Уф. Сега...ако тргнеш да решаваш се што се собирало со месеци, никаде нема да стигнете. Сега најважно е да го најдете патот кон возобновување на комуникацијата. А ако му истуриш, се што си собирала, нормално ќе се почувствува нападнат и ќе влезе во дефанзива со не праење муабет. Не почнувај монолог, и муабет- ај да разговараме. Просто пробај да ја вратите комуникацијата од ден за ден, кому како поминал денот, или некој план за блиска иднина, за да излезете од рутината на секојдневието.
Сами живееме. Он е од свои 14 години (сега има 25) дојден сам во Скопје да учи, а бидејќи бил сосем сам морал и да работи за да плаќа кирија и човекот е предвреме созреан значи како да има +25 години од неговите. И затоа ме чуди ова детско незрело однесување
Тоа што загледува жени и на улица и на инста ,мене ми е нормално. Секој од нас загледува. Маж ми знае дека загледнувам, јас знам дека загледнува ,не ни смета зашто сме живи луѓе ебаго....не е тоа проблемот тука кај вас,според мене.....
Тогаш можеби зошто работите заедно и дома сте заедно му треба "одмор" од се кога си со некој 24/7 некогаш ни муабет не ти се прави со личноста. Ако ова трае подолго гледај да видиш што е проблемот, најди начин да зборуваш со него.
Ние работиме заедно само 2 месеци, а он е ваков веќе 2ипол години. Знам дека си здосадуваме кога сме 24/7 заедно но според тоа што он е таков од претходно не е до тоа. Може несака да ме повреди, да се нервирам и јас и он ама не сфаќа дека ова не комуницирање мене ме полудува. Едноставно сакам да имам нормален однос со човекот кој сум го избрала, сакам нормално да разговараме за секојдневни работи, да ги решаваме проблемите нормално со разговор и да имаме почит и разбирање (кое од негова страна го нема)
Омда можеби да пробаш ти да смениш тактика. Избегнувај го,не му збори многу,гледај си за себе,стани малку себична па види реакција.
Мислев е краток период, ама 2 ипол години не е малку..ќе мора да истражиш некако што се случува ако веќе толку долго не сака да разговара и сподели со тебе во што е проблемот.
Пробај да заборавиш на претходните 2 и пол години (фигуративно) и почни од денес со разговор за секојдневни работи (буквално). Млади сте многу, претпоставувам многу работи имате да ги совладате заедно како предизвици, дајте си шанса.
А на пример, искачате заедно, шетате, кафич, шопинг? Не мора да седнувате дома да разговарате, сигурно и тој е свесен за се ова туку постепено да си ја вратите блискоста со бош муабети, заеднички активности?
Ништо од тоа не правиме. Некогаш детето ќе го прошетаме заедно но тоа е многу малку временски, да речеме пола саат од прилика и тоа е тоа. Ви благодарам на сите за одговорите се надевам ќе успееме заедно да го средиме ова ❤️
Брачен советник доаѓа во предвид? Чисто да ви потпомогне да изнајдете начин за да обновите комуникација меѓу себе. Како што пишаа и претходно секој брак се темели на компромиси, нема брак без по некоја закачка, па и да не ти се збори во секое време е нормално, ама сепак на крајот од денот отворена и здрава комуникација е лепак што ја држи врската.
Ќе се обидеме и со тоа кога ќе се вратиме во октомври. Верувам дека и него му е тешко вака и дека би сакал да се средиме така да би се согласил на тоа. Или тоа или прво јас да разговарам со психолог/психијатар, можеби и во мене е проблемот. Може не знам да му пристапам правилно, можеби несвесно грешам некаде па тоа го одбива
Мажите вака знаат од разно разни причини да се затворат Чисто ти давам пример за другар. Ист беше,некеше со никој за ништо да збори, се затвори скроз за на крај да дознаеме дека цело време го мачела анксиозност. Така да ,многу причини има. Гледајте да решите
А и да,маж кој вара не изгледа вака. Обично се весели, се дотеруваат,си купуваат нови работи,нови парфеми, почнуваат со теретана итн итн
Немој да бараш кривица во себеси, во никого, едноставно сте изгубиле разбирачка/ комуникација што не е непоправливо или трајно. На психолог полесно ќе воочите до каде сте и на што треба да работите за да ви се подобри односот. Важно по психосеансите вака нема да останете, бидејќи само промената е трајна. Спомна дека сте на сезонска работа, можеби сте преморени, ама почни еве вака ми дојде како пример на сабајле на наткасна да си пронајде картичка со текст дојди таму и таму те очекува изненадување, се разбира ако сака изненадувања и соработка. Почни со вакви мали ситни чекори да му придаваш значење, па кога ќе излезете кадешто планираш малку по малку да се отвара дискусија. И да убаво ти пишаа за да успее ова заборави што било тие 2,5 години, потсетете се пак на почетоците.
Он е се спротивно од тоа. Негативен е, не се смее, ништо за себе не купува, парфеми не користи, а не ни излегува освен до продавница што оди
Затоа се полни со разводни постапки адвокатите...од вакви плитки размислувања како твоево... Јас само ви опишав каква е машката природа...а вие напаѓате...тоа не го разбирате...а ко шо гледам не се ни обидувате да разберете...пошто сте себични, егоистични и самоисфрустрирани личности кои сте желни за внимание. И да ... кога нема да му се дигне на мм ... баш од вакви моабети не му се дига...макар и најубавата танга да си ја ставила.