Пробав сличен начин. Пред да одам на работа му пишував на ливче "те сакам" и секој ден ги ставав на различни места каде што знам дека ќе ги види. Искрено малку беше подобро тој период но траеше една недела можеби и после се вративме на старо
Значи сепак реагирал позитивно, пробај со те сакам и те очекува изненадување подоцна. Ти си смислуваш план и кога ќе се приберете од работа го остваруваш. Да прошетате насамо некаде кадешто таму ви е убаво или го носиш на пијачка во локално кафуле, нешто такво. Можеби пополека ќе се отвара и ќе се опушти да комуницира како порано. Со среќа.
Откако пиша дека од многу мал е сам, и сам се грижел и заработувал ќе ти кажам нешто од мое лично искуство. Тоа што созреал пред време е голем проблем. Јас исто така до некаде, останувам сама со мајка во 8(татко ми го загубив во 6то, баба ми во 6 то )Е од тогаш, мајка ми мора да работи, јас све сама се чувам, готвам пазарам... Еден ден избива, и еве сега кога сум родител анксиозноста е толку голема што јас самата не можам да се поднесам. Знам и јас да ќутам(но не до толку да ми влијае на комуникација со најблиски), не сум веќе Истата насмеана и откачена. Што толку ме смени не знам. Никој не ми згрешил ништо. Едно не ми е јасно, велиш само два месеци сте на сезонска работа, како се договоривте за тоа да одите заедно, ако не зборувате? За во ск, пиши ми ќе ти препорачам терапевт кој работи на ваква проблематика. Јас сепак мислам е анксиозност. Верувај дома е поизразена, мене од надвор никој не ми верува дека имам анкдиозност.
Се договоривме така што он беше решен дека ќе работи една сезона тука како би направил нешто корисно кога ќе се врати и јас за да не бидеме разделени одлучив да дојдеме и ние со него
Ој прочитај си го мислењето уше еднаш, па да видиш пак кој е себичен, егоистичен, самофустриран и желен за пажња. Ни срам ни перде. Е затоа има бракоразводни постапки, оти си немате поима шо е брак. Сакате мајка, али плус и да ви го дудла. А нормални жени не даваат на деца, а па уше помалце ги заболе дали им се дига. Ој прашај на онаа погоре шо и и реплицирал, дали неа и се дига со таков муж по дома. ПС: Не носам гаќи, танга уше помалце, фала на секирација.
Викаш односот ваков е од пред 2 години од ко си останала бремена. И во контекст на тоа што од многу мал морал да е самостоен и одговорен, да не се осеќа сега ко ништо да не проживеал во животот? Како бевте пред да останеш бремена? Излегувавте ли, шетавте? Имал ли некои желби, хобиња? И реално пак за се ова потребно е да разговара со тебе. На крај краева никој не му ставил пиштол на глава и да го приморал на тоа. А чим те афектира тебе неговото ќутење е многу себично од негова страна да си гледа само за себе и да те игнорира. Искрено најдобар совет и според мене е да го седнеш и да му речеш ќе разговараме за озбилно или тоа е тоа, секој по свој пат.
Мислам дека не е толку страшен проблемот сега кога даде повеќе информации. Најверојатно човекот е анксиозен и уморен. Нешто му фали лично нему, не е до нејзе. И не треба да е таков со неа, ама ете некоја внатрешна битка си води, а неговиот карактер ја отежнува комуникацијата. И супер што е така, што не се преправа, веројатно кога ќе биде спремен ќе седнат ќе зборуваат сигурно нема вечно вака да е. Ние имавме таков период, па и полош. Никаква комуникација, се беше нарушено меѓу нас. Интимност, секс, се исчезна. Внимание само на детето посветуваше тој. Тоа траеше доста долго. И се беше така затоа што не ни бев свесна дека многу од тензиите јас ги предизвикував, сум била без осет, сум го користела него како издувен вентил, а тој чувал во себе за да не пукне работата. Сме се справувале и двајцата на свој начин и сме си отежнувале наместо да си помогнеме. Ова не се негови зборови, но така беше, доцна сфатив. Решивме со една огромна караница, ситуацијата многу ескалираше, преголем беше притисокот. Таа вечер седевме до 4 наутро и кажавме се што имавме собирано. И видовме дека и двајцата сме носеле претежок товар.. Јас сум била пасивно-агресивна (бев и депресивна) , тој бил ладен и анксиозен. После разговорот не се решија работите магично, ама полека почнаа да се подобруваат. Сфативме што фали, каде грешиме и полека почнавме да менуваме. Јас многу работев на себе. Уште работам. Нема да навлегувам во детали, но на некој начин од друга перспектива почнав да гледам на работите, по тактично почнав да се однесувам и размислувам. Затоа што сфаќањата ми се поинакви. Ми се смени погледот на работите и општо за животот.
Значи сепак со разговор се решило. Нешто што мажов нејзин избегнува. Како ќе го решат ако не разговара е прашањето.
Седни да разговараме за озбилно. Бррр Некој вака да ми каже, ќе ми обели косата инстантно и ќе влезам со став дека нешто страшно се случило и треба да се бранам. Маж ми го мрази терминот-седни да разговараме -од истите причини. Ако сакаш да го заебеш муабетот, ќе го почнеш со ваква увертира. И секако, не е така едноставно-секој по свој пат-оти има дете во приказната, брак не е врска и некој сериозен проблем не прочитав. И што ќе му каже-абе памтиш, пред 2 години вака и вака? Искрено, колку што читам повеќе, мислам дека е класично преоптоварување ради станување родител, до вчера биле деца, од вчера имаат дете за кое треба да се грижат и бидат одговорни, во секоја смисла. И да , и мажите го чувствуваат тој товар- имам дете да се грижам за него, да го обезбедам, треба да се заработи повеќе, што ако заебам. Искуствено ова, и од доктор е кажано во контекст на брнаут. Ништо не е непоправливо овде, само без офанзива и со заеднички напор, се надминува.
Како може да си толку контрадикторна сама на себе во 1 пост? Како ќе го надминат со заеднички напор, кога тој не дава никаков напор? Или треба до недоглед да го трпи, додека му светне сам да се отвори, ако воопшто и се случи тоа.
Овој па со машкава природа. Тоа машка природа е само егоистички изговор да си го тргнете гзот од обврски и некој да ве тинтра по желба. Нема машка/женска природа делење во брак. Ако нешто не оди, седнуваш здраво и расчистуваш. Даваш напор, а не отпор со некои супер глупи изговори. 15 години во брак и уште појма нема како треба да изгледа бракот и со скроз погрешни очекувања од истиот. Па уште и навредува секој што не дели негово мислење. Баш зрело. За танго, вино и музика….. и брак, се потребни двајца, еден да турка само, не е доволно. Ова вака кога ќе ги убедат жените дека така уствари жените самите сакаат од нив и баш ми е криво што вина гледаат во себе, а не гледаат какви манипулатори имаат покрај нив. Секојдневно читам за истово.
Добро, ај нека се разведат. Ич не сум контрадикторна, со повеќе информации имам повеќе преглед и објаснив што би можело да биде веројатна причина. Не реков да го трпи, реков да не го отвора муабетот со најубиствената реченица- ај да праиме сериозен муабет. По првиот пост не ми беше јасно, дали станува збор за размазен пекмез, шо нема свест за жена и дете, туку игрите и другарите се главни, сега ми е јасно дека се борат за егзистенција, затоа што се семејство со дете. А луѓе со заедничка цел и фокус, мислам дека се способни да надминат кризи. Таа си го знае мажот, таа би требало да процени што може да даде ефект. Според мене, се да му истури одеднаш, ќе заврши со неговото-да, така е, оти како поинаку да реагира на напад. Наместо воочување на проблеми, нека предложи решенија.
Јас добив впечаток дека тука нема проблем. Само жената е желна за муабет, мажот не. Јебига стварно за развод е работава како запнаа.. најверојатно немаат тема за муабет они, па затоа така.
Како може да не лоцирате озбилен проблем во немање комуникација? Па не е бракот не си зборуваме и секој си прави како него му одговара, убаво спомнаа дека и цимери повеќе комуницираат од нив. Плус ова не им трае два дена, туку 2,5 години. Години се во прашање кога тој на секој нејзин монолог вели, да така е и врти друга тема Ете пробала и со пораки со се, убаво и спомнаа погоре седнување или ќе го решат проблемов (самите или со стручна помош) или секој по свој пат. Не може да се оправат и поправат нештата ако само едниот од нив е влечна локомотива, а другиот на се се шлепа затоа што се збунил дека станал родител и не земал во предвид дека сето тоа си носи многу одговорности и терет или не се изживеал доволно пред правење дете. Таа не е виновна за ништо што тој чувствува и најмалку заслужува да е со години игнорирана од негова страна, а за сите други тој наоѓа простор да се разбере и комуницира. Многу незрело и себично од страна на мажот, па зошто растел бројот на бракоразводни постапки уште ќе се поврзува со жените и нивната себичност Ај таа него 2,5 години да го игнорира и на секој негов муабет да менува друга тема и да вели да така е како тој би се чувствувал?
Не сум "желна" за муабет само сакам да имам нормална комуникација, однос со мажот. Ако сакав да се борам сама со се, со сите проблеми, да чувам се во себе немаше да се омажам. Убаво кажаа погоре дека за да успее бракот треба напор од двете страни. Ако јас упорно се трудам за сите нас, а он упорно ме бутка цело време, според мене неможеме да успееме во ништо
Јака ти душа жено како не експлодираш на ‘така си е’. Може и јас од прва нема да експлодирам ама после две години трудење да ми рече така си е, мислам и него и стан ќе искршам од мавање.
Може и пореметни хормони да се у прашање. Ништо ако не прави, нема физичка активност, нема хоби, нема интерес. Тој за себе не е заинтересиран, не па за друг.
Мислам дека трипуваш. Односи велиш имате, заедно работите, дете носите на прошетка. Епа толку трае денот. Не знам на кои теми водиш монолог. И што сакаш да ти каже кога зборувате? и јас прво тоа помислив. И иако сите го осудија господинот што пишуваше за машка природа. До некаде се сложувам со него, можеби лошо се изрази. Јас мислам дека по карактер е потежок човек плус уморен или анксиозен. И да треба да комуницира, ама прво треба да се освести потребата за комуникација, он може и да не е свесен дека постои таков проблем.