Pa zemete izleguvajte detenceto vi e taman za setanje odmori,odenje na kafinja ili ako ima koj da ja pricuva navecer izleguvajte po diskoteki opustete se.kaj vas brakot e stanat dosaden kako sto kaza samo spienje rabota i pak spienje.ti najverojatno ne rabotis i postojano si so deteto zemi ispadni so drugarki na kafe malku izluftiraj si toj mozok.na site ni e tesko vo brak a plus deca edvaj vreme za da se sredime pokraj domasnive obrvski.ostavi go deteto na cuvanje otidete vo nekoj tivok kafic ili restorant razgovarajte otvoreno kazi mu se sto ti e tesko samo bez karanje ili samo nego da go krivis.vo brak vie dvajca i samo vie dvajca treba da gi resite problemite...
Душа искрено солзи ми дојдоа на очи од ова се што прочитав. И јас сум во брак и не можам да замислам што ќе се случи само едно нешто од ова да ми рече маж ми. Не би сакала да те нервирам со оглед на состојбата во која си, да се надеваме дека се ќе се промени кога ќе се роди бебенцето ама овој човек ми изгледа дека нема чувства. Инаку дали долго предтоа се познававте/одевте? Каков беше во врска? И каква е таа свекрва во бременост така да те оговара и да му ја полни главата со глупости, сме биле свилени сега, не туку порано од 10 бремености само 4 или 5 раѓале баш зашто не биле свилени. Луѓе без осет, не разбирам стварно.
Со се останато се сложив освен со делот да му каже на маж и. Зошто? За да и трие сол над глава цел живот дека уште од старт го лажела и се гледала со друг? Ете само муабет правеле, ништо друго. А за останатото треба да си расчисти сама со себе прво. Ионака бившиот е бивш а и веднаш ја блокнал значи не му ни значи него многу да остани во контакт.
Хајј на сите. Одамна ме немаше па седнав и убаво ве читав сите. Е сега и јас со мојот проблем, за кој не сум сигурна дали е тригер или не, па сакам мислење од жени што се или биле во брак. Со маж ми сме неколку години во брак, првите години корона криза , купивме стан на кредит итн трошоци, па не одевме на одмор. Првпат годинава отидовме. Ултра ол инклузив хотел со 5 ѕвезди одмор за мене топ како и што секогаш како девојче си одев со другарки и братучедки. Од вториот ден почна да коментира како не може да доседи на стол или лежалка цел ден, не знам луѓево како издржуваат цел ден да јадат и пијат, не знам што. По природа тој е спортски дух, трча, планинари, место не го фаќа ни дома само нешто прави и сл. А јас сакам се да искусам, во диско пример да отидам, да си пијам уживам цел ден како секој нормален човек. Што и да правиме досадно му е. Да шетаме по бутици, за 1 саат бара назад, на базен досадно, на плажа досадно, во диско не ни сакаше да отидеме што сме барале. Значи ништо не сака да прави а досадно му е. Селско дете е и научен да работи цело време и не може да се пронајде тука. Последниот ден дури се расплачив од бес зошто ваков досаден одмор никогаш не сум поминала, а толку се радував што за прв пат ќе одиме. И си велам утре другиден ќе имаме деца и што ако и тогаш наместо да ужива во татковството ми вели досадно ми е. Не знам дали е паметно да останам во брак со некој што е целосна спротивност од мене или претерувам? Ако сега не уживаме и не правиме некои работи, кога?
Чекај малку ,колку време сте во брак ?Разговарај прво не си донесувај заклучок туку така а и времето да покаже дали си згрешила или не.Малку полабаво прави се ко да ти е сеедно па види реакција или почни да се правиш и ти незаинтересирана па ќе видиш он тоа како ќе го прифати биди пасивна не мора за одмор ,за било што па ако ти префрли кажи му јас сум таква ако ти пречи да ми кажеш. Или озбилно седни го на разговор,дека тоа нема да го толерираш сакаш одмор сакаш да се прават заеднички некои работи и или ќе биде или ќе знаеш на што си со него за понатаму.
Па зборувавме. И цело време истото како со дете да си правам муабет буквално. Вели ама мене тоа (диско пример) не ме интересира, доаадно ми е, бргу ги доживувам работите и после не ми е интересно, и глупости други. Абе ништо не го интересира буквално. И општо. Ни филм, ни музика, ни претстави, ни фудбал дури, само работа и во природа да трча или планинари. Тоа е се. Што ќе правам со човеков нз. Кога одевме порано исто беше ќе ми речеше пример мене тоа не ме интересира ама ај ако сакаш ќе отидеме. А сега се со сила онака.
Како бе така лесно "незнам дали да останам во брак" . Чекај малку,полека. Мисли трезвено. Ако ти сакаш да си продолжиш со живот по дискотеки и журкање онда не знам зашто си се мажела. И јас и мм сме различни ама правиме компромис. Ке седнете и ке зборите убаво.
Isto sum mislenje i jas...zamisli da se razvedam zatoa sto maz mi ne saka da ide po butici, zatoa sto maz mi ne saka da sete sekoj vikend... Dali stvarno mislat deka ludi zurki i provod e cel brak?
Ако не ужива во јадење, пиење и лежење по цел ден, не значи дека не знае да ужива во животот или пак дека нема да ужива и ќе се досадува во татковството. Следно пробајте поавантуристички одмор, со многу активности или кампување на плажа или планина. Тоа што сте со различен карактер и темперамент или ќе ве спои ако научите да правите разумни компромиси или ќе ве раздели. Од вас зависи. Комуницирајте, разговарајте што сакате, шо не сакате, до каде се границите на работи шо би ги прифатиле или шо не би ги сакале по никоја цена, видете дали сте на иста фреквенција.
Епа тоа велам и јас да се има компромис. И јас не сакам многу работи па ги правам од атер за него нели. А он неќам ова неќам она. Како дете е значи се му е досадно. Ни еден филм не сме изгледале заедно зашо и тоа му е досадно. Јас сакам се да правиме заедно дали седиме или шетаме да сме заедно.
Ако е тој истиот со швалерката, провери си да не постои некој друг интерес и слободни активности што му ги окупираат мислите освен планина.. Постојат луге што им е досадно на плажа, еве јас со маж ми сме такви, затоа не ни одиме во изолирани ресорти, туку патуваме на места што не сме ги посетиле, нормално не дури е пекол. Договор и компромис можете, еднаш по негово активен одмор макар на планина, еднаш по твое , ама нема поента ако едниот мрчи пола пд времето. Не значи дека би бил лош татко ако не ти е интересно со него, е сега дали е лош партнер, ти знаеш најдобро.
Не знам од претходно приказна и пост дали има ама различните барања за одмор не се причина за развод. И јас не сакам да лежам по плажи цели денови, мажот ми сака, па правиме компромис. Или град, место, остров што има и плажа и бутици и места за шетање. Или два кратки одмори, некоја дестинација, град за мене 3-4 дена. Па еден продолжен викенд на плажа и слично. Не ми е проблем и на планина и било каде.
Кажи ми некој трик како го натера да оди со тебе да го натерам и јас мојов, нека за жали таму, нека кука, само нека дојде со мене..
Твојата дефиниција за забава не е иста со неговата, ама тоа не прави дека неговата е погрешна и vice versa. Реалноста е дека неможеме да очекуваме да имаме скроз исти погледи и размислувања со партнерот…дури и кога би било така мислам дека и на тоа би нашле маана некоја. Најбитно нешто е да се прифатите со партнерот и да си ги прифатите различните интереси и да сакате да правите компромис. Доколку сте се договориле дека оваа година ќе ја исполните твојата желба и ќе одите во all inclusive resort, освен плажирање по цел ден, може барем еден ден да одвоите за правење спортски активности. Обично секогаш има можност за таква активност… возење кајак или SUP, спортови на вода, возење велосипед, нуркање, тура со брод, параглајдинг, планинарење, посета на некое место во близина што излудува со природна убавина, баги тура итн…Или договорете се дека освен што ќе идете на таков одмор кај што ќе лежите по цел ден, ќе идете барем еднаш на викенд на некое планинско место кај што ќе пешачите, возите точаци и слично. Тоа што имате различни перцепции за што е забавно, никако не значи дека не би се снашле и не би уживале и двајцата во родителството. Баш напротив, верувам дека маж ти со мерак би одел заедно со детето на планина, би го учел некој спорт и би го сподувал својот авантуристички дух. Според мене нема ништо поубаво за едно дете од тоа да поминува што е можно повеќе време во природа, да дише чист воздух и да се учи да ги сака спортските активности. Дозволете си и двајцата да влезете во вашите различни светови. Верувам дека ќе си најдете заеднички интереси во кои уживате и двајцата, а ќе се појават и некои нови за кои ни на крај памет дека би можело да ви бидат хоби.
Да тој е истиот... од тогаш помина година дена и ете нема ништо такво повеќе знам зошто го следам со џпс и тракинг аппс на тел.. знам звучи лудо ама од тогаш наваму better feel safe than sorry како се вели.. Инаку денес разговаравме ете ми се извини што така велел, и као се договоривме да имаме компромис за да ни биде убаво на двајцата, чак и самиот почна да прави план каде ќе одиме на следен одмор. Фала на сите за мислењата.
И јас не ги сфаќам што е толку тоа одење по дискотеки, мене ми е здосадено, сум одела на 20 години, сега на 30+ воопшто не ми се оди. Кај мене па обратно, мм некогаш ќе ме натера да одиме, ама многу ретко, одам зошто и тој прави компромис за мене, јас сакам повеќе мирни места.
Извинете ,ама ако треба да се замарам со "џпс тракинг" на маж ми или тој на мене ,ебате и бракот и заедницата. Тука прочитав дека имало и неверство. Па проблемот е многу поголем од "не сака " по дискотеки . Претпоставувам си простила ,не сум читала за тоа, па сега те мачат многу прашања штом имаш "џпс тракинг" .
Во кревет малку повеќе,женско си ќе му се умилкуваш ќе омекне белким .Во ред ,ако не сака ќе најдете заеднички места за со него а на плажа и во диско иди со другарки и толку за се има решение подобро тоа отколку секој на страна .Ако ви оди бракот ,се друго ќе се среди а можеби и понатаму сам ќе пријави интерес за одење некаде ,луѓето се менуваат .Кажи му за наше добро мора да смениме нешто ќе види и сам дека не е убаво да ти тера инает .
Не сте еден за друг јас да ти кажам,остај погоре што се фатија само за одморот,и не,нема ништо лошо да сакаш да одиш во диско,еве сум на 38 со 2 годишно дете па имам потреба да излезам некогаш,рутините домашни ми ствараат уште поголема анксиозност,така да секое излегување ми е како рестартирање. Имав еден дечко и не сакаше да шета,да пешачи,дури ни тренерки немаше,страшно ми сметаше. Па не гледал ни филмови,ни музика,ништо,ми делува на премонотон тип твојов или има нешто подлабоко тука,не му интересно ништо со тебе... Ако си го знаела каков е и ти било проблем зошто си се мажела со него? Сериозно не ве разбирам,па јас еве сега да пробам да се замислам во брак со тој бившиот на самата помисла грутка во грло осеќам,тоа ќе беше мачење осудено на пропаст. Да се едитирам.... сега прочитав,имал швалерка неколку месеци,апла паралелна врска,тотално нестабилен лик е маж ти,вие имате huge problem.
Искрено ова не е брак ова е мазохизам. Да се замарам со гпс да го следам сум на штрек.. Имаш поголеми проблеми од одморите. Иди со другарки пак на одмор и забављај се ако толку ти фали таков одмор, само ако сте толку разлчни како се најдовте во брак да бидете. Ваљда не било се глума претходно па сега да се покажавте и ти и он какви сте?