогаш не сме биле ни јас ни он за излагање во дискотеки, кафичи, кафани, но сме знаеле да излеземе на ручек/вечера, да прошетаме и седнеме во парк, едноставно да поминуваме квалитетно време поминато заедно. А во овие 2ипол години ништо од ова нема. Кажав мислам и погоре значи станува од спиење, седи на телефон оди на работа се враќа и спие и така ни е секој ден. А најмногу ми смета што неможам никако да му објаснам што ми смета, што би сакала да направиме, да смениме исто и тој да ми каже негово мислење. Пробувам на секој можен начин да допрам до него но е безуспешно.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Не може кога ќе ставиш во брак да очекуваш единствено што ке се прави е да седиме и да правиме муабет .
    Луѓе ,на секој му треба време во денот само за себе и нема ништо лошо во тоа.
    Скроз го разбирам маж ми кога ке се затвори у соба и си чачка на тел или си гледа филм САМ. Ме разбира и тој мене. Ми треба и мене еден час сама со себе да испијам кафе и да не зборам ништо и со никого ,па и со него.
     
    На tessie и DarkStormm им се допаѓа ова.
  12. Peekaboo

    Peekaboo Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2023
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Или јас не се искажувам како што треба или не ме разбирате. Значи јасно ми е дека треба секој ден да имаш барем саат за самиот себе, јасно ми е дека некогаш од нервози на работа не ти се збори ама ова не е еден ден или еден саат. Секој ден, по цел ден, 2ипол години. И несакам јас да разговараме цело време кога сме заедно. На почетокот кажав дека ниеден проблем неможеме да решиме со разговор, се однесува како да не било ништо, како да немаме проблем.
     
    На CameliaMiller, Осе, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.639
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам како не зборува.Седнувам еден ден и му викам или седни да разговараме или толку од нас.Ќе се објасните па макар било и последно.
     
    На CameliaMiller, tessie, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.921
    Допаѓања:
    203.174
    Пол:
    Женски
    Јас целосно те разбирам, и искрено, не ми е сфатливо, ко цимери живеете, дури и цимери комуницираат повеќе од вас. Настрана проблемите, дали генерално зборувате меѓусебно за нормални секојдневни работи, обични муабети, како ти поминал денот или и за тоа е ваков?
     
    На tessie, CameliaMiller, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Епа онда седнуваш и условуваш. Или ке збориме или си одам. Друго чаре не гледам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Peekaboo

    Peekaboo Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2023
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Разговараме само за детето ако треба нешто. Многу ретко да ме праша нешто за мене или за нас. Никогаш не разговараме за тоа како ни поминал денот или дали има некој проблем . Веќе спомнав дека моментално работиме заедно и на работа збориме за нешто поврзано со работата нели мора да комуницираш.
    @simona_baby сум пробала да го седнам и да му кажам се што не сум можела со месеци затоа што во 6-7 месеци еднаш ќе успеам да го убедам да "разговараме" и тоа е повеќе монолог, а на се што ќе кажам ми вика "така си е" и не се ни обидува да разговара за да можеме да решиме нешто. А проблем со "така си е" или "во право си" неможе да се реши.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Мене ова воопшто не ми изгледа на човек кој има друга туку или е таков па таков , или се сменил и станал флегматичен скроз.
    Едит - а и тоа што работите заедно ,ве оддалечило уште повеќе. Нема полошо да си со брачен партнер 24ч. Дома ,па и на работа.
     
    На nena2010, Осе, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.918
    Пол:
    Женски
    Сами живеете? Не верувам да е стално уморен, ниту пак дека не те сака или си му здосадила. Може се затвара во себе ? Мојата другарка таков период имаше со мажот, па запалила колата и отишла во Врање да се шета два дена по ред сама со децата. Го исклучила телефонот, намерно. Вели чиста совест имам, не одам со швалер, ама он тоа не го знае, ќе се мисли додека не се вратам. И да видиш како се смени тој. Одма почна да прашува како што и зошто. Друг пат исто ја игнорирал, она букирала карти и отишла до Франција со децата. Го известила дека оди само.
    Јас не ти го давам тој совет, бар јас не би правела така. Кај другарка ми упали тоа. Пробај ти нешто друго, ако разговор не помага не знам...
     
    На tessie, *Amethyst*, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Peekaboo

    Peekaboo Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2023
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Искрено не сум приметила некој знак дека има друга буквално, но на Инстаграм и Фејсбук гледа девојки, значи само ги гледа, ниту ги следи ниту лајкнува, но сепак гледа. Кога ќе помине некоја девојка/жена неприметно се врти по неа. И до некаде го сфаќам зошто е машко, иако не е дека не ми смета затоа што со ваквиот негов однос секакви филмови ми се прават во глава.
    За работата свесна сум дека е лошо, но дојдени сме на сезонска работа во странство, значи до сега сме 2 месеци заедно на работа. Во МК не работевме заедно, затоа реков моментално работиме заедно
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.392
    Допаѓања:
    31.785
    Пол:
    Женски
    Верувај дека може. Другарка ми монолози си прави по дома, братов си ќути и ја гледа. Таа се објаснува на долго и широко, овој "да, да" и пак по негово. 2-3 дена може поарен да биде навидум, после се враќа на старо.
    А може и Пикабу да ми е другарката :lol:
     
    На CameliaMiller, Anyshka, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.