Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Токму затоа ја пратив аудиокнигата 5те јазици на љубовта. Таму психологот кажува дека на секој човек различни изразувања ( 1-потврдни зборови или пофалби,2- подароци, 3-помагање,4-физички допир, 5-квалитетно време заедно)му значат и ако ги добива се осеќа сакан, но ако партнерот не го знае тоа може ќе се изразува на неговиот начин тоа што него му значи мислејќи дека така треба. На пример на некој му значи дела( раскревање по дома, ручек изненадувања..) па дома тоа го прави и очекува дека ќе му значи тоа на другиот, а всушност на другиот му треба само да си седат еден до друг 1 час барем во денот,а тоа не го добива од партнерот бидејќи е уморен од работа по дома па после на раат сака сам да седи...
     
    На *Amethyst*, Misskirova, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Тоа и јас мислам, кога имаат односи ваљда ке разменат нешто,збор,незнам,ова она...сигурно не молчат и тогаш....
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    43.478
    Шо ги напраивте бе муживе, јадни, кутри, па после ве вртеле како сакаат... Ако ви е, само не се лигавете после по форумов, ќутете си и трпете...

    Анксиозен бил две ипол години релација работа мобилен кревет... Море арно рече оној, испуши му го, кажи му се ќе помине, иако уствари ти имаш проблем, и мирна глава...

    Тука уше ќе паламудиме ние, ќе се објаснуваме... Ние сме глупи, не вие. Ако ни е.
     
    На CameliaMiller, JustBeautiful, Cherry333 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Абе и мажите знаат да имаат такви периоди
    Кај нив проблемот е што него предолго му трае тој период.
    Е сега,она треба најдобро да знае.
    Мене не ми е јасно, имаат секс,искачаат заедно....мислам дека дефинитивно проблемот е што работат заедно..
     
    На Осе и DarkStormm им се допаѓа ова.
  5. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Незнам дали ова е за тука или е проблем ама сакам да си се искажам .Значи вака ,сопругот освен што работи сега почна викендите да оди кај вујко му во Штип и му работи без пари ,што се вика за фала , вчера му викам дај овој викенд да прошетаме со децава , или ете барем дома заедно да го поминеме викендот ,порано нон стоп заедно ги шетавме сега сама нема време он , прееска од работам ми пишува викендов не одам планирај негде или на базен или кај сакаш ,јас и се израдував и се зачудив си викам од кај преку ноќ да смени план ,си викам во себе има нешто и не згрешив.Си се договорил со внуците од сестра да одиме заедно во Штип а јас си планирав Скопје , не дека ми сметаат не се изнервирав за тоа туку зошто не се консултирал со мене да кажеше вака и вака , а нон стоп се гледаме со нив кога доаѓаат Скопје преспиваат кај нас и немам проблем со тоа доколку се најават зошто може си имаме планирано нешто , и со свекрва ми доаѓале за викенд, таман сега кога фати жешко не доаѓаат свекорот и свекрвата ,место да одморам од нив јас пак со нив .
     
  6. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    26.789
    Пол:
    Женски
    Не оди со ним
    Кажи му што си планирала ти земи ги децата и оди си таму . А тој нека си оди со сестра му сам чим договара без да разговара со тебе.
     
    На Yowannty, Pa8la и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  7. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.918
    Пол:
    Женски
    Не ги направивме ништо. Реално ниту ја изневерува, ниту ја тепа, ниту се дрогира, не се коцка, не ја лаже. Значи психички малце е раздрман. И ок. Сите сме некогаш.
     
  8. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    По ново, ако не ја изневерува, не ја тепа и не се дрогира, нека си ќути и нека си трпи, супер си е човекот.
    Како бре така?
    2.5 години се во прашање, 2ипол години жената неможе да искомуницира со сопствениот сопруг, 2ипол години неможе да добие поддршка, утеха, разбирање, и било што друго ако комуникацијата е лоша, ама важно не ја тепа и не ја изневерува??
    Не знам дали разбирате дека на овој начин бракот не им е функционален?
    Каква заедница е таа каде едниот постојано одбива да разговара? Едно е период, сите сме имале периоди, ама две и пол години неможат да бидат период.

    Мене ме интересира на кој начин функциониратe воопшто @Peekaboo ако немате никаква комуникација? Разговарате само на работно место? Не извршувате заедно домашни обврски, не излегувате со пријатели, не пазарите заедно? Не се договарате за дете, кога да носите, каде да носите?
    Не ми е јасно како функционирате еве на дневно ниво.
    Му поставуваш прашање и едноставно не ти одговара? Или ти одговара само околу тоа што мора, по потреба, за дом, за дете?
    Си пробала да му кажеш дека бракот нема да ви трае на овој начин, дека едноставно не си среќна и дека најверојатно би се разделиле доколку нема намера да промени ништо?
    Претпоставувам вели, да, разбирам, и нареден ден е повторно истото. Тогаш треба да си упорна и да си стоиш до тоа што си го кажала и да инсистираш на промена. Ако промена нема, тогаш не разбирам зошто и редовни односи? Со човек кој не може да ме испочитува 5 минути и да разговара со мене, не гледам потреба да имам било каков друг однос.
    Впрочем не гледам потреба воопшто да се грижам за некој таков.
    Кој прави ручек, кој пери, пегла? Ако делите обврски, не би фатила повеќе ништо негово. Ако уште полошо тоа се само твои обврски, зошто воопшто би му ги перела гаќите ако неможе да те удостои со неколку минути од неговото скапоцено време за да разговара за тоа што те мачи?
     
    На CameliaMiller, crimson, sparklie и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.356
    Психички малце е размрдан ако 2,5 години поштено ја игнорира и не муабети со неа, малце е де:drunk::rofl:

    Таа е и премногу добра кон него, а тој и ја нашол слабата страна и си ја игра играчки.
    Како може со колегите на работа или други луѓе да е коректен и комуникативен ама со неа допишување по фб да не му пречи додека гејма господинот.
    Кутриот маж, гејмерче, жената му пречи да победува затоа што го потсетува дека е во брак, а брак си бара комуникација, а особено со дете и многу поголеми жртви од вообичаено:lol:
     
    На winnie02, CameliaMiller, Spicy Senorita и 10 други им се допаѓа ова.
  10. BebeSofi

    BebeSofi Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Ќе ве молам за мислења и совети
    Со маж ми сме 5 години во брак, жувееме одделно од неговите на почеток заедно виде невиде дека со стари не може да се излезе на крај без големи проблеми на фин начин ги оддели, татко му е во тешка депресија со терапија, мајка му баш и нема болест ама со годините (мислам) зборува сенешто баш напорна е не е реална ни со живот ни до случки ни со ништо...ММ по три пати ќе им звони ги слуша некои глупи муабети и кога сме одделени и кога одиме кај нив (пр: за децата вода жешка како за бањање полни надвор во базен за децата) кога сме кај нив сака да ги прошета да ги чува како мали деца на езеро да ги води они како диви (мајката штеди собира ѓубре, таткото ни жив ни мртов) ни бањање ни средување ништо. Е сега на мене не ми е проблем грижата кон нив (но да им нагофува мислам и не е некоја помош за нив) но имам кошмари на сон а во јаве некој пат ми смета ...се чувствувам како неговата фамилија да си ја изоставува
     
  11. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    26.789
    Пол:
    Женски
    Знајш како велат
    Ни се фрлаат ни се продаваат тие му се родители и ти не можеш да ги смениш. Староста не знаеме што може да ни донесе. Ти гледај си мажот децата а тој ако сака и по 5 пати нека му се јавува, не си стварај беспотребни нервози
     
    На s.a.m.a, H.VAGA, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.356
    Не да се сведува на чувство само дека си ја изоставува својата фамилија туку тоа ти е реалност. Ама него тие му се родители и тука не можеш ништо. Или ќе го прифатиш како навидум нормална појава или ќе се нервираш за џабе. А како стареат обично и покомплицирани, потерсене стануваат, така да чувај си ги нервите.
     
    На Bebce1, IRBBB и BebeSofi им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.078
    Допаѓања:
    328.571
    Пол:
    Женски
    Или е заљубен во друга а не знае како да каже.
     
  14. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.473
    Пол:
    Женски
    Помалку се нервирај, не си вади грижи од ништо. Обично во странство децата од грижа ги згрижуваат старите во дом за да биде подобро за сите, на балканот не функционира така а и скапо е за наши примања па нервозите си остануваат во фамилијата
     
    На Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. Peekaboo

    Peekaboo Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2023
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Не излегуваме, за пазарење пазари он (знае од прилика што треба да се купи), за важни работи комуницираме само преку пораки. Кога ќе го прашам нешто ќе ми одговори кратко (да, не, незнам, можеби, така е и така натака) а кога ќе отиде на работа ми одговара нормало на се што ќе го прашам значи преку пораки е нормален разговор. За обврски кога е слободен знае да измие садови, да исчисти, седи со детето, си игра или го шета но со мене муабет не прави никако. Значи комуникација само преку пораки. На почетокот си викав уморен е од работа, го остава да одмори и физички и психички и полека, полека се оддалечи од мене и престана да комуницира. За друга не верувам дека има затоа што никаде не искача, на телефон кога е игра само игри, погоре рекоа дека ако има друга ќе се средува, ќе купува нови работи, прарфеми..откако е ваков дури и воопшто не ги прави овие работи (на почетокот кога беше нормален знаеше да стави парфем, да си купи нешто)
    Според мене ова не е нормално како што гледам дека на некои тоа им е океј. Да беше таков уште кога го запознав ќе знаев дека е таков човекот и тоа е тоа ама не е така. Можеби се работи за депресија, неможе да искаже чувства или мака, можеби ќе помине се ама моментално не е како што треба да изгледа еден брак.
     
  16. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.918
    Пол:
    Женски
    Па еве подоле рече супер е. Си ги извршува домашните обврски, миел садови, пазарувал, чистел и плус со дете играл и шетал. Односи имале нормално 3-4 пати неделно. Ако немаат што да си кажат што да прави ? Ќе се релаксира со игрички. Ни го правдам него ни ја напаѓам жената, ама реално не звучи така лошо. Од кај да знаеме што му е ? Мене ми се чини исфрустриран, уморен и анксиозен дека е. А со вашите нападно феминистички ставови не знам што да прави Пикабу. Не и дадоа баш совети, сите си се пофалија каква убава комуникација имаат со нивните мажи. И она знае и јас знам и сите знаеме дека треба да се подобри комуникацијата, ама ете можеби не е до неа. А ако нешто не зависи од тебе и не можеш да промениш, влијаеш тогаш не треба ни да трошиш енергија. Јас имав многу полош период со мојот маж, никаква комуникација освен расправии, ни секс, ни обврски извршуваше, ништо. Ама најдовме решение не се разведов одма. Се преиспитав и сама себе. Ако беше ист со другите ќе мислев само дека тој има проблем, ама штом само со мене беше таков заеднички беа проблемите. Не е никој 100% исправен или 100% виновен.
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.356
    Како не и дадоа баш совети или си читате како што ви одговара?:^)

    И јас и друга членка и спомнавме да се обрати на психолог или брачен советник отколку само да дигне раце дека немала повеќе никакво влијание, па да не троши енергија. Ако го остави вака како што е кој знае уште колку тој ќе се занесува дека е тинејџер со мобилниот и игриците во рака.
    Буквално се однесува како тинејџер да е додека игра и се обраќа на мајка му на подетално прашање со најкраток можен одговор да/не/ не знам/ итн.
     
    На crimson, _beautyy_, Anyshka и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.464
    Допаѓања:
    183.621
    Пол:
    Женски
    @Peekaboo

    Многу е добро што препознаваш проблем, го лоцираш и спремна си да збориш за тоа. Најлесно е да се замижи и замете се под тепих и наивно да се убедуваме дека се е ок и нормално, а да сме несреќни. Недостаток на комуникација е сериозен проблем. Но не е нерешлив, туку е нешто на кое може да се работи. Ама за тоа, мора да има прифаќање на проблемот од двете страни. Што е реално, повеќето од нас поминале или ќе поминат одредени кризи. Растеме заедно. Некогаш растеме во ист правец, некогаш некаде едноставно доаѓа момент на разминување. Живот.

    Тебе те очекува сериозен разговор каде што треба да се убедите дека имате проблем и дека ви фали подлабока комуникација и безбедно место каде меѓу себе ќе споделувате потреби, желби, планови, грижи, стравови и ќе бидете сигурни еден во друг. И ако не можете сами да се справите, најдобра опција е експерт. А верувај дека прифаќање на проблемот е првиот и голем чекор кон негово решавање. Ти посакувам среќа.
     
    На Mother of 2boys, CameliaMiller, _beautyy_ и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.828
    Пол:
    Женски
    А случајно да не сте имале некаква ситуација кај што на пример му имаш згрешено? Да го имаш повредено, па може затоа е таков оддалечен? Можеби не е проблемот само во него.

    Да не се лажеме, ниеден човек на светов нема совршен брак и невидена комуникација, па ни овие на Фемина. Ја и мм имаме периоди кога мене ништо не ми се збори, има периоди кога тој е таков. Живи суштества сме, ни треба понекогаш простор за сами со себе.
    Некако чудна ситуација имаш.
     
    На Pa8la, Осе, Cvekarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Мажите се позатворени и не сакаат да зборуваат за чувствата и што ги мачи, гледаме и еден господин тука дека нема точна визија како бракот треба да изгледа. И многу жени го толерираат тоа што мажите им се такви. Јас сум од оние што веруваат дека комуникација и споделување е клучно за добар брак. Ако не комуницираме и не муабетиме, јас постепено би изгубила и желба за секс. Испаѓа дека сум му само за да бидам куќна помошничка и да го задоволам сексуално. А многу бракови функционираат така, најжалното е што сопружниците можеби мислат дека тоа е тоа. Мислам дека твојот сопруг има некаков проблем, нешто го мачи. Мораш отворено да му кажеш што не ти одговара и да го свестиш на некој начин. Можеби ќе има ефект. Ако признае дека има проблем можете или сами или со помош да работите на негово решавање. А ако си продолжи по старо, повтори му пак за да не мисли дека еднаш ти текнало, си се испукала во пмс. Знам како ги релативизираат работите. Најлошо е да ти стане сеедно и тебе (ако ништо не се смени). Кога ти е сеедно знаеш дека нема спас.
     
    На LiquidLuna, Annath, Peekaboo и 6 други им се допаѓа ова.