Јас сум барала И на приватен телефон ми се меморирани Особено ако заминале од фирма, како побогу би останала во контакт инаку? Еве, баш на еден бивш колега, сарделите му ги дадов да ги залева дури бевме на одмор, на тој другиот не успеав да му го дадам кучето Свашта Мислам најарно мажов да си даде отказ и дома да седи, што е сигурно, сигурно е
Зависи колкава е нивата Битно нема тимсои слекои и остали ѓаволски вражулиња, остај тоа, све тоа за швалерај измислено е
Таман е темата. Ете брачен совет, поарен од разведи се. Купи си нива! - проект нефинансиран од владата на фемина
А не смее да даде број на никој? Довербата ви е клучна за секој брак. Ако не верувате во сопругот, и на карго шо му ѕвони за подигање пратка ќе се сомневате. Сите одиме на работа, имаме контакти со луѓе, некои помалку, некои повеќе. Што ќе биде ако на секое женско што го побарало маж ми се потресувам? А со оглед на работата, дневно по минимум 20 му пишуваат за работа и на приватен и на службен број. Да не зборам дека дели работен простор со најмалку две млади, згодни девојки на кои им е надреден и уште пар други колеги и колешки. Ќе полудев да немав доверба. Ама имам и знам дека тоа е основа на целиот брак.
Може немало да има никаков проблем, ако тој не ги имал избришано пораките. Зошто бришел, ако ништо не крие и ако нема ништо со таа?
Цело време има млади девојки по 24,25г на кои им е надреден. Со оглед на работата, се менуваат на неколку месеци/години. Немам ни 1% сомнеж во него. Не дал никогаш повод. Во брак се влегува со лице во кое имате целосна доверба дека ве сака, почитува и ќе направи се за вас. И вие за него. Акп се сомневате во секоја порака, тури му пепел на бракот. Бришел, не бришел пораки човек што не ве почитува и не ве сака, и на кој не му верувате не мора ни порака да пише за да ве изневери. Ќе ве изневери и во подрум да го заклучите.
Уживај и дај боже да имаш партнер во животот како мојот па да разбереш што зборувам. Во повеќето теми во делов 'брак' мажите по дифолт се неверни, врзани за мајките, неспособни... советите за скоро све е развод. Во реалност има многу, многу мажи кои се посветени партнери и родители, кои вложуваат многу во брачната заедница и сакаат истата да трае така. Секако и зрели влегуваат во брак, без да се вртат по секоја со кратка суќна. Имаат нормален однос со родителите и застануваат позади сопругите. Само треба вие, жените, попаметно да го направите избор и да не се летате со свадба пред да решите важни животни прашања. И вие да сте независни силни и самоуверени жени без да чекате се мажот да ви реши у животот.
Точно, доверба едно око во друго нема, секој се менува, познавам што многу му веруваа на мажот и другарката, па еве сега поранешниот маж и другарка и си се земаа, си имаат и дете. Ооо некои колку не оставаат траги.
Kiko членот ми се чини е машко според никот, и размислува пред се со гланс пенис според напишаното.. Сите познаваме верни и неверни мажи. И жени. Бркачи на сукњи, лајачи на месечина, сериски изневерувачи, верни до гроб, шармери, флертувачи, ама јас ја сакам жена ми / маж ми...секакви има. Никој не може да има од нас точна статистика, пред се таа зависи од круговите во кои се движиме. Во мк прва е верноста, највреднувана, сексуалната пред се, па далеку подолу се изневерувачите швалерките и сличните. Најдолу , во калта, се оние пак во отворен брак или врска, ко што видовме од некои членки тука неприсутни, за нив ни една страна нема милост боље е маж да вара а жена му да се прави дека не знае, или знаат ама тајно си вадат очи. Секој си проектира за другите од своето искуство. Стара народна: колку повеќе го прогонуваш некој, толку повеќе загушен/а се чувствува. Со контроли бетер од царина, јас би полудела. Ниту му проверувам на маж ми телефон , ниту он мене. Напамет не ми паѓа да му прогонувам колешки..а и излегувале заедно по кафани, то тим билдинзи чуда..ниту пак ги знаам. Знам дека постои згодна , незгодна и слично, ама нон стоп се бунам која е која И шо улога игра таму.. Тој што сака да вара, охохх, ќе го стори тоа па точно и со ланец да му натнеш, и неколку метри од него да бидеш. Знам зашто ...ах ги познавам лугето " што ги знаат лугето"