Ни јас не сакам диско или шопинзи на одмор . Ми одзема време и енергија. А сакам да трчам наутро на плажа. Сопругот мој па ништо од ова не сака, па одлично функционираме. Сите сме различни и тоа е тоа. Ако е брак, па не е мачење. Ајде да го гњавам со мене да трча, бог да чува. Тој си прави нешто друго тогаш, спие, јаде, чита, плива, чува деца. Стварно не разбирам зошто да очекувам некој да прави исто ко мене, само зошто мене ми се прави. Кога ти се оди по бутици, оди. Ем на рает ќе си разгледуваше и нема да се нервираш. Ајде некој компромис може, ама па дискотека ко клиника бог да чува не одам, па што сака нека е.
Не сакам да знам. Види, јас и ако сум изневерена не сакам да знам. Ако е толку мангуп да знае само он и швалерката, и никој трет, ни јас да не се посомневам... ебаај сојки брате. Ама тоа сум јас. Сум пишувала дека зависно од неверството, големи се шансите да простам, зависи од околности. Ама тоа сум јас Не сум љубоморна по придода, што има да ми кажува дека со бившата некад кафе пиел. Освен да си ја јадам душава, нема друго. Бившиот својата бивша ја гледаше често (таа пред мене), склоп на околности, ако му ја мислев на секое ехе. Сегашниот живее во друга држава, може да се усели кај бившата, а да не дознаам. Тоа што не го знам, не може да ме повреди. Ако е глуп да го разберат 5 души па и јас, јебига, до таму било.
Некако контрадикторна си, зошто би си ја јадела душата ако не е ради сомнежи дека нешто се случува повеќе од соопштеното, што во некој слободен превод би го нарекле повеќето љубомора?
Затоа што активно избегнувам да размислувам на тема бивши, сегашни... зборам во ситуацијава како на Кристи, што ми мења мене денес ако на нашиот почеток тој се видел на кафе со бившата? 100% нема да верувам дека било само кафе, а еве во нејзин случај стварно само кафе било. Ќе треба да го "преработам" како неверство и да се справувам со "црв". Нема потреба. Како што кажав склоп на околности, бившиот со негова бивша, не само тој - и јас, низ цела врска се имаме гледано, на свадба и' бевме де. Ама ич црв не ме јадеше, не знам како да објаснам Сега, пример, да ми речел: еее на нашиот почеток јас со Х се видов, ете кафе пиев, душа отварав... немаше шанса таков лабав однос да имам. Не знам дали сум појасна
Со ова се слагам. И јас сум таа особа. Не ме интересира и не сакам да знам. И ако прави ,сакам да е доволно мудар да не дознаам и да не остава сомнеж,јер она што незнаеш не боли. Реалноста е таа. Насекаде околу нас има искушенија еден тон. Не сум особа која ке се замара со ЏПС тракинг ,џизс. Мојов до скоро имаше контакт со бившата ( од исто друштво се) имаат прилики да се гледаат на прослави,родендени итн. Не се замарам. И не сакам .
Да комуницира со бившата (не мислам да ја поздрави), да тоа е брачен проблем. Или било какво сомневање Не би го решавала со пратња
Јас па за разлика од вас не се согласувам.Не сум љубоморна по природа,ама па мислам дека и нема потреба да комуницира.Зошто би комуницирале со бившата мислам дека нема потреба.Тоа не е ни моралност дека он нешто би направил со неа,ама едноставно нема потреба.Затоа е бивша немам проблем со тоа да застане на улица да се поздрави воопшто па има доста во маало неможам да му забранам да не збори,ама мислам дека нема потреба од блискост и комуникација. Тоа е мое мислење
Немаме проблем со тоа. Она со дечко и ,јас со маж ми . Сме се нашле у исто друштво, сме застанале културно да се поздравиме и да направиме два реда муабет. Не дека ми беше баш пријатно , ама чисто од култура. Сепак многу зависи каква им била врската и раскинот.
Па немам ни јас таков проблем.Бившата на маж ми му беше колешка,на свадба беа поканети сите колеги си дојде и девојчето.Мене би ми било непријатно да ги канам сите само неа не зошто имале некакво минато пред х години.
Во нашата ситуација имаше потреба, такви беа околностите, и ден денес се. Не дека секој ден се гледаше и гледавме со неа, ама доволно често. Чим на свадба сме ѝ биле, значи имало зошто. Јас му верував дека ништо нема (ниту грам простор за црв немав) ако имало, не направил да осетам. Во тој случај секоја му чест искрено. Друга работа се сетив. Значи пред бившиот да ми е дечко, се имав смувано со еден дечко, значи само бацвање ништо повеќе. Он тогаш, во тоа време, само што почнал да се гледа со друга девојка - инаку и двајцата знаевме дека само толку ќе биде нашето, ни еден не сакаше повеќе од тоа. Како и да е, низ годиниве подоцна таа му стана жена, а пошто животот е интересна работа, се случи во еден период да сме колеги. Не верувам дека жена му знае за ај да речам неверството со мене (јас отпосле дознав секако, а и не ми беше гајле лично). Што фајде ако ѝ кажеше (сега жена, имаа дете) еееееј пред х години со Камелија една вечер се бацвавме, тогаш кога почнав и со тебе да се гледам. Нема потреба. Нит имаше нешто со нас после тој настан никогаш, нит на крај памет ми паднало, јас после веќе си почнав врска, он си се ожени, денес да го видам можам кафе да пијам без 0 било какви чувства. И се случи неколку пати со жена му кафе да пијам, никому ништо, фина жена, фини луѓе.
Потполно е така.И немислев само за твојот случај општо пишав.Така е и мм има бивши во маало нормални 90%на сите првата љубов ние од маало или па и последен дечко пред мм или обратно.И јас неможам да му забранам да не зборува таман работа.Општо сакав да кажам дека не е во ред да се допишува,слуша на тел,седат на кафе такви работи мислев далеку од здраво,здраво.Па и јас правам муабет со негови бивши кога ќе се сретнеме па и заедно сме седеле тоа е неизбежно ако па поготово се од исто место
Јас кога се разделував, другарка ми ми кажа еден муабет, ненормално колку е точно : Работи што треба да се кажат на почеток, ти ги кажуваш на крај. И оттогаш многу поинаку се однесувам.
@LangeAlfa, читајќи те, чаша скршив колку се вознемирив а не ти ова што го преживуваш. Биди силна и себична за твоето дете. Извини мила, ама ова неговото не е љубов. И да е љубов, кога веќе почитта одамна чурнала низ пенџере, од таа љубов немаш апсолутно никаква корист. За малата и заради тебе самата, искрено ти посакувам да си бидеш добар доктор, пред сѐ, за себе си, потоа и за бепка. Сеа гледај, не му одговарај, не праи нервози, има тешка пијанка батали ти и бебето сте најбитни сега. .Од ова што го читам, претпоставка ти си интелектуално појака, а тој и неговите материјално, можда некоја екс ју стара слава, ако ме разбираш. Оттаму и љубомора кон твојата интелектуална амбиција. Тоа ,, Ајнштајн сум за тебе " труе на полуписменост и во мое окружување го користат луѓе без факултет коишто се интелектуално искомплексирани. Не велам дека сите луѓе со средно се такви, напротив, мислев само на оној дел од искомплексирани коишто понижуваат сѐ што учело и обично немаат некој талент или занает па мислат дека спуштајќи ги другите подолу, ќе се издигнат. Познавам луѓе со најразлични биографии, но ако се со здрава психа и задоволни и способни да го живеат животот со пот на чело и алал леб, обично немаат вакви испади без разлика дали имаат докторат или средно. Спојлер: Нарцис Бивш партнер еден кога го фатив во некои мучки на дело, одма се фати за таа нарцис финта ,, ти не си добра, за тебе теза ќе направам толку материјал имам ова она". Јас му викам, ,, ти џанам факултет заврши, за теза лесна работа." Кога поцрвене, кога скрши горното стакло од масата. Јас си излегов и го блокирав од секаде. Затоа сега претпочитам луѓе со здраво его и самодоверба, дури и да делува too much не ми е важно. А тие свекрва и други олоши, наместо да се жалат што маж пие, се фатиле за изнемоштеност на бремена жена. Ма токсини сите до еден. Јас искрено почнав директно да бегам од луѓе што пијат. Нема поголемо зло од зависности и коцка.
Ова со пиењево. Не судам де што пие кој било, маж или жена. Не зборам за алкохолизам. Ама пошто јас ич не пијам, сфатив дека не можам да сум со маж што пие. Не можам, ме нервира, ми смета. Како што сигурно на др. маж би му сметало моето пушење, нема никаква логика да биде со мене ако треба да ми труби да не чурам ајкосот. Порано друкше мислев, права љубов се' поминува... нат рили.
Истата сум и јас. Сегашниот партнер не пие, на пример и мене тоа многу ми е од помош. Не осудувам и јас знам еднаш на двеста години една чаша да се почестам, но дома, уз оброк, не по кафани, не со заседнување. Јас се имам изгорено и сега и на јогурт од фрижидер дувам.
Браво за спојлерот Едно однесување на јака и паметна жена без драми ,без нови шанси ,без ама јас го сакам добар е во душата ама губи контрола кога е пијан /нервозен.